Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
„Нервозата за сведочењето на Артан Груби расте во ДУИ, едни се плашат дека ќе прозбори, други пресметуваат кого може да повлече со себе“. Вака обвинува ВРЕДИ во денешно соопштение. Според ВРЕДИ на лидерот на ДУИ, Али Ахмети не му излегува есапот. „Ако застане зад Груби, го презема политичкиот товар од сè што може да излезе во судницата. Ако го пушти низ вода, ризикува ‘црната кутија’ да се отвори и да проговори за сè што со години се ...
Новак Ѓоковиќ не крие дека сака уште еднаш да настапи на Олимписките игри, а доколку плановите му се остварат, токму во Лос Анџелес во 2028 година би можел да стави крај на една од најуспешните тениски кариери во историјата. Српскиот тениски ас во разговор со шпанските медиуми откри дека настапот на Олимписките игри во Лос Анџелес му е голема желба, но истовремено призна дека конечната одлука ќе зависи и од неговата физичка состојба. – Мислам ...
Додека Горан Бреговиќ со децении е едно од најпознатите имиња на регионалната музичка сцена, неговиот помлад брат Предраг избрал сосема поинаков живот. Наместо рефлектори, концерти и медиуми, тој се определил за мир и приватност. За него јавноста најмногу дознала токму преку приказните на славниот музичар, кој во неколку наврати зборувал за семејството и детството. Браќата во детството биле разделени по разводот на нивните родители. Горан ...
61-годишен жител на Брвеница е тешко повреден откако паднал од кровната конструкција на куќа во село Боговиње, Тетовско, додека изведувал градежни работи. Случајот бил пријавен на 16 август околу 10:30 часот во СВР Тетово од Итната медицинска помош во Тетово. Од СВР Тетово информираат дека П.Б. (61) од село Брвеница изведувал градежни работи на куќа во сопственост на Н.А. (60) во Боговиње, кога паднал од кровната конструкција. При падот, тој ...
Новиот британски премиер, Енди Барнам, разменувал пораки со лице за кое верувал дека е Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Измамата не завршила пред вратата на Даунинг стрит. Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули. Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат, а британската ...
Во пожарот што во ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи – соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан. – Исто така, целосно изгореа и 45 пловила што биле извлечени на брегот – изјави Бобан за Хина. Според него, делумно изгореа 43 куќи, 20 возила и девет пловила. На ...
Последната објава на Хејден Панетијер на Инстаграм денес добива особено болно значење. Актерката на 27 јули споделила фотографија со актерот и фотограф Рандал Славин, на која насмеана позира покрај него. – Добри моменти и добри пријатели @randallslavin – напишала таа покрај фотографијата. Само три недели подоцна, јавноста беше потресена од веста дека 36-годишната ѕвезда на „Heroes“ и „Nashville“ ненадејно починала. View this post on Instagram ...
Претседателот на САД Доналд Трамп наредил значително да се намали американското учество во воените вежби со Јужна Кореја. Одлуката ја објавил само неколку часа пред почетокот на годишната вежба „Штитот на слободата Улчи“. Шефот на САД го образложил потегот со својот добар однос со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Ги посочил и високите трошоци за вежбите. „Врз основа на мојот многу добар однос со Ким Џонг Ун од Северна Кореја, не сум ...
Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода 67-годишниот Б.С. од Битола, поради сомнение дека предизвикал пожар на улицата 4 Ноември. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен околу 12:35 часот, а во него биле зафатени сува трева и дрвени палети во поранешното стовариште на осомничениот. „Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се ...
Неда Украден го прослави својот 76. роденден и објави фотографии од Бока Которска, каде што престојува во пауза од бројните летни настапи, а на една од нив позира покрај морето во црна наметка под која се гледа син костим за капење. Нејзините следбеници веднаш ја опсипаа со честитки и комплименти. – Уште една година, а во срцето имам уште повеќе љубов, спомени и благодарност. Не ги бројам годините, ги бројам моментите што ме направија среќна. ...
Обидите за потценување и омаловажување на напорите на Македонија за соборување на инфлацијата на 2,3% во јули се темелат на тезата дека ниските цени во Македонија не успеваат да ги компензираат ниските приходи на населението. При тоа, под ниски приходи во тие пропагандни математики се сметаат само платите, а не и пензиите. Клучниот показател на кој се повикуваат тие фејк анализи со работен наслов „инфлацијата паѓа, ценовниот шок останува“ е ...
Најмалку шест лица загинаа во трагедија во хиндуистички храм во индиската сојузна држава Бихар. Според првичните информации од полицијата, електричен столб паднал меѓу верниците и предизвикал панично бегство. Несреќата се случила во храмот Ашок Дам во округот Лакишараи. Во храмот имало голем број верници по повод светиот хиндуистички месец Шраван. Според полицискиот службеник Шивам Кумар, дел од верниците биле погодени од струен удар, по што ...
Бугарските власти вратија пратка од 11,6 тони пиперки со потекло од Македонија, откако лабораториските испитувања утврдиле присуство на пестицидот „форметанат“ над законски дозволените граници. Пратката влегла во Бугарија преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговска фирма од Петрич. Веднаш по пристигнувањето, зеленчукот бил задржан и ставен под забрана за продажба сè до добивањето на официјалните резултати од анализите. ...
Командир на украинска јуришна единица со неоклопен пикап влегол во подрачје под постојана закана од руски дронови за да спаси двајца тешко ранети војници, откако беспилотно копнено возило кое било испратено по нив било погодено и онеспособено. Украинската Здружена групација на сили на 16 август објави снимка од евакуацијата, наведувајќи дека станува збор за Владислав Полски, командир во 475. одделен јуришен полк „CODE 9.2“. Двајцата украински ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики кои создаваат услови за нови инвестиции, развој на производството и отворање добро платени работни места. Резултатите од економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе се видливи преку новите фабрики кои започнуваат со работа, но и преку компаниите кои веќе се присутни во земјава и ги прошируваат своите производствени капацитети, се наведува во денешното соопштение на ...
Кристијано Роналдо и Георгина Родригез официјално станаа сопружници, и тоа на начин кој малкумина го очекуваа. Двојката се венча на 11 август во својот дом во Кашкаиш, Португалија, на интимна граѓанска церемонија на која присуствувале само тие и нивните пет деца. Првите фотографии од свадбата ексклузивно ги објави „Vogue“, откривајќи атмосфера далеку од раскошните прослави што јавноста можеше да ги очекува од еден од најпознатите парови во ...
Пиштол закочил во моментот кога 52-годишен маж се обидел да застрела сограѓанин во глава среде кафуле во Елбасан. Драмата ја снимиле безбедносните камери. Нападнатиот успеал да се спаси. Инцидентот се случил околу 13 часот во кафулето „Арт Кофи Бистро“ во населбата „28 Нентори“(28 Ноември). Според информациите на албанската полиција, осомничениот Поли Боричи седел во кафулето со сопругата. Кога 50-годишниот Ермир Кертези, познат и како ...
Европската Унија наесен планира значително проширување на санкциите против Русија, при што бројот на санкционирани руски физички и правни лица би можел да се зголеми за една третина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас. – Санкциите на ЕУ досега ја чинеле руската воена машинерија повеќе од еден трилион евра, а наесен предлагам најсеопфатен список на санкции од почетокот на војната – изјави Калас ...
Во јавната дебата често се наметнува паралелата „или екологија или рударство“, но реалното европско искуство го покажува спротивно – земјите со едни од највисоките еколошки стандарди го развиваат ископот на суровини. Наскоро се очекува Брисел да ги објави резултатите од вториот повик за финансиска помош за рударски проекти, на кој биле поднесени дури 160 апликации. Со цел да не биде зависна од трети земји ЕУ ги забрза процедурите за дозволи ...
Американската актерка Хејден Панетијер почина на 36-годишна возраст, а веста за нејзината смрт ја објави и нејзиниот татко Скип Панетијер. Според досега објавените информации, таа починала на 16 август, само неколку дена пред својот 37. роденден. Причината за смртта засега не е соопштена, а надлежните го истражуваат случајот. Американските медиуми известуваат дека полицијата реагирала на инцидент поврзан со актерката, но во овој момент нема ...
Неверојатна трагедија се случила на италијанскиот автопат А21, каде родители патувале десетици километри без да сфатат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште. Тие во текот на патувањето мислеле дека тој спие, објави италијанскиот весник „Corriere della Sera“. Трагичниот настан се случил вчера околу 7:30 часот на делницата меѓу Торино и Пјаченца, во близина на излезите Кастеџо и Вогера. Семејството со романско потекло патувало ...
Пет тинејџери загинаа, а четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Ирска, откако автомобил се движел во спротивна насока на автопатот „М9“. Ирскиот полициски комесар, Џастин Кели, директниот судир на двата автомобили го опиша како „ужасен“, предупредувајќи дека „во некои случаи“ возила се движат во спротивна насока на автопатите само за снимките од таквите активности да собират „лајкови“ на социјалните мрежи. Итните служби биле ...
Три лица се тешко повредени во нова сообраќајна несреќа во скопското село Ласкарци, место кое јавноста го памети по автобуската трагедија на „Дурмо турс“. Според медумот Тетова сот, кој се повикува на очевидци, автомобил под засега неразјаснети околности излетал од главниот пат. Возилото завршило на спореден пат во селото. На местото пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Засега нема официјални информации за идентитетот и ...
Унгарско семејство го снимило драматичното бегство од пожарот кај Омиш во Далмација. Двојката, нивното тригодишно дете и бабата пристигнале на одмор истиот ден, а само неколку часа подоцна се нашле опколени со чад и со оган. Семејството со автомобил се обидувало да избега од Локва Рогозница. Пред нив имало колона, додека пламените јазици брзо се приближувале. – Не, не, не можеме да поминеме оттука. Не, не, не! Ќе налетаат на нас – се слуша на ...
Четирите џез вечери на фестивалот „Охридско лето“ изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта. Честа да ја затвори џез програмата синоќа на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми. Музиката без граници ја одбележа уште ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има кај с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани каде што гори мешана шума и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод каде што е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Активен пожар ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 16, а ...
Со повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата. По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски ...
Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 46. место на маратонот во рамки на Европското првенство во Бирмингем. Тој маратонската патека ја истрча со време 2:22.39 часа и имаше заостанување од 13.28 минути зад победникот Аманал Петрос од Германија. Ивановски имаше добар почеток на трката и се наоѓаше во средината од групата учесници. Но, некаде меѓу 15-20 километар најверојатно поради криза имаше пад од околу 20 места. Сепак успеа да се ...
Тропската бура „Лала“, која претходно се засили во ураган од прва категорија, ги погоди хавајските острови со максимални ветрови од 110–120 км/ч и до еден метар дожд на повисоките вулкански падини. Невремето предизвика поплави, однесе домови и остави преку 130.000 корисници без електрична енергија, додека властите се справуваат со огромни материјални штети. Во своето вонредно обраќање до јавноста, гувернерот на Хаваи, Џош Грин, го нагласи ...