
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



На 19.12.2024 година со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид извршија претрес во стан во Охрид што привремено го користело 31 годишно лице од Скопје. При претресот, пронајдена и одземена е марихуана, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 19.12.2024 во 09.55 часот во полициското одделение во струшкото ...
Општина Охрид и Здржението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИА спроведоа голема донаторска акција во Охрид во која беа поделени околу 3000 новогодишни пакетчина за најмладите. Традиционално беше посетена Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид, каде што со подароци беа израдувани дечињата кои се згрижени на лекување или третман. Новогодишни пакетчиња беа поделени и на ...
Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот “Кун-су-то” Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со победи во сите мечеви, обезбеди место во Македонската младинска карате репрезентација. Со тоа Анастасија ќе ја претставува Македонија на Европското карате првенство кое ќе се одржи во Полска во текот на месец февруари 2025 година во организација на Светската карате федерација. ...
Стогодишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев ќе се одбележи во понедeлник, 23 декември. На настанот предвидено е обраќање на преставник на Општина Охрид, а историски осврт кон ликот и делото на Петар Чаулев ќе одржи професорот по историја, Михаил Патчев. Настанот ќе се одржи во Спомен куќата на Христо Узунов со почеток во 15:00 часот. Чаулев бил учесник во Илинденското востание како раководител на Охридскиот револуционерен ...
Општина Вевчани повторно е дел од Федерацијата на европски карневалски градови. Вевчанскиот карневал, кој е првиот карневал од Македонија што стана член на оваа престижна федерација во 1993 година, повторно, после 20 години е на вистинското место, инфoрмира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски. Со посветеност и напор, сите обврски за членарина од изминатите 20 години се успешно подмирени, и во согласност со Одборот на ФЕЦЦ, од ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024. Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат ...
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид ја продолжува соработката со СВР Охрид-Одделението за превенција со акцент на превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства. Предвидено е утре на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ од 12 часот, припадници на СВР Охрид-Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид да делат едукативни материјали за опасностите и последиците од ...
Според утринските мерење на Управата за хидрометеолошки работи нивото на Охридското Езеро денеска е на кота 693,20 метри надморска височина (м.н.в.), што е за 10 сантиметри над природниот минимум. Минимална кота на Охридското Езеро е 693,10 м.н.в. а максимална 693,75 м.н.в. Сепак нивото е сеуште далеку зад просекот за декември кој е 693,32 м.н.в. Температурата на водата утрово е 9 степени, што е во рамки на просекот за декември. OhridNews ...
Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во периодот 2023/2024 година, на ниво на држава, вкупниот број на прикажаните претстави во професионалните театри е зголемен за 11.5 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен за 3.1.% во однос на периодот 2022/2023 година. Во овој период Народниот театар Охрид имал 34 изведби на 8 претстави. Вкупниот број на посетители изнесува 3198. Театарот имал едно гостување каде што биле ...
Променливо облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени. Во Охрид променливо облачно со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово,Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и Струга – Охрид, од 30 – 50м. на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 – 150м. на патниот правец М. Брод – Кичево и до 50м. на ...
Концептот на дуално образование го создава потребниот, добро подготвен кадар за потребите на стопанството и со тоа го намалува јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на човечки капитал. Заедно со нашите партнери, овој концепт на образование ќе продолжиме да го спроведуваме и надградуваме, во рамки на проектот „Образование за вработување“ кој пак, овозможи обединување на енергијата и заедничко креирање ефективни образовни политики. Ова ...
Денес во 01.50 часот полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31 годишно лице од Скопје. При преглед во неговото патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, извршен кај туристичката населба Свети Стефан, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, метален грендер и повеќе семки од растението канабис, информираат од МВР. По целосно документирање на настанот, додаваат, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Во среда, 25 декември, Советот на Општина Охрид ќе ја одржи педесет и првата седница со почеток во 9 часот. Советниците ќе го гласаат буџетот на Општина Охрид за 2025 година. На Дневен ред се 82 точки меѓу кои годишните програми за работа на јавните претпријатија, програмите за туризам, економски развој образование, култура, ТППЕ, урбанистичкии планови, животна средина, култура, спорт и рекреација… Повеќе информации за Дневниот ред на линкот. ...
Нова книга од младата писателка и поетеса Моника Стојанова „Бисерна фантазија“ која излезе од печат е двојазична поетска збирка (македонско-српска) која содржи три циклуси песни: 1. Страниците на бесконечноста; 2. Мистичен лавиринт на мечтите; 3. Небесен еликсир. Песните претставуваат разнобојна лепеза на која се насликани различните аспекти на мисловните текови кои ги условуваат човековите дејства, милозвучните созвучја на природата како атом ...
Центарот за граѓански комуникации објави истражување кое покажува дека општините во Македонија трошат над еден милион евра на изведувачи и организирање забавни манифестации. Само од јануари до октомври годинава, општините потрошиле на пејачи и на други забавувачи 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра. Лани, за оваа намена се потрошени 1 милион и 11 илјади евра. Најскапо платена, годинава, ...
ГРК Охрид ја совлада Струга во Езерското дерби кое се одигра вчеравечер во салата „Билјанини Извори“ постигнувајќи резултат 42:25 (полувреме 20:14). Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Ојлески 3, Матцуока 3, Јукич 5, Костов 6, Ристевски 1, Ристески 5, Тасески 4, Сафранко, Јотиќ 5, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 2, Кукуловски 6, Орјоникидзе 2, Цирар. Ракометарите на ГРК Охрид пред почетокот на натпреварот им доделија новогодишни пакетчиња на најмалите ...
На 28-ми декември Струга ќе биде домаќин на второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал “Езерска Кралица 2024”. Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховската школа „Ласкер“ од Охрид го организираат второто издание на зимскиот младински шаховски фестивал “Езерска Кралица 2024”. На турнирот свое учество планирано е да земат деца од Струга и Охрид, но се очекуваат деца и од другите градови од Македонија. Турнирот е дел ...
18 години еден од најпрепознатливите угостителски брендови во Охрид култниот бар „Кадмо“ испишува успешна приказна на брегот на Охридското Езеро. По тој повод „Кадмо“ на 23 декември организира роденденска забава која почнува во 21 часот со поп пејачот Ѓоко Танески, а за своите посетители ќе понудат и 50% попуст на целото мени во текот на целиот ден. Успешната приказна „Кадмо“ ja започна во 2006 година кој до денес успешно чекори и се издвојува ...
Претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени. Од утре попладне под влијание на циклонска активност ќе ...
Во рамки на новогодишното украсување на градот, со цел да се збогати претпразничната атмосфера, денеска во зелениот дел на градскиот плоштад во Охрид, беа поставени декоративни новогодишни реквизити. Се работи за новогодишни макети на снешковци, гномови-дедо мраз и санка со елени во поголема димензија, кои се изработени од Зорица Азеска Спасеска, дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, вработена во ООУ„Ванчо ...
400/110 kV трансформатор пристигна во Трансформаторската Станица (ТС) Битола 2 што претставува клучен чекор кон обновување на стабилноста на електроенергетската мрежа во југозападна Македонија. Ова е значајна пресвртница во напорите на државата за справување со предизвиците во преносниот систем и обезбедување сигурно снабдување со електрична енергија во еден од најважните региони во земјата, информираат од МЕПСО. Пристигнувањето на новиот ...
Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), информираше претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Во првиот блок зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, a евтината тарифа поскапува за 0,9 проценти. Тоа значи дека кај едно просечно ...
Плоштадот „Крушевска Република” денес зрачеше со позитивна енергија и празнична магија за хуманитарна цел. Бројни разиграни дечиња од основните училишта во Охрид, поставени тезги со новогодишни украси изработени од вредните раце на дечињата, но и од волонтерите на Клубот на млади и Клубот на пензионери при Црвен крст Охрид, родители, наставници, поддржувачи на хуманитарните настани беа дел од предновогодишниот хуманитарен базар „Новогодишен ...
На 17.12.2024 во 22 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и од Полициската станица Охрид од слобода лишија 38 годишно лице, а на службен разговор повикале 32 годишно лице, двајцата од Охрид. Полициските службеници, на булеварот „Туристичка“, запреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двајцата, при што го забележале ...
Овој декември специјализираната продавница за компјутери и галантерија „Еленик копјутери“ одбележува 20 години постоење. Во текот на овие две децении, заедно со вас изградивме приказна исполнета со иновации, посветеност и заеднички успеси. Од денот кога започнавме, нашата мисија беше да обезбедиме квалитетни решенија во светот на технологијата, притоа секогаш ставајќи ги вашите потреби во прв план. Оваа годишнина не е само наше достигнување – ...
Денес на плоштадот „Крушевска Република” (кај Стариот Чинар) со почеток во 12 часот ќе се одржи предновогодишен хуманитарен настан „Новогодишен сон”. Настанот е во организација на Црвен Крст Охрид во соработка со Општина Охрид со цел да се приберат средства кои ќе бидат наменети за разубавување на новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид. На настанот со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од ...
Македонскиот туристички бисер Охрид и оваа година за новогодишните празници изгледа прекрасно. Градот блеска во новогодишниот празничен сјај. Празнична магија се чувствува насекаде, во центарот, на градскиот кеј и по кружните текови каде можат да се забележат илјадници сијалички и светлечки реквизити. Централниот плоштад го краси новогодишна елка, а парковите наоколу личат на разгледница. Дополнително атмосферата ја збогатуваат и прекрасно ...
Во организација на ЗП „Великамен“ по третпат по ред, се одржа традиционалната планинарска тура по повод Светскиот ден на планината, на релацијата село Елшани – планинарски дом „Троуглеш“. Настанот, иако одржан под закана од непредвидлива временска прогноза и обилни врнежи во изминатиот викенд, успеа да ги собере најупорните љубители на планината, на кои дождот престана да им претставува предизвик токму на стартот од акцијата. Планинарскиот дом ...
Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема попладне. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени. До петок претпладне ќе се задржи стабилно ...