Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Реставрација со психотерапија Реставратор без соодветна едукација, дава упатство за реставрација и конзервација да не си направите траума, фрустрација, и непотребна секирација: “Ако купувате рамка на старо за вашата уметничка слика, внимавајте да не е: Поткршена или прекршена недајбоже сосем испокршена. Накривена,или поткривена, од преправки сосем изкривена! Пропадната, или продупчена, Од клинци, шилци сосем издупчена! Изветвена или од влага ...
Говорот на рускиот претседател Владимир Путин на само два дена пред годишнината од руската агресија врз Украина, сè уште е предмет на анализа на бројни светски медиуми. Вистиномер веќе пишуваше за главните дезинфо-наративи во неговото обраќање пред руската и светска јавност. Овојпат ќе се осврнеме на руската пропаганда дека војната во Украина е војна „за одбрана на традиционалните и семејни вредности“ кои „Западот сака да ги уништи“, односно, ...
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од уште два романи. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Невообичаен Велигден“, Емилија Златкова - Анастасова, „Збор“ - Срцето ѝ застана за момент. Ја реанимиравме и се врати. Ги ставивме лековите во инфузијата што ни кажавте по телефон додека ...
Следната сабота, кога од тунелот во 20:45 ќе се појават десетмина во виолетово и десетмина во црвено-црно, и уште двајца во засега непозната боја, на долгата трибина на „Артемио Франки“ во Фиренца, на третиот ред од вториот квадрат лево од центарот и, што се вика, речиси на трева, ќе седат двете најнови oфицијални лојални навивачки на Фиорентина, со свежи Inviola Premium Fidelity Cards в џеб и тајно ќе навиваат за Милан. Всушност, за Милан ...
Во среда (01 март) со почеток во 20 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на романот „Писмо за Глроија“ од Живко Грозданоски, како 216 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Промоторка ќе биде писателката Фросина Пармаковска, која низ разговор со авторот ќе им ја претстави и доближи книгата на читателите. „Романот „Писмо за Глорија“ а автофокциски обид за реобмислување и сублимирање на фрагментираното ...
Кога би ме прашале да кажам која е главната придобивка од куќата, би рекол: куќата го засолнува мечтаењето, куќата го заштитува сонувачот, куќата му дозволува на човека да сонува намира. Гастон Башлар Домот е, претпоставувам, само една детска замисла. Куќа ноќе, и една ламба во куќата. Место каде што се чувствуваш безбедно. В. С. Најпол The wind that turns the trees Made me sway, made me sway Made me sway... ...Damage, damage, damage. Joe Talbot ...
Собирањето и депортацијата на Евреите од Македонија лично ги надгледуваше Александар Белев, шефот на Комесаријатот за еврејски работи: Белев (прв од лево) во скопскиот монопол. Во пресрет на 80-годишнината од настаните во Бугарија наречени „Спас на бугарските Евреи“, на 10 март, група бугарски научници повикуваат „комеморацијата на настаните да го напушти каналот на стереотипните и митологизирачките мотиви, на постојаното наддавање во ...
Таман ќе се навикнеш на јануари, поминал животот. Вторник може малку да учи од среда како да се биде понеделник. Добар ден да се биде среда, ако си недела. Мораме да бидеме флексибилни! Немаме друг избор! Флексибилна сум, мамо, можам да плачам и на сопственото рамо. Толку сум срамежлива што и патиките ми се со влакна на јазикот. Симулирав паника во себе за да се предизвикам на двобој. Таква сум - избувлива, од пламтивек! Тој краток фитиљ, ...
Среќаваш некој што упорно те гледа и сака да те поздрави. Знаеш дека сигурно го познаваш од некаде, но едноставно не се сеќаваш на неговото лице. Почнува да зборува со тебе и ти очајнички чекаш да спомене некоја позадинска информација, каков било знак кој би можел да ти помогне да се сетиш која е таа личност. Не грижи се, на некои луѓе им е потешко да памтат и препознаваат лица, било познати личности или луѓе кои ги познаваат. Како што наведува ...
“Од политиката си заминувате онака како што се дошле во неа.” Оваа изрека му се припишува на Сулејман Демирел, кој 7 пати беше премиер на Турција, за на крајот да биде избран и за претседател. Додека беше на таа функција, во 1999 година Турција ја погоди земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар источно од Истанбул. Гласачите, решени да ги казнат сите соучесници во градежните практики поради кои 17.500 луѓе ...
"Пиштол и цвеќе" Будимка Поповска својата колекцијата од слики и песни ги именувала како „Супа од чиопа“. Супата е толку вкотвена во македонската и општо балканската кулинарска традиција што таа е нераскинлив дел од колективната свест. Сеќавањето на супата која мајките ни ја правеле уште во детството и често било првото готвено јадење што сме го пробале оди со низа меморирани впечатоци кои навлегуваат и во метафизичкото. Се разбира и со ...
Бројни научни студии разоткриваат колку негативното аерозагадување може да влијае на нашата здравствена состојба, а една од најновите, која ја спроведе Универзитетот во Пекинг, објавува докази дека долготрајното вдишување загаден воздух доведува до поголема опасност од депресија и анксиозност, дури и во случај на ниски концентрации на загадувачките материи. Авторите на истражувањето, објавено во медицинското списание JAMA Psychiatry, 11 години ...
Заблудан во намерата да го преѕидам веќе избезобличеното бољме од плитар под покривот на две води, не сум ги поврзал во едно нештата што сум ги гледал. Од првиот удар со чекан од ѕидот бувна виулица врапци како да истурив кошница пчели. Тогаш ми текна дека токму тие го имаат издупчено плитарот така за да се удомат тука и да се ведат. Раката ми се спушти како попарена билка. Го оставив бољмето такво оти секој си има право на живот. И врапците тоа ...
Ермира Мурати има 22 години, пораснала во Косово и отсекогаш сакала да се занимава со уметност. Сепак, оваа млада уметница својата најголема популарност ја постигна по објавување то на сликата од бакнежот меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Аљбин Курти. „Поминаа 23 години од крајот на војната во Косово и 15 години од прогласувањето на независноста, но и двете земји сè уште се заглавени во политички процеси од кои ...
Насловот е парафраза на месопотамиска поговорка испишана на глинена табличка со клинесто писмо, која датира од самракот на сумерската урбана цивилизација, најстара на светот, некаде околу 2000 година пред нашата ера. Оваа префинета, помалку цинична поговорка, филувана со безвременска нитка на темен хумор, во оригинал гласи вака: „До богатство тешко се доаѓа, но сиромаштвото е секогаш при рака“. Таа исклучително софистицирана урбана цивилизација ...
Во Музејот на современата уметност – Скопје, на 1 март, во 20 часот, ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Петар Лубарда. Изложбата е реализирана во заедничката соработка на министерствата за култура на Црна Гора и Република Северна Македонија, Амбасадата на Црна Гора и Музејот на современата уметност – Скопје, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Куратори на изложбата се Благоја ...
Четиридневната работна недела е веќе реалност за некои од европските земји, но сепак ние сме далеку од оваа идеја бидејќи работодавачите сеуште се адаптираат на законското решение „недела неработен ден“ што е и тешко спроведливо во одредени дејности. Велика Британија спроведе тестирањето на четиридневната работна недела кое покажа дека огромното мнозинство од 61 компанија, кои учествуваа во него, ќе продолжат со пократката работна недела. Според ...
Една година после почетокот на руската воена инвазија врз Украина, она што преовладува како глобална перцепција и порака која денес го обиколува светот е херојството на украинскиот народ и обединувањето на западниот демократски свет во поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Путин е се подалеку од победата на која се надеваше бидејќи после цела година не успеа ниту да се доближи до Киев ниту да окупира и отцепи ...
Сè уште не се наѕира крајот на најголемиот конфликт на европско тло од Втората светска војна па навака. Бројот на мртви и избегани станува сè поголем, а штетата од војната изнесува стотици милијарди долари. Бегалците од Украина пристигнаа во Пшемишл во Полска веќе на првиот ден од војната. Извор: Profimedia / Автор: Мачеј Лучњевски/ Nurphoto / Shutterstock Editorial / Profimedia Првите гранати паднаа врз Киев во раните утрински часови на 24 ...
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од уште два романи. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“ Откако ја испивме првата голтка, прашав најспокојно: „Оче, исповедате ли во авион?“ Тој се насмевна, па рече: „Зошто да не? Папата дури и венчава ...
Израелската демократија е изложена на незапаметен напад одвнатре. Радикално десната влада на Бенјамин Нетанјаху ги применува рецептурите на авторитарните режими од Унгарија, Полска и другите самопрогласени светилници на „либерализмот“: целта е да се потчинат судството и независните медиуми под државна контрола во име на „народот“. Во САД има загрижувачки малку дебати за овој дрзок напад на државата која американската политичка класа ја опишува ...
Оданде, прекурека, една жена го спашка синето, вражуле мало, за некаква пакост направена дома. Дур да се свртиш, тоа си спрашти ко стршлен. Тогаш ја чув клетвата стара: „Да би не се родило да би“, му свика. Овие зборови од уста на создател што ти ја будат грозната помисла на небиднината во ушите на некој ненашинец сигурно би одекнале со сета жестина на она значење со кое и биле некогаш првпат изречени во час на длабока срдба од тешко ...
Гулабицата ги рашири крилјата и побара мир, 1982 „Ќе се ограничиме на тоа што ќе потсетиме дека различните европски држави имаат насобрано долг од 130 милиони, од кои околу 110 милиони е направен во текот на еден век, и целиот тој долг е направен исклучиво за воени трошоци; дека европските држави во мирно време држат 4 милиони луѓе во своите воени редови и можат да го доведат тој број до 110 милиони во време на војна; дека две третини од нивните ...
Аналитички и конструктивен текст по повод годишнината од војната во Украина. Словенечкиот филозоф Славој Жижек зборуваше за независниот руски портал Медуза за руско-украинската војна како дел од глобалниот идеолошки конфликт, при што Владимир Путин се здружува со другите авторитарни режими за да создаде нова, ултра конзервативна оска на глобална моќ. Жижек признава дека е песимист и го предупредува западот да не се занесува во чувството на ...
Детските класици на еден од најпознатите британски автори, Роалд Дал, се преработуваат за да се отстранат од нив сите потенцијално навредливи и застарени изрази. Станува збор за наслови како "Чарли и фабриката за чоколадo", "Матилда или Џејмс" и "Џиновската праска". Издавачот на оригиналните наслови, британската компанија Puffin Books, почна да ги воведува промените, што предизвика бројни реакции и критики во јавноста, пишува The Telegraph. ...
Неколку децении пред појавувањето на телевизијата и радиото, рекламирањето најчесто беше ограничено на весници или мали рекламни летоци. Со напредокот во печатењето, се појавија плакатите и направија вистински бум на визуелната сцена кон крајот на 19 век, навидум ограничени само од буџетот и имагинацијата. Во исто време, манијата за велосипедизам беше во полн ек, така што овие две појави почнаа и совршено да се надополнуваат една со друга. ...
Терминот „инфлуенсер“ стана сеприсутен термин во нашето општество денес. Последниот испад на новинарот Драган П. Латас (во улога на бумер кој плаче за внимание) и извесен Стефан Лазаров (во улога на паланечка интернет сензација) ги извадија декадите на трули вредности кои под привидот на сеприфатен мачоизам и мизогонија, беа голтани од нашето општество и толерирани се до граница по која конечно пукна тиквата. Со подемот на платформите на ...
Непосредно пред Божиќ, на роденденот на мојот покоен татко, ги посетив улиците во кои растел - долги низи со викторијански куќи покрај каналот на периферијата на Манчестер. Кога со автомобилот поминувавме по неговата улица додека бев дете, велеше (не свртувајќи го погледот): „Пораснав во онаа куќа“. Наоѓајќи се пред истата куќа децении подоцна, открив дека се продава и дека внатре нема никој. Најпосле можев да ѕирнам низ прозорецот од дневната ...
Патриша Хајсмит: Автопортрет Патриша Хајсмит (Форт Ворт, Тексас, 1921 - Локарно, Швајцарија, 1995), авторка на 22 романи и неколку книги со раскази, упорно се обидувала да избегне нејзините книги да бидат сместени во фиоки и да бидат „брендирани“ со етикетата „трилери“. Списанијата ја претставувале како ексцентрична писателка со цигара во забите, додека ги пишува страниците од "Странци во воз", "Цената на солта" или "Талентираниот господин ...
Дрвјата уште цветаат крај распаднатите куќи— и водата крај кејот е розово-сина и бранот што се витка го крши небото во себе и густата искра на небесното теме фрла поглед кон залутан тркач некој по ова ладно но сончево време. Така си вика секој еден денов денес ладен но топол ко да дошла пролет без да сака, пролет гушната од ветер пролет пред подадена рака. А тој ветер граби сѐ пред себе тркачот на кеј го ништи бурата во бранот ја мати пред ...