Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Фрлањето на кората од лубеница е речиси автоматска акција за повеќето од нас, но дали е неопходно? Иако на почетокот може да изгледа помалку привлечно, кората од лубеница може значително да ја збогати вашата исхрана и да го намали отпадот во кујната, објавува Net.hr. Без разлика дали сакаме да вкусиме нови вкусови, да пробаме поодржлив начин на готвење или едноставно да фрламе храна, кората од лубеница е нешто што вреди да се открие. Зошто да се ...
Мозочниот удар е честа причина за смрт во повеќето земји во светот, вклучувајќи ја и Хрватска, а добрата вест е дека ризикот всушност може да се намали со прилагодување на животните навики. Еден од најважните чекори за намалување на ризикот е ограничувањето на внесот на натриум, бидејќи исхраната богата со сол е директно поврзана со високиот крвен притисок, главната причина за мозочен удар, пишува Eating Well. „Клучната порака е дека ...
На некои луѓе не им е потребна временска прогноза за да знаат дека доаѓа промена на времето. Тие ја чувствуваат „во коските“, во главата, во промената на расположението… Луѓето кои реагираат на промените на временските услови обично се нарекуваат метеоропати, а во последниве години нивните проблеми се сфаќаат посериозно. Истражувачите истакнуваат дека проблемите не се предизвикани од самите временски услови, туку нивната промена. Пред сѐ, ...
Проф. д-р Данијела Ѓукиќ-Ќосиќ, редовен професор на Одделот за токсикологија на Фармацевтскиот факултет во Белград, за порталот N1 објаснува кои шишиња за вода се најбезбедни, како и кои садови за готвење и складирање храна се најдобри за нашето здравје. За време на топлотен бран и екстремно високи температури, лекарите најчесто советуваат да не одиме никаде без шише за вода. Сепак, се поставува прашањето кои шишиња се најбезбедни, со оглед на ...
Менопаузата повеќе не е нешто за кое жените шепотат само во друштво на своите најблиски пријателки. Овој предизвикувачки период од животот носи со себе и бројни непријатни симптоми од кои предолго се срамевме, а искрениот разговор за нив дава олеснување, исто како и сознанието дека и други жени минуваат низ истите промени. Социјалните мрежи и онлајн платформите дефинитивно играат голема улога во поискрената комуникација за менопаузата. Многу ...
Мухамед и во 2024 година е најпопуларното машко име за бебиња родени во Англија и Велс, втора година по ред. На второ и трето место се Ноа и Оливер, исто како и една година претходно во 2023 година. Оливија и Амелија се најпопуларните имиња за девојчиња трета година по ред, додека Исла испаднала од првите три и била заменета со Лили. Оливија е меѓу трите најпопуларни имиња за девојчиња секоја година од 2006 година, со 2.761 девојчиња кои го ...
Управата за јавни приходи (УЈП) во јули оваа година оствари рекордно висока месечна наплата на даноци и социјални придонеси, со што во државната каса се слеале речиси 37,4 милиони евра повеќе во однос на истиот месец минатата година. Од УЈП информираат дека вкупната наплата од даноци – Данок на додадена вредност (ДДВ), Данок на личен доход (ДЛД) и Данок на добивка (ДД) – во јули достигнала 14.344 милиони денари, што е околу 233 милиони евра, ...
Неколку стотици пензионирани израелски безбедносни претставници, вклучувајќи неколку поранешни началници на разузнавачките и безбедносните служби и началници на генералштабовите на израелската армија, го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да изврши притисок врз владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја заврши војната во Газа. Во меѓувреме, израелската армија продолжува со нападите денес. „Стопирајте ја војната во Газа!“ се вели ...
Маж се здобил со тешки изгореници од силен струен удар откако се качил на запрен воз на Централната станица во Келн за да направи селфи, соопшти германската полиција, цитирана од ДПА. Мажот се приближил премногу блиску до далновод, се вели во соопштението. „Дури и без директен контакт, сепак се формирал електричен лак со струја што била приближно 65 пати посилна од онаа на обичен електричен штекер“, соопшти полицијата. Мажот паднал од возот и ...
Русија предупреди дека сите треба да бидат внимателни со нуклеарната реторика, откако Доналд Трамп нареди преместување на американски нуклеарни подморници, објави Индепендент. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја минимизираше важноста на објавата на Трамп од минатиот петок, во која тој рече дека наредил 2 подморници да бидат преместени во „соодветни региони“. Овој потег уследи по коментарите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ...
Авионот на компанијата Иберија, „IB579“, бил принуден да слета во Мадрид откако, наводно, бил удрен од голема птица за време на полетувањето. Фотографиите од аеродромот покажаа дека носот на авионот претрпел сериозни оштетувања. Како што може да се забележи материјалот од предниот дел на авионот, кој требаше да лета за Париз, паднал по ударот. На една фотографија, птицата што очигледно го предизвикала ударот може да се види во предниот дел од ...
Хелсинки, главниот град на Финска, стана редок пример во Европа каде што изминатата година не е регистрирана ниту една жртва во сообраќајна несреќа. Според германскиот портал „Тагешау“, ова достигнување се должи на ригорозни мерки кои го зголемија нивото на безбедност на улиците. Полицијата во Хелсинки потврдува дека од јули 2024 година досега, ниту едно лице не загинало во сообраќајен инцидент. Иако во изминатата година се случиле 277 несреќи ...
Екстремната жештина во Португалија минатата недела уби 264 лица, според податоците објавени од Португалскиот генерален директорат за здравство. Екстремната жештина предизвика смртни случаи, особено кај лицата со хронични заболувања и кај оние над 75 години. Португалската влада прогласи состојба на тревога поради ризикот од шумски пожари, особено поради новиот топлотен бран што се очекува да ја погоди земјата до 7 август. Португалското ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно ја истакна својата позиција дека војната во Украина ќе заврши само кога Киев и Западот ќе ја прифатат реалноста – Украина никогаш нема да стане членка на НАТО. Во обраќање на младински фестивал во Естергом, Орбан изјави дека единствениот пат кон мир е преку дипломатија и итен прекин на непријателствата, став што Унгарија го застапува уште од почетокот на ескалацијата на конфликтот во 2022 година. – Мирот ...
Основното јавно обвинителство Струга отвори истражна постапка против две лица осомничени за тежок инцидент што се случил на 2 август, при што едно лице завршило со тешки телесни повреди од убод со нож. Според информациите од Обвинителството, првоосомничениот се товари за обид за убиство и за насилство, додека второосомничениот е обвинет дека му помогнал во извршувањето на делото. Случајот, како што соопштија надлежните, се случил поради ...
Арбен Таравари уште еднаш го покажа своето вистинско лице, човек кој до скоро јавно го фалеше Христијан Мицкоски и соработуваше со него, денес неосновано го напаѓа, само затоа што е уценет и мора да ја пее песната на Али Ахмети, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Не му пречеше Мицкоски додека беше во Владата. Напротив, тогаш зборуваше за неговата искреност, капацитет и посветеност. Но, одеднаш, кога го притиснаа со некои папки и му дојдоа ...
Познатиот српски рапер Стефан Ѓуриќ, кој настапува под сценското име Раста, беше ослободен вчера од Основниот суд во Охрид откако плати глоба од 250 евра за поседување мала количина марихуана. Рaперот беше уапсен пред Спортскиот центар “Биљанини Извори” каде што требаше да настапи како предгрупа на концертот на американската ѕвезда Џејсон Деруло. Според извори од судот, при претресот кај Раста биле пронајдени 6 грами марихуана. Пред судијата за ...
Најголем дел од прекршоците – дури 314 – се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење. Полицијата за време на контролите во деновите 2 и 3 август издала 1.077 платни налози, а регистрирани се и сериозни прекршоци од страна на возачи кои не поседувале валидна возачка дозвола – 163 лица се затекнати во сообраќајот без право на управување со возило. Од МВР посочуваат дека 48 возачи биле исклучени од сообраќај бидејќи управувале ...
37-годишниот С.К. од село Таринци со нож повредил четири лица, меѓу кои сопругата, братот и нејзините родители. Тие биле физички нападнати синоќа во дворот на семејна куќа во Штип, при инцидент што кулминирал со употреба на остар и на тврд предмет. Според информациите од СВР Штип, полицијата во 22:40 часот го лишила од слобода 37-годишниот С.К. од село Таринци, општина Карбинци, откако постапила по пријава за семејно насилство. С.К. во дворот на ...
При крајот на август ќе биде комплетиран списокот со кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и ќе бидат познати и имињата за општините за кои сѐ уште не е соопштено. По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри затоа што тие не дале оставки и ги извршуваат своите обврски во ресорите, а имаат и свои заменици. Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски ...
Пороен дожд, грмежи, силен ветер и град го погодија Скопје попладнево. Во некои населби од главниот град, како и во центарот, ветрот носи сѐ пред себе и стана многу мрачно од надвиснатите густи облаци. „Силна нестабилна облачна маса се спушта кон Езеро Младост и дел од Велес . Проследена е со интезивни поројни врнежи од дожд и град, силни електрични празнења и засилен ветер кои можат да предизвикаат штети од поголем размер. Силна нестабилност ...
Поранешен воен пилот и неговиот син тинејџер биле во авионот што се урна во морето кај островот Мајорка. Авионот бил забележан како се урива во морето во близина на туристичкиот град Солер кратко по 20 часот во саботата, откако бил виден како изведува акробации во воздух, вклучувајќи „смели, но легални“ вртења од 360 степени, објави Дејли Меил. Патниците биле опишани локално како поранешен американски воен пилот на шеесетина години кој живее во ...
Невреме со пороен дожд и со град ја погоди Србија околу 17 часот. Претходно, Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде вонредно предупредување за катастрофи, јавуваат српските медиуми. Невремето прво го погоди Прњане, населба во Моравичкиот округ, а силен пороен дожд попладне имаше и во околината на Љиг. Возачите кои се нашле на тој дел од автопатот „Милош Велики“ биле зафатени од невремето. Најголем дел од возилата застанале во лентата за ...
На 2 август 2025 година, во Полициската станица Карпош, Р.Л. (42) од Скопје пријавил дека неговата 15-годишна ќерка, Е.Л., утрото околу 07 часот се оддалечила од семејниот дом во непознат правец, носејќи го со себе и своето новороденче. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на малолетната мајка и детето. На 3 август 2025 година, во 00:10 часот, во Полициската станица Карпош било пријавено ...
Едно лице загина, а едно е повредено откако автомобилот во кој се возеле удрил во лос во близина на влезот во Националниот парк и резерват Денали на Алјаска, јави Си-Ен-Ен. Судирот на возилото со лосот се случил околу 1 часот наутро во петокот, јужно од влезот на патот Денали Парк во близина на милја 235 од автопатот Џорџ Паркс, исто така познат како автопат Паркс, се наведува во соопштението на паркот. Возачот (24), кој бил од Бугарија, починал ...
Екот на туристичката сезона, продолжениот викенд и враќањето во родниот крај на македонските државјани кои работат во странство ги оптовари граничните премини. Днешните податоци од Министерството за внатрешни работи за преминување на државната граница покажуваат дека на граничниот премин „Табановце“, од 1 август до денеска до 10 часот наутро вкупно влегле 133,165 луѓе, додека во истиот период излегле 73,640 лица. На граничниот премин „Табановце“ ...
Попладнево нов пожар изби кај тетовско Желино, во атарот на селото Церово. – На терен интервенира ТППЕ Тетово, а поради тешкиот и непристапен терен, побаравме и воздушна поддршка. Моментно на терен активно дејствуваат авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување во гасење на пожарот – информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али. На 19 јули планината Жеден кај Желино ја зафати силен пожар, а огнот се ...
Охридската криминалистичка полиција со крајно сериозен пристап во откривање на казнивите дела употреба на опијати како и точење на алкохол на малолетни лица. Инспекторатот при СВР Охрид во изминативе 10 дена во автокампот Градиште на сите три плажи – шанкови детектирал продажба на алкохолни пијалоци на малолетни лица. За сите прекршоци СВР Охрид против економските оператори поднела соодветни пријави. Казнивото дело точење на алкохол на малолетни ...
Словенија е погодена од силни бури придружени со силни налети на ветер, пороен дожд и град. Сообраќајот во земјата е забавен, а Агенцијата за заштита на животната средина издаде портокалово предупредување за целата територија. Од агенцијата посочуваат дека поради дождот може да дојде до задржување на вода и зголемување на реките. На објавите на социјалните мрежи се гледа дека паѓал град со големина на јајце, а најлошото било околу Шемпетер во ...
Утрово Камчатка ја погоди земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Тихиот Океан, на 279 километри од главниот град на тој руски регион, Петропавловск-Камчатски. Регионалниот штаб на Министерството за вонредни ситуации објави дека цунами може да се приближи до регионот, а според пресметките на Центарот за следење и предупредување од цунами на Камчатка, можно е да погоди неколку региони, пренесува РИА ...