Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 13 мај 2026 година во 16:35 часот, на улицата „Илинденска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 39-годишно лице од Охрид. – Тој се сомничи дека во периодот од 12:30 до 13:30 часот во Охрид, со употреба на сила, од 28-годишно лице од Германија одзел мобилен телефон. Откако бил спроведен во Полициската станциа Охрид физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Shania Twain го најави објавувањето на новиот албум „Little Miss Twain“, кој се очекува да биде објавен на 24 јули за Republic Nashville. Петкратната добитничка на Grammy награда поминува низ еден од најкреативните периоди во својата кариера, бидејќи, покрај настапите во живо, таа продолжува да го работи и снима нов материјал. Новиот албум е седмиот студиски проект на Shania и го следи успешниот албум „Queen ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на фудбалскиот клуб „Св. Троица“ од Охрид, на крајот на месецов ќе се одржи првиот детски фудбалски турнир „Св. Троица“. – Турнирот ќе се одржи во склоп на Касарна, Охрид, на 30 и 31 мај 2026 година, со играчи од генерациите: 2013/2014 (7+1), 2015/2016 (6+1) и 2017/2018 (4+1), информираат организаторите. Додаваат дека се обезбедени награди за најдобрите, а котизацијата е бесплатна. Сите ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 11 мај, се забранува за пиење водата од изворот во селото Елшани. Претходно преку ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, земена е вода за лабараториска анализа, при што е утврдено присуство на E.coli. Согласно законските обврски, месната заедница од село Елшани треба да постави јасно и видливо предупредување дека водата не е за пиење, а во рок од 3 дена да ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Linda Perry се враќа на музичката сцена со „Feathers In A Storm“, сингл кој е дел од нејзиниот нов албум „Let It Die Here“, кој беше издаден на 8 мај 2026 година, како прв соло албум за неа по повеќе од 25 години. Музичкото видео за „Feathers In A Storm“ е режирано од Simon Chan и се карактеризира со интензивна естетика, постојани промени на сликата и високо стилизирани визуелни елементи. – Песната зборува за ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, но и понатаму е под просекот за овој месец. Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,63 м.н.в, што е за 2 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,65 м.н.в) и 53 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Во текот на минатиот месец се бележеше константно намалување на езерскиот водостој, а сега има постепено покачување. Од ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Маја Кочоска, ученичка во II-8 одделение при ОСУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, го освои второто место на Државниот натпревар по италијански јазик, кој се одржа неодамна на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Маја се натпреваруваше под менторство на проф. Кристина Љубисављевиќ- Петровска, и со своето знаење, посветеност и љубов кон италијанскиот јазик, постигна извонреден успех и достојно го ...

Скопје/Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Република Македонија (АСОМ) најостро реагираат на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и бараат истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. – Донесувањето на ваков закон е ништо друго туку обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа, монополизација на оваа гранка од страна на власта и поединци кои од ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани утре ќе го одбележаат споменот на Свети Атанасиј Велики. Кај нас светецот се слави во зима, на 31 јануари, но и на 15 мај. Се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. Св. Атанасиј Велики е роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство. Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми. Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово со мотив од малото пристаниште. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од ...

Струга, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод Денот на Европа, во сабота, 16 мај, со почеток во 08:00 часот ќе се одржи велосипедска тура околу Охридското Езеро. Рутата е Струга-Поградец-Охрид-Струга во должина од 90 километри, а организатори се Europe House Struga, во соработка со Општина Струга и Спортскиот клуб „Соларис“. – Ве очекува заедничко возење низ три града и нови познанства по пат, освежување и музички пунктови што ја прават турата ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека хотелот кој се гради кај „Горица 3“ ќе се вика „Горица резиденс Охрид“ и треба да биде готов до крајот на годинава, е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress. Според официјалната веб страна, која е веќе активна, резиденцијалниот дел на комплексот ќе има 42 премиум апартмани, од кои два ќе се дуплекс. Се наведува дека гостите ќе имаат директен пристап до приватна ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денешниот ден го слават во чест на Св. Еремија, како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други влекачи. Иако и на други пролетни празници се изведуват обичаи за заштита од вакви штетници се чини дека тоа најповеќе се прави вечерта спроти Еремија. Во песните што се исполнуваат со овие обичаи ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го одбележуваат денот посветен на Светиот пророк Еремија. Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Јерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија одвај си ја спаси главата од убиствените раце ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со услови за врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе се искачи до 19 степени. – Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Македонија Пат“, секција Ресен, во соработка со вработени од ЈП „Национални Шуми“ од Ресен, деновиве на Магистралниот пат А3, Ресен-Буково, поточно на потегот помеѓу селата Лева река и Крушје, во должина од 1.2 километри, ја рачистија десната страна од нависнати дрва на коловозот, во насока на подобро и побезбедно одвивање на сообраќајот. – Денеска продолжуваме со работа во прочистување од ...

Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Весна Терзиоска е избрана за нов претседател на Црвен крст Охрид, на конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Охрид, која се одржа вчера. На седницата биле верификувани мандатите на 21 делегат во Собранието, кои активно учествувале во работата и одлучувањето, согласно статутарните одредби на организацијата. – Во рамки на седницата беа ...

Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на предходните два дена, екипи на ЈП „Македонија Пат“, секција Ресен, во соработка со вработени од ЈП „Национални Шуми“ од Ресен, на Магистралниот пат А3, Ресен-Буково, поточно на потегот помеѓу селата Лева река и Крушје, во должина од 1.2 километри, ја рачисти десната страна од нависнати дрва на коловозот, во насока на подобро и побезбедно одвивање на сообраќајот. – Утре продолжуваме со работа во ...

Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Малата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечерва беше претесна да ги прими сите почитувачи на добрата музика. А таа не недостасуваше со младиот и супер талентиран хармоникаш Бојан Маркоски од Државното музичко училиште (ДМУ) „Тодор Скаловски Тетоец“ од Струга, кој вечерва го одржа својот завршен, матурски концерт. Гости на концертот на Маркоски беа Ѓоко Чеменкоски, Владимир Србиноски, ...

Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот новинар Сашо Нелоски, по повод неговото пензионирање, денеска оствари средба и доби благодарница од градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков. – Ова не е само признание за неговиот децениски стаж, туку и длабоко благодарам за неговиот несебичен влог во македонското новинарство. Сашо не беше само новинар. Tој низ децениите стана автентичен хроничар на нашиот Охрид. Преку неговите текстови ...

Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сметките за струја се превисоки!? Сега имате опција – зошто да плаќате повеќе, размислувајте мудро и долгорочно. Две години фиксна цена за струја + подарок по избор за Вашиот бизнис. Потпишете договор со ЕДС и изберете инвертер клима уред или електричен тротинет. ✅ Заштеда до 40%, ✅ Непроменлива цена за време на договорот и ✅ Сигурно снабдување со електрична енергија. Од било каде во Македонија, побарајте ...

Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Македонската традиционална теквондо федерација (МТТФ) со седиште во Охрид за релативно кратко време успеа да се наметне како една од најуспешните спортски федерации во земјава. Според претседателот Марјанчо Лазаревски учеството на секое Европско или Светско првенство претставува огромен успех, а добивањето Решение за дејност спорт беше клучен момент, вели без него немаше да постојат субвенции, ниту пак ...

Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На интернет е веќе активна веб страницата која носи детали за хотелот кој се гради кај „Горица 3“. Ќе се вика „Горица резиденс Охрид“ и треба да биде готов до крајот на годинава. Според истиот извор, резиденцијалниот дел на комплексот ќе има 42 премиум апартмани, од кои два ќе се дуплекс. Се наведува дека гостите ќе имаат директен пристап до приватна плажа и базен наменети за сите сопственици на апартмани, ...

Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пејачката со мулти-платинести тиражи, текстописец и добитничка на Grammy награда Olivia Rodrigo стана член на престижниот „Клуб милијарда“ на Spotify, и го прослави овој историски успех со ексклузивен концерт за своите најлојални обожаватели во Барселона. Причината за овој специјален настап во живо, кој се одржа на 8 мај во срцето на градот, беше неверојатната серија рекорди што младата ѕвезда ги постигнува ...

Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарните Deep Purple се враќаат на сцената со нов материјал, најавувајќи го издавањето на нивниот сосема нов студиски албум „Splat!“, кој се очекува да излезе на 3 јули за earMUSIC. Во исто време, бендот го објави и официјалниот музички спот за првиот сингл „Arrogant Boy“, со кој го презентираат тврдиот и динамичен звук на новиот материјал. На новиот албум Ian Gillan, Roger Glover, Ian Paice, Don Airey и ...

Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот музичар Neil Diamond има нов албум „Wild At Heart“, кој е веќе достапен во музичките продавници и во дигитален формат. За да го одбележи објавувањето на албумот, Diamond објави и нов музички спот за песната „You’re Getting to Me“, во кој глумат Jemima Kirke, позната од Тв серијата „Girls“, и актерот Cameron Cowperthwaite, кој учествуваше во Тв серијата „Fallout“. Cowperthwaite изјави дека ...

Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија, објавена од пештанецот Томислав Бакулески од стари рибари од селото Пештани, кои се подготвуваат за риболов, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.7
25%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.13
51%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
3.17
57%
1015
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.64
37%
1016
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
3.75
20%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.46
54%
1016
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
7.15
36%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
5.63
26%
1015
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.15
22%
1014
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
42%
1015
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 33ᴼ
1.34
30%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
5.87
79%
1015
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.2733

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Злато

128281.48

Паладиум

39513.27

Сребро

1844.33

Калај

52.80

Алуминиум

3.16

Рутениум

49029.89

Платина

51216.14

Родиум

262028.58

Бакар

12.60

Кобалт

56.29

Иридиум

247560.75

Цинк

0.00