Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – „Лудо време“ е насловена новата рап композиција на Стиховен Калибар, која со суров и бескомпромисен текст ја отсликува социјалната реалност и моралниот пад на општеството. Со остри стихови песната е крик против корупцијата, лажните патриоти и изгубените вредности. Авторот преку урбана поетика и протестна енергија ја претставува музиката како оружје за вистина и повик за промена. Стиховен Калибар (Горан ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарните Yello отвораат ново креативно поглавје во својата повеќегодишна кариера со објавувањето на новиот сингл „Around The Sun“. Култното швајцарско дуо одлучи првично да го сподели видеото со ограничен круг пријатели и поддржувачи, нудејќи ексклузивен пристап пред неговото јавно објавување. Оваа иницијатива повторно го истакнува блискиот однос што Yello го одржува со својата публика, создавајќи ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Jack Savoretti продолжува да ја покажува најличната и најемотивната страна на својата музика преку новиот сингл „Tempting Fate“, кој е дел од неговиот неодамнешен албум „We Will Always Be The Way We Were“. Песната се издвојува, не само по динамичната композиција, туку и по важната соработка што ја означува, бидејќи за прв пат британско-италијанскиот текстописец ги здружува силите со својата блиска пријателка ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вистински празник за уво приредија учесниците на осмиот по ред Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, организиран од градскиот мешан хор „Vox Lychnidos“. Секој глас донесе своја приказна, но заедно хоровите создадоа целина на што публиката не остана рамнодушна, со воодушевување ги следеше настапите, наградувајќи ги со бурни аплаузи и овации. Диригентот на охридскиот хор м-р Бурим Хидри е задоволен од ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Центарот за климатски промени, вечерва од 17:30 до 20:30 часот, на Градскиот плоштад „Свети КЛимент Охридски“ во Охрид ќе се одржи настанот „Соларен саем Охрид“. Настанот има за цел да ја приближи темата за соларната енергија и обновливите извори до граѓаните преку информативни и интерактивни активности. Посетителите ќе можат да се информираат за фотонапонски системи, придобивките од ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Искористете ја промотивната акција во Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina. До 1 јули, килограм највкусна охридска пастрмка ќе ве чини 2.000 денари. – Ве очекуваме да уживаме заедно во нашиот препознатлив амбиент со одбрана храна и пијалоци. Време е за проверено гастрономско искуство во прегратките на природата, порачуваат од Rajska Dolina. Телефони за информации и задолжителни резервации ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај трите охридски убавици – плажите „Горица 1, 2 и 3“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, од кеј „Македонија“, со мотив од стариот дел на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 4 Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 25 јуни познатиот македонски бренд „Sara Fashion“ подготвува големо изненадување за граѓаните на Охрид, како и за бројните туристи кои ја посетуваат нашата најголема и најатрактивна туристичка дестинација. Постојната продавница во „Охрид Мол” се сели на нова, атрактивна локација на првиот кат, каде што брендовите Sara Fashion и Sara Fashion Home добиваат нов,ултрамодерен продажен простор кој се протега на ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28 степени. – Следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Кирил, архиепископ Александриски. По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по ...
Охрид/Скопје, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Учениците кои во првиот јунски рок не се запишаа во средно образование од учебната 2026/2027 ќе може да аплицираат на второто приојавување овој месец – во вторник, 23 јуни. Аплицирањето е електронски по што наредниот ден, 24 јуни, ќе се доставува потребната документација до училиштата. Според роковите од Конкурсот на МОН, ранг-листа со резултати од запишувањето треба да биде објавена на 25 јуни до 12 ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 20 јуни 2026 година, во 10:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Струга, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 60-годишно лице од Охрид, удрило во 10-годишно дете од Струга. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на Austrian Airlines, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена-Охрид. Според најавите, австриската компанија, која е дел од групацијата Lufthansa, ќе лета два пати неделно, во четврток и недела, а линијата ќе биде отворена до 18 октомври 2026 година. Austrian Airlines ќе ја пополни празнината што се отвори ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 15 до сабота 20 јуни 2026 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, на првиот ден од летото, кај плажата „Канео“ во стариот дел на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 6 Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Кога ги сакате животните искрено и ви значат како да се член на семејството, лесно е да го имате и „Најубавиот излог во Охрид“. Сега имаме уште еден пример, откако пред две години пишувавме за сличен таков кај продавницата за производи за мобилни телефони на улицата „Македонски просветители“, кои своите две мачки-миленички навечер ги кријат од тогаш ладното време во дуќанот, а им имаат подготвено посебни ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 21 јуни, на северната Земјина полутопка започнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден (зимски солстициум). Овој ден е познат уште и како долгоденица за жителите на северната и краткоденица за жителите на јужната полутопка. Наредниот ден, деновите ќе почнат ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пред точно 20 години на денешен ден, во ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, беше направена првата интервенција, во тогаш новоотворената Катетеризациона сала, единствена таква во државата, надвор од Клиниката за кардиологија во Скопје. Воведувањето на интервентната кардиологија како дејност, во тогаш популарно виканиот „Кардиолошки Завод“ значеше почеток на нова етапа во ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од останатите настани кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Охрид некогаш: Охрид во 1977 година, „Туристичка“ и „Јане Сандански“, без „Мини Маркет“ OhridPress со ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Почнувајќи од денеска, компанијата Austrian Airlines ќе лета од Виена за Охрид. Според најавите, австриската компанија, која е дел од групацијата Lufthansa, ќе лета два пати неделно, во четврток и недела, а линијата ќе биде отворена до 18 октомври 2026 година. Austrian Airlines ќе ја пополни празнината што се отвори откако WizzAir ја укина линијата Виена-Охрид во март годинава. Инаку, од 16 јуни, Turkish ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Секоја година, 21 јуни се одбележува како Ден на Охридското Езеро. Посебно, прекрасно и уникатно… Охридското Езеро за охриѓани има и дополнителна, емотивна вредност, а за државата и светот и практична и раритетна единственост, затоа што од биолошки аспект претставува најзначаен стагнантен акватичен екосистем во Европа. Во светот има само неколку езера чија старост би можела да се споредува со Охридското ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 29 степени. – Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на преносот на моштите на светиот великомаченик Теодор Стратилат. Се празнува на 8-ми февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. На 8-ми јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите претци.“ ...
Охрид, 20. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа имавме одлично дружење и free wine-tаsting вечер со врвните вина на винаријата „Поетика“, во Platinum Liquor Store, на булевар „Туристичка“, веднаш до поранешниот клуб „Наполеон“. Совршен спој на традицијата и современите вински техники на создавање свежо и трајно вино. Со длабока почит кон лозарството и инспирација од уметноста, секое шише вино носи уникатна приказна, исполнета со страст, посветеност ...
Охрид, 20. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 19 јуни 2026 година, во 15:31 часот, на паркинг простор на улицата „Григор Прличев“ во Охрид, охриѓанец физички нападнал 32-годишна сограѓанка. – По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 4 Охрид, 20. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 19 јуни 2026 година, во 15:31 часот, на паркинг ...
Охрид, 20. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 19 јуни 2026 година, во 08:41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека 45-годишно лице од Охрид, паднало при изведување градежни работи за изградба на куќа во охридското село Љубаништа, по што со возило на Итната медицинска помош, било пренесено во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. – Кај него биле констатирани тешки телесни повреди поради што, бил задржан на ...
Охрид, 20. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во катедралната црква „Св. Софија“ ќе се одржи осмиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор „ Vox Lychnidos “. Фестивалот, кој веќе стана препознатлив музички бренд, ќе ги обедини хорските ансамбли од неколку земји, носејќи ја магијата на заедничкото пеење во уникатниот амнбиент на црквата Св.Софија. И годинава публиката ќе ужива во хорски ...