
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас, на која се разговараше за актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток. Посебно внимание на средбата ѝ беше посветено на улогата на централните банки во ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово објави јавноздравствени препораки за заштита на лицата над 65 години во услови на високи температури. Оттаму нагласуваат дека оваа група на луѓе се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. ИЈЗ потсетува дека согласно националните и меѓународните препораки, овие лица се категоризирани како таканаречена „ризична категорија“. „Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат на температурните промени, ...
Јавен обвинител предложи продолжување на притворот за таткото кој ја малтретираше 4-годишната ќерка во скопско Драчево. Во соопштение на Основното јавно обвинителство се вели дека е поднесено обвинение за случајот и дека се прибрани сите докази. OJO вели дека е побарано продолжување на притворот за лицето бидејќи сè уште постојат законските основи и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното ...
Она што изгледаше како близок судир со Земјата, сепак може да биде опасно. Астероидот 2024 YR4, откриен во декември 2024 година, неодамна предизвика стравувања од можен удар со Земјата во 2032 година. Иако последователните предвидувања ја исклучија таа можност, астрономите предупредуваат дека опасноста не поминала, но овој пат заканата се однесува на Месечината. Имено, удар со Земјата е сè уште можен, бидејќи еден од фрагментите создадени по ...
Поради обилните врнежи од дожд што попладнево го зафатија Охрид, екипите на јавните претпријатија излегоа на терен и интервенираа на повеќе локации со отворање на шахтите од атмосферската канализација. Овие активности се преземаат за да се обезбеди побрзо одведување на надојдените води и да се спречи задржување на дождовницата на коловозите и тротоарите. Се упатува апел до учесниците во сообраќајот да се движат со зголемено внимание, а до ...
Со богата програма и низа активности од едукативен, спортски и културен карактер денеска во Охрид беше одбележан Денот на Охридското Езеро. Програмата беше реализирана со цел да се истакне важноста на заштитата на овој природен бисер и да се подигне јавната свест за потребата од негово одржливо користење. Во организација на Регионален зелен центар, на брод во водите на Охридското Езеро се одржа панел-дискусијата на тема „Дали навистина ги ...
За многумина, доаѓањето на пролетта значи будење на природата, но за сè поголем број луѓе – значи будење на непријатни симптоми на алергија. Кивање, течење на носот, чешање на очите и замор се најчестите знаци на сезонски алергии што се јавуваат поради зголемени концентрации на полен во воздухот. Експертите советуваат преземање превентивни мерки на време, по можност неколку недели пред да започне сезоната на полен. Една од клучните препораки е ...
Здравјето на срцето е основа на долг и квалитетен живот. Според д-р Елизабет Клодас, американски кардиолог, најважниот сојузник во борбата против лошиот холестерол не се ниту скапите лекови ниту егзотичните супернамирници – туку влакната Намалувањето на LDL холестеролот, кој е „лошиот“ холестерол, е еден од најефикасните начини за спречување на срцеви заболувања, а најмоќниот природен сојузник во овој процес се диететските влакна, вели д-р ...
Познатиот американски кулинарски магазин „Тејст оф хоум“ ова лето вклучи еден „невообичаен“ коктел во своите препораки: освежителна мешавина од црвено вино и „кока-кола“. За американскиот пазар, ова е неочекувано добар летен пијалак, но во поранешна Југославија, тој е одамна познат под името бамбус. Во својот летен водич за коктели, магазинот го опишува бамбусот како овошен, лесно пенлив и совршен за топли денови. Комбинацијата на вино и ...
Сенатот на САД го усвои Законот за стабилни криптовалути, кој воспоставува регулаторни правила за криптовалути врзани за доларот. Останува сега и Претставничкиот дом да даде мислење за законот. Гласањето во Сенатот помина иако демократите се обидуваа да го спречат донесувањето на законот кој му овозможува на американскиот претседател Доналд Трамп да профитира од своите крипто-бизниси додека е на функција. Претставничкиот дом работи на свој ...
Граѓаните и компаниите им должат на банките 8,357 милијарди евра од кои 4,220 милијарди е долгот на граѓаните, а 4,056 милијарди евра должат компаниите. Истовремено банките располагаат 9,904 милијарди евра депозити на граѓаните и компаниите. Депозитите на граѓаните изнесуваат 6,696 милијарди евра, а на компаниите 2,782 милијарди евра. Ова го покажуваат податоците на Народната банка за мај, според кои, вкупните кредити за еден месец пораснале за ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 20 јуни просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 88,22 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 96,96 евра/mwh, соопшти компанијата ЕДС Инфо поинт. Според податоците на компанијата, цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од ...
Али Шамхани, висок политички советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, и поранешен прв безбедносен функционер, е во стабилна состојба откако беше тешко повреден во израелски напад на 13 јуни, јавија иранските медиуми во петокот, објави Анадолија. Минатата недела, иранските медиуми известија дека тој бил убиен во првиот бран израелски воздушни напади на 13 јуни. Шпекулациите за состојбата на Шамхани завршија кога тој лично ја ...
Цените на акциите паднаа на повеќето светски берзи минатата недела, бидејќи инвеститорите стравуваат од поширока криза на Блискиот Исток, со оглед на ескалацијата на израелско-иранската војна. На Волстрит, индустрискиот просек Дау Џонс порасна за 0,02 проценти на 42.206 поени минатата недела, додека композитниот индекс Насдак порасна за 0,2 проценти на 19.447 поени. S&P 500 се лизна за 0,2 проценти на 5.967 поени. Пазарите се во очај бидејќи ...
Израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху ја пофали „храбрата одлука“ на американскиот претседател Доналд Трамп да ги бомбардира нуклеарните постројки на Иран, велејќи дека одлуката ќе „го промени текот на историјата“.Американските сили бомбардираа три ирански нуклеарни постројки рано наутро во недела, вклучувајќи го и Фордоу, кој е закопан во планина. „Историјата ќе го памети тоа што претседателот Трамп дејствуваше за да го спречи најопасниот ...
Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по бомбардирањето на иранските нуклеарни постројки од страна на САД, објави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, на платформата X, нагласувајќи дека нападите на САД се „скандалозни“ и ќе имаат „трајни последици“. Иранскиот министер изјави дека САД, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно кршење на Повелбата на Обединетите нации ...
Какви и колку далекусежни ќе бидат последиците за Блискиот Исток, за Европа и за светот од смелата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на полноќ исфрли американски бомбардери врз нуклеарни цели во Иран? Рекламирање „Ако некој ви каже дека знае каде води ова, нема поим за што зборува“, изјави Брет Мекгурк, висок американски функционер кој работел за републиканските и демократските администрации на Блискиот Исток, за CNN по ...
Водечките американски демократи остро ја критикуваа одлуката на претседателот Доналд Трамп да нападне цели во Иран во неделата, доведувајќи во прашање легалноста на воената акција. Американските сили погодија три ирански нуклеарни објекти во „исклучително успешен напад“, рече американскиот претседател Доналд Трамп. „Ниту еден претседател не треба да биде дозволено еднострано да ја втурне оваа нација во нешто толку значајно како војна“, рече ...
Американскиот сенатор Крис Марфи се придружи на критиките за одлуката на Трамп да го нападне Иран. „Минатата недела добив разузнавачки информации. Иран не претставуваше непосредна закана за напад врз САД“, рече Марфи, демократ, во објава на социјалните мрежи. „Иран не беше блиску до изградба на нуклеарно оружје. Преговорите што Израел ги уништи со своите напади имаа потенцијал да успеат.“ Други демократски пратеници, исто така, ја доведоа во ...
Израелската војска во недела наутро соопшти дека два брана ракети биле испукани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните локации во нуклеарната програма на Иран. Реклама Сирени за воздушен напад се огласија во Ерусалим и Тел Авив, според новинарите на АФП кои слушнале гласни експлозии. „Војската неодамна идентификуваше ракети лансирани од Иран кон територијата на Државата Израел. Се активираат одбранбени системи ...
Нападот на Соединетите Американски Држави врз три нуклеарни постројки во Иран предизвика бран реакции од светските лидери. Од осуди и повици на воздржаност, до поддршка и предупредувања за нови тензии, меѓународната заедница внимателно го следи развојот на ситуацијата која може да ја дестабилизира безбедноста на Блискиот Исток – и пошироко. ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН, АНТОНИО ГУТЕРЕШ, ИЗЈАВА „Сериозно сум вознемирен од употребата на сила од ...
По направениот стручен надзор во болницата во Кавадарци, комисија констатирала дека сите постапки биле навремено и уредно извршени. Вака одговараат од Министерството за здравство (МЗ), на прашање од МИА, за наодите во извештајот во врска со починатото тригодишно дете, на Комисијата за стручен надзор формирана од МЗ. Комисијата извршила надзор во болницата во Кавадарци, на 10 јуни. Претходно, на 6 јуни, од Државниот санитарен и здравствен ...
Вработениот во Народна банка, Зоран Д., кој вчера беше приведен поради сомнение дека го презел и го уништил ранецот во кој, според наводите на обвинетиот Велибор Манев, било сокриено огненото оружје со кое биле убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и утринава се наоѓа во полициска станица. Сè уште не е познато што изјавил пред истражните органи, а од Јавното обвинителство најавија дека подетални информации за постапката ќе бидат објавени во ...
Основното јавно обвинителство постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. „По наредба на јавен обвинител едно лице е лишено од слобода и против него е поведена истрага за – Помагање на сторител по извршено кривично дело согласно член 365 став 3 од Кривичниот законик. Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање ...
Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција (ВИ) претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија. Внимателно планираме и преку стратешки пристап постепено ќе ја имплементираме оваа технолошка иновација во начинот на учење, спроведување на наставата и генерално во развојот на човечките ресурси. Ова го ...
Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, денеска во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста, со фокус на заедништвото, отпорот и борбата за човекови права. Годинешниот настан беше најавен како протест, а не прослава, поради, како што беше истакнато од организаторите, зголемениот говор на омраза, институционалното молчење и назадувањето на правата на ЛГБТИ+ заедницата. Маршот започна во Паркот „Жена борец“, а потоа насобранието од Собранието, се ...
Приказната за хотелот “Палас” во Охрид е болна илустрација на тоа како алчноста, политичките игри и отсуството на функционална држава можат да го претворат еден симбол на туристичка гордост во споменик на пропаст. Ова не е само приказна за еден девастиран хотел – ова е приказна за системски колапс кој ги погодува најосетливите сектори на македонската економија. Contents Анатомија на пропаст Хотелот “Палас”, отворен во 1957 година од страна на ...
OMAD диетата е форма на повремен пост што вклучува постење 23 часа и јадење во преостанатиот час од денот. Диетата со еден оброк дневно (OMAD) е екстремна форма на повремен пост. Повременото постење вклучува ограничување на времето кога јадеме, обично за да согориме повеќе масти и да изгубиме тежина. Луѓето кои ја следат OMAD диетата постат 23 часа, а потоа ги консумираат сите свои дневни калории и хранливи материи во еден оброк во ...
За некои, морковите се ултимативна намирница кога станува збор за здравјето. Со генерации родителите им велеа на своите деца дека морковите ќе им помогнат да имаат подобар вид. Памтам дека поради ова мое убедување, кога беше мал син ми целосно пожолте па дури се посомневавме дека добил жолтица се додека не отидовме кај педијатарката и таа не праша колку моркови на ден консумира. Прочитајте дали се морковите навистина толку добри за видот и какви ...
Сите имаме слатки гревови пред спиење, без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не. Но, експертите велат дека дури и нешто толку здраво како овошјето може да носи несакани здравствени ризици кога се консумира пред спиење. Киселата храна, како што се агрумите и доматите, може да го стимулира желудникот да лачи киселина и да доведе до појава на непријатни симптоми на рефлукс и киселини – истакнува нутриционистката Кајли Кроули. Познатото ...