На турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта претстои финалната завршница по групи по што ќе бидат познати сите учесници во нокаут дазата. Вечерва на програмата беа четири средби. Резултати 30.06.2025, понеделник Инитали – Том Гор 2:1 Здружение на возачи Ресен – Игор Бенд Бушиноски 7:4 Ескобар Волино – Типлери 2:4 Др. Баткоски – Чардак Велгошти 2:1 Турнирот продолжува во вторник со три натпревари од фазата по групи. Распоред на натпревари ...

Педесет и четири бесправно изградени објекти се регистрирани во Охрид минатата 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Од нив 13 се објекти за домување, 11 гаражи, 9 огради, 7 настрешници, по 5 биле доградби, надградби и слични адаптации и помошни објекти, 2 деловни објекти и по една тераса и времен објект, покажуваат податоците на ДЗС. Споредбено со претходните години, во 2023-та биле регистрирани 38, во ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, цената на дизелот се намалува за еден денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – ...

Доделени медали на најуспешните на 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада што се одржа во Струга, во организација на Математичкото друштво на Југоисточна Европа. На Олимпијадата беше доделено едно почесно признание, 20 златни, 36 сребрени и 40 бронзени медали. Вкупно беа наградени 97 ученици. Македонскиот тим освои 2 сребрени и 6 бронзени медали. На натпреварувањето учествуваа математички надарени ученици до 15,5 годишна возраст од ...

Пожар избувнал на глисер во каналот Студенчишта. Само што стартувал моторот во пловниот објект избил оган кој брзо се проширил. Во глисерот имало едно лице кое не е повредено. Со брза реакција на противпожарната единица од Охрид пожарот е изгаснат и спречено е евентуално ширење на други пловни објекти во каналот. Во недостиг на прописна марина каналот Студенчишта е место каде се паркираат најголемиот дел од пловните објекти во Охрид. Таму ...

Советниците дадоа зелено светло за вработување на технички персонал во основните училишта на територијата на Охрид. Како што беше посочено на денешната одржана педесет и осма седница на Совет, станува збор за технички персонал по основ на нови барања и дел по основ на пензионирања. Советникот Бојан Михајловски упати прашања до надлежните во поглед на тоа дали со овие вработувања ќе се задоволат елементарните потребите на учениците во однос и ...

Сертифицирани 10 нови спасители на отворени води преку обуката која ја реализираше Црвен крст Охрид преку Центарот за безбедност на вода. Програмата, посочуваат од Црвен крст Охрид, опфати теоретски и практични модули од областа на спасување и извлекување на активни и пасивни давеници од отворени води, употреба на специјализирана и прирачна спасувачка опрема, превентивни мерки за зголемување на безбедноста во и покрај вода и укажување ...

Советот на општина Охрид денес во општинската зграда ќе ја одржи педесет и осмата седница. На Дневен ред се 28 точки, меѓу кои одлуките за давање согласност на годишниот план за вработување за 2026 во училиштата, одлука за давање согласност на одлуката за изменет годишен план за вработување за 2025 година на ЈП „Градски пазар“ – Охрид, давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетот на Општина Охрид ...

На територијата на Општина Охрид, денеска, ќе се врши теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река. Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели и пчеларските задруги да ги ...

Крабата се почесто може да се забележи во крајбрежниот дел на Охридското Езеро, што само може да радува, со оглед на тоа што овој вид слатководен рак поради болест беше на раб на исчезнување. Оваа краба беше забележана како „се шета“ на плажата Горица 2 пред да се врати во бистрите езерски води. Крабата, или латински „Potamon fluviatile“, е слатководен рак кој се наоѓа во или во близина на пошумените потоци, реки и езера во Јужна Европа. ...

Уште една ефикасна вечер на турнирот во мал фудбал Петровден – Мешеишта. На програмата беа четири натпревари, се одиграа три, а беа постигнати 18 гола. Резултати 29.06.2025, недела Петровден Мешеишта – Кампинг Љубаништа 2:3 БЗ Груп Струга – Гостилница Кај Мече 1:5 Македонија – Мексико 2:5 Фурна Настоски и Форт кафе – Ночелино 3:0 (службено) Турнирот продолжува во понеделник со четири натпревари од групната фаза. Распоред на натпревари ...

Полициските службеници спасија четири лица од едрилица во Охридското Езеро откако им се скршил дел од пловниот објект. На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош. Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон ...

Во бразилската пресметка на Светскот клупско првенство што се игра во САД, Палмеирас со 1:0 го совлада Ботафого, а Челзи во луд меч што траеше 5 часа ја елиминира Бенфика за која последен пат настапи Анхел Ди Мариа кој во следната сезона ќе настапува за Росарио во аргентинското првенство. Се играше 86 минута од натпреварот кога судијата Славко Винчиќ при водство од 1:0 за Челзи го прекина натпреварот поради можно невреме и ги испрати ...

Денеска ќе преовладува сончево време со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура во Охридскиот регион регион ќе достигне до 30 степени Целзиусови. Во понеделник не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура во Охрид ќе се спушти до 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 31 степен Целзиусов. Г.М. ...

На јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта, вечерва се одиграа 4 натпревари од фазата по групи, на кои беа постигнати 13 гола. Резултати 28.06.2025, сабота Зурли и тапани Вевчани – Брумел 0:3 (службено) Мешеишта – Топлина 1:2 Компани Стојкоски – Сатеска 2:5 ДООЕЛ Ноче – Аце Најдески 0:3 Турнирот продолжува во недела со нови четири средби од групната фаза. Распоред на натпревари 29.06.2025, недела 20:00 ...

Мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП). Посочуваат дека тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална. Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа ...

На 28.06.2025 година во 02.45 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведено е 39 годишно лице од Охрид. Тоj претходно во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон лице од Струга. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 27.06.2025 година во 07.50 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, приведено е 32 ...

Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид денови на фреквентните јавни места во Охрид на нашите сограѓани и туристи им делеа вода и даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран. Во овој летен период со жешки температури, важно е нашите граѓани да се информирани за тоа како да се заштитат од топлотниот бран. Вниманието најмногу го насочивме кон повозрасните лица и хронично болните кои се во поголем ризик во ова топло време, ...

Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е новата аквизиција на ГРК Охрид, информираат од клубот. Десното крило (30 год, 191 цм) стави потпис со „Гладијаторите” на миниум 2 години! Ѓукиќ има одлично CV зад себе и е огромно засилување на нашиот тим. Доаѓа од екипата на РК Динамо Букурешт-шампион на Романија, а пред тоа настапуваше за екипите на РК Вардар 1961, Спортинг Лисабон, Мешков Брест, Киелце, Бешикташ и Металург, со одлични настапи во ...

Министерството за животна средина и просторно планирање официјално ја започна првата фаза од реконструкцијата и замената на главната водоводна мрежа од азбестни цевки во градот Струга. Овој проект претставува значаен чекор во насока на заштита на јавното здравје и подобрување на условите за живот на граѓаните, истакна првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити. Само во првата фаза ќе се инвестираат околу 90 ...

На турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта синоќа се одиграа четири натпревари од кои дел одлучуваа за пласман во елиминационата фаза. Резултати 27.06.’25, петок Том Гор- Блу Фиш 3:0 (службено) АСП ПАК- Ескобар Волино 5:2 Кафе бар 9 – Виена Комерц 3:2 Пекара Илинче- Кампинг Љубаништа 3:7 Турнирот продолжува вечерва со четири средби од фазата по групи. Распоред на натпревари 28.06.’25, сабота 20:00 Зурли и тапани Вевчани – Брумел 21:00 ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер (локално над 70км/ч.) од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 29 степени. Денес и утре времето ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер ( локално над 70км/ч.) кој ќе предизвика опаѓање на ...

Од ноќеска на полноќ за 2,50 ден/лит. се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика литар дизел ќе чини 70,50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на ...

Продолжува трендот на опаѓање на бројот на запишани првачиња во охридските основни училишта. За учебната 2025/2026 година се запишале 422 првачиња, што споредбено со минатата учебна година е помалку за 13, кога беа запишани 435 првачиња. Дека бројката опаѓа последниве години говори и податокот дека во учебната 2023/2024 година бројот на запишани првачиња бил 445. Од запишаните првачиња за учебната 2025/2026 година најголем број има во ООУ ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола. При тоа, одземено ...

Од први јули, вторник, стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје. Забраната се однесува на просторот јужно од булевар „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, на просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50 метри, туристичките локалитети од каналот Студенчишта до „Свети Наум“, информираат од Општина Охрид. Забраната, додаваат, ќе биде на сила до 31 ...

Струга е домаќин на 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада што од 24 до 29 јуни се одржува во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во организација на Математичкото друштво на Југоисточна Европа. На натпреварувањето учествуваат математички надарени ученици до 15,5 годишна возраст од земјите од Југоисточна Европа, а согласно правилата на Меѓународната математичка организација на Југоисточна Европа, дозволено е учество на гостински ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност и слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 32 степени. Во деновите ...

Иако еден натпревар не се одигра, на останатите три средби одиграни вечерва на турнирот во мал фудбал Петровден – Мешеишта публиката виде 26 гола. Резултати 26.06.2025, четврток БЗ Груп Струга – Мексико 3:4 Компани Стојкоски – Фурна Настоски и Форт кафе 3:0 (службено) Гранит Х – Ночелино 9:3 Типлери – Др. Баткоски 2:5 Турнирот продолжува во петок со четири средби од групната фаза. Распоред на натпревари 27.06.2025, петок 20:00 Том Гор – Блу ...

Со пригодната свеченост што се одржа вечерва, во употреба беше пуштено современо и целосно реконструирано спортско игралиште на булевар „Туристичка“, во станбениот комплекс на влезот во Охрид, наспроти бензинските станици. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Кирил Пецаков кој истакна дека спортската инфраструктура е основа за градење на здрава заедница. Без соодветни спортски терени, нема услови за развој на спортскиот потенцијал кај ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
94%
1018
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
92%
1024
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
74%
1017
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
7.13
86%
1021
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
95%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.36
91%
1015
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1015
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
13.89
72%
1021
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
4.63
56%
1022
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
60%
1019
Currency

61.645

Currency

52.3489

Currency

70.6084

Currency

37.0277

Currency

38.2492

Currency

67.4979

Currency

7.57719

Currency

0.68231

Currency

0.33754

Currency

0.5249

Currency

1.19434

Currency

0.57584

Калај

46.26

Платина

69349.16

Бакар

11.67

Кобалт

64.04

Сребро

2644.72

Паладиум

5562.08

Родиум

352854.44

Злато

162791.45

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Иридиум

212342.22

Алуминиум

3.08