Охрид, 18. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на патниот ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – ВМРО-ДПМНЕ денеска во Охрид го одржа завршниот митинг во пресрет на првиот круг од локалните избори, кои ќе се одржат во недела, на 19-ти октомври 2025 година. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски повика на обединување и масовна поддршка за кандидатите за градоначалници и советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на број 9, за да им се даде лекција на СДСМ и Венко Филипче, кои беа ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Едриличарската Федерација на Република Македонија ќе ја претставува нашата земја на 53. Балканско првенство во едрење за олимписки класи и Оптимист, што ќе се одржи во Несебар, Бугарија. Настанот, во организација на Бугарската едриличарска федерација и Општина Несебар, ќе ги собере најдобрите едриличари од балканските земји кои ќе се натпреваруваат во класите Optimist, ILCA 4, ILCA 6 и Finn. Натпреварите ќе ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На посебна свеченост, денеска беше вратено реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“ на библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид. – Сведочиме на чин што го премостува минатото со сегашноста, свеченото враќање на „Пчињското изборно евангелие“ во неговиот вистински дом, во Охрид, градот што отсекогаш бил олтар на словото и светлина на духот. Ова не е само културен настан туку и ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Општинската изборна комисија (ОИК) информираат дека е извршена промена на локација на неколку избирачки места. Станува збор за следните избирачки места: – Избирачките места 1254, 1254/1 и 1264/1 од Градски пазар – Нов објект се префрлени во ОСУ „Св. Кирил и Методиј“, Средно економско училиште, – Избирачкото место 1264 од МЗ „Кошишта“ е префрлено во ОСУ „Св. Кирил и Методиј“, Средно економско училиште, – ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на грејната сезона, од Општина Охрид излегоа со потсетување до граѓаните за почитување на законските обврски и правилникот за редовно чистење на оџаците и инсталациите. Во просториите на Општина Охрид неодамна се одржа состанок посветен на спроведувањето на законските обврски за редовно чистење на оџаците во индивидуални и колективни станбени објекти. Редовното чистење на оџаците е законска ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Младите охридски боксери Наум и Христијан Стојаноски од клубот „Алексо Огненовски“ освоија бронзени медали на Балканско првенство што се одржува во Босна и Херцеговина. Во пресрет на првенството, тие беа на подготовки во Златибор, Србија, што значително им помогна за подобрување на формата. Покрај браќата Стојаноски, дел од македонската репрезентација е и охриѓанецот Петар Трајчески, кој се натпреварува ...

Битола, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на Битола, целиот Пелагониски регион и околните градови добиваат пристап до врвна очна здравствена грижа со отворањето на првата регионална очна болница – Систина очна болница by Промедика Офталмологија, која свечено ќе биде отворена во вторник, на 21 октомври 2025 година. Оваа современа болница е резултат на долгогодишната посветеност и речиси десетгодишното успешно функционирање на ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Изминатиов период бевме сведоци на нешто што навистина го потценува секој еден граѓанин на нашиот град, порача на завршната прес конференција во пресрет на неделното гласање за локланите избори кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата Асен Шајн, кој напомена дека чувствува обврска да се обрати до охриѓани, не само како кандидат, туку како човек кој живее со нив, ги дели нивните ...

Охрид,17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот билтен носи информации за неколку настани случени на територијата на СВР Охрид, пронајдена и одземена е воздушна пушка, пронајдена течност од канабис, пожар на работни машини… На 16 октомври 2025 година, при претрес во домот на 32-годишно лице од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронајдоа и одзедоа воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во општина Охрид за претстојните локални избори се евидентирани вкупно 52.580 граѓани со право на глас. За Охрид се поднесени 4 листи за градоначалник и 11 за членови на градскиот совет – четири предложени од коалиции, три од партии и четири од група избирачи. Претенденти за градоначалничката фотелја на овие локални избори се актуелниот градоначалник, Кирил Пецаков, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и ...

Скопје/Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2.585.096 патници што е зголемување од 6% во однос на истиот период, минатата година. Бројот на летови пак, во истиот временски период е зголемен за 3% односно двата аеродроми опслужиле 20.141 летови од почетокот на годината до септември. Според статистиката на ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во центарот на градот, кај Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот македонски и охридски гитарист Владимир Василески- Четкар, заминува на турнеја во САД, каде ќе одржи концерти во пет градови. – На 24 октомври ќе се одржи концерт во Њујорк во Chelsea Table and Stage. На 31 октомври во Кливленд во Bop Stop at the Music Settlement, на 7 ноември во Детроит во Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall, на 8 ноември во Колумбус во Natalie’s Grandview и на 12 ноември во Сан ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ненад Целески од охридскиот Таеквондо клуб „Хваранг Фист“ е Балкански шампион во категоријата јуниори +78 кг на Балканското Таеквондо првенството кое е во тек во градот Дупница во Бугарија, на кое силите ќе ги одмерат 800 натпреварувачи од Балканот. Охридски „Хваранг Фист“ има 4 претставници во македонскиот тим. Вчера Ненад Целески во 1 коло го победи претставникот на Романија, во полуфиналето претставникот ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржат во недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Веќе од понеделник, 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на патниот ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го прославуваат денешниот ден во чест на Светиот свештеномаченик Еротеј. Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Јерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска во Охрид ќе го одржи Завршниот митинг во пресрет на првиот круг од локалните избори, кои ќе се одржат во недела, на 19-ти октомври 2025 година. Митингот ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини извори“, вечерва со почеток во 19:00 часот. – Заедно, сплотени и обединети да го направиме вистинскиот избор, порачуваат од партијата. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Враќањето на вредниот ракописен материјал, Прохорпчинско изборно евангелие, по извршената заштитна интервенција, денеска ќе биде обележано со соодветна изложба и презентација на минатото на Евангелието во просториите на охридската библиотека. Прохорпчинско изборно евангелие е ракописен материјал кој потекнува од последната четвртина на XVI век, сопственост на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. – ...

Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 13. степени. – Под влијание на влажен бран од Медитеранот до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има особено во западните делови кога се очекува локално ...

Скопје/Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Прохорпчинско изборно евангелие, ракописен материјал кој потекнува од последната четвртина на XVI век, сопственост на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, по извршената заштитна интервенција вратен е на охридската библиотека, информираат од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје. – Материјалот првпат беше донесен за конзервација во лабораторијата на Националната ...

Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 15 октомври 2025 година, во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 48-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга. – По извршено алкотестирање, полициските службеници кај него, констатирале 2,55 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, ...

Струга, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 15 октомври 2025 година, во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека лице од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство. – Увид на местото извршија претставници на Националната установа „Завод ...

Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 15 октомври 2025 година, во 16:55 часот на Граничниот премин „Свети Наум“, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 64-годишно лице од Албанија затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање од ОВР Струга, а во врска со кривично дело „кражба“. – Тој е предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, ...

Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер во трговскиот центар Ohrid Mall нова културна содржина во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“. Ќе се одржи детскиот музички концерт „Хероите на градот“. – Станете дел од едно ново волшебно музичко-драмско доживување за деца. Концерт исполнет со интерактивност, едукација и радост! На сцената ќе доминира класичната музика, внимателно адаптирана за најмладата ...

Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Нашите херои, пожарникарите на Охрид заслужуваат подобри услови за работа, достоинствена плата и современа опрема, рече на денешната прес конференција д-р Асен Шајн, кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и Коалицијата. Тој истакна дека ведаш по стапување на функција, во првиот месец од мандатот ќе ги подобрат условите за работа, ќе се ревидира начинот на исплата на платите на пожарникарите ...

Скопје, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола ќе се дистрибуира доверливиот изборен материјал кон Општинските изборни комисии (ОИК), за гласањето на локалните избори 2025 што ќе се одржи в недела. Доверливиот материјал, кој ги вклучува гласачките ливчиња и Избирачкиот список, од ОИК ќе биде проследен до Избирачките одбори. Целата дистрибуција ќе се одвива со постојано и целосно обезбедување од припадници на ...

Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства ...

Охрид, 16. октомври 2025 Денес, светот го одбележува Меѓународниот ден на борба против гладта, ден кој нè потсетува на суровата реалност со која се соочуваат милиони луѓе секојдневно. Гладот не е само недостаток на храна, туку и недостаток на можности, образование и здравје. Тој е лице на нееднаквоста, заборавените заедници и системските пропусти. Во свет каде што има доволно ресурси за сите, постоењето на глад е неприфатливо. Овој ден е повик ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
89%
1023
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1024
weather icon

Софија

3ᴼ / -1ᴼ
0.51
69%
1025
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.77
95%
1025
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
84%
1021
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1021
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1022
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
86%
1026
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
0.45
92%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
93%
1023
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Цинк

3.04

Сребро

2159.01

Иридиум

145787.60

Родиум

258813.51

Платина

64479.52

Злато

139515.92

Калај

43.93

Бакар

11.07

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.95

Паладиум

54591.97