Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) издаде итно предупредување за евакуација на граѓаните од областите на нафтените објекти во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и во Катар, бидејќи тие се легитимни цели што ќе бидат нападнати во наредните часови. Во соопштението на ИРГЦ се вели дека жителите околу објектите, вклучувајќи ја рафинеријата „Самреф“ и петрохемискиот комплекс „Ал Џубаил“ во Саудиска Арабија, ...

Од денеска на бензинските пумпи на ОКТА, Макпетрол, Пуцко Петрол и на Лукоил се точи гориво поевтино за 2 денара од максималната цена што ја определи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати, информираат од ОКТА. Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за 2 денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и веќе почна да им испорачува гориво по пониски цени. Пред 5 дена, на 13 март, министерката за ...

Службениците на СЗО се подготвуваат за можна нуклеарна катастрофа во случај на понатамошна ескалација на војната меѓу САД и Израел против Иран. Персоналот на ОН внимателно ги следи последиците од нападите на САД и Израел врз иранските нуклеарни објекти и е подготвен да одговори на секоја нуклеарна закана, вели Ханан Балки, регионалната директорка на СЗО за источен Медитеран. – Најлошото сценарио е нуклеарен инцидент, а тоа е нашата најголема ...

Започна распределбата на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди за граѓаните кои се стекнале со право по Јавниот оглас за 2025 година. Од денеска до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат. Ваучерот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 киловати и најмалку енергетска ...

Кавадаречкото село Марена добива уреден и модерен кеј на Овчка Река. Во посета на Општина Кавадарци денеска беше фамилијата Камчеви кои се инвеститори на овој проект преку Фондацијата Илија Камчев, објави на својот профил на Фејсбук градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. „Инвестицијата е во вредност од 300.000 евра и се очекува проектот да биде реализиран за краток период. Општина Кавадарци упатува огромна благодарност до фамилија Камчеви ...

Во организација на Здружението на даватели на комунални услуги во Охрид се одржува настанот „Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“. Настанот ги обединува претставниците на институциите, јавните комунални претпријатија, локалната самоуправа и меѓународни експерти, со цел отворање на клучни прашања и предизвици во комуналниот сектор. Учествуваат и директорите на битолските јавни претпријатија Водовод, Комуналец и Нискоградба. Во рамките ...

Се продлабочува конфликтот меѓу рускиот милијардер Роман Абрамович и владата на Велика Британија. Откако истече рокот за распределба на парите од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи, Лондон најави дека ќе преземе конкретни чекори Поранешниот сопственик на Челзи по продажбата на клубот уште во 2022 година вети дека ќе ги донира приходите од продажбата за хуманитарни цели поврзани со војната во Украина. Но, парите и по 3 години не се ...

Жителите на населбата Мал Париз во Битола добија реконструирана водоводна мрежа на улицата Даме Груев, откако екипите на ЈКП „Водовод Битола“ успешно го завршија проектот. Во рамки на зафатот, старата водоводна линија е целосно заменета со нова полиетиленска мрежа во должина од 634 метри, а поставени се и 68 нови приклучоци за домаќинствата. Со реконструкцијата се очекува значително подобрување на сигурноста во водоснабдувањето и поефикасно ...

Системите за воздушна одбрана на Обединети Арапски Емирати денеска пресретнаа 13 балистички ракети и 27 дронови лансирани од Иран, соопштија властите. Од почетокот на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, воените сили на ОАЕ успеале да неутрализираат вкупно 327 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и дури 1.699 беспилотни летала. Во нападите загинале двајца војници додека биле на должност, како и шест странски државјани – од ...

Основниот суд во Свети Николе изрече едногодишна затворска казна за 21-годишен маж од селото Сарамзалино, кој брутално ја претепал својата бремена партнерка и ја држел заклучена во соба со часови. Според судската пресуда, насилството се случило во семејниот дом во градот, кога напаѓачот ѝ го одзел телефонот и клучевите од автомобилот и ја затворил во просторија каде ја држел околу 15 часа. Во текот на нападот ѝ нанел повеќе телесни повреди. ...

Прометот во индустријата, на годишно ниво е намален за 9,4% во јануари. На месечна основа намалувањето е за 13,9% – соопшти Државниот завод за статистика. Во истиот период прометот во индустријата на домашниот пазар е намален за 6%, а на странските пазари за 10,6 %. Во јануари годинава во однос на јануари лани опаѓање на прометот во индустријата, според главните индустриски групи, има кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 13,5%, ...

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот. – Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, ...

Полицијата во Гевгелија уапси 52-годишен жител на Валандово кој се сомничи дека украл автомобил од двор во селото Прдејци, а потоа го управувал без возачка дозвола. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, мажот го одзел патничкото возило „фиат“ во утринските часови, по што се упатил кон Гевгелија. По брза полициска реакција, автомобилот бил запрен во градот, а при проверката било утврдено дека осомничениот нема возачка ...

48-годишен жител на Тетово заработи кривична пријава откако наводно измамил лице за повеќе од 14.000 швајцарски франци. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, мажот во текот на 2025 година се договорил со оштетениот да му изработи железни материјали вредни 20.450 швајцарски франци, кои требало преку шпедитерска фирма да бидат испратени во Швајцарија. Откако нарачката била изработена и испратена, осомничениот платил само дел ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека на територијата на градот започна широка и координирана пролетна акција за генерално чистење, со цел унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина. Акцијата стартуваше во општината Кисела Вода, а во неа се вклучени екипи од повеќе јавни претпријатија. Од „Комунална хигиена“ интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и неправилно одложениот ...

Руските производители на ѓубрива побараа од владата привремено да ги ограничи цените на сулфурот, кои нагло се зголемија на рускиот и меѓународниот пазар поради недоволна понуда, објави руската новинска агенција Интерфакс. – Од почетокот на 2025 година, цените на сулфурот, клучната компонента на фосфатните ѓубрива, се зголемија повеќе од 4 пати и моментално се движат во опсег од 400 до 500 долари по тон. Цената на сулфурот нагло се зголеми ...

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 27-годишен жител на градот, осомничен дека подолг период демнел млада девојка и нејзината мајка. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, мажот со автомобил им се приближувал на 21-годишната тетовка и на нејзината мајка, при што ги снимал со мобилен телефон. Освен тоа, тој повеќепати ѝ се јавувал на девојката од различни телефонски броеви, предизвикувајќи чувство на страв и ...

Собранието денеска на 94. седница го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Изборот на Савески го поддржаа 66 пратеници, „против“ гласаа двајца, а осум беа воздржани. Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на ...

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, ги предупреди САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат копнени сили во Иран. Во изјава за Скај њуз, Хатибзаде рече дека Иран е подготвен да се бори колку што е потребно и дека во моментов не е фокусиран на дипломатско решение. Иако не ја исклучи можноста за преговори, Хатибзаде рече дека пораката до американскиот претседател Доналд Трамп е јасна. – Само прочитајте што ...

Кремљ денеска го осуди „убиството и елиминацијата“ на иранските лидери во воздушните напади на САД и Израел, еден ден откако полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс потврди дека Али Лариџани, советник на покојниот врховен ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во Техеран. – Недвосмислено ги осудуваме сите дејствија насочени кон оштетување на здравјето или дури и убивање или елиминација на членови на раководството на суверен и ...

Не е тајна дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан не се срами од ниту еден бизнис предизвик – од ријалити телевизија, бренд за козметика, линија парфеми и козметика, преку корсети и облека, па до студии на правен факултет. Сега таа одлучила да влезе во енергетската индустрија. На социјалните мрежи открива дека започнала соработка со брендот Update во 2023 година, а подоцна станала ко-основач. Како што вели, нејзината цел е да „се посвети на ...

Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 1,9% во февруари 2026 година, што е зголемување во однос на 1,7% во јануари. Една година претходно, стапката беше 2,3%. Годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 2,1% во февруари 2026 година, што е зголемување во однос на 2,0% во јануари. Една година претходно, стапката беше 2,7%. Овие бројки ги објавува Евростат, статистичката служба на Европската Унија. Најниски годишни стапки ...

Собранието денеска во рамки на 94. седница ја почна расправата за избор на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем – истакна ...

За помалку од две недели пред суд ќе се појави Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана Јовановска, која загина со пад од зграда во скопската населба Тафталкџе заедно со нивната шестгодишна ќерка. Првото рочиште во случајот е закажано за 30 март во Основниот кривичен суд Обвинителството го товари Јовановски за четири кривични дела – телесна повреда, продолжено семејно насилство, загрозување на ...

Преку фиктивни работни договори со фиктивни работодавци, членовите на криминална организација разбиена на грчкиот остров Крит, во Грција нелегално носеле државјани на трети земји, пред сè од Пакистан, им ги одземале пасошите и работно ги експлоатирале, а грчката полиција уапси 21 лице, додека нелегалниот профит се проценува на 5 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека станува збор за повеќечлена ...

Земјоделците очекуваат зголемување на цените на земјоделските производи со оглед на тоа што најголем дел од репроматеријалите се набавуваат од Блискиот Исток. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека ја следат состојбата и доколку има потреба, ќе реагираат. Претседателот на Националната федерација на фармери Стеванче Јорданоски пред денешното Годишно собрание на Федерацијата изрази надеж дека ресорното ...

Изложбата „Лазар Соколов – живот и дело“, на авторот м-р Илија Василески, ќе биде отворена во среда, 18 март, со почеток во 19:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност. Лазар Соколов е учесник во Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945) и еден од втемелувачите на современата македонска држава на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија. Преку богат ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул и неговиот француски колега Жан-Ноел Баро оценија во Берлин дека е време Европската Унија да преземе нови чекори кон проширување, објавија германските медиуми. Баро рече дека наместо да трча со наведната глава низ новиот светски поредок, на Европа ѝ е потребна поголема самодоверба и нагласи дека денес повеќе земји сакаат да се приклучат кон ЕУ од кога било досега. Тој рече дека земјите ...

СДСМ и ССМ сѐ повеќе ја губат и онаа мала поддршка од граѓаните, обидите за манипулација на работниците не им поминуваат. Наместо на протестот да бидат вистинските работници, протестот на ССМ беше предводен од раководствата на локалните ограноци на СДСМ, кои со партиски маички беа во првите редови – рече денес на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. – Автобусите во организација на лица од СДСМ, кои патуваа празни за ...

Американските сили погодија воени цели на островот Харг во Персискиот Залив, но ја поштедија клучната нафтена инфраструктура. Потегот веднаш го насочи вниманието кон местото низ кое минува речиси целата иранска нафта и кое, ако биде прекинато, може да предизвика потреси на светските пазари. Мал остров што го држи целиот систем Со децении економската моќ на Иран се потпира врз нафтата. Таа е главниот извор на државни приходи и важен инструмент ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
45%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
39%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
42%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
6.99
46%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
1.54
40%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
4.12
39%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
37%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
39%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
35%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
7.2
47%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
67%
1015
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Алуминиум

3.59

Платина

64365.79

Калај

50.34

Сребро

2399.81

Иридиум

253540.09

Рутениум

53788.20

Злато

151336.48

Цинк

0.00

Бакар

12.11

Родиум

326330.08

Кобалт

45.39

Паладиум

46843.64