
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Охрид, 18. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1830 година во Охрид е роден Григор Прличев, еден од најпознатите писатели во македонската литература од 19-от век. Делата на преродбеникот и литерат, охридскиот и македонски Григор Прличев, зрачат со епохалност, симболичност и енергија која ја воведе македонската литература во едно ново поглавје. Неговата работа и дело го претставуваат како еден од најпродуктивните македонски писатели од ...
Охрид, 18. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го одбележуваат Денот посветен на Свети свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона. Кога Диоклецијан објави гонење на христијаните, никомидискиот епископ Теопемт беше првиот кој пострада за Христа. Го изведоа пред царот и царот му се закани со смртна казна ако не се одрече од Христа. На оваа закана храбриот епископ одговори: „Напишано е: не бојте се од оние што го убиваат ...
Охрид, 18. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени. – Викендов ќе преовладува стабилно време со утринските температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По котлините ќе има појава на магла и таму дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник ќе има зголемување на ...
Охрид, 18. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Намалена видливост поради магла до 50 метри има во Прилеп, Македонски Брод и Плетвар. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Податоците од извршените континуирани мерења на квалитетот на амбиентниот воздух од Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) кои пристигнуваат во Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, вечерва покажуваат високо загадување на воздухот во Охрид. Вечерва во 20:00 часот во Охрид се измерени PM10 204.131 mg/m3. Покрај во Охрид, високо ниво на ...
Вевчани, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Клубот на пензионерите во Вевчани, вечерва се одржа промоција на книгата „Вевчани, во срце те носам“ од авторот Отец Зоран Попоски. Настанот беше дел од богатата програма на манифестацијата „Вевчанско културно лето ВЕВКУЛ 2025“, која оваа година се одржува под мотото „80 години македонска азбука и правопис – 80 години Република Македонија во светот“. Оваа манифестација продолжува со својата традиција на ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Државниот инспекторат за земјоделство денеска го означи почетокот на вештачкиот мрест на охридската пастрмка. Само денеска се изловени 63 полово зрели единки, од кои се измолзени, оплодени и инкубирани 70 илјади полово зрели зрна икри. Заловените полово зрели единки ендемичен вид охридска пастрмка по измолзувањето се вратени во Охридското Езеро. Активностите, како што посочуваат од Инспекторатот, се ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани, но и граѓаните од целата држава и многу пошироко уште еднаш ја докажаа својата хуманост и собраа средства за помош на 16-годишната Ана Радеска, наша сограѓанка која боледува од ретката болест Аrnold Цhiari Мalformation и потребно е да и’ се изврши итна операција на мозокот. Потребна е итна операција на мозокот во Бамберг, Германија, која чини 37.000 евра. Семејството не беше во можност да ги ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, Институтот за напредни студии од Косзег, Унгарија, денеска започна со работа Меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2025“, која ќе трае до 19-ти јануари. Oваа година ...
Скопје/Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против 10 лица и едно правно лице, злосторничко здружение, група која одреден временски период се занимавала со посредување во вршење проституција и со недозволена трговија со дрога. Дел од криминалната група биле и две службени лица-затворски службеник од Затворот во Тетово и ...
Скопје/Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Симона Ѓорчева, музички менаџер и режисерот Ненад Витанов се новите селектори на музичкиот и драмскиот дел од програмата на НУ „Охридско лето“. Директорот Ѓорѓи Цуцковски најави дека заедно со селекторите ќе создадат свежа, интересна и квалитетна програма. Вели дека ќе се залага да се искористи високиот уметнички кадар од Европа а ангажманот на Симона Ѓорчева во Македонија е прв пример за тоа. Според ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај Градското пристаниште во Охрид, во пресрет на големиот христијански празник Богојавление Водици. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалната крводарителска акција „Водици 2025“ под мотото „Една капка може да промени сè“, во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира во недела, на 19-ти јануари 2025 година, во периодот од 09:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. – Ги покануваме нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Привршуваат подготовките за достојно одбележување на годинешното издание на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Денеска започна китењето на централното градско подрачје и пристаништето со зеленило и верски знамиња. Викендов беше исчистен делот од езерото и кејот каде ќе бидат сместени капачите и каде ќе се одвива полагањето на Светиот крст. На 19-ти јануари, богослужбите во охридските ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, Институтот за напредни студии од Косзег, Унгарија, од 17-ти до 19-ти јануари 2025 година, ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2025“. Oваа година ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти јануари 2025 година, во 13:30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишно лице од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. – Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, ...
Охрид, 17. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас е големиот празник Водици. Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека во очи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби. Според верувањата, точно на полноќ, ноќта, се отварало небото и на сите што се будни ќе го дочекаат празникот, Бог ќе му ги исполни желбите. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековите. Од таа вода ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го одбележуваат Денот посветен на Собор на Светите Седумдесет Апостоли. Освен дванаесетте големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1-5). Но, како што еден од дванаесеттемина, ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: „Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за ...
Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 5. степени. – Од денеска ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе бидат во постепен пораст. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени. По котлините ќе има појава на магла и во долините со магла ...
Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова ќе ја претставуваат Република Македонија на виртуелниот глобален избор „Џојвижн“ со песната „Bella“. Песната, која го привлече вниманието на публиката со својата емотивност и енергичен ритам, е комплетно дело на Пајак, кој ги потпишува текстот и музиката, додека аранжманот е дело на Иван Јованов-Ивајо, јави порталот muzika24.mk. „Џојвижн“, кој ќе се одржи ...
Струга, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Наставничкиот совет при дисперзираните паралелки во Струга на ДМУ Тодор Скаловски – Тетоец целосно застанува зад демантот и реакцијата на раководителот, водејќи се исклучиво од интересот на учениците и зачувувањето на нивниот напредок и мотивација. – Нашата обврска е да го штитиме угледот на училиштето и да обезбедиме висок квалитет на наставата, што е основа за успехот на нашите ученици. Секој обид да се ...
Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. – При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба на 30-ти декември 2024 година, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ...
Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во првите две недели од годинава во Охрид се регистрирани 46 лица заболени од грип. Специјалист епидемиолог д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Центарот за јавно здравје Охрид за Супер радио и OhridPress вели дека сите евидентирани случаи се во втората недела, а најголем дел од нив се во возрасната група од 15 до 64 години, што било очекувано поради тоа што многу малку се вакцинирани. – Првата недела од ...
Охрид, 22. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кирил Пецаков и ДПМНЕ не го исполнија тоа што го ветија во десетте топ проекти во предизборната програма со којашто ја освоија локалната власт во Охрид, реагираат од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид. – Имено, Пецаков предизборно на Охриѓани им вети и катна гаража со која би се решил проблемот со кој охриѓани мака мачат со сообракајниот хаос, блокирани улици, тротоарари, пешачки и велосипедски ...
Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, во 01:50 часот, во Полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан-Подмоље, патничко возило марка „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 32-годишно лице од струшкото село Драслајца, удрило во 36-годишен пешак од Охрид. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид ...
Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод празнувањето на големиот празник Богојавление – Водици, во сабота 18-ти јануари во храмот „Свети Никола Геракомија” ќе биде отслужена Утрена богослужба и Голем Богојавленски водосвет со почеток во 07:30 часот. На денот на празникот, во недела, богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, во стариот дел од градот, „Св.Никола Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, ...
Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај Градскиот парк и на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го одбележуваат Денот посветен на Свети пророк Малахија. Според временскиот редослед, тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал Ангел, можеби заради неговата надворешна убавина, или заради чистотата на душата или, пак, затоа што се дружел со Божји Ангел. Често ...
Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремено провејување на снег во планинските региони. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 4. степени. – Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски ...