Охрид, 11. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, утре напладне ќе гостува поетесата Дана Тембелеска. Профсор д-р Гордана Такец ќе ги промовира двете нови стихозбирки на Тембелевска со наслов: „Капка среќа“и „Наслед (е)на љубов“, а авторката ќе ги чита сопствените стихови. – Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подоброто утре, а во втората книга на пиедесталот е ставена татковината ...

Охрид, 11. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 11. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Светиот свештеномаченик Игнатиј, односно преносот на неговите мошти. Главното празнување на свети Игнатиј е на 20-ти декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архијереј. Кога свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за ...

Охрид, 11. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 4. степени. – Попладне се очекува појава на слаб повремен снег, а во среда најпрвин во планинските региони потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег ...

Охрид, 11. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: „Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за времена ...

Белчишта/Охрид, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Викендов е намерно е опожарен дел од Белчишко Блато, информираат од Здружение за зачувување и истражување на животната средина Екотуризам Охрид. – На четири места е изгорена трска и ниска вегетација на површина од околу седум хектари. Интервенирано е од екипа на охридската противпожарна единица, а органите на МВР извршија увид, потенцираат од Екотуризам Охрид. Додаваат дека за наскоро ќе биде ...

Охрид, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Шест од вкупно седум концесионери се веќе избрани на јавниот повик на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство за давање под концесија на Охридско Езеро за стопански риболов. Концесијата го опфаќа риболовното подрачје на езерото во 7 зони и тоа Радожда, Калишта, Струга, Охрид, Воска, Пештани и Трпејца, а стопанисувањето со рибниот фонд ќе биде за период од 12 години, јави порталот сдк.мк. ...

Охрид, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Владата на Република Македонија најавуваат станови кои ќе се продаваат по цена од 1.000 евра за м2, а во Охрид се најавува изградба на една комерцијална зграда. – Сегашните цени не одговараат на нашиот стандард, младите брачни парови едноставно не можат да најдат сопствен дом, а по цена од 2.500-3.000 евра за квадрат никој не може да купи стан со овој стандард. Дополнително работиме на 5 социјални згради ...

Скопје, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) едногласно ја усвои иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам. – Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители, ...

Охрид, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро изминативе неколку дена е на природната кота од 693,17 м.н.в. Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е за 22 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в) и само 7 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 9 степени и е за ...

Скопје, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Клиниката за токсикологија нема информација за примени млади пациенти поради опасниот „ТикТок предизвик со парацетамол“, изјави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој во изјава за медиумите истакна дека првпат ја слуша ваквата информација, додавајќи дека, како што кажа, самиот не ја користи платформата ТикТок. Таравари се осврна на трендот кој се шири меѓу младите, каде што тие меѓусебно ...

Охрид, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во центарот на градот, по по кеј „Македонија“ и кај охридското „Островче“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...

Охрид, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со одобрение од авторот Љупчо Паункоски, ви го пренесуваме неговото писание за охридските маратонци, или маратонот на суво, кој бил исклучително популарен во Охрид во текот на шеесеттите години од минатиот век. Сигурно сте ги слушале легендарните муабети како „ми смо из групине“ и слични, а сега прочитајте од прва рака, на каква „мака“ биле некогашните маратонци за да стигнат до девојките кои доаѓале на ...

Охрид, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Преподобен Ефрем Сирин. Роден е во Сирија, од бедни родители, во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господа Исуса Христа. Му беше ученик на свети Јаков Нисибиски (13-ти јануари). Од големата Божја благодат од неговата ...

Охрид, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени. – До среда ќе се задржи стабилно и суво време со студени утра, а потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст. Во среда во текот на ноќта и во четврток се очекуваат повремени локални врнежи претежно од снег, информираат од ...

Охрид, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: „Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за времена ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Податоците од извршените континуирани мерења на квалитетот на амбиентниот воздух од Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) кои пристигнуваат во Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, вечерва покажуваат високо загадување на воздухот во Охрид. Вечерва во 22:00 часот во Охрид се измерени PM10 235.664 mg/m3. Покрај во Охрид, високо ниво на ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Петар Маркоски има нов албум со најубавите љубовни песни на виолина насловен „The Most Beautiful Love Songs on Violin“. Тој сними инструментални верзии на некои од најголемите музички класици како „Can’t Help Falling in Love“ на Elvis Presley, „L-O-V-E“ на Nat King Cole и многу други. Петар е еден од најпопуларните Македонци на Интернет. Само на Instagram неговите постови ги следат повеќе од 2,2 ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вистинска депонија од ѓубре никнува над поранешна Детска болница, на зелениот на потег кон патниот правец Охрид-Св. Наум. Градежен шут, предмети од домаќинство и се’ останато што било непотребно во нечиј дом или деловни простории масовно се фрла на овој потег со години. Истото претставува многу грда слика и е потенцијална опасност за граѓаните. Овој потег е една од последните „зелени оази“ во близина на ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти февруари 2025 година, во 01:45 часот, во близина на угостителски објект на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, приведено е 30-годишно лице од Охрид кое се однесувало агресивно кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. – По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ти февруари 2025 година, во 20:35 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 48-годишно лице од Охрид – При извршена контрола, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај констатирале дека, управувал моторно возило под дејство на алкохол. Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена пријава ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Антропологот Joel Martin Halpern (1929-2019) е познат по неговите студии за модернизација на Балканот. Во неколку наврати го посети и нашиот Охрид, при што направи повеќе фотографии, кои се вистинска временска машина за градот пред многу години. – По додипломските студии по историја на Универзитетот во Мичиген (БА, 1950), Halpern влегува во реномираната програма за антропологија во Колумбија, добивајќи го ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Неодамнешната објава на OhridPress за состојбата во која се наоѓа руинираниот хотел „Магнус“ во населбата Далјан, предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи. Станува збор за простор со вкупна површина од околу 18 хектари каде со години се најавува изградба на нов туристички и комплекс. Своевремено, во 2016 година, од тогашната локална самоуправа најавија дека ќе се гради Конгресен центар. ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вториот викенд од февруари ни носи сончево време со релативно ниски темпаратури од околу 7 степени, но одлично за прошетки и уживање во преубавиот Охрид. Бројни охриѓани, но и гости денеска, уште од раните утрински часови, го искористија сончевиот ден за „полнење на батериите“ по кејот, но и во бројните угостителски објекти. Во најголем број се гостите од Република Македонија, но не е мал бројјот на странски ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово по кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор – интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Turkish Airlines започна да ја промовира авиолинијата Истанбул-ОхридДамјан Пејчиновски по трет пат е дел од ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Јавноста „лае“, „Буково“ си гори… Вака некако изгледа неподносливата леснотија со која сите заедно како да не правиме ништо за да се реши проблемот со депонијата „Буково“, за која како да нема одржливо решение и после толку време. Фотографијата е направена во текот на вчерашниот ден (сабота, 8-ми февруари 2025 година, околу 12:00 часот), но состојбата е иста секој ден и за жал продолжува да не труе и ...

Охрид, 9. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1944 година во Охрид починал Кирил Прличев, револуционер и новинар, син на македонскиот поет Григор Прличев. Бил учесник во Илинденското востание во четата на Христо Чернопеев. За време на Втората светска војна бил директор на Музејот во Охрид. Кирил Прличев е македонски револуционер, член и раководител на Македонската револуционерна организација, син на великанот на македонската ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
33%
1012
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 19ᴼ
5.66
44%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1013
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.14
58%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
56%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
5.66
47%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
58%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.14
47%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
72%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52