Охрид, 12. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Нова генерација млади лебеди деновиве повторно ги разубавува водите на Охридското Езеро. Тие се вистинска атракција по најатрактивниот дел на градот, по кејот на езерото, но и во каналот „Студенчишта“, каде ги фотографиравме попладнево. Лебедите се гнездат во периодот април-мај, а постарите паметат многу поголема бројност на овие прекрасни птици во охридскиот регион. Како главни причини за намалувањето на ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Годинава ќе се одржи јубилејното, 10-ти издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“, традиционален спортски настан во чест на две личности кои оставија голема трага во нашата заедница. – Турнирот се организира во чест на Васко Речкоски-Профа и Ѓоко Чингоски, поранешен директор на ООУ „Живко Чинго“ од селото Велгошти, како знак на почит за нивниот придонес и вредностите ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Останува точно еден месец до моментот кога Luka Beograd ќе стане епицентар на модерниот синт-поп звук. Австралиските електронски гиганти и визионери, Empire of the Sun, ќе настапат пред белградската публика на 11 јуни како дел од нивната голема европска турнеја Ask That God Tour 2026. Empire of the Sun пристигнува во српската престолнина во момент на неверојатен креативен момент, носејќи продукција што ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Рокот за изградба на автопатот Охрид-Кичево останува ист до првиот квартал 2027 година, а за автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола рокот на изградба е до 2029 година, истакна денеска вицепремиерот Николоски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, извршија увид на целата траса на автопатот Охрид-Кичево. Тие извршија увид и на ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Билтенот на МВР носи информации за случаи на физички напади, закана, како и случен инцидент на Граничниот премин „Св. Наум“. На 10 мај 2026 година, во СВР Охрид е извршен службен разговоро со 55-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на 9 мај 2026 година, околу 18:00 часот во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид физички нападнал 40-годишник од Охрид. По целосно документирање на ...

Охрид/Скопје, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Аеродромите во Охрид и Скопје бележат рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%. До април 2026 година се опслужени 1,2 милиони патници, а во исто време, бројот на летови е зголемен за 10,7%, односно опслужени се вкупно 8.123 летови. Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од ...

Охрид/Дубровник, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачи од охридскиот клуб „Амфора“ беа дел од акцијата „Еко Дубровник 2026“ за чистење на дното на морето, кај Жупскиот залив во областа пред Млини и Сребрено, во која учествуваа повеќе од сто нуркачи од Хрватска и странство. Станува збор за традиционална кампања што се одржува речиси три децении, а ја организираат Еколошкиот нуркачки клуб „Рагуса“ и Нуркачкиот центар „АБИС Дубровник“, со поддршка ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува промоцијата на новиот, двоен албум „Навикни на промени“ од Коки Јанков, кој содржи вкупно 20 песни. Албумот носи современ поп звук со емотивна приказна, спакувана во внимателно продуцирани аранжмани. – Концептот на промоцијата е секој понеделник да бидат објавувани по две нови песни, проследени со видео записи, со цел континуирано да се одржува интересот кај публиката и медиумите. Сите песни се ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Градежните работи се одвиваат со потребната динамика, предизвиците на трасата се решаваат со добра координација меѓу институциите, а Владата на изведувачот му овозможи отворен фронт за работа на цела траса, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија посета ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Новиот сингл на Julian Marley „Give to Life“ комбинира свеж и жив ритам, мелодиски линии и позитивна енергија, а неговиот вокал, уште од првите секунди, привлекува внимание и и’ дава нежен интензитет на песната, создавајќи атмосфера која сепак останува динамична во текот на целото нејзино времетраење. Соработката со Crawba Genius и Dj Mac додава уште поголем квалитет и длабочина на песната, при што хармониите ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Холандско-мароканскиот Dj и продуцент R3HAB се враќа со новиот сингл „More than enough…“, продолжувајќи го патувањето кон неговиот претстоен албум „Dream inside a dream…“, кој треба да биде објавен на 31 јули. По претходниот сингл „Watch my heart go…“, новата песна дополнително го проширува звучниот пејзаж на R3HAB, додека тој со полни продолжува да го освојува светот. – Едно од најдобрите чувства што некогаш ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 9 мај 2026 година, во 23:00 часот во СВР Охрид, три лица од Охрид, на возраст од 24, 35 и 45 години, пријавиле дека околу 17:00 часот нивните малолетните деца извршиле кражба на чоколадно млеко од маркет во Охрид, по што сопственикот на маркетот и едно женско лице физички ги малтретирале децата. – Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Куќата на Робевци во Охрид, неодамна беше отворена изложбата XXII БИМАС_2025, по иницијатива на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ) со претседателот Валентино Константиновски и членот на Управен одбор на ААМ Методи Хаџи Андов. Станува збор за поставка од педесетина паноа од архитектонски трудови од минатогодишниот XXII БИМАС_2025, како патувачка изложба на проекти, изведени градби, ентериери и ...

Подгорица, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Утре се слави Денот на Свети Василиј Острошки, денот кога верниците пристапуваат кон манастирот на Светецот со чисто срце, со надеж и верба во неговата сила. Манастирот Острог, посветен на Свети Василиј Острошки е еден од најпознатите и најпосетуваните на Балканот. Во манастирот луѓето се молат за здравје, за нивните најблиски и семејството, а го посетуваат и припадници на други религии. Самиот манастир е ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Таеквондо клубот „Бутел“ од Скопје и Македонската Таеквондо федерација, викендов во Скопје се одржа Второто коло од Македонската Таеквондо лига, на кое уечствуваа 310 натпреварувачи од 19 клуба, кои се бореа за нови бодови во лигата. Охридски „Хваранг Фист“, предводен од тренерот Ацо Јосифоски 5 дан, настапи со 19 натпреварувачи во 3 старосни категории, пионери, кадети и јуниори. – Петар ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово, со мотив од пешачката патека кај каналот „Студенчишта“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 8 Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, на потегот кај Билјанини извори и каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Поради интервенција во пумпната станица Чекоштина, денес до 13:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во населбата Чекоштина, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. Нивни екипи работат на терен до завршување на предвидените активности. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 9 Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Поради интервенција во пумпната станица Чекоштина, денес до 13:00 часот ќе има прекин во ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во месец март оваа година во Охрид биле издадени 6 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Во еден случај како инвеститор се јавува физичко лице, додека пет одобренија се издадени на правенсубјект. Предвидена е градба на 105 станови, најмногу двособни и дрособни, со вкупна корисна површина од 5.934 м². Во анализираниот период во општина Струга се издаени 9, ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” по текст на Јордан Плевнеш повторно ќе биде изведена во Охрид. Делото е во изведба на артистот Петар Темелковски, а ќе се одржи вечерва, понеделник, 11 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 20:00 часот. Влезот за сите посетители е слободен. Минатата година се одбележаа 1.540 години од раѓањето на големиот римски император, а Охрид ...

Охрид, 11. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Препознавајќи ја потребата да се зајакне свеста за културата во сообраќајот, на 11 мај 2015 година, во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена организација, за првпат е организиран настан во чест на подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот. Овој настан прерасна во традиционална манифестација позната како Ден на културата во ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го одбележуваат денот посветен на Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира. Тие двајцата беа од седумдесетте апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги спомнува светиот апостол Павле (Римјани 16, 21) и ги нарекува свои роднини. Јасон беше родум од Тарс како и самиот Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот, апостолите го поставија ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес облачно и потопло време со сончеви периоди. Ќе дува засилен локален ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 22 степени. – Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ...

Охрид, 11. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Поради санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен ...

Охрид, 10. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 10 мај 2026 година, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб во Охрид приведоа три државјанки на Русија на возраст од 28, 26, 29 и 28 години, 31-годишна државјанка на Бугарија, 31-годишна од Казахстан и 42-годишна државјанка на Србија. – При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се ...

Охрид, 10. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото, објавена е уште една фотографија од Охрид од пред многу години. На истата е прикажан Градскиот плоштад, денеска „Свети Климент Охридски“, пред многу години. – На плоштад, некогаш, напишаа во кратката објава на фотографијата администраторите на групата. И оваа фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа многу години наназад, во едно прекрасно и одамна ...

Охрид, 10. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Чилеанскиот диџеј и продуцент Seba Campos, кој живее и работи во Германија, има нова песна, „Summer Rain“, во соработка со продуцентот Fida, со кого веќе креативно се запозна на успешниот сингл „Amor“. Нивната нова соработка го продолжува заедничкиот музички правец, фокусирајќи се на топол, органски звук кој комбинира светски влијанија, електронска естетика и интензивна емоционална атмосфера. „Summer Rain“ е ...

Охрид, 10. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Добитникот на Grammy награда, уметникот Anderson .Paak се враќа со нов сингл „Aftertaste“, во соработка со јужнокорејскиот алтернативен R&B уметник Dean, повеќе од една деценија по нивната претходна соработка. Новата песна служи како уште еден дел од поширокиот креативен универзум што Anderson .Paak го изгради околу филмот „K-POPS!“, кој ќе биде достапен за стримување на Netflix од 30 мај. „Aftertaste“ е ...

Охрид, 10. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Marcus Füreder, познат како Parov Stelar, е австриски Dj и продуцент, кој важи за пионер на electro swing правецот и еден од најпознатите музички артисти кој доаѓа од Австрија. Пред два дена, на 8 мај, тој го издаде својот нов сингл „Black Lilies“, додавајќи уште едно посебно поглавје во неговата долга кариера во областа на електронската музика. „Black Lilies“ ги задржува сите препознатливите елементи што го ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.7
25%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.13
51%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
3.17
57%
1015
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.64
37%
1016
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
3.75
20%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.46
54%
1016
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
7.15
36%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
5.63
26%
1015
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.15
22%
1014
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
42%
1015
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 33ᴼ
1.34
30%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
5.87
79%
1015
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.2733

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Калај

52.80

Сребро

1844.33

Кобалт

56.29

Иридиум

247560.75

Бакар

12.60

Алуминиум

3.16

Паладиум

39513.27

Платина

51216.14

Родиум

262028.58

Цинк

0.00

Злато

128281.48

Рутениум

49029.89