Next to Silence е бенд кој започна со свирење реинтерпретирани мелодии од музичари кои издаваа за музичката куќа ECM, но толку многу уживаше во ваквата авантура што продолжи со создавање и своја музика. Нивниот албум ‘…’, издаден за Скопскиот џез фестивал, отелотворува разни звучни стории и го раскажува она што најубаво се говори без зборови. Иако името Next to Silence потекнува од реченица во џез магазин која ја објаснува музиката како ...

На денешен ден 1941 година борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин бил означен почетокот на востанието против фашизмот на македонскиот народ во Втората светска војна и ослободување на окупираната земја. На 12 октомври пукнале првите пушки на кумановските партизани. Тоа бил почеток на четиригодишната ...

Синоќа во Гент, Белгија и Македонија одиграа нерешено 0:0 во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство. Домаќините доминираа во поседот и создадоа бројни шанси, но македонската одбрана беше максимално концентрирана, а голманот Столе Димитриевски одлично го чуваше својот гол Македонија практично и не напаѓаше, но успеа да го зачува својот гол и да извлече вреден бод на гости. По ремито во Гент, Македонија е на првото ...

Проект за изградба на современо и еколошки стандардизирано пристаниште во Охрид најави на денешната прес конференција кандидатот за советник на советничката листа од СДСМ и коалицијата, Иван Димкоски. Оваа иницијатива не е обичен проект – ова е порта која ќе го поврзе Охрид со иднината и современите светски туристички дестинации. Порта која ќе го отвори градот кон нови можности за туризам, економски развој и меѓународна соработка. Проектот ...

ГРК Охрид оваа сезона има големи амбиции во ЕХФ Европскиот куп и едвај го чекаме двомечот со Баки претстојниот викенд во кој влегуваме максимално мотивирани. Ова на прес конференција денеска го истакна тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ, додавајќи дека екипата е подготвена за европскиот предизвик. Баки може да се каже е непозната екипа за нас. Имаме одреден материјал според кој ги подготвуваме натпреварите. Момците сигурно ќе бидат на ...

Охрид заслужува модерен и уреден пазар! Еден од моите приоритетни проекти е целосно уредување на отворениот дел на градскиот пазар, најави денес кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дел од приоритетните проекти во програмата за претстојните локални избори. Охриѓани, нашите трговци и сите гости кои го посетуваат градот, добиваат: Модерна настрешница за ...

Одржана работилница на тема „Превенција на менталното здравје кај младите осуденици“ во КПУ Затвор Охрид. Работилницата беше реализирана од страна на Црвен крст Охрид, а во рамки на одбележување на Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври. Во рамки на веќе воспоставената долгогодишна соработка која вклучува превентивно-здравствени, едукативни и креативни работилници, овој пат се реализираше нова и значајна работилница. Таа се ...

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра, соопшти Министерството за финансии. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и ...

На 08.10.2025 во 10:40 часот пред казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 40 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички и со остар предмет го нападнал 42 годишно лице од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31 годишно лице од ...

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за Белгија каде денеска ќе ги има последните подготовки пред можеби клучниот меч од квалификациите за пласман Светското првенство 2026 со домаќинот, што ќе се одигра утре вечер. Во репрезентацијата владее добра атмосфера, а играчите се свесни за предизвикот и шансата која е пред нив. Белгија е фаворит, но Македонија не се предава од напред. Натпреварот е многу важен за нас, од тоа нема ...

Огледало со сообраќаен знак за задолжителен правец на движење за возила на пресекот од улиците „Лазо Трпоски“ и Ванчо Питошески“, кај продавницата „Тамаро“ во населбата „Билјанини извори“, извесен период пркоси на гравитацијата. Огледалото е од исклучитечна важност за безбедно одвивање на сообраќајот на овие улици, дотолку повеќе што дел се еднонасочни, но знакот е толку навален што ја губи фунцијата. Дополнителна опасност постои и по ...

Кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дел од приоритетните проекти во програмата за претстојните локални избори денес го најави четвртиот кој се однесува на реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Црногорци. Културата е срцето на Охрид!Инвестираме во нашата културна инфраструктура, бидејќи веруваме дека сите заслужуваат квалитетен ...

Денеска се одржа 63-тата свечена седница на Советот на Општина Охрид, со што официјално беше заокружен мандатот на актуелниот советнички состав. ‎Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков изрази задоволство од соработката со Советот, нагласувајќи дека заеднички биле донесени многу значајни одлуки во интерес на општината и нејзините граѓани. Тој им се заблагодари на сите советници за нивниот ангажман и посветеност. ...

Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со повеќе свечености ќе го одбележат 11. Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ. Програмата започнува утре со свечена седница која ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот. На седницата предвидено е обраќање на претставници од Општина Охрид и Сојузот на борците, по што ќе следува културно-уметничка програма. Во ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени. Следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Денес и во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено ...

Ракометарите на Охрид извојуваа убедлива победа на натпреварот од 7 коло од Супер лигата со Радовиш 35:17. Гладијаторите имаа водство во текот на целиот натпревар кое се зголемуваше постојано. Охрид на мечот настапи со комбиниран состав, а шанса добија помладите и играчите од клупа. По шест гола постигнаа Петриќ и Ѓукиќ, Саврески мечот го заврши со четири погодоци. Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Стрмљан 2, Ојлески, Иванковиќ, Кукуловски ...

Секогаш може подобро, но јас сум задоволен од стартот на сезоната на ГРК Охрид со оглед на распоредот и повредите со кои се соочуваме, изјави тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ во Спорт + на Охридњуз. Почнавме да носиме бодови од гостувањата кај најсилните екипи што не беше случај до сега, но треба да бидеме реални, Пелистер и Вардар имаат сериозни екипи од рангот на Лига на шампиони и во моментов се пред пред нас. Ние штотуку почнавме да ...

Реконструкција на Кеј „Македонија“ најави кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дел од приоритетните проекти во програмата. Овој проект е повеќе од потребен за градот. Овој проект е инвестиција во срцето на Охрид, создавајќи модерен простор за охриѓани и за нашите гости, вели Пецаков. Со реализацијата, посочува, овој дел од градот добива нов и урбан лик, ...

Утре во 20 часот во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп под наслов Поетски двобој: Есенин vs Мајаковски ќе се одржи промоција на книгите „Поезија“ од двајцата руски класици кои ги преведе Славе Ѓорѓо Димоски. Препејувачот подвлекува дека во книгата на Есенин се застапени песни од неговата боемска фаза, кои повеќето не се препеани на македонски јазик, додека пак од Мајаковски се препеани песни од неговата предреволуционерна фаза, ...

Проектот „Зелени рурални ризници“ дирекно ќе го подобри животот во охридските села и ќе донесе можностите за сите нас. Се работи за план за развој на агро туризам и еко туризам во нашите рурални средини, а идејата е едноставна да го искористиме тоа што веќе го имаме, прекрасната природа, традицијата, домаќинската храна и вредните луѓе, рече на денешната прес конференција носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Јане Тодороски. ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Во Охрид времето денес претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени. Следува период на стабилно и суво време со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ...

Денеска, на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, по долга и тешка болест, почина еден од најголемите пејачи на народна музика на Балканот – Халид Бешлиќ. Бешлиќ беше хоспитализиран на крајот од август со здравствени комликации, но и покрај сите напори лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот. Халид Бешлиќ е роден на 20 ноември 1953 година во село Кнежина, општина Соколац, БиХ. Неговата музичка кариера траеше повеќе од ...

Утре од 14 часот во просториите на Почесниот конзулат на Република Србија со седиште во Охрид ќе се одржи средба помеѓу српски и македонски писатели и поети. Организаторот Здружението за српско – македонско пријателство „Коштана“ од Охрид најавува дека на настанот доаѓаат писателите Радомир Андриќ, поранешен претседател на Друштвото на писатели на Србија, Раденко Поповиќ и Радоња Дубљевиќ. Нивен домаќин на средбата ќе биде познатиот ...

Денес, на прес-конференцијата во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), беше најавено новото партнерство со MAGGI кој станува официјален спонзор на РФМ, носејќи порака дека заедништвото е најважниот рецепт за успех. Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со овој бренд, кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со семејните ...

Кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со презентација на проектите од својата програмата на социјалните мрежи. Денес го најави проектот за реконструкција на дел од магистралниот пат Охрид – Битола до црква „Св. Недела“ – Косел кој, како што посочи, е дел од приоритетните проекти за наредниот мандат. Покажавме дека можеме да реализираме големи и ...

Утре Црвен крст Охрид во соработка со Службата за Трансфузија – Охрид организираат крводарителска акција наменета за учениците и вработените во ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид. Ги покануваме сите ученици и вработените кои имаат желба да ја даруваат својата скапоцена течност и воедно да спасат нечиј живот. Ве очекуваме! Дарувај крв, спаси живот!, велат од Црвен крст Охрид. Крводарителската акција ќе се реализира во периодот од 09:00 до ...

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4.7 % споредбено со месец септември 2024 година. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.2%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Цените ...

Нов образовен курикулум за тренери во различни спортски образовни институции кои работат со лица со попреченост ќе понудат експертите од Интернационалниот Тренинг Курс од Лајпциг (ITKLeipzig) при Универзитетот во Лајпциг, кој е во тесна врска со спортското друштво ИТК Македонија од Скопје. Овој викенд, со заеднички сили, беше организиран Интернационален симпозиум со наслов „Including Inclusion“ во Охрид. На симпозиумот, исто така, беше ...

Градскиот ракометен клуб Охрид ќе биде 2-ра година по ред дел од Европската сцена и ќе ги претставува Охрид и Македонија во ЕХФ Европскиот Куп, овојпат како носител. ГРК Охрид стартува од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, каде за противник ќе ја има екипата на Баки од Азербејџан. Натпреварите се играат на 11 и 12 октомври (двете на домашен терен) од 18:00 часот. Бидете 8-ми играч на екипата и дел од овој спектакл во СРЦ Билјанини Извори!, ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 10 степени. Денес и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се задржи под просекот за ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1020
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
62%
1021
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
55%
1024
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
60%
1022
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
5.77
71%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 12ᴼ
1.54
56%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.45
62%
1020
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1023
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1023
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 13ᴼ
3.09
76%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
45%
1022
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
64%
1019
Currency

61.635

Currency

53.4928

Currency

70.6624

Currency

36.8451

Currency

38.3759

Currency

66.8476

Currency

7.77254

Currency

0.66619

Currency

0.33508

Currency

0.52497

Currency

1.19988

Currency

0.57535

Платина

64269.34

Бакар

11.35

Калај

45.44

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.47

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

48001.06

Цинк

0.00

Сребро

2357.98

Родиум

324722.54

Злато

150927.43