Најголемата музичко-сценска манифестација во земјава и регионот, фестивалот „Охридско лето“, годинава во рамки на јубилејното 65. издание на своите сцени ги донесе најдобрите уметници од областа на клaсичната музика и театарот, а настаните се одвиваа пред исполнети гледалишта и за нив се бараше билет повеќе, вели директорот Ѓорѓи Цуцковски. Воедно изрази задоволство од квалитетот на програмата, но и од посетеноста на сите уметнички ...

ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од акцијата за намалување на училишниот прибор. Владата на седница донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15% на маржата, во зависност дали е на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 58-годишно лице од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на ...

НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Целта на потпишувањето на Меморандумот е интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички. Спогодбата ја потпишаа директорот на НУ ...

Овде душата секогаш бара душа, овде љубовта своја песна си слуша, овде родот мој секому даде рака, ајде роде мој почни сам да се сакаш!… – дел од стиховите од новото патриотско музичко парче со наслов „Роде мој“ кое ги обедини сите учесници во проектот „Македонијо во срце те носиме“ и кое силно одекнува во срцето на секој Македонец како порака, потсетник и повик. „Роде мој“ е со потписот на маестро Николче Мицевски како автор на музиката и ...

На 19.08.2025 во 17:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Сретково, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 54-годишно лице од Охрид, удрило во бетонски потпорен ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката 52-годишнаа и сопатникот 25-годишен, двајцата од Охрид, додека со телесни повреди се здобиле возачот и уште една ...

Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец“ со која жителите ќе добијат поквалитетно водоснабдување, информираат од Општина Охрид. Наредната фаза од овој проект опфаќа реконструкција на атмосферската канализациона мрежа, нешто што долги години е претставува реален проблем за жителите. На крај ќе следува комплетно уредување на улицата со поставување на нов асфалт и реконструкција на тротоарските површини, ...

Втор ден од Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид. На програмата денес се три натпревари. Во 16:30 часот се среќаваат екипите на Киндил и Нексе. Туриниот продолжува со натпреварот помеѓу екипите на Е.Пелистер и Тримо Требње со почеток во 18:45 часот, додека од 21 часот играат екипите на ГРК Охрид и Партизан. На туриниот учествуваат осум екипи распоредени во 2 групи. ...

Дури 12 гола виде публиката на натпреварот помеѓу Инекс Олгица Хотел и Спа и АД Галеб. Речиси уште толку паднаа на преостанатите средби одиграни синоќа на турнирот во мал фудбал Богородица куп во Волино. Резултати вторник, 19.08.2025 Блу фиш – Дооел Ноче 2:4 Мартиник мебел – Чардак Велгошти 2:3 Инекс Олгица Хотел и Спа – АД Галеб 7:5 Гостилница Кај Мече – Македонија 1:0 службено Турнирот продолжува вечерва со четири средби од групната ...

Советот на општина Охрид следната недела во вторник, 26 август, во општинската зграда ќе ја одржи шеесет и првата седница со почеток во 9 часот. Советниците ќе распрваат за програмите за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2025/2026 година, годишните извештаи, како и годишните програми за новата учебна година на училиштата и градинката, тримесечните извештаи од работата на јавните претпријатија, ...

Со европската премиера на театарската претстава „Приказната на Електра“ вечерва се затвора годинешното јубилејно 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата е работена според текст на Сашо Димовски, режија на Дејан Пројковски, во копродукциска изведба на Театарска асоцијација на Јужна Кореја, АРТЕМА – Театарска лабораторија и Националната установа „Охридско лето“. Митот за Електра, кој во својата основа ја има одмаздата на децата ...

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 28 степени. Утре ќе дува умерен до засилен, а во петок повремено силен јужен ветер. Во сабота ќе има услови за повремен локален дожд и појава ...

Ракометарите на Охрид забележаа убедлив триумф над екипата на Киндил од Фарските Острови 39:25 на отворањето на IV издание на турнирот што се игра во салата “Билјанини извори”. Најефикасен на натпреварот беше Дејан Кукуловски со 5 постигнати гола, а воедно беше и прогласен за МВП на натпреварот. Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Стрмљан 1, Ојлески, Иванковиќ 4, Кукуловски 5, Вејин 4, Шипинкоски 4, Трајчески 2, Ристески 1, Тасески 2, О. Реј ...

На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишно лице од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 52-годишно лице од Сојузна Република Германија. Од здобиените повреди, на местото на ...

Министерството за економија и труд преку Агенцијата за вработување го објави јавниот повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година. Со оваа мерка, се овозможува вклучување на 200 невработени лица – активни баратели на работа, кои ќе бидат вработени во микро, мали и средни ...

Владата донесе одлука за започнување на подготовки и подготвителни активности за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево на коридор 8, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во прва фаза, преку Европската Унија ќе се обезбеди грант од 5,3 милион евра за физибилити студија, а носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој која ќе ...

Балканот нема заборавено да игра ракомет и убеден сум дека многу скоро екипите и репрезентациите од регионот повторно ќе бидат силни и ќе почнат да ги победуваат ривалите од Скандинавија и Европа, но за тоа да се случи треба многу работа, современи и креативни методи, но и промена на правилата во ракометната игра кои се скроени по мерка на одредени земји како што ним им одговара. Доколку тоа не се случи, ракометот може да го изгуби статусот ...

На 28 август на старо пристаниште во Охрид ќе се одржи четвртото издание на СУП трките за деца, млади и возрасни. Веќе се пријавени над 70 учесници од 5 земји, а остануваат уште 2 дена за пријавување. Во рамките на програмата се предвидени 9 трки во машка и женска категорија, меѓу кои детски и младински спринтови, тимска штафета, како и градската трка на 2.500 метри за возрасни, за која е обезбеден награден фонд од 12.000 денари за првите ...

Согласно Одлуката за усвојување на Измените и дополнувањата на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 год. Општина Охрид во рамки на истата има предвидено изготвување на Студија за проценка на еколошкиот отисок на Општина Охрид. Еколошкиот отисок се наметнува како една од водечките мерки за пресметување на човековата побарувачка од природата. Тоа е метрички управуван податок кој покажува колку одржливо живееме. ...

Само 13,46% од државните институции поврзани на платформата за интероперабилност ги користат податоците од Централниот регистар на население (ЦРН), додека кај приватните компании овој процент е речиси трипати повисок и изнесува 36,36%. Дополнително, отсуството на системски контроли за размената на податоци меѓу институциите укажува на ризик од заобиколување на правилата за користење на единствениот регистар, што ја доведува во прашање ...

На 19.08.2025 во 00.25 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен лишиле од слобода 30-годишно лице од Охрид. Според пријавеното, по претходна расправија во семејниот дом во Охрид, тој со запаливо средство го опожарил мопедот на неговиот 57-годишен татко и заминал кон Ресен. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот ...

Музичката програмата на годинашното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со концертот на „Моушн трио“ и уметниците Јануш Војтарович, Павел Баранек и Марчин Галажин на хармоника. Полското трио хармоники со името „Моушн трио“ е познато по нивниот специфичен начин на комбинирање на страста која извира од традицијата на музиката од Источна Европа со прецизноста и строгоста на делата на големите класични композитори. ...

Осум екипи распоредени во 2 групи ќе учествуваат на IV издание на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид од 19 до 23 август. Ракометот на Балканот, а особено во Македонија е во подем за што говори силината на Супер лигата која сега има четири екипи кои рамноправно ќе се борат за титула. Многу сум задоволен од силината на овој турнир, кој очекувам да стане уште посилен. Охрид ...

Уште една вонредно ефикасна вечер е зад нас на турнирот во мал фудбал „Богородица уп“ во Волино. На четири натпревар публиката виде 22 гола, поливина на дуелот помеѓу Плажа Канео и Бел Мерцедес. Резултати понеделник, 18.08.2025 Брумел – Новапор Плажа Канео – Бел Мерцедес Сатеска – Екстра Скопско Гранит Х – Кибо пласт Турнирот продолжува вечерва со четири натпревари од групната фаза. Распоред на натпревари вторник, 19.08.2025 20:00 Блу Фиш ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 27 степени. До петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од ...

Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила денеска околу 13 часот на патот Битола–Ресен, кај местото викано Слечиште, информира Министерството за внатрешни работи. Според првичните информации се судриле патничко возило Мерцедес управуванo од 52-годишен битолчанец со место на живеење во Германија, кој починал на лице место и автомобил Опел со охридски регистарски ознаки во кое се превезувале две млади лица на 20-годишна возраст ...

Седумдесет поети од земјава и странство, критичари, преведувачи и литературни работници ќе бидат дел од 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата кое ќе се одржи од 21 до 25 август. Струга уште еднаш ќе биде центар на светската поетска сцена, а покрај лауреатот, словачкиот поет Иван Штрпка, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, полскиот поет Матеуш Шимчик, на 64-тите Струшки вечери на поезијата учество ќе земат еминентни поети ...

Попладнево нешто по 18ч. на патниот правец Охрид-Кичево, помеѓу селата Ботун и Ново Село се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило камион и два автомобили. Како што неофицијално дознаваме, во несреќата тешко се повредени две лица кои се пренесени на болничко лекување. Информациите за немилиот настан ги потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој истакна дека во тек е увид на местото на несреќата и ...

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста беа построени ешалони од сите првопотчинети команди и единици на Генералштабот на Армијата, ешалони составени од новопромовираните офицери и подофицери во Армијата, а беше изложено и вооружување и опрема од Армијата. На централната свеченост се обратија: ...

Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди и услови за дожд. Максималната температура ќе достигне 26 степени. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес времето ќе биде променливо ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1013
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
75%
1014
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
89%
1020
weather icon

Софија

10ᴼ / 4ᴼ
3.6
72%
1013
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.5
84%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
96%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
8.23
75%
1014
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
10.8
71%
1017
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
50%
1018
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
5.66
47%
1018
Currency

61.635

Currency

52.4243

Currency

70.4728

Currency

36.9948

Currency

38.3083

Currency

67.6264

Currency

7.58811

Currency

0.68261

Currency

0.33843

Currency

0.52539

Currency

1.19796

Currency

0.5752

Кобалт

64.04

Паладиум

53338.09

Бакар

11.58

Сребро

2490.40

Алуминиум

3.06

Цинк

3.25

Калај

46.19

Злато

160555.68

Родиум

350443.14

Иридиум

212342.22

Рутениум

45750.51

Платина

66166.24