Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти, се во фокусот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на кое во својство на сведок – технички советник, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување. На прашања на ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски најавува проекти за подобрување на условите и капацитетите на одбраната истакнувајќи дека државата годинава влегува во фаза на преговори со стратешкиот партнер и со други држави за нова опрема, пред сè, за противвоздушна одбрана. – Мораме да вложуваме, особено гледајќи што се случува на Блискиот Исток и другите жаришта, не смее да се заборави и Украина, каде што постојано се војува. Да гледаме ние што ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека одлуката на Извршниот одбор да се иницира исклучување на Шилегов била донесена со целосен консензус. – Нема да дозволам луѓе да ја делат СДСМ понатаму – изјави Филипче во партиското седиште. Тој нагласи дека по направените проверки и прибавени информации, раководството заклучило дека станува збор за процес кој, според нив, претставува „одработување за ВМРО-ДПМНЕ“ и ...
Времето во Македонија во следните денови ќе биде облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд и постепен пад на температурите. Според прогнозите, врнежите ќе започнат уште од попладневните часови и ќе продолжат во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Во текот на утрешниот ден и во четврток се очекуваат нови врнежи, пообилни во западните делови од земјата. Поради ...
Британскиот актер Адам Пирсон ја испиша историјата на 98-то доделување на наградите Оскар, одржано ноќта меѓу 15-ти и 16-ти март 2026 година по централноевропско време, каде што привлече големо внимание од светската јавност со своето пристигнување и појавување на црвениот тепих. Иако наградите беа во фокусот на вечерта, Пирсон стана една од најзначајните личности на настанот, не само поради својот стил, туку и поради она што го претставува. ...
Две нови единки на редок балкански рис се забележани на територијата на Национален парк Шар Планина, со што вкупниот број на ова заштитено диво животно во паркот се зголеми на пет. Од управата на паркот информираат дека рисовите биле регистрирани со помош на трап-камери за време на редовниот мониторинг на дивиот свет, на подрачје кое административно припаѓа на Врапчиште. Според нив, новозабележаните единки се во добра здравствена состојба, ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека одлуката на Извршниот одбор да се иницира исклучување на Шилегов била донесена со целосен консензус. – Нема да дозволам луѓе да ја делат СДСМ понатаму – изјави Филипче во партиското седиште. Тој нагласи дека по направените проверки и прибавени информации, раководството заклучило дека станува збор за процес кој, според нив, претставува „одработување за ВМРО-ДПМНЕ“ и ...
На забавата на Vanity Fair, по доделувањето на Оскарите 2026 година Кара Делевињ ги привлече сите погледи, бидејќи се појави во една од највпечатливите комбинации на вечерта. Моделот и актерка пристигна во смела креација на Том Браун што балансираше помеѓу висока мода и уметнички перформанс. Горниот дел од облеката, украсен со црвени, црни и бели перли што создаваа илузија на анатомско торзо, привлече особено внимание, поради што нејзиниот ...
Организиран криминал поврзан со увоз на луксузен автомобил „мерцедес-мајбах“ открија истражните служби на Царинска управа, по што е поднесена кривична пријава против девет лица и две компании. Според информациите, станува збор за употребувано возило набавено во Германија, кое во 2023 година било пуштено во слободен промет и регистрирано во земјава со фалсификувани документи. Со тоа, како што наведуваат од Царината, државниот буџет бил оштетен ...
На 98-то доделување на Оскарите во Лос Анџелес, Грогу, попознат како Бебе Јода, неочекувано го украде вниманието, кога се појави на церемонијата како придружник на актерката Сигурни Вивер, неговата колешка од претстојниот филм „The Mandalorian & Grogu“. Легендарната актерка, заедно со Педро Паскал, ја додели наградата за најдобар продукциски дизајн, но еден момент ја насмеа целата сала. Кога камерата го покажа Грогу како позира со Кејт ...
Жителите на турскиот град Ушак беа сведоци на необичен феномен на небото, а потоа социјалните мрежи беа преплавени од видеа од метеор. Според извештаите на локалните медиуми, светла огнена топка се појавила над градот и била видлива повеќе од 20 секунди. Времетраењето на појавувањето на небото е значително подолго од вообичаеното времетраење на метеорите, кои обично исчезнуваат за само неколку секунди. Тоа говори дека станува збор за ...
Ирак се договори со Иран што ќе им овозможи на ирачките танкери за нафта да поминат низ Ормускиот теснец, изјави ирачкиот министер за нафта Хајан Абдул-Гани за медиумската мрежа Ал Џезира. Абдул-Гани потврди дека преговорите меѓу двете земји за водниот пат се во тек. Оваа вест доаѓа во време кога Доналд Трамп во последните денови ги повикува сојузниците на САД да сторат повеќе за да го обезбедат Ормускиот теснец, бидејќи намалениот извоз на ...
Американскиот бизнисмен со македонско потекло Никола Андреевски од Чикаго присуствуваше на значаен донаторски настан за кандидатот за Конгрес од Ајова Џо Мичел, кој се одржа во Мар-а-Лаго, вилата во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп. На настанот присуствуваа и бројни истакнати политички личности, меѓу кои и Том Емер, Majority Whip во Претставничкиот дом на САД, како и Џејсон Смит, претседател на Комитетот за буџет и ...
„Европа може целосно да го елиминира пушењето – не преку забрани и ограничувања, туку со забрзување на транзицијата кон алтернативните никотински производи“. Вака се наведува во анализата „Крај на пушењето?“, изработена од Европскиот совет за иновации во политиките (EPIC), со седиште во Брисел. Во анализата се тврди дека наместо да продолжува неефикасната војна против тутунот, Европа треба да прифати стратегија за намалување на штетата, што ...
Автомобил што го користел градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, бил запален ноќеска потврдуваат од полицијата за Плусинфо. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 03:50 часот, кога било констатирано дека опожарено е патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска „На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека денес е предвидено да се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток. Претходно беа реализирани и летови од Шарм Ел Шеик и Ријад. Предвидено е авионот да полета во 16:00 часот по локално време и да слета во 20:10 часот на Меѓународниот ...
Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави фотографија со тврдење дека го прикажува моментот кога наредил ликвидација на високи ирански функционери. Според Израел, во ист напад се ликвидирани Али Лариџани, шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран и Голам Реза Солејмани, компандант на Басиџ познат кого Израел го нарекува „режимскиот месар“. Додека Израелските одбранбени сили потврдуваат дека го нападнале Али ...
Во руски напад синоќа беше оштетена индустриска, енергетска и пристанишна инфраструктура во украинскиот регион Одеса на Црното Море, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во различни населби во јужниот дел од регионот, објави денеска локален функционер. Регионалниот гувернер Олех Кипер преку Телеграм објави дека пожарите се брзо изгаснати и дека никој не е повреден. Тој рече дека струјата е вратена во критичните ...
Шеесет и петгодишен маж го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на патот меѓу Кочани и Виница. Во судирот биле повредени уште три лица. Според информациите од полицијата, несреќата се случила околу 13:40 часот, кога се судриле „фолксваген туран“ управуван од 59-годишник од Штип и „мазда“ зад чиј волан бил 65-годишник од селото Истибања. Од здобиените повреди, возачот на „маздата“ починал на местото на ...
Во пакистански напад со гранати врз клиника за лекување на нарко-зависници во авганистанскиот главен град Кабул вчера биле убиени најмалку 408 лица, соопштија авганистанските власти. Очевидци велат дека имало три експлозии во моментот кога луѓето во болницата ја завршувале вечерната молитва. – Целото место пламна. Беше како да е крај на светот. Моите пријатели изгореа и не можевме да ги спасиме сите – изјави за агенцијата Ројтерс 50-годишен ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави два статуса на социјалната мрежа „X“ кои многумина ги сметаат за неразбирливи. Имено, Зеленски твитна на фарси. Иако пораките, на прв поглед, можат да ги разберат главно Иранците, Зеленски испрати многу јасна порака до светот во врска со војната на Блискиот Исток, но и во Украина, како и односите меѓу Русија и Иран. Во првата објава, Зеленски потсети како изгледал почетокот на инвазијата на ...
Блискиот Исток, последните години, стана важна локација за изградба на центри за податоци потребни за развој и дистрибуција на софтвер за вештачка интелигенција. Заедно со Амазон, Гугл, Мајкрософт, ОпенАИ и други американски компании инвестираа во регионот, привлечени од растечките економии и поволните дигитални врски со Африка и Европа. Сето тоа е поддржано од владите во Заливот, но и од администрацијата на Доналд Трамп. Но, војната на САД и ...
Граѓаните од денеска можат да летаат директно од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, додека веќе од 29 март се воведува уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Како што истакнува Николоски на Фејсбук, овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата. „Развојот на авиосообраќајот претставува еден ...
Во овие три децении ние „проживеавме“ векови, илјадници години човечка историја и филозофија, и повторно – не научивме ништо. Пролетуваа покрај нас и Аристотел и Черчил, Кант и Хегел, Монтескје и Хобс, Бадинтер и Карни, „Монд“ и „Политико“…, се истураа „мисли“ и ветви фрази од устите на разноразни полуинтелигенти и политиканти, сматуфени професорчиња и потпросечни новинарчиња, самопрогласени аналитичарчиња и лумпенкултурњаци…, а сите до една ...
Повеќе од 30 часа горела главната перилница на американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“, пренесува весникот „Њујорк Тајмс“ изјави од морнари од посадата и од официјални претставници на американската власт. Според весникот, повеќе од 600 членови на екипажот останале без кревети во спалните одаи на бродот, двајца морнари биле хоспитализирани поради полесни повреди, додека десетици имале проблеми поради вдишување чад. Официјалните ...
Полицијата расчисти случај на измама со лажна сообраќајна несреќа, при што е уапсен 46-годишен маж од Скопје, осомничен дека измамил жена од Прилеп за значителна сума пари. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот на 4 ноември минатата година телефонски ја контактирал жената и лажно се претставил како инспектор во странство. Тој ѝ кажал дека нејзините внуци наводно предизвикале тешка сообраќајна несреќа во која ...
Две лица биле застрелани во бистро во градот Раунхајм, во близина на Франкфурт, во раните утрински часови, соопшти германската полиција. Според првичните информации, вооружен маж влегол во локалот околу 3:45 часот и отворил оган кон присутните. Двете жртви починале на местото на настанот. – Напаѓачот влегол во кафулето со оружје и пукал во две лица, кои подоцна им подлегнале на повредите – изјавил полицискиот портпарол Кристоф Шмит од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје за да ги реши своите проблеми, иако еврејската држава никогаш не признала дека поседува такво смртоносно оружје, пренесе ДПА. На новинарско прашање за коментарот на советникот на Трамп, Дејвид Сакс, даден во поткаст, во кој тој шпекулираше дека Израел може да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје, Трамп рече: ...
Силно невреме што го зафати Источното крајбрежје и други делови на САД предизвика хаос во авионскиот сообраќај, при што беа одложени или откажани повеќе од 12.500 летови. Според Федерална управа за воздухопловство (FAA), најголеми проблеми имало на аеродромите во регионот на Њујорк – „Ла Гвардија“, „Џон Ф. Кенеди“ и „Њуарк“, како и на Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон. Прекини и доцнења биле регистрирани и на аеродромите во ...
Иранската револуционерна гарда испрати остар одговор до Доналд Трамп. Портпаролот Ебрахим Золфагари го исмеа американскиот претседател поради неговите објави на социјалните мрежи. Според него, исходот од војната не се решава со твитови. Тој му се обрати на Трамп со порака на англиски јазик. – Исходот од војната се одредува на терен, а не од твитови. Токму таму вие и вашите сили не се осмелувате ниту да се приближите, а за тоа можете да ...