Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
На погребната церемонија за папата Франциск денеска во Ватикан, Меланија Трамп одигра клучна улога во спречувањето на можен дипломатски скандал, јавуваат странските медиуми. Пред повеќе од 400.000 ожалостени на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, каде што се собраа светски лидери, монарси и претставници од 130 земји и меѓународни организации, 78-годишниот американски претседател Доналд Трамп привлекол внимание со својата колебливост во текот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со напуштање на мировните преговори за Украина доколку идната недела не се постигне договор за Украина, јави денеска лондонски „Тајмс“ повикувајќи се на свои извори. Украинскиот претседател Володомир Зеленски моментално е под огромен притисок да го прифати американскиот предлог, наведува изданието. Предлогот, како што е претставен од специјалниот пратеник Стив Виткоф, предвидува Вашингтон ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија за време на разговорите на маргините на погребот на папата Франциск во Рим да се сретнат на сè уште неопределен датум. – За време на краткиот разговор, претседателката Фон дер Лајен и претседателот Трамп се согласија да се сретнат – изјави портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо, без да даде дополнителни детали. Ова е ...
Папата Франциск е погребан денеска во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а приватната церемонија траеше околу половина час, соопшти Ватикан. „Погребниот обред се одржа според прописите на Ordo Exsequiarum Romani Pontificis, а го водеше кардиналот коморник во присуство на лицата наведени во соодветното известување од Канцеларијата за литургиски прослави, како и членови на семејството на починатиот Папа. Церемонијата заврши во 13:30 часот по ...
На погребната церемонија на папата Франциск денеска во Ватикан, актуелниот американски претседател Доналд Трамп се најде под силен оган на критики поради неговото облекување, што многумина го оценија како чин на непочитување. Иако строгите протоколарни правила за ваков настан налагаат темен костум и задолжително долга, црна вратоврска – Трамп се појави облечен во темносин костум, дополнет со сатенска сина вратоврска и беџ со американското знаме. ...
Со самото влегување во Владата, во Министерството, наследивме една хаотична состојба, значи празна каса, неисплатени субвенции, недонесени законски и подзаконски акти, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски одговарајќи на новинарско прашање. – Со сите заостанати обврски кои што ги наследивме, можам слободно да кажам дека се исплатени околу 8 милијарди денари по основ на заостанати и тековни исплати на ...
Анализа на политичките случувања во Северна Македонија Политичката сцена во Северна Македонија навистина се наоѓа во турбулентен период со неколку интересни динамики кои се одвиваат истовремено. Contents ВМРО-ДПМНЕ Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ бележи раст на рејтингот и покрај слабите економски резултати во изминатите 9 месеци. Ова во голема мера се должи на добро осмислената ПР стратегија која партијата ја применува. Успеваат да ја ...
Американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски денеска имаа средба во Рим, пред погребот на папата Франциск. Портпаролот на Зеленски ја потврди средбата, додека Белата куќа ја оцени како „многу продуктивна“. Тоа е прва средба помеѓу Трамп и Зеленски по вербалниот судир во Белата куќа во февруари. Трамп претходно изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор. – Само што слетав во Рим. Добар ден за ...
Русија повторно воспостави контрола над Курск. Авантурата на режимот на Киев целосно пропадна, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин. Началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов изјави дека поразот на украинските сили во Курската област е целосен. Според него, за време на операцијата во Курск, украинската армија изгубила околу 76.000 војници. Герасимов го призна придонесот на севернокорејските војници. – Тие активно ...
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Т.(32), У.К.(24), Л.А., и В.Т.(50), сите од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”. „На 17.04.2025 во својство на водач, првопријавениот на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, од кои едно дете од Кина и ги предал на второпријавениот. Додека, третопријавената, ...
Додека целокупната јавност со нетрпение чека надлежните институции да се изјаснат околу проверката на работењето на фамозниот „Охрид Трчат”, државниот апарат демонстрира загрижувачка пасивност. Одговорите од јавен карактер од раководителот на секторот за општествени дејности од Општина Охрид, Јоне Станкоски, остануваат недостапни, додека подбивањето со државниот систем од страна на Станкоски и дружината „Охрид Трчат” очигледно достигнува нови ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вчера присуствуваше на лансирањето на новиот повеќенаменски брод разорувач во бродоградилиштето Нампо, објави државната новинска агенција КЦНА. – Воениот брод од 5.000 тони е опремен со најмоќното оружје и е изграден во рок од 400 дена целосно со наша сопствена сила и технологија – изјави секретарот на владејачката Работничка партија на Кореја, Џо Чунг-рјонг. Ким им се заблагодари на работниците и техничарите ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор. Тој по пристигнувањето во Рим, каде ќе присуствува на погребот на папата Франциск, наведе дека е време Русија и Украина да седнат на маса. – Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата – истакна Трамп. Тој ...
По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим. Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април. Се очекува 200.000 луѓе да присуствуваат на погребот на папата. Меѓу нив ќе бидат шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, ...
Базиликата „Свети Петар“ во Рим денеска ќе се претвори во жариште на меѓународната дипломатија кога светските лидери ќе се собираат во неа за да му оддадат последна почит на папата Франциск, кој во понеделникот почина на 88-годишна возраст. Како што наведува бриселскиот портал „Еурактив“, на врвот на голем број листи на желби на присутните ќе биде средба или барем и кратка размена на неколку збора со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ...
Жителите на Македонија во наредните денови ќе се соочат со променливо облачно и нестабилно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Според најавите на синоптичарите, на одредени места процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината ќе преовладува нестабилност со пороен ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги отфрли обвинувањата на полскиот премиер Доналд Туск дека Унгарија се оддалечува од Европската Унија. „Драг Доналд Туск, не се надевај премногу“, напиша Орбан на мрежата X, додавајќи: „Унгарија нема да ја напушти ЕУ. Заедно со европската политичка партија, ќе ја трансформираме и ќе ја вратиме во она што некогаш беше кога Полска и Унгарија ѝ се придружија“. Туск претходно предупреди дека Орбан „отворено ...
Администрација на претседателот на САД Доналд Трамп неочекувано ја повлече одлуката за поништување на над 1.500 студентски визи, изјави денеска претставникот на Министерството за правда за време на судско рочиште во Вашингтон, Џозеф Карили. Тој додаде дека имиграциските служби работат на нов систем за преглед и евентуално укинување на визи, и дека додека не заврши тој процес, нема да има нови поништувања. Чекорот следува по бројни индивидуални ...
Синоќа во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата Гоце Делчев во Охрид, патничко возило удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштило местото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „Пешакот бил пренесен во болницата ‘Св.Еразмо’ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против К.Б., Г.Л. и А.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...
Јапонската влада презентираше пакет итни економски мерки за справување со негативните ефекти од новите американски царини. Пакетот за олеснување се состои од пет столба, вклучувајќи поддршка за корпоративно финансирање и чекори за стимулирање на потрошувачката. Владата вети дека ќе ги намали цените на бензинот и дизелот за 10 јени по литар, ќе обезбеди субвенции за сметките за енергија и ќе размисли за проширување на опсегот на кредити со ниска ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека руско-украинските мировни преговори „напредуваат, се надеваме, ситуацијата е многу кревка“. – Ништо о ова не смееше да се случи – наведе Трамп и повторно го обвини поранешниот американски претседател Џо Бајден за судирот инициран од рускиот претседател Владимир Путин. Изминатите денови Трамп оптимистично зборува за можноста за постигнување на договор, иако Украина отфрла каква било можност ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за магазинот „Тајм“ објавено денеска изјави дека само тој може да донесе мир во Украина и најави економски раст заснован на агресивна трговска политика со високи царини. Тој остро ја критикуваше Европа за, според него, неправедните трговски односи и зборуваше за нови глобални иницијативи. Изјавите се увид во неговиот пристап кон дипломатијата, трговијата и претседателската власт, а во пресрет на ...
Поранешниот премиер на Велика Британија Борис Џонсон остро ги критикуваше предлозите на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на руската војна во Украина. Во објава на Икс, Џонсон истакна дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува неселективно да убива украински цивили – повеќе од 100 убиени и ранети во Киев, меѓу кои и деца – а во замена за тоа му се нуди право да задржи насилно освоена суверена украинска територија, да ја ...
Украинските и европските претставници оваа недела се спротивставија на некои американски предлози за тоа како да се стави крај на војната на Русија во Украина, нудејќи контрапредлози за прашања кои се движат од територија до санкции, според целосните текстови на предлозите што ги виде Ројтерс. Ројтерс ја објави содржината на документ за збир предлози за тоа како да се стави крај на војната во Украина, кој украинските и европските претставници ѝ ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на церемонијата за погребот на папата утре во Италија. На новинарско прашање пред да се качи во хеликоптер, Трамп рече: „Можно е“. Додаде дека планира да се сретне со неколку странски лидери. Односите меѓу двајцата лидери се затегнати, особено по предлогот на Трамп за запирање на војната со Русија, кој вклучува ...
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување 15 милиони евра помош во рамките на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на македонската армија и нејзината оперативна подготвеност, јави дописникот на МИА од Брисел. – Денеска се согласивме да ѝ обезбедиме на Северна Македонија дополнителна поддршка од ЕУ во вредност од 15 милиони евра за нејзината Армија – изјави во врска со одлуката ...
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вели дека треба да се стави крај на билатерализацијата на европската интеграција, бидејќи создавањето на таква пракса штети на целиот регион. – Сакам нашите граѓани да ги уверам дека по однос на национални и идентитетски прашања ќе биде крајно време да престанеме да преговараме со која било држава – порача шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски на прес-конференција со црногорскиот колега Ервин ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска излезе со изненадувачка најава за можност за предвремени парламентарни избори, поврзувајќи ја оваа одлука не со внатрешните превирања во владејачката коалиција ВЛЕН, туку со финализирањето на истрагата за трагедијата во Кочани, во која загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. Оваа најава доаѓа во време кога политичките кругови веќе неколку месеци шпекулираат за можно спојување на предвремените ...
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги укинуваат визите за македонските граѓани, сподели на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја! Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното ...