
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај Градскиот парк и на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го одбележуваат Денот посветен на Свети пророк Малахија. Според временскиот редослед, тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал Ангел, можеби заради неговата надворешна убавина, или заради чистотата на душата или, пак, затоа што се дружел со Божји Ангел. Често ...
Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремено провејување на снег во планинските региони. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 4. степени. – Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски ...
Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин „Ѓавато“, но не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на „Плетвар“. Интензитетот на сообраќај на патните ...
Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани пред уште еден хуманитарен предизвик за да и помогнат на 16-годишната Ана Радеска, наша сограѓанка која боледува од ретката болест Аrnold Цhiari Мalformation и потребно е да и’ се изврши итна операција на мозокот. Потребна е итна операција на мозокот во Бамберг, Германија, која чини 37.000 евра. Семејството не е во можност да ги обезбеди овие средства, па апелираат до сите хумани луѓе, кои се во ...
Скопје/Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, за емисијата „За или против“ на Тв Алфа вечерва истакна дека на автопатот Кичево-Охрид оваа сезона, веднаш по одморите веќе се гледа голема раздвиженост. – Направивме измена во законот за да се откочи и овој процес. Некаде пред одморите ќе се вози по потегот од Врбјани до Ботун, со мал прекин кај Ботун. Потоа од Ботун до ...
Вевчани, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вевчанци остро ги осудија обвинувањата од ДУИ за маската која привлече внимание на Вевчанскиот карневал, нарекувајќи ги целосно неосновани и политички мотивирани. Според нив, маската која предизвика контроверза е инспирирана од популарните зомби филмови и нема никаква врска со Зијадин Села или каква било политичка алузија. – Оваа маска е дел од креативноста на учесниците, кои избраа тема од поп-културата. ...
Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Благодарам на сите коментари. Денес поднесов оставка, сепак се работи за моето гледиште, против гледиштето на установата. Добив и повик којшто не звучеше како начин да се најде решение, па така, за општо добро и без непотребна лоша енергија, сметам дека мојот потег е неопходен. Ова е разрешницата, по денешната објава на неговиот профил на Facebook, со која нашиот врвен музичар, охридскиот гитарист Дамјан ...
Скопје/Вевчани, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Најостро го осудуваме неприфатливиот чин на исмејување и сатиризирање на обидот за убиство врз Зијадин Села, што се случи за време на Вевчанскиот карневал, реагираат од Демократската унија за интеграција (ДУИ). – Ова е тешко нарушување на човечкото достоинство и опасна провокација за општествениот мир и стабилност. Незамисливо е вака сериозен настан, кој шокираше многу граѓани и кој остави сериозни ...
Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Колку и да се радувам за секој мој ангажман надвор од Македонија, толку и знам дека е трн во очи на многумина. Нема да помине неказнето, како што моето матично средно музичко училиште во кое што предавам гитара од 2009-та на неопределено време реши да направи – да ми ја намали платата на 10 илјади денари месечно од септември 2024. Со ваква објава на неговиот профил на Facebook, нашиот врвен музичар, ...
Скопје, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за економија и труд информира дека денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“ креирана на предлог на бизнисот, а започна да се применува од 15 декември 2024 година, па сѐ денес. Оценката на ресорното министерство е дека истата била успешна и придонела за намалување на цените на производите вклучени во истата. – Според Државниот завод за статистика од податоците за Индекси на трошоците на ...
Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај Градското пристаниште, на кеј „Македонија“ и во паркот кај каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...
Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 19-ти јануари 2025 година, за големиот празник Богојавление Водици, вкусете ги најдобрите италијански специјалитети во градот, во комбинација со музиката од одличната Емилија Колоска, во прекрасниот амбиент на пицеријата Via Sacra. – Ве очекуваме на врвна забава, а почетокот е закажан за 13:00 часот. Телефони за информации и резервации 075/440-654 и 075/440-211, потенцираат од Via Sacra. (Крај) ...
Скопје/Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, со 4 репрезентативци во 2 старосни категории, кадети и јуниори, е високо рангиран во Македонската Олимписка Теквондо Федерација. – По кратката пауза поради новогодишните празници започнуваме со подготовки за новата натпреварувачка сезона. Денес нашите јуниори Ѓорѓи Петкоски и Ненад Целески заминаа на 7 дневни подготовки со националниот репрезентативен тим на ...
Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Технологијата овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа старата фотографија направена пред многу години на која се гледаат две жени на брегот на езерото пред многу години со колевка покрај нив, фурка во рацете на едната жена и старо охридско кајче во ...
Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност, охридскиот Црвен крст е вклучен во одбележувањето на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите. Во сабота, на 18-ти јануари 2025 година, од 19:00 до 23:00 часот, на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени ...
Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го одбележуваат Денот посветен на Свети Силвестер, eпископ Римски. Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се ползуваше од поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување заради верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух ...
Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно и студено време со повремено провејување на снег во планинските региони. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 2. степени. – Денеска и утре претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе ...
Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас е уште едно издание на големиот христијански празник Богојавление – Водици, а оваа година за првпат водосветот и положувањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде извршено од страна на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. Во далечната 1992 година, режисерот Baudouin Koenig, во продукција на La Sept ARTE и со поддршка на Министерството за култура на ...
Охрид, 24. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. Денешниот „срамизам“ сведочи за нечии тренерки кои веќе неколку дена „киснат“ во езерото на кеј „Македонија“. Ако некој си ги бара, тука му се… Е па пријатели… Срамизам… (Крај) извор: ...
Скопје/Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа средба со амбасадорот на Чешка во Македонија, Јарослав Лудва, придружуван од раководителот на економско-конзуларниот оддел, Кветослав Сулек. На средбата освен што се разговараше за можностите за проширување на соработката во областа на енергетиката, беа договорени и конкретни активности за реализација на две иницијативи ...
Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр.5/02), член 11, 12 и 306 став 2 од Законот за социјална заштита („Сл.весник на РМ” бр.79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18), програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година како и ...
Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината. Според денешните мерења нивото е на кота од 693,24 м.н.в што е за 11 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,35 м.н.в) и 14 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 7 степени и е за 0,2 степени повисока од просечната. Изминативе две недели нивото ...
Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Исклучително нискиот водостој на Охридското Езеро веќе подолг период наназад ги откри оштетувањата на пристаништето во Охрид. Деновиве е забележително проширување на потегот кај самата линија на езерото каде е видливо дека дел од камењата се изместени и доколку не се санираат, оштетувањата дополнително ќе се зголемат. Причина за оштетувањата се секако брановите, но и самата старост. Пристаништето е изградено ...
Келн, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Слатките познати како „Дубаи“ чоколадо станаа исклучително популарни и барани во Германија, а судот во Келн одлучи дека под тоа име може да се рекламираат само производите кои всушност се направени во Дубаи. Производите на Alyan Dubai Handmade Chocolate, кои се продаваат во синџирот на попусти Aldi Sud, станаа вистински хит откако беа лансирани во декември. Десертот, кој благодарение на TikTok во светот стана ...
Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поради снежниот бран што го зафати охридскиот регион, подигнувањето на комунален отпад е отежнато, информираат од ЈП „Охридски комуналец“. – Многу локации што се предвидени за подигнување на комуналниот отпад, се тешко пристапни за нашите специјални возила и оневозможено е нивното слободно движење. Од тие причини во овие неколку денови, подигнувањето на комуналниот нема да се реализира со интензитет и ...
Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Се санира големиот дефект на водоснабдителната мрежа во село Пешта ни. – Се известуваат жителите од населбите Лагадин, Елешец и село Пештани дека и покрај екстремно ниските температури и непристапниот терен, екипите на ЈП „Водовод“ Охрид до раните утрински часови работеа на отстранување на големиот дефект на водоснабдителната мрежа во село Пештани, на водоводна цевка со профил ф300 mm, информираат од ...
Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани и годинава достојно го прославија дочекот на Православна или Стара Нова година Василица, посветена на Свети Василиј Велики. Василичарски огнови синоќа беа запалени на повеќе локации во градот, а граѓаните и оваа година достојно и во голем број, според традицијата, го одбележaa и овој ден на начин пренесен од колено на колено и наследен од предците. За овој празник, како што се вели, колку маала – ...
Вевчани, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со традиционалното василичарско оро и палење на маските, денеска ќе заврши годинешното издание на Вевчанскиот карневал. Бегалецот Артан Груби, скандалот со Видеолотарија, играњето фудбал во државни простории, Сашо Мијалков со неговото Ферари, администраторите од Бугарија… Ова беа само дел од маските, кои во комбинација со неисцрпната луцидност на уникатните Вевчанци, дадоа посебен печат на годинешното ...
Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП „Македонија пат“. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Активни забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци: Гостивар-Маврово-Дебар, ...