Охрид, 13. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Време е за нашиот најсладок GIVEAWAY. Совршен подарок за Денот на вљубените, порачуваат од местото кое ги креира тортите и колачите за кои зборува цел град – Мама Љубинка. – Денеска и утре подаруваме за да подарите. Денеска подаруваме од нашиот познат cheesecake. Совршен вкус во форма на срце за совршен подарок за некој кој е толку блиску до вашето срце, порачуваат од Мама Љубинка. Можете да учествувате ...

Охрид, 13. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид/Скопје, 13. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Под покровителство на УНЕСКО, денеска по 14. пат се прославува Светскиот ден на радиото. Целта е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и да се промовира пристапот до информациите и слободата на изразување преку брановите на овој медиум. Темата на Светскиот ден на радиото во 2025 година е ...

Охрид, 13. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци. Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестано да ги упатува ...

Охрид, 13. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 5. степени. – Продолжува периодот на променливо облачно време, претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег. Во петок ќе засилува југоисточен ветер, информираат од ...

Охрид, 13. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објавува јавен повик за избор на младинска организација или организација на млади која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид. Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Службен гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 15/20), а во врска со член 22 од Законот за ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress до нашата редакција испратија фотографија од градежните работи кои продолжуваат на ридот кај „Горица“ каде на брегот на Охридско Езеро се гради луксузен хотел. На истите се гледа дека е направена голема дупка во ридот и дека со механизација тече градбата која се одлагаше повеќе од деценија и продолжи изминатата пролет. Доколку проектот остане на првичните најави за габаритот на ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Убавините на Охрид и Република Македонија презентирани на Саемот за туризам и патувања, кој се одржува во во Тирана, Албанија. Саемот нуди можност за регионална туристичка и бизнис поврзаност на земјите од Западен Балкан, кој претставува брзорастечки туристички центар за светските патувачи. Одлично место за промоција и зголемена видливост на дестинациите, кои нудат уникатни идеи за патување. На одржаните ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Повторно сме му потребни на нашиот Петар, за кого охридската, македонската, но и јавноста од многу пошироко се мобилизираше за да му помогне. Пред него сега се две сложени операции во Истанбул, за кои информира неговата мајка, Гордана. – Почитувани пријатели познати и непознати, драги хумани луѓе од Македонија и од дијаспората, драги наши сограѓани-охриѓани. Благодарение на вашата хуманост пред една година, ...

Скопје/Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во мај оваа година се очекува да се пушти во употреба дел од автопатот Кичево-Охрид, конкретно делот од село Арбиново до Охрид со прекин во село Ботун, јави Тв21. Во меѓувреме се очекуваат законски измени со кои ќе се олесни изградбата на оваа делница, истакна неодамна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој повтори дека до пред почетокот на летната сезона ќе се пуштат во ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти февруари 2025 година, во 15:55 часот, на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, врз основа на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, од слобода лишија 41-годишно лице од Струга при излез од фабрика за медицински канабис во Охрид. – Од него е одземено едно пакување со кафеава материја, која е пронајдена кај него од работник на обезбедување при излез ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се градежни активности за асфалтирање на улица во село Подмоље во должина од 380 метри и ширина од 3 метри, информираат од Општина Охрид. – Вкупната вредност на проектот е 2.416.000 денари, а средствата се обезбедени преку Јавниот повик за финанасирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа. Подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во месец декември 2024 година во Охрид биле издадени 6 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Од нив три се на физичко лице и исто толку на деловни субјекти. Предвидена е градба на 133 станови со вкупна корисна површина од 7.995 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градење. На ниво на Република Македонија, во ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Технологијата овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа старата фотографија направена пред многу години на која се гледа еден пазарен ден на Градскиот пазар во Охрид, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе ...

Скопје, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за локална самоуправа го објави јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА. Ова е втор повик за финансиска поддршка на општините за реализација на капитални инфраструктурни проекти.Сега на располагање на општините ќе им бидат ставени 15 милијарди денари, а одобрените средства од централниот буџет не мора да ...

Скопје, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – По порастот на цените на основните прехранбени производи и граѓанските бојкоти што беа организирани во изминатите две недели, Владата донесе одлука да ги ограничи маржите во трговијата на мало до 10 проценти и исто толку и во трговијата на големо. Извештајот на Државниот пазарен инспекторат покажа дека кај трговците на мало утврдено е дека имало над 20 проценти маржа на основните прехранбени производи и ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, вчера се одржа свечен настан по повод Меѓународниот ден на жените и девојчињата во науката, при што беа доделени стипендии на студентите, обезбедени од Кинеската амбасада во Скопје. Настанот започна со воведно обраќање, по што Су Леи, вршител на должноста Амбасадор на НР Кина во Скопје, одржа краток ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, денеска напладне ќе гостува поетесата Дана Тембелеска. Профсор д-р Гордана Такец ќе ги промовира двете нови стихозбирки на Тембелевска со наслов: „Капка среќа“и „Наслед (е)на љубов“, а авторката ќе ги чита сопствените стихови. – Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подоброто утре, а во втората книга на пиедесталот е ставена ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти февруари според новиот, односно на 30-ти јануари според стариот календар, нашиот народ го празнува празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст. Многумина не знаат за кои светители станува збор, но знаат дека тоа се значајни личности што страдале за Христовата вера. Во некои места, пак, се раскажува дека тие „заедно душа дале за христијанството“. ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес умерено до значително облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 5. степени. – Попладне, во текот на ноќта и во четврток најпрвин во планинските региони ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд и снег. Локални врнежи од дожд, а на ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: „Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за ...

Скопје/Охрид, 11. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за рекострукција и изградба на ново крило на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. – Со денешната одлука се предвидени 2 милиони евра за оваа намена. „Св. Еразмо“ – Специјална болница за ортопедија и траумотологија е од ...

Охрид, 11. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти февруари 2025 година, околу 17:20 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Струга, кај крстосницата од улицата „Мислешески пат“ и улицата „Едвард Кардељ“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени четири лица. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 51-годишно ...

Скопје/Охрид, 11. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во декември минатата година Република Македонија ја посетиле вкупно 55.371 туристи, од кои 21.319 биле домашни, а 34.052 се странски туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 113.490. Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците 7.809, следуваат гостите од Бугарија 4.711, од Србија 4.183, од Грција 3.507, од ...

Скопје/Струга, 11. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 3-ти до 9-ти февруари 2025 година, регистрирани сe 4 нови позитивни случаи на Covid-19, за 2 случаи помалку во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – Регистрирани се 2 заболени лица од Скопје и еден по едно во Штип и Струга. Регистрирани се 6 оздравени лица. Во текот на минатата недела не се регистрирани починати лица ...

Охрид, 11. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај пешачката патека, паркот до каналот „Студенчишта“ и на плажата „Куба Либре“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...

Охрид, 11. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“. Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
33%
1012
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 19ᴼ
5.66
44%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1013
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.14
58%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
56%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
5.66
47%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
58%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.14
47%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
72%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52