Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Препордобен Исакиј Исповедник. Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење, Исакиј, пустиник од некаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците. Токму во тоа време царот Валент ...

Oхрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, по повод 75 години од своето постоење, ја организира јубилејната изложба „Македонски автори од Збирката на современа уметност“. Изложбата претставува избор од дела на значајни македонски автори застапени во музејската збирка и овозможува увид во неколку суштински линии на развојот на македонската уметност во XX век. Преку внимателно одбраните ...

Скопје/Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Македонија ги усвои измените на Законот за игрите на среќа со кои се воведуваат построги правила за работењето на казината и обложувалниците, како и дополнителни механизми за заштита на младите и спречување на злоупотребите во секторот. За законските измени гласаа 59 пратеници, додека деветмина беа против. Една од најзначајните новини е обврската казината да бидат оддалечени ...

Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од северeн правец. Максималната температура ќе се искачи до 21 степени. – Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со ретка појава на град. Ќе дува засилен, ...

Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Ученикот Дарио Павлески оваа година заслужено ја понесе титулата Првенец на генерацијата во ОСУ „Св. Климент Охридски“, признание што му припадна како резултат на неговиот труд, дисциплина, континуирани успеси и високи човечки вредности. – Нашиот Дарио е доказ за народната поговорка „тивка вода брег рони“. Со својата смиреност и ненаметливост, тој повеќе од успешно ги помина сите четири години од ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со претставата „Очекувај го неочекуваното“, во изведба на гостите од Општинската организација на Црвен крст Бар, Република Црна Гора, вечерва во предворјето на црквата „Св. Софија“, продолжува 11-тото издание на Меѓународниот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“. Станува збор за комедија која на духовит начин го обработува современиот феномен на „самолечење“ и верувањето во совети од ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи (МВР) ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и ...

Битола/Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Професорот Љупчо Кеверески од Педагошкиот факултет во Битола изработи Прирачник за родители на надарени и талентирани деца, што е значајна литература што нуди практични насоки и совети за препознавање, поттикнување и развој на потенцијалите кај децата. – Содржините во прирачникот можат да бидат од голема корист за родителите во нивната секојдневна поддршка на напредните вештини, знаења и интереси на ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Дебарско-кичевската Митрополија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, денеска оствари средба со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка (ПЦА). – Во придружба на Архиепископот Михаил, меѓу останатите, беа и протопрезвитер-ставрофор Јован (Џон) Паркер, декан на Православната семинарија „Св. Тихон“, во Пенсилванија и ...

Белчишта/Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 10 јуни 2026 година, во 17:50 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице. – Во незгодата учествувало патничко возило марка „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 23-годишно лице од Обединето Кралство, кое удрило во метална ограда и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во преполното предворје на црквата „Св. Софија“, синоќа свечено беше отворено 11-тото издание на Меѓународниот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“, во организација на Црвен крст Охрид. Фестивалот започна со претставата „Маски“, создадена и изведена од младите волонтери на Црвен крст Охрид, која преку емотивна и впечатлива сценска приказна испрати силна порака за предизвиците со кои се ...

Белчишта/Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60-годишниот З.Н. од село Волино, Општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. – Пријавениот, во периодот од 2017 до 2025 година, во својство на градоначалник на Општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор не утврдил правни и физички лица кои ...

Белчишта/Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два нови случаи на физичко насилство во Охрид и Струга. Во првиот случај, на 10 јуни 2026 година, во 22:26 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три лица од Охрид, на возраст од 24, 20 и 22 години. По целосно документирање на настанот, против нив ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Македонската јавност го запозна по неговите изведби на македонските песни „Македонско девојче“, легендарната песна од Јонче Христовски „Ако умрам ил’ загинам“ и „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“. Jапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, кој е исклучително популарен , поради неговата очигледна љубов и наклонетост кон народот на Република Македонија, деновиве престојуваше во посета на Охрид. Тој посети повеќе ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Мецосопранот Миланка Новеска е добитничка на стипендијата од Фондацијата „Ингрид и Оскар Фалкман“, доделена од Друштвото на пријатели на Дротнингхолмскиот дворски театар. Вечерва, таа ќе настапи во Дротнингхолмскиот дворски театар пред Нивните Височества Кралот и Кралицата на Шведска, членовите на Друштвото на пријатели на театарот, како и поддржувачите на младите уметници и барокната опера. На настанот, ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Минатата година во Охрид се родиле 383 бебиња, покажуваат конечните податоци на Државниот завод за статистика. Оваа бројка е за 16 помалку во однос на 2024 и за 44 помалку во однос на 2023 година. Од новороденчињата 207 биле машки, а 176 женски. Според брачната состојба, 365 се добиени во брак, а 18 се вонбрачни. Инаку Охрид и 2025 година, како и претходните неколку години ја заврши со негативен природен ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Овој петок, на 12 јуни, во прекрасен амбиент покрај езерото и во препознатливата атмосфера на Art Terrazza, зад пултот ќе биде Dj Regie Rules, со специјален Dј сет. – Ова не е само уште една Dj вечер, ова е дружба, добра музика, коктели и летна атмосфера на едно од најубавите места во Охрид, порачуваат организаторите. Забавата започнува по 21:00 часот, а резервации можете да направите на телефоните ...

Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот фотограф Ристе Спироски сними одлична фотографија од Венера и Јупитер, објави познатиот Space.com. – Голема чест е што Space.com, водечкиот светски портал за астрономија, ja вброи мојата фотографија меѓу нивните омилени. Уште поголема чест е што преку уметноста имам можност да ja промовирам Македонија пред светската публика, порача Ристе на неговиот профил на Facebook. Спироски ја сними ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на април оваа година, туристички Охрид го посетиле вкупно 28.510 гости, од кои 7.987 биле домашни, а 20.523 странски. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, вкупниот број на ноќевања изнесува 50.080. Во однос на структурата на странските туристи, најмногубројни биле Германците – 3.457, по кои следуваат гостите од Србија, 2.828, Турција 1.990, ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Новиот научно-фантастичен филм на Steven Spielberg, „Disclosure Day“, можеби го означи неговото враќање во световите на НЛО и вселенските вонземјани, но по се’ изгледа обожавателите кои се надеваат дека филмот ќе биде поврзан со неговиот класик од 1977 година „Close Encounters of the Third Kind“, ќе бидат разочарани. Режисерот, добитник на Oscar, се враќа со својот прв филм по четири години, во кој ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ова лето ќе биде домаќин на 33 издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест 2026“. Фестивалот ќе започне со Вечерта на македонската фолк музика, кога на сцената „Долни Сарај“ пред публиката ќе настапат: Перо Христов, Мишко Крстевски, Смиља Митревска, Анета Љумаковска и Анета Бенд и уште многу познати музички имиња. За гледачите е обезбеден директен пренос на Македонската радио-телевизија, ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Успешно заврши оперативниот зафат на охриѓанецот Миле Бежоски, за кого охриѓани, но и бројни други хумани луѓе одговорија на апелот и донираа средства за помош. – Ви благодарaм на сите што бевте дел од оваа кампања. Операцијата помина во најдобар ред.Слава и милост на Бога и Св. Василие повторно сум со моите најблиски. Ви благодарам на сите што бевте со мене, голема поддршка, да не се повтори, напиша Бежоски ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Младите пијанисти од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид освоија две први и една специјална прва награда на XIV меѓународен натпревар по пијано за млади пијанисти, кој се одржа од 9 до 11 јуни во Гевгелија. – Антонија Танеска освои специјална прва награда, а Изабела Јанеска и Марко Петрески освоија први награди, информираат од училиштето. Додаваат дека Антонија, Изабела и Марко учат во класата по пијано на ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Светското првенство во фудбал во 2026 година сега има свој музички идентитет со „DNA“, официјалната химна на турнирот, која ги обединува некои од најпрепознатливите имиња на глобалната музичка сцена. Песната ја изведуваат легендарниот тенор Andrea Bocelli, повеќекратно наградуваниот Dj и продуцент David Guetta, трикратната добитничка на Grammy, Megan Thee Stallion и текстописецот и изведувач, добитник на ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од 8 до 13 јуни 2026 година, Охрид е домаќин на летен театарски камп „Конференција на животните 2.0 – Гласови за иднината“. Ученици од четири училишта од Скопје, Охрид, Гостивар и Прилеп заеднички создаваат мултимедијална театарска претстава. Јавната изведба ќе се одржи во петок, на 12 јуни 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во дворот на црквата „Св. Софија“ во Охрид. Поаѓајќи од идејата на ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Почнувајќи од понеделник, 15. јуни, ЈП „Охридски комуналец” во летниот период собирањето, транспорт и депонирањето на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот, информираат од претпријатието. – Согласно Програмата за работа за оперативната 2026 година, овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите што се наметнати во летниот период, додаваат оттаму. Потенцираат дека секое ...

Скопје/Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со настап на џез триото „Трицкл“, составено од студенти и дипломци на џез академијата „Гоце Делчев“ од Штип, синоќа во просториите на „Аудиокултура“ во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Balkan Music Square. – Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20-ти јуни настапуваат Елена Христова од „Баклава“, а потоа групата ВИС „Билјана“ од ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во стариот дел на градот, кај црквата „Света Богородица Перивлепта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...

Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово од стариот дел на градот, со мотив од малото пристаниште. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 11. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Кобалт

33.53