Охрид, 22. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Наскоро започнуваат уписите за летната пливачка школа на клубот „Акваспирит“, на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид. – Ги отвараме уписите за Летната пливачка школа, во четврток и петок, на 26-ти и 27-ми јуни 2025 година, во периодот од 09:00 до 12:00 претпладне и од 17:00 до 19:00 попладне, пред влезот на Спортската сала „Билјанини Извори“. Како и секоја година имаме адаптирани програми за почетници 5+ ...

Охрид, 22. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри јуни 2025 година, во 04:35 часот во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро, од слобода го лишија албанскиот државјанин, 47-годишниот К.С. поради постоење основи на сомнение за „илегално преминување на државната граница“ и „незаконит риболов“. Него, судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, ...

Охрид, 22. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви јуни 2025 година, во 12:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од кеј „Македонија“ и плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, 35-годишник од Охрид, управувајќи мотоцикл марка „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на патот. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и ...

Охрид, 22. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секое време има свои убавини и свои предности. Сменати се многу работи во денешен Охрид од времето на овој документарец, снимен во далечната 1984 година. Ретките снимки од тоа време покажуваат една сосема друга слика за градот и Охридското Езеро, за разлика од денешните дебати за иднината на нашата најпозната туристичка дестинација, кои најчесто се поврзани со урбанизација на езерото, предупредувања за еколошка ...

Охрид, 20. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поради обилните врнежи од дожд што попладнево го зафатија Охрид, екипите на јавните претпријатија излегоа на терен и интервенираа на повеќе локации со отворање на шахтите од атмосферската канализација, информираат од Општина Охрид. – Овие активности се преземаат за да се обезбеди побрзо одведување на надојдените води и да се спречи задржување на дождовницата на коловозите и тротоарите. Учесниците во сообраќајот ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма и низа активности од едукативен, спортски и културен карактер денеска во Охрид беше одбележан Денот на Охридското Езеро. Програмата беше реализирана со цел да се истакне важноста на заштитата на овој природен бисер и да се подигне јавната свест за потребата од негово одржливо користење. На брод во водите на Охридското Езеро се одржа панел-дискусијата на тема „Дали навистина ги заштитуваме ...

Охрид, 22. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ако Македонија има круна, тогаш Охрид е скапоцениот камен, стои во објавата на специјализираната платформа за патувања Kiwi.com, која ја вброи Република Македонија меѓу дестинациите кои секој љубител на автентични искуства треба да ги стави на својата мапа. Во својата сторија, авторката истакнува дека оваа земја е „место за кое луѓето ретко зборуваат, а токму тоа ја прави толку посебна“. – Охрид е магично ...

Охрид, 22. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридската убавина од изминатата недела, од понеделник, 16-ти, до сабота 21-vи јуни 2025 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...

Охрид, 22. jуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе се заврши до крај на 2026 година Охриѓанецот Иван Крижиќ, докторанд по ...

Охрид, 22. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група Муабети од Охрид и околината, од 2020 година, кога е отворена, секојдневно се споделуваат прекрасни приказни за Охрид и околината, вистински спомени од едно минато време, некогашниот начин на живот, но и спомени за луѓе и настани кои оставиле сериозен печат во времето. Со одобрение од администраторот, на OhridPress ќе споделуваме дел од најубавите приказни, се’ во насока да не се ...

Охрид, 22. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Кирил, архиепископ Александриски. По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по ...

Охрид, 22. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи седмиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“. Публиката повторно ќе ужива во хорските композиции од различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани, а со годинашниот фестивал ќе биде одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на македонскиот композитор ...

Охрид, 22. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце“ задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од вечерва ќе биде пуштен за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево-Охрид, со што ќе се надмине „тесното грло“ кое беше секојдневен проблем за движење по стариот пат за Струга. По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт во Владата на Република Македонија Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршиле увид во ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за физички пресметки и закани, кои се случија на територијата на СВР Охрид во текот на последното деноноќие. На 20-ти јуни 2025 година, во 18:20 часот, 77-годишна жена, пријавила во СВР Охрид дека околу 17:00 часот пред нејзиниот двор, соседот, со тврд предмет упатувал закани кон неа и на нејзината ќерка. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. На ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со рекреативни велосипедски тури на локации покрај Охридското Езеро, како дел од одбележувањето на Денот на Охридското Езеро, и логорување во месноста „Корита“, денеска започна шестото издание на Фестивалот на планината и езерото, во организација на авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“. И годинава ќе има многу авантури, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање. – Започнуваме со рекреативни ...

Охрид, 21 јуни 2025 – Трите крајезерски општини: Охрид, Струга и Поградец, заедно со националните асоцијации на Здруженијата на ветераните од одбраната и заштитата на Албанија и Република Македонија, со низа манифесдтациои, го одбележуваат „Денот на Охридското Езеро“. Трите езерски, соседни општини, во 2000-та година потпишаа меморандум за разбирање и заштита на езерото и на 21-ви јуни со различни активности, наизменично, секоја година, да го ...

Струга, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до ОЈО Струга, поднесе кривична пријава против 58-годишниот И.Б. од струшкото село Велешта, и против правно лице лоцирано до селото Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. – Првопријавениот, во својство на управител на правното лице, ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа, најмногу дожд во државата наврна во Охрид, 16 литри на метар квадратен, соопштија од Управата за хидрометеоролшки работи на Република Македонија (УХМР). По Охрид следуваат Попова Шапка со девет и Тетово со еден литар на квадратен метар. УХМР за денеска прогнозира сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – По вчерашните силни врнежи од дожд, кога во Охрид наврна најмногу дожд во државата, ви носиме вистинска доза убавина на првиот летен ден во преубавиот град. Охрид утрово се разбуди со пријатна температура и многу сонце, што бројни граѓани и гости го искористија за прошетка покрај езерото, уште во раните утрински часови. Репортерите на Супер радио и OhridPress ви носат дел од утринската убавина на Денот на ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, на Денот на Охридското Езеро, кај Градското пристаниште и Светилникот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...

Кружево/Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ненад Целески, Ѓорѓи Петкоски и Јана Спироска од охридскиот таеквондо клуб „Хваранг Фист“ се дел од групата македонски репрезентативци кои се на висински подготовки во Крушево. – Подготовките се под водство на селекторот и претседател на Македонската Таеквондо Федерација (МТФ- д-р Борче Костовски и помошник селекторот Иван Крстевски. Македонската Таеквондо Федерација е целосен покровител на овие летни ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00:34 часот регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 километри југозападно ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2025“. Претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски за Супер радио информира дека има над 270 натпреварувачи, од над 30 клубови од 8 земји. Учесниците се натпреваруваат во форми и борби, а има и пренос во живо. Натпреварите започнуваат во 09:00 часот, а свеченото отворање ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот „Туристичка“ во која едно лице го загуби животот, а уште едно беше тешко повредено. – Првиот осомничен го извршил делото со директно загрозување ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секоја година, 21-ви јуни се прославува како Ден на Охридското Езеро. Посебно, прекрасно и уникатно… Охридското Езеро за охриѓани има и дополнителна, емотивна вредност, а за државата и светот и практична и раритетна единственост, затоа што од биолошки аспект претставува најзначаен стагнантен акватичен екосистем во Европа. Во светот има само неколку езера чија старост би можела да се споредува со Охридското ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пред точно 19 години на денешен ден, во ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, беше направена првата интервенција, во тогаш новоотворената Катетеризациона сала, единствена таква во државата, надвор од Клиниката за кардиологија во Скопје. Воведувањето на интервентната кардиологија како дејност, во тогаш популарно виканиот „Кардиолошки Завод“ значеше почеток на нова етапа во развојот ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма годинава се одбележува Денот на Охридското Езеро, 25 години од потпишувањето на Меморандумот за разбирање за заштита на езерото-симбол на нашата природна и културна ризница. Од 20-ти до 22-ри јуни 2025 година, предвидена е богата програма со културни настани, еко-акции, промоција на нуркачка опрема, регати, прошетки со брод, панел дискусии и многу повеќе. Започна вчера на плоштадот „Долна ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 21-ви јуни, на северната Земјина полутопка започнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден (зимски солстициум). Овој ден е познат уште и како долгоденица за жителите на северната и краткоденица за жителите на јужната полутопка. Наредниот ден, деновите ќе почнат ...

Охрид, 21. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27. степени. – Викендов времето ќе биде стабилно и малку посвежо, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник температурите ќе бидат во пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
40%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.68
66%
1015
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
0.0
84%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
42%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
7.28
30%
1012
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
52%
1009
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
60%
1013
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
59%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
2.24
50%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
69%
1010
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762