Околу 25.000 луѓе кои живеат во турскиот град Лиџе во провинцијата Дијарбекир ненамерно се „напушиле“ како резултат на планираното палење на над 20 тони конфискуван канабис, објавија турските медиуми. На 18 април турските власти спроведоа операција за согорување на над 20 тони запленет канабис во близина на градот Лиџе, што резултираше со густ облак од чад што се издигна над градот, предизвикувајќи вртоглавица, халуцинации и симптоми на ...

Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу 5 и 6 милијарда евра кои што ќе се случат во Македонија. И откако ова ќе го заокружиме позитивно сакам да седнам со Стопанските комори и отворено да поразговараме дали ние имаме капацитет да сето ова го реализираме. Јас сум убеден дека имаме, но ни треба добра организација, изјави премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?” ...

По повеќемесечна предистражна постапка што се водеше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител, Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар. Во акцијата од слобода се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите ...

Закон за правична застапеност ќе има, јас лично ќе го извадам овде и ќе го бранам, ќе биде уставен и ќе гарантира вистинска правична застапеност на сите етнички заедници. Вака му одговори премиерот Христијан Мицкоски на пратеникот од ДУИ Блерим Беџети кој ги обвини Владата и Министерството за администрација за несериозност и одолговлекување на донесувањето на Законот за правична застапеност. Тој рече дека и по шест месеци ветувања за законот ...

Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), на 23 април беа извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Велес, Тетово и Гостивар, при што од слобода се лишени 23 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот. Во текот на денешниот ден осомничените се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд. ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека во Собранието состојбата е статус кво во однос на нова распределба на пратениците. – Сега засега во Собранието е статус кво во однос на нова распределба на пратениците, сѐ е како што било. Значи, сите пратенички групи кои се формирале на почетокот на овој нов собраниски состав продолжуваат да работат. Ако има нови промени ќе треба тоа официјално да го достават до службите и до мене, за да ги ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на податоци од УНМР, предупредува дека источниот и јужниот дел од земјата во моментот се зафатени со нестабилна воздушна маса проследена со силен пороен дожд и на некои места со град. Најпогодени се подрачјата околу градовите Пробиштип и Кочани, па сè до Гевгелија. Според информациите, со град се зафатени селата Куклеш и Свидовица во струмичко, а нестабилната воздушна маса се движи на север, ...

Со пригодна свеченост што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“, ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник. На свеченоста присуствуваше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски Во рамки на културната програма настапија учениците од второ, петто и деветто одделение под менторство на своите наставници. Програмата беше збогатена со музички точки и настап на училишниот хор. Годинава се одбележаа 120 години од херојската ...

Симптомите на недостаток на витамин Д може да вклучуваат замор, чести инфекции, анксиозност, болки во коските и бавно зараснување на раните, меѓу другото. Витаминот Д често се нарекува „витамин на сончева светлина“ бидејќи телото го произведува од холестерол кога кожата е изложена на сончева светлина. Утринско сонце Навика која може да ви помогне да ги зголемите нивоата на витамин Д и серотонин Тоа е витамин растворлив во масти кој игра клучна ...

Јапонските научници открија како да го поттикнат циклусот на раст на новите заби кај животните со таргетирање на одредени гени. Здравите и негувани заби се предуслов за убава насмевка, а кога некој ќе ги изгуби од различни причини, протези, импланти или е подготвен да живее без заби. Сепак, научниците тврдат дека е можно да се стимулира растот на трета група заби. Добро негуваните и здрави заби кажуваат многу за нашите навики и генетика. На која ...

Вечерва од 20 часот, на Малата сцена во НОБ ќе се одржи премиера на претставата „Д(како Дездемона)“ во кореографија на Рисима Рисимкин, која годинава одбележува 45 години уметничко творење. Изведбата е во рамки на Деновите на македонските кореографи, кои се во организација на НОБ и со поддршка на Министерството за култура и туризам. Во претставата настапуваат првенците на Скопје танцовиот театар, Адријана Данчевска и Дејан Битровски, како и ...

Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ продолжи да паѓа во првиот квартал од 2025 година, со намалени регистрации за 45% на годишно ниво, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Во ЕУ, бројот на регистрирани возила на „Тесла“ падна на 36.167 во споредба со 65.774 во првите три месеци од 2024 година, што е најголем релативен пад во тој период меѓу големите производители на автомобили. Продажбата на ...

Од 426-те фирми за одземање лиценци, само 49 имаат актуелен договор за јавна набавка, но само за 5% од фирмите – лиценцата што ќе им се одземе е релевантна за договорот за јавна набавка. Секоја трета (31 %) од фирмите има годишен приход помал од 15.000 евра. Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации кое ги анализира фирмите коишто се најдоа на списокот што го објави Министерството за транспорт за одземање лиценци за ...

Од денеска се забранети сите ароми освен тутунот во електронските цигари и нивните полнење. Поединци кои продаваат, нудат бесплатно или купуваат забранети производи преку Интернет, исто така, може да бидат казнети. Здравствениот инспекторат и Управата за финансии од денеска ќе вршат построги контроли. Со минатогодишната измена на Законот за ограничување на употребата на тутун и сродни производи, на тој начин, од денес се забрануваат сите слатки, ...

Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија од страна на западните земји, изјави во четвртокот највисокиот безбедносен функционер на Москва Сергеј Шојгу во интервју за државната новинска агенција ТАСС. Шојгу ги даде забелешките откако американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс предупредија дека Вашингтон може да се откаже од обидите да преговара за мировно решение во Украина доколку ...

Русија во средата забрани влез во земјата на 21 британски пратеник, наведувајќи го „конфронтирачкиот“ став на Обединетото Кралство кон Москва. „Сеопфатната природа на антируските санкции наметнати од Обединетото Кралство и хистеричните изјави на британските официјални лица… покажуваат дека Лондон нема намера да се откаже од својот избор во корист на отворена конфронтација со Русија“, соопшти во средата Форин Офисот. На списокот има шест членови ...

Поделби во британската еврејска заедница околу војната во Газа Третина од членовите на најголемата организација што ги застапува британските Евреи се соочуваат со дисциплински мерки откако потпишаа отворено писмо во кое го критикуваат Израел за неговата војна во Газа. Одлуката е донесена откако Претставничкиот одбор на британските Евреи објави дека е покрената формална дисциплинска постапка против сите 36 потписници поради „голем број примени ...

Само една жена доби дозвола да се доближи до ковчегот на покојниот папа Франциск – сестра Женевиев Жанингрос, 81-годишна калуѓерка, негова блиска пријателка и сојузничка во борбата за сиромашните и маргинализираните. Нејзиното присуство, надвор од строгите протоколи на Ватикан, сведочи за длабочината на нивното пријателство и човечката страна на духовниот водач. Сестра Женевиев се прости од папата во тишина, со солзи во очите, покрај ковчегот ...

Руските власти го вратија телото на украинската новинарка Викторија Рошчина, која почина под нејасни околности додека беше во руски притвор минатата есен, соопшти во четвртокот заменик-министерот за внатрешни работи на Украина, Леонид Тимченко, објави Москов тајмс. Рошчина, која имаше 27 години, исчезна во август 2023 година додека известуваше од источна Украина, територија под руска окупација. Нејзината судбина остана непозната сè до април 2024 ...

Гром вчера попладне погодил едно лице од прилепското село Мажучиште, по што било пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп каде била констатирана неговата смрт, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. „Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во село Мажучиште, ...

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, денеска од Куманово испрати јасна порака во врска со иднината на неговата партија во коалицијата Вреди и во Владата. – Ние како политичка партија одлучивме да излеземе со сопствени советнички листи, слично како што тоа го направи и ЗНАМ, но со меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Истото го понудивме и на Вреди – изјави Таравари за време на посетата на Општата ...

Локалните избори ќе се распишат кон крајот на јули или во почетокот на август, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите. Тој информира дека е побарано да се одржи јавна расправа во Собранието околу измените на Законот за локална самоуправа кои од Министерството за локална самоуправа се најавуваат веќе одреден период. Гаши нагласи дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се ...

За пет месеци од денеска ќе почне кампањата за локалните избори и граѓаните ќе кажат чија кариера завршува, а чија почнува. Тоа што играте на картата на кратко помнење, ве советувам дека нема да добиете политички поени, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на која одговараше на прашање од пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ за одговорноста на дел од министрите и Владата за трагедијата во Кочани. Мицкоски нагласи дека истрагата ...

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе масовна координирана акција низ целата држава, при што санкционираше вкупно 865 прекршоци во сообраќајот. Најголем дел од казните се однесуваат на непрописно паркирање – дури 213 возачи биле фатени како ги оставаат возилата каде што не им е место. Следуваат 117 казни за возење со брзина повисока од дозволената, како и 110 случаи на возачи без возачка дозвола – што укажува на алармантна ...

Размена на добри практики за одржлива урбана мобилност, климатска адаптација и дигитални решенија во јавниот транспорт, се главните теми на конференцијата „Green Urban Transport Solutions“, што започна денеска во Охрид. На свеченото отворање на конференцијата, пред присутните свое обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. – Ми претставува особена чест и задоволство што сум дел од овој убав настан и што имам ...

Американскиот долар ослабе во четвртокот откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече претходните закани за смена на гувернерот на Федералните резерви и ја омекна неговата реторика кон Кина, што предизвика нова нестабилност на светските валути и пазари на суровини. Во исто време, цените на златото пораснаа за повеќе од 1%, поттикнати од купувањето од инвеститорите искористувајќи го падот на благородниот метал, откако во средата го ...

Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ), со поддршка од компанијата Visa, објавува јавен повик во рамки на иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol.3“. Оваа иницијатива веќе трета година по ред ги поддржува микро и малите претпријатија кои сѐ уште немаат започнато со онлајн продажба, овозможувајќи им бесплатно да отворат своја е-продавница и да ги унапредат своите дигитални вештини за е-трговија. Преку овој ...

Новата истрага откри широко распространета контаминација на европските вина со трифлуорооцетна киселина (TFA) – постојан нуспроизвод на PFAS, група индустриски хемикалии широко познати како „засекогаш хемикалии“. Ниту едно вино произведено во последните неколку години во 10-те земји на ЕУ не ја помина анализата. Утврдено е дека некои шишиња имаат нивоа 100 пати повисоки од оние што обично се регистрирани во водата за пиење. Студијата, објавена ...

Европа сè уште е најголемиот финансиер на Западен Балкан, но влијанието на Кина расте, а кредитите ги распределува брзо и со многу помала бирократија, но под свои услови и со одредени негативни нуспојави, пишува весникот Die Presse. Австрискиот весник пишува дека во средината на Европската унија се води борба за влијание, а додека во Украина Русија се бори за влијание со војна, на Западен Балкан битката не се води со оружје, туку со пари. ...

Вапингот има штетни последици по здравјето, а најновиот случај кој кружи на социјалните мрежи јасно го потврдува тоа. Според извештаите, средношколката Брајана Мартин одеднаш почнала да има проблеми со дишењето, а откако и била дијагностицирана, било откриено дека боледува од бронхиолитис облитеранс, попознат како „бели дробови од пуканки“. Овој седумнаесетгодишник бил тајно зависен од ваинг. Извештаите наведуваат дека Бриана користела вап за ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1019
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
65%
1017
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

10ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1020
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
5.62
61%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
79%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
48%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1019
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
56%
1015
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
63%
1013
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1017
Currency

61.6117

Currency

52.9185

Currency

70.321

Currency

34.6809

Currency

37.8009

Currency

66.4876

Currency

7.44276

Currency

0.66153

Currency

0.34775

Currency

0.52554

Currency

1.26114

Currency

0.59914