
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Управниот одбор на ФФМ по добиено известување за наводни неправилност во ОФС Охрид, на седницата одржана синоќа донел одлука на закажаното Собрание на ОФС Охрид да нема претставник од ФФМ. Комисијата задолжена за надгледување на изборниот процес има обврска веднаш да ги провери наводите за нерегуларности и во најкраток временски рок да го извести Управниот одбор, соопшти ФФМ. Собранијата на Општинските фудбалски Сојузи на кои нема легитимен ...
Во рамки на празничната програма на градот Охрид, денеска ќе се одржат два настани наменети за најмладите. На градскиот плоштад во 12:30 часот ќе биде одиграна детската претстава „Добриот и лошиот Дедо мраз“, а на истата локација во 18 часот ќе се одржи концерт на детскиот фестивал „Распеано Рибарче“ на кој ќе учествуваат и гости од детскиот фестивал „Радика“. И програмата во недела е наменета за најмладите. Во 12:30 часот на градскиот ...
Во месноста Сараиште во стариот дел на Охрид, денеска ќе се одржи третото издание на Новогодишниот базар „Вино и Винил“, во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“. Настанот е од хуманитарен карактер и сите средства ќе бидат донирани за акцијата “Пакетчиња за сите дечиња”. Грееното вино и чај ќе бидат приготвени од Кадмо Бар, за храната ќе се погрижи „Escobar lounge bar“ Струга, а колекционерите ќе можат да си разменат винил плочи, ...
Утрово во 7 часот во Охридс се измерени 0 степени. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 6 степени. И во недела не очекува студено утро. Во одредени котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 17.12.2024 во 03.25 часот во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, по претходна расправија, со остар предмет нападнал лице од Охрид и му нанел убодни рани. По распишан локален распис и преземени мерки и активности, на 26.12.2024 во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за трговците коишто ги зголемија цените на производите, информираше дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување. Утрово разговарав со господинот Дурмиши министерот за економија и ...
Во соработка со Црвен Крст Охрид, учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид успеаја да изнудат насмевка на детските лица, дарувајќи им новогодишни пакетчиња. Убаво е кога сѐ асоцира на хуманост и емпатија, порачуваат од РЦСОО „Ванчо Питошески“. Средствата за пакетчињата беа обезбедени од спроведениот хуманитарен предновогодишен музички настан под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!“, кој се одржа на ден 24 декември во дворот на училиштето. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираат од АМСМ. Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, не е прооден од снежни наноси и навеви од снег, посочуваат. Интензитетот на ...
Традиционално, ЈП „Билјанини Извори” пред новогодишните празници во посета на неколку здруженија, „Добротољубие“-Св. Ѓорѓија, „Зраци“, деца со ретки болести, паралелка со посебни потреби во ООУ „Св. Климент Охридски„, инклузивна игротека „Радост “- Здружение Вопс и здружението „Тајните на моето срце“ и каде беа подарени новогодишни пакетчиња. Тимот на јавното претпријатие на здруженијата и нивните штитеници им посакаа среќни празници и многу ...
Детската новогодишна програма „Охридска новогодишна приказна“ продолжува и денеска на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. Во 12:30 часот ќе биде изведена новогодишната претстава „Каде е Дедо Мраз?!“. Во претставата се раскажува интересна приказна за новогодишна авантура на помошниците на Дедо Мраз. Во претставата играат: Дарко Богески, Јана Пауноска, Фаик Мефаиловски и Филип Кипровски. Со почеток во 18:00 часот најмладите ќе можат да ...
Зимскиот младински шаховски фестивал „Езерска кралица 2024“ утре по втор пат ќе се одржи во Струга во организација на Младинската шаховска школа „Струга“ и Шаховската школа „Ласкер“ од Охрид. Директорот на Шаховскиот фестивал Ѓоко Котески информира дека на турнирот ќе учествуваат млади шахисти од Струга, Охрид, но и цела држава. Турнирот е поделен во четири групи: деца на возраст до осум години, до 10 години, до 12 години и до 14 години. Ќе се ...
Во пресрет на новогодишните празници, со цел да се сподели празнична радост и внимание, градоначалникот Кирил Пецаков, подели новогодишни пакетчиња на најмладите. Новогодишни пакетчиња беа поделени во Инклузивната игротека „Радост“, во здружението „Во мојот свет“, здружението „Тајните на моето срце“, дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“, дневниот центар „Зраци“, како и на дечињата кои се лекуваат во Општата Болница во Охрид. ...
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 9 степени. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 6 степени. Од утре следува период на стабилно и суво време со ...
Во Струга и годинава нема да има организиран дочек за Нова година на градскиот плоштад. Градот блеска во новогодишно руво, како што впрочем и доликува на туристички центар. Се забележува и зголемена раздвиженост по кафулињата и рестораните каде се организираат претпразнични забави, а хотелиерите најавија целосна исполнетост на туристичките капацитете. Од Општина Струга информираат дека за најмладите е предвидена предновогодишна забава на 30 ...
Полициски службеници од Полициското одделение во струшкото село Велешта, во основно училиште во селото Лабуништа, заедно со дефектолог и педагог, одржаа превентивно едукативни предавања за штетноста од пиротехничките средства. Притоа, низ интерактивен пристап, пред учениците и родителите, посебно беше потенцирана штетноста и опасностите од неовластено користење на петарди и други пиротехнички средства, односно им се укажа на можните повреди и ...
На 25.12.2024 во 16.30 часот, во продажен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 46 годишно лице од Охрид. Тој претходно бил затекнат при кражба на помошен работен алат и прибор. Предметите се вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. Поднесена е и кривична пријава против 50 годишно лице од охридското село Пештани, поради ...
ОО СДСМ Охрид синоќа на општинска Конференција ги избра членовите на извршниот и нанадзорен одбор. Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Асен Шајн истакна дека со новиот ИО и НО ќе и дадат на партијата чувство на дисциплина, чувство за професионализам, чувство за достигнување на цел, посочувајќи дека тоа е нешто што никогаш не треба да го изгубат. Ќе се трудиме да го промениме начинот на кој размислуваме. Но, не е доволно само да зборуваме за ...
Променливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 6, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени. Во Охрид времето денес претежно облачно. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 5 степени. Утре ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време. Ќе дува ...
Утрово од 7:00 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат, посочуваат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...
Со петтиот финале Куп, заврши натпреварувачката сезона во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма. На овај Куп право на учество имаa само првопласираните десет од изминатите купови во категорија жени и мажи на пушка и пиштол. Од охридските стрелци настапија 12 учесници и тоа 7 од ЖСК „Лихнидос“ и 5 од СК „Охрид“. Иако очекувањата беа поголеми, со медали се закитија само тројца стрелци. Злато освои Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ во ...
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес го потпиша првиот Договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач за набавка на мерни инструменти за далечинско отчитување со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување, во општина Кавадарци. Договорот e во висина од 300.000 евра и истиот ќе биде со времетраење од 12 месеци од денот на потпишување. Со ова и официјално ...
Министерството за образование и наука информира дека средствата за ученички стипендии за четири месеци и за студентски стипендии за три месеци им се префрлени на постојните и на новите корисници. Исплатата на стипендиите, отсега ќе се реализира редовно. Финансиската поддршка за учениците и студентите е исклучително важна, затоа што го олеснува процесот на образование и стимулира заложба за подобри резултати, посочуваат. Министерството, ...
Манчестер Сити и Арсенал ја следат драмата во Барселона поврзана со регистрацијата на шпанскиот репрезентативен играч за врска Дани Олмо. Доколку Барселона не успее да го пријави за вториот дел од сезоната, англиските клубови ќе преземат акција и ќе се надеваат дека ќе го доведат 26-годишниот играч од средниот ред. Ова го пишуваат англиските и шпанските медиуми кои најавуваат евентуална неочекувана зделка, поради проблемите на Барселона. Да ...
Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца, успешно ја спроведоа активноста под наслов „Пакетче за секое дете“. Во сите училишта на територијата на Општина Дебрца, учениците добија пакетчиња, кои им беа поделени како подароци во пресрет на Новата 2025 година. Вкупно 180 деца беа вклучени во оваа активност, а пакетчињата се поделени со цел да се донесе радост и насмевка на децата во овој празничен период, ...
Веселата атмосфера продолжува и денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. Во рамки на „Охридската новогодишна приказна“ денес во 12:30 часот најмладите ќе може да уживаат во детската новогодишна театарска претстава: „Пристигна Дедо Мраз“. Со почеток во 18:00 часот ќе започне Новогодишниот базар и хепенинг од основите општински училишта на кој ќе настапат учениците од ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Свети Климент Охридски“ ОУ „Кочо Рацин“ ...
Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков упати честитка по повод Раѓањето Христово-Божиќ до верниците од од католичка вероисповед. Со најискрени желби за мир, здравје и благосостојба, дозволете ми во мое лично име и во името на Општина Охрид да ви го честитам– Раѓањето Христово-Божиќ. Ви посакувам овој голем празник, со својата благодат и спокој, да ги донесе Божјите милости во вашите домови и срца. Божиќ е светлина која го осветлува ...
Претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд во делови од Повардарието и од снег во повеќе останати делови од земјата а особено на северозападот и на северот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Охрид времето денес претежно облачно. Минималната температура ќе се спушти до 0, а ...
Во „Спомен куќата на Христо Узунов“ беа одбележани јубилејни 100 години од смртта на Петар Чаулев, истакнат охридски револуцинер и војвода. Во името на локалната самоуправа пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. Денес е исклучителен ден, во кој се одбележува 100 годишнината од смртта на големиот охридски и македонски револуционер Петар Чаулев. Во славната Илинденска епопеја, младиот Чаулев бил ...
Кошаркарите на Црвена звезда го победија Партизан во вечното дерби (89:84), а на овој натпревар од 13. коло на АБА лигата видовме спорни ситуации кои директно се одразија на конечниот резултат. Ден подоцн асо соопштение се јави регионалната АБА лига која објави дека црно – белите биле оштетени во неколку ситуации. На 2:37 до крајот на првата четвртина, судиите правилно го санкционираа неспортското однесување на играчот на Црвена звезда Филип ...
Во присуство на голем број гости, пријатели, деловни партнери и љубители на добрата забава, синоќа угостителскиот бренд „Кадмо“ го одбележа 18-от роденден. Присутните уживаа во одличната забава со поп пејачот Ѓоко Танески и групата „No fun“, а за своите посетители понудија и 50% попуст на целото мени во текот на денот. Успешната приказна на „Кадмо“, препознатлив по одличните забави и концерти секогаш пропратени со голем број посетители, добро ...