
Скопје
2ᴼ /
2ᴼ



Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Охрид сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 9 степени. Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен ...
ФК Воска Спорт денеска соопшти дека ја прекинува соработката со девет играчи. Клубот ги раскина договорите со: Муамет Шакир, Албан Мехмеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јасин Казимоскин. Клубот им се заблагодарува на сите играчи кои беа дел од нас, и им посакува успех и здравје, стои во соопштението на ФК Воска Спорт. На полусезона во Првата лига Воска спорт е на ...
По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во ...
Вчеравечер во изложбениот салон при НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид беше отворена изложбата „По чекорите на еден мајстор…” од Алаедин Неби. На отворањето пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски кој истакна дека уметноста е дарба која се наследува од предците, а да бидете во друштво на уникатни уметници е привилегија. Мајстор Алаедин навлезен во 8-та деценија од животот го исполнува ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово ги посети полициските службеници во Единицата за внатрешни работи во Ѓорче Петров, каде облиску се запозна со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција. Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба ...
Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи вечерва со почеток 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид. Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу. За добрата забава ќе се погрижат стандардната 5 члена екипа, а за малите, слатки подароци нашите пријатели кои ни даваат ветер во грбот, велат од ...
Денес во рамки на богатата програмата која за новогодишните празници ја подготви Општина Охрид за најмладите предвидена е уште една детска претстава и музичка забава. На градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 12:30 часот ќе биде изведена детска новогодишна театарска претстава „Снежана и Дедо Мраз“, а во 18:00 часот ќе се одржи Новогодишен концерт на „Малите ѕвездички со К-2“. Остануваат уште два дена во рамки на програмата ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, посочуваат. Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2024 година во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на ...
Наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 8 степени. Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а ...
Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице, велат од ...
Јавното обвинителство води истрага во рамки на претходна постапка против поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски поради сомневање за злоупотреба на функцијата. Доставен е предлог за одземање на патната исправа и одредување мерки за претпазливост, соопшти попладнево Јавното обвинителство од каде посочуваат дека истрагата е во тек и јавноста тековно ќе биде информирана за случајот. Претходно „Фокус“ објави дека поранешниот директор на ...
Приведен е Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, објави „Фокус”. Истиот извор наведува дека Деспотовски бил уапсен од страна на Управата за финансиска полиција, поради наводна проневера на 2 милиони евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип. Повикувајќи се на свои извори, „Фокус“ пишува дека за приведениот ќе се бараат мерки на претпазливост, како и дека ќе се бара замрзнување на имот на ...
Горан Станиќ е назначен за селектор на македонската репрезентација до 21 година, одлучи Управниот одбор на Фудбалска федерација на Македонија на седницата одржаба синоќа. Станиќ е актуелен тренер на ФК Работнички кој е на делба на првото место по првиот дел од тековната сезона во МФЛ и поранешен селектор на младинските репрезентации до 17 и 19 години. На Европското првенство – ЕУРО 2020 беше дел од стручниот штаб во А репрезентацијата на ...
Управниот одбор на ФФМ по добиено известување за наводни неправилност во ОФС Охрид, на седницата одржана синоќа донел одлука на закажаното Собрание на ОФС Охрид да нема претставник од ФФМ. Комисијата задолжена за надгледување на изборниот процес има обврска веднаш да ги провери наводите за нерегуларности и во најкраток временски рок да го извести Управниот одбор, соопшти ФФМ. Собранијата на Општинските фудбалски Сојузи на кои нема легитимен ...
Во рамки на празничната програма на градот Охрид, денеска ќе се одржат два настани наменети за најмладите. На градскиот плоштад во 12:30 часот ќе биде одиграна детската претстава „Добриот и лошиот Дедо мраз“, а на истата локација во 18 часот ќе се одржи концерт на детскиот фестивал „Распеано Рибарче“ на кој ќе учествуваат и гости од детскиот фестивал „Радика“. И програмата во недела е наменета за најмладите. Во 12:30 часот на градскиот ...
Во месноста Сараиште во стариот дел на Охрид, денеска ќе се одржи третото издание на Новогодишниот базар „Вино и Винил“, во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“. Настанот е од хуманитарен карактер и сите средства ќе бидат донирани за акцијата “Пакетчиња за сите дечиња”. Грееното вино и чај ќе бидат приготвени од Кадмо Бар, за храната ќе се погрижи „Escobar lounge bar“ Струга, а колекционерите ќе можат да си разменат винил плочи, ...
Утрово во 7 часот во Охридс се измерени 0 степени. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 6 степени. И во недела не очекува студено утро. Во одредени котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 17.12.2024 во 03.25 часот во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, по претходна расправија, со остар предмет нападнал лице од Охрид и му нанел убодни рани. По распишан локален распис и преземени мерки и активности, на 26.12.2024 во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за трговците коишто ги зголемија цените на производите, информираше дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување. Утрово разговарав со господинот Дурмиши министерот за економија и ...
Во соработка со Црвен Крст Охрид, учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид успеаја да изнудат насмевка на детските лица, дарувајќи им новогодишни пакетчиња. Убаво е кога сѐ асоцира на хуманост и емпатија, порачуваат од РЦСОО „Ванчо Питошески“. Средствата за пакетчињата беа обезбедени од спроведениот хуманитарен предновогодишен музички настан под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!“, кој се одржа на ден 24 декември во дворот на училиштето. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираат од АМСМ. Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, не е прооден од снежни наноси и навеви од снег, посочуваат. Интензитетот на ...
Традиционално, ЈП „Билјанини Извори” пред новогодишните празници во посета на неколку здруженија, „Добротољубие“-Св. Ѓорѓија, „Зраци“, деца со ретки болести, паралелка со посебни потреби во ООУ „Св. Климент Охридски„, инклузивна игротека „Радост “- Здружение Вопс и здружението „Тајните на моето срце“ и каде беа подарени новогодишни пакетчиња. Тимот на јавното претпријатие на здруженијата и нивните штитеници им посакаа среќни празници и многу ...
Детската новогодишна програма „Охридска новогодишна приказна“ продолжува и денеска на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. Во 12:30 часот ќе биде изведена новогодишната претстава „Каде е Дедо Мраз?!“. Во претставата се раскажува интересна приказна за новогодишна авантура на помошниците на Дедо Мраз. Во претставата играат: Дарко Богески, Јана Пауноска, Фаик Мефаиловски и Филип Кипровски. Со почеток во 18:00 часот најмладите ќе можат да ...
Зимскиот младински шаховски фестивал „Езерска кралица 2024“ утре по втор пат ќе се одржи во Струга во организација на Младинската шаховска школа „Струга“ и Шаховската школа „Ласкер“ од Охрид. Директорот на Шаховскиот фестивал Ѓоко Котески информира дека на турнирот ќе учествуваат млади шахисти од Струга, Охрид, но и цела држава. Турнирот е поделен во четири групи: деца на возраст до осум години, до 10 години, до 12 години и до 14 години. Ќе се ...
Во пресрет на новогодишните празници, со цел да се сподели празнична радост и внимание, градоначалникот Кирил Пецаков, подели новогодишни пакетчиња на најмладите. Новогодишни пакетчиња беа поделени во Инклузивната игротека „Радост“, во здружението „Во мојот свет“, здружението „Тајните на моето срце“, дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“, дневниот центар „Зраци“, како и на дечињата кои се лекуваат во Општата Болница во Охрид. ...
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 9 степени. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 6 степени. Од утре следува период на стабилно и суво време со ...
Во Струга и годинава нема да има организиран дочек за Нова година на градскиот плоштад. Градот блеска во новогодишно руво, како што впрочем и доликува на туристички центар. Се забележува и зголемена раздвиженост по кафулињата и рестораните каде се организираат претпразнични забави, а хотелиерите најавија целосна исполнетост на туристичките капацитете. Од Општина Струга информираат дека за најмладите е предвидена предновогодишна забава на 30 ...
Полициски службеници од Полициското одделение во струшкото село Велешта, во основно училиште во селото Лабуништа, заедно со дефектолог и педагог, одржаа превентивно едукативни предавања за штетноста од пиротехничките средства. Притоа, низ интерактивен пристап, пред учениците и родителите, посебно беше потенцирана штетноста и опасностите од неовластено користење на петарди и други пиротехнички средства, односно им се укажа на можните повреди и ...
На 25.12.2024 во 16.30 часот, во продажен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 46 годишно лице од Охрид. Тој претходно бил затекнат при кражба на помошен работен алат и прибор. Предметите се вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. Поднесена е и кривична пријава против 50 годишно лице од охридското село Пештани, поради ...
ОО СДСМ Охрид синоќа на општинска Конференција ги избра членовите на извршниот и нанадзорен одбор. Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Асен Шајн истакна дека со новиот ИО и НО ќе и дадат на партијата чувство на дисциплина, чувство за професионализам, чувство за достигнување на цел, посочувајќи дека тоа е нешто што никогаш не треба да го изгубат. Ќе се трудиме да го промениме начинот на кој размислуваме. Но, не е доволно само да зборуваме за ...