Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Србија во 2022 и 2021 година била светски првак според задолжувањата и приливот на капитал од Кина, пишува српскиот неделник „Недељник“. Србија земала вкупно 8,03 милијарди долари како кредити од Кина, вклучувајќи ги и кинеските инвестиции, со што нашиот северен сосед во изминативе две години се искачил на самиот врв во светот, се наведува во истражувањето „China Global Investment Tracker“ на Американскиот институт за претприемништво и ...
Кога маж во своите доцни четириесетти не знае што е ПМС, кога маж во своите рани четириесетти не знае што е и кога се случува овулација, кога маж со завршено високо образование, на астал изјавува дека до забременување може да дојде по пат на анален секс, кога повеќето после сите одгледани порн-хаб туторијали, не знаат да го лоцираат клиторисот, а камо ли да знаат што понатаму со него, кога се скандализираат од барањата на нивните партнерки за ...
Во наративот врз чија основа е изграден денешниот глобален економски систем штотуку дојде до неочекуван пресврт. Од крајот на Втората светска војна таканаречениот либерален меѓународен поредок подразбираше слободен проток на стоки, капитал и финансии, но изгледа дека на тоа време му се ближи крајот. Секој пазарен поредок е поддржан со наративи – приказни кои си ги раскажуваме за тоа како функционира системот. Тоа особено важи за глобалната ...
Писателот Венко Андоновски за редакцијата на АХА, вели дека всушност му се помешале фолдерите и неговата колумна „О неписменех: Кои сте бре вие?“ од пред некој ден била пишана за периодот од пред 2016 година, но… „Ма се мислев дали да кажам дека направив куршлуц. Као, ете се деси да ги помешам фолдерите и да им пратам необјавена колумна што ја пишував за периодот од пред 2016 година. Па да речам, гледате што се дешава ако се закасни со ...
еден авион приоѓа можеби е воен со непријателски намери можеби патнички со жени и деца но едно можам да ти кажам најмалку е веројатно дека е тоа детско летало или албатрос можно е таа направа да те разнесе во парампарче можно е ти да ја разнесеш во парампарче можеби носи силен аксплозив можеби беспомошни патници не зборувај ништо повеќе не можам да ти кажам што да правиш јас сум само релативно комплициран систем ако сум ти потребен можам да ...
Писателка, уметница и самонаречена акумулаторка, Џејн Хушам постојано се навраќа на воодушевувачките радости од детството преку огромна колекција на пронајдени предмети. Налепници и пластични раце за кукли, остава со нерасиплива стока и менажерија со животни на тркала се дел од нејзината колекција. Прецизно категоризирани по боја, форма или тема, секоја композиција ги истакнува различните стилови, функции и контексти на сличните предмети и ...
- Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето? Дома имавме многу сликовници на руски и српски, се сеќавам на руските бајки. Имавме една српска книга со наслов „Полжав на патување“ (Puž na putovanju), а зборот „пуж“ ми беше смешен и чуден, инаку „полжав“ на македонски. Дедо ми, кој бил роден во Грција, секогаш ни испраќаше сликовници и касети од „Абракадабра“, а јас ги обожавав тие приказни и бајки, речиси исто колку и приказните на ...
Сè си е на место Везач везе седло кај сарач, берач му мавта на машиновозач, барач на правда станал бегач, на гранка грака црн грабач. *** „Нонсенс книжевноста, ви се молам, е нонсенс!“, на клупа во парк им рекол обликувач-одредувач на познавач-поправач, прегледувач-преведувач и толкувач-забранувач, кои сложно кимале со главите. „Не се слагам!“, дрекнал играч-посматрач, кој понекогаш се вмешувал во ситуациите, минувајќи крај клупата. „Ти си ...
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од уште два романи. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Девојчето со седа коса“, Магдалена Елмазовска, „Збор“ Животот пишува и бриши, тој дава и само тој зема. И кога на двајца млади од по осумнаесет години, со помош на нивниот занес наречен ...
Стапката на абортуси се намалила од 19 абортуси на 100 живородени деца во 2019 година на 17,1 во 2021 година. Во истиот период значајно е намален и бројот на абортуси кај жени и девојчиња на возраст под 20 години, покажуваат податоците од областа на сексуалното и репродуктивното здравје кои се обработени во новата публикација на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија „Жените и мажите во Северна Македонија 2023“. Фото: ...
Ивица Осим на натпреварот против репрезентацијата на Франција, 1968 година Ќерка ми Аља деновиве е во местото Коми, на Тинос, на архипелагот кој го нарекуваме Киклади. Никогаш не сум бил таму, но грчкото божество Хипнос ме поврза со ќерката. Значи, таа ми доаѓа на сон и ми вели: тато, Ивица Осим почина на Први мај, пет дена пред својот роденден. Ѝ велам, што да правиме, тој одамна не оди на сараевските првомајски теферичи, а уште подолго не ...
Не можам да престанам да пишувам песни! … Тие потекнуваат од вокабуларот на шумите и животните и земјата. Од писмо од Силвија Плат до нејзината мајка, 1956 година Популарните перцепции за Силвија Плат имаат тенденција да се задржат на длабоко проблематичната верзија на младата поетеса поради нејзините добро документирани тешкотии со депресијата и морбидните слики кои може да се најдат во дел од нејзината поезија. Така, идејата дека природата ...
Неретки се обидите на Црквата да се меша во одлуки на институциите на државата. Тоа се случува и во други секуларни држави, и таа нејзина пенетрација е позната низ историјата на човештвото во многу наврати. Со сета почит кон нејзините етички, духовни начела, сета религиозна заедница во која Цркавата ужива авторитет и има апсолутно демократско право да ги негува нивните убедувања и чувства кон која било тема, но, во рамки на нивниот систем. ...
Ако најдобрите писатели на рускиот реализам, како што тврдеше Достоевски, излегле „од мантилот на Гогољ“, нема да згрешам ако кажам дека од кројачката работилница на Дубравка излегле најдобрите современи писателки на територијата на поранешна Југославија. Згора на тоа, од таа кројачка работилница излегоа и многу читатели и читателки на кои книгите на Дубравка Угрешиќ формативно им го одредија односот кон литературата. *** Извонредна книжевна ...
19. Се вратија туберкулозните. Ги нема веќе. Никој повеќе околу мене. Самракот наоколу веќе добро се зафати. Патот помеѓу трњето и дрвјата се белее како да го посипале со брашно. Чекам, сѐ понервозен. Од дланките просто ми плиска некаква ледена вода. Седам, ги тријам рацете од панталоните и сѐ почесто нешто ме копка: сепак да си одам? Можеби сепак да кренам раце? И – дали сум ова воопшто јас? Дали сум јас овој човек кој вечерва овде чека да ...
Поезија, тој чир што се шири низ грлото. Поезија, тој орел што ти го чисти черепот. Поезија, таа коцкарска игра во која го губиш разумот. Поезија, таа задача како да се ослободиш од реалноста. Поезија, тој молк во кој заемно се убиваат мртвите. Поезија, тој цвет-месојадец со дречливи бои. Поезија, таа сестра што ти спие под кожата. Поезија, тие неправди нанесени на најблагите нешта. Поезија, таа мешаница од длабочините на нежноста. Поезија, ...
Во секуларна држава, мислењето на Црквата е нерелевантно во креирањето на политиките за родова еднаквост. Платформата за родова еднаквост остро се спротивставува на делувањето на Македонската православна црква против донесувањето на Законот за родова еднаквост и воведувањето на сеопфатно сексуално образование во училиштата. На трибината организирана во Струмица на 17.3.23 година, и пренесена од повеќе медиуми, епископот Јаков Стобиски ...
Група од најмалку осум осудени лица кои издржуваат казна затвор во Казнено-поправниот дом „Идризово“ подготвувале бегство од затворот со копање на тунел, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за осудени лица за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор. Во текот на денешниот ден МВР, Бирото за јавна безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација ...
Додека на улиците и во парламентот се одвива конфликт помеѓу владејачките партии од една и опозицијата и граѓаните од друга страна, тие во исто време соработуваат во Кнесетот каде со здружени сили пишуваат и усвојуваат закони насочени против израелските Палестинци. Ако ги изземеме арапските партии, не се слуша никакво противење на новите законски предлози. Израел нема неутрален став кон етничкиот идентитет на своите граѓани1 и заради тоа ...
Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Од драмскиот опус ги издвојуваме ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“…). ...
Вода капе во еднакви интервали. Вирчиња мали, средни и големи. Мислам дека гледам почеток на развивање на сталактити и сталагмити. Пирка ветер. По ќошовите и краевите ситни ѓубренца на мали купчиња. Згужвани кутии од цигари, хартивчиња од мастики, згужвани хартии од бурек и сендвичи, пикавци, милион пикавци, пластични шишенца. Мало шише ми се тркала до нозете. Ќе си го продолжи патот онолку колку што ќе му дозволи ветрот. Ќе заврши во некој ...
Во среда, 22 март 2023 година, со почеток од 12:00 часот, во Литературното кафе „Метаноја“ (Максим Горки 19) ќе се одржи промоцијата на новата збирка поезија на бардот на македонската поезија Михаил Ренџов. Настанот ќе го отвори директорката на „Метаноја“ Нада Милкова, а промотори се Владимир Мартиновски и Коста Милков. Петар Ренџов ќе го збогати настапот со музика. Во најава за целата збирка, подолу е една од песните на Ренџов кој со малку ...
Цветанка Трпкова, за мене е само Ценче. Артистката, разностраниот уметник и пријателката на сите што ја сакаа, таа беше едноставно само тоа. Малечка, со преубава коса, со идеална става и секогаш стегната во одот, небаре постојано е пред строга оценка на публика, таа, уште откако првпат ја запознав, почна да претставува некаква необјаснива мерка за мене. Ја следев каде што можев да ја следам, иако таа ми тврдеше дека е обратното, дека ...
– Како работи Хајзенберговиот компензатор? – го прашале новинарите Мајкл Окуда, научниот соработник и графички дизајнер за научно-фанатастичната серија Ѕвездени патеки. – Многу добро, благодарам! – одговорил Окуда. Се разбира, Хајзенберговиот компензатор е измислица како делче од исто така измислената направа „транспортер“, за целите на франшизата. Гледачите замислуваат дека се извршува телепортација кога ќе ги видат карактеристичните светки, ...
Брисел со проширувањето треба да осигура поголема блискост и доверба на луѓето од Западен Балкан во ЕУ. Студијата за европски вредности е меѓународна програма за истражување на основните човечки вредности, чија цел е да се направи увид во идеите, верувањата, преференциите, ставовите, вредностите и мислењата на граѓаните ширум Европа. Се работи за уникатен и исклучително комплексен истражувачки проект за тоа како Европејците размислуваат за ...
Си одиш песно Брзаш како реката низ прстенот на времето Сакам да ти ја допрам снагата но ти се измолкнуваш а потоа се огласуваш од далеку Нејасна како и разговорот на уплашените птици што уморениот јавач брза да ги престигне Не го измени светот Тајната на црвениот јазик на мачката во розовиот агол на крчмата не ја одгатна Не ја протолкува изненадата на лицата на моите пријатели Ја премолчи вистината Не ја ни допре Или те исплаши нејзиното ...
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од уште два романи. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Бегство од изгрејсонцето“, Дејан Гаџовски, „Темплум“ Животот е неизвесен, затоа и сметаме дека има смисла. Би немало смисла да се живее кога би знаеле што ќе биде утре. Секогаш ќе се прашувам ...
„Со себе ги беа донеле само најпотребните нешта, но, секој од нив, иако беше свесен дека никогаш веќе нема да се вратат, со себе ги беше понел клучевите од куќата“ (Времето на козите, стр.11) Бевме апатриди од исти географски простори чии граници во кои не можевме да се збереме можеби беа она што не зближуваше. Се чувствувавме бездомници и прогонети. Со изгубен поглед по кој трагавме. Овде, во бескрајот на времето, освен совршената самотија ...
За негативните последици на просторната или таканаречената социјална дистанца досега се зборуваше многу повеќе отколку за временската дистанца помеѓу богатите и сиромашните во пандемијата. Како што пишува Марко д'Ерамо во коментар за бројните понови истражувања, разликата во животниот век во САД, разликата во очекуваниот животен век помеѓу 1 процент од најбогатите и 1 процент од најсиромашните последниве неколку години е зголемена заради ...
Денес во 73-та година од животот во Амстердам почина Дубравка Угрешиќ. Родена е на 27 март 1949 година во Кутина. Завршува студии по руски јазик и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб, продолжува да работи во универзитетскиот Завод за наука за книжевноста од почетокот на деведесеттите кога, исцрпена од медиумскиот прогон и националистичките политики во регионот, ја напушта Хрватска и пронаоѓа постојан дом во Амстердам. ...