
Скопје
2ᴼ /
2ᴼ



Претпладне променливо облачно. По одделни котлини постудено со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево и релативно топло со температура до 13 степени. До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ...
Бразилскиот ас Винисиус Жуниор е казнет со два натпревари суспензија, откако доби директен црвен картон на натпреварот против Валенсија минатата недела. Тој ќе ги пропушти натпреварите против Лас Палмас и Реал Ваљадолид во Ла лига. Од друга страна, Винисиус ќе може да игра во Суперкупот на Шпанија, кој започнува оваа среда во Саудиска Арабија. Во 80. минута од натпреварот при резултат 1:0 за Валенсија, крилниот напаѓач на Реал го удри ...
Интер претрпе болен пораз во финалето на Супер купот на Италија што се одигра синоќа во Ријад, Саудиска Арабија. Лаутаро и Тареми се запишаа во листата на стрелците за Нероаѕурите, но Росонерите се вратија од 0:2 и во драматична заврница триумфираа со 3:2. Тренерот на Интер Инзагипне го криеше разочарувањето од исходот на мечот, упатувајќи честитки до градскиот ривал за заслужената победа. Треба подобро да го контролираме натпреварот. Имавме ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс се поразени на гостувањето кај Минесота со 108:106. Во средината на втората четвртина, Клиперси имаа 19 поени предност (42:23), но домаќинот го сврте резултатот и поведе со +10 во третата четвртина (67:57). Следуваше нов пресврт, гостите дојдоа до предност од пет поени на четири минути до крајот (96:91). Но, Минесота од -5 отиде на +5 на 35 секунди пред крајот на натпреварот. На три секунди до крајот, при ...
По повод големиот христијански празник Божик, честитка до поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството, како и до сите православни верници од Охрид и Македонија упати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Божик е празник на семејството, празник на среќата. Да правиме добри дела, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни , да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Вербата во Бога и ...
Најмалку 95 лица загинаа во разорниот земјотрес што утринава го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина. Според кинеските државни медиуми, многу згради се урнати. Голем број луѓе останаа без струја и вода, додека спасителите бараат преживеани под урнатините. На социјалните мрежи се појави видео од моментот кога земјата почна да се тресе. BREAKING : More than 100 people died while large numbers of people are missing and injured ...
Во соработка со Црвен Крст Охрид, учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид поделија новогодишни пакетчиња на деца од ранливи категории и измамија насмевка на детските лица кои почувствуваа празнична радост. Средствата за пакетчињата учениците ги обезбедија од хуманитарниот предновогодишен музички настан под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!“, што се одржа на 24 декември година во дворот на РЦСОО „Ванчо Питошески“. Велат дека срцето го ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 10 степени. Во среда ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни ...
Андреј Ал-Асади е добитник на наградата “Григор Прличев” за најдобра поема, за поемата “Никогаш пред ил’ потем” под шифра “Хидаспес”. Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ Публикации) и „Секој секому огледало“ (2021, ПНВ ...
По повод големиот христијански празник Божиќ, 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца денеска добија хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена. Хуманитарните пакети стокмени по стандардите на ОН ги обезбеди организаторот на културната манифестација „Зимска бајка“ во соработка со лајонс клубот Лихнидос како партнер на акцијата, заедно со ЛК Охрид, ЛК Деница, ЛК Десарети и Топ маркет, а до корисниците ги ...
И на 82. награди Златен глобус, кои ја наградуваат телевизиската и филмската извонредност, „Бруталист“ беше прогласен за најдобра филмска драма во 2024 година, „Емилија Перез“ за најдобар филмски мјузикл, а меѓу најдобрите актери се Фернанда Торес, Деми Мур, Адриен Броди и други. Адриен Броди доби Златен глобус за улогата во „Бруталист“, а Деми Мур (62) ја освои наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија за нејзината главна улога ...
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер го совладаа шампионот Бостон Селтикс со 105:92 на гостински терен и со тоа ја забележаа 15-та победа во низа со која се зацврстија на првото место во западната конференција со скор од 30-5. Оклахома е непоразена во регуларниот дел од сезоната од 2 декември. Кливленд Кавалерс а забележаа десеттата последователна победа и имаат скор 31-4, Синоќа кавси ги победија Шарлот Хорнетс со 115:105 и ја зголемија ...
Полициски службеници од СВР Охрид вчера од слобода лишиле 61-годишен жител на Охрид. Тој, претходно, на локален пат во селото Велмеј, општина Дебрца, со своето патничко возило се обидел да удри во 55-годишен жител од истото село, по што му се заканувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишен ...
Водечкиот тим во Премиер лигата е подготвен да го продаде уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез (25) бидејќи не се вклопува во фудбалската филозофија на тренерот Арне Слот, објавија денеска британските медиуми. Иако ги чинеше 100 милиони евра во 2022 година (со бонуси) кога пристигна од Бенфика, управата на „црвените“ би била задоволна доколку некој им понуди 60 милиони евра за Нуњез, чиј договор е до летото 2028 година, истакнуваат британските ...
Стотици дечиња зедоа учество во големата Бадникова прошетка низ улиците на Охрид, што се одржа ден пред големиот христијански празник Божиќ. Со ѕвезди во рацете тие ќе ја пееја возобновената христијанска песна „Вечниот Бог” заедно со пејачот Ѓоко Танески и виолинистката Сања Здјелер, кои ја предводеа долгата и реасепана колона. Поворката утрово тргна од црквата ,,Св. великомаченик Георгиј” – Горна Влашка Мала и се движеше низ ул. „Јане ...
Рома го совлада Лацио во римското дерби со 2:0, во натпревар со големи тензии во кој беа поделени девет жолти и два црвени картони. Се кулминираше во финишот на мечот кога по турканицата помеѓу дефанзивецот на Рома Хумелс и напаѓачот на Лацио Кастелањос на теренот почна општа тепачка на двата тима која едвај беше запрена. Konec! 🐺 Roma vítězí 2:0, když odolala náporu Lazia. Posouvá se tak na 10. místo. Naopak Lazio zůstává 4. a na 3. Inter ...
Синоќа во 21.30 часот во СВР Охрид, 50-годишна охриѓанка пријавила дека пред нејзиниот дом во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „BMW X3“ со охридски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. ...
За божиќните празници не очекува сончево и стабилно време без екстремно ниски температури. Повремени врнежи од дожд се очекуваат утре попладне и во вечерните часови во западните делови од земјата. Наутро ќе биде студено со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 10 степени. ...
Повеќе автомобили паркирани на булеварот “Туристичка” во близина на “Рамстор”, синоќа останале без регистарски таблички. Непознати сторитали насилно откорнале повеќе задни регистарски таблички и ги оштетиле возилата. Меѓу оштетените се повеќе охридски, но и возила од други градови, со што е предизвикана дополнителна штета и на туризмот во градот. Дел од табличките видно оштетени биле расфрлани во близина на местото каде се случил ...
На бадниковата поворка што по традиција ќе се одржи на Бадник, 6 јануари, ден пред големиот христијански празник Божиќ, оваа година во Охрид ќе учествуваат околу 800 дечиња од Охрид. Со ѕвезди во рацете тие ќе ја пеат возобновената христијанска песна ,,Вечниот Бог”. Поворката тргнува утрото во 10:30 ч. од црквата ,,Св. великомаченик Георгиј” – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија. ...
Најмладите стружани веќе се подготвени за торжествено одбележување на големиот христијански празник Бадник со што ќе го најават Христовото раѓање. Годинава околку 600 деца ќе учествуваат во Бадниковата поворка што ќе се одржи низ струшките улици. Покрај во Струга, Бадникови поворки ќе се одржат и во селата Враништа, Драслајца и Радожда. Последната проба ќе биде одржана утре во црквата „Свети Ѓорѓи“ од каде е предвидено и тргнување на поворката ...
Божикните празнувања во Бигорскиот манастир, почнуваат од утре наутро со Божествена Литургија во спомен на Светиот отец Наум Охридски во 7:30 часот. Во 16 часот ќе биде отслужена и Вечерна богослужба, информираат од Бигорскиот манастир. Во понеделник, на 6 јануари, во 06:30 часот ќе биде ослужена Утрена богослужба, во 07:30 часот Царски Часови за Рождество Христово, Изобразителните, во 09:30 часот Голема Вечерна богослужба со Света Василиева ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Намалена видливост поради појава на магла до 30м. има на патниот правец с. Гајре – Попова Шапка, до 50м. на планинскиот превој Буково и до 70м. на планинскиот превој Ѓавато, информираат од Македонијапат. Од АМСМ посочуваат дека интензитетот на сообраќај на ...
На 02.01.2025 година во 21 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, лишено од слобода е 39 годишно лице од Битола, информираат од СВР Охрид. Лишувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основниот суд во Битола и распишана централна потерница по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Идризово-Скопје“ од каде претходно избегал. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава за две кражби, претходно извршени во куќи во ...
На 02.01.2025 година во 21 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, лишено од слобода е 39 годишно лице од Битола, информираат од СВР Охрид. Лишувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основниот суд во Битола и распишана централна потерница по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Идризово-Скопје“ од каде претходно избегал. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава за две кражби, претходно извршени во куќи во ...
Од овој месец секој електронски документ од Националниот портал за електронски услуги и другите државни институции може да се употребува и испечатен. Со измените на Законот за електронски документи се предвидува дека електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија нема да подлежат на процесот на верификација, туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат, информира министерот ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а на планиските премини со остатоци од кашест снег по интервенцијата на нашите дежурни екипи, информираат од ЈП Македонијапат. Слаб снег врне во западниот и југозападниот дел на Републиката. ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата, посочуваат. Воедно апелираат на внимателно управување со ...
Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со поввремени локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а ...
По повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј денес беше отслужена Света архиерејска заупокоена литургија во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник. На Литургијата молитвено присуствуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а чиноначалствуваше Епископот Стобиски г.Јаков. По Литургијата беше отслужен парастос на гробот. Митрополитот ...
Стеф Кари го предводеше Голден Стејт до убедлива победа над Филаделфија 139:105 синоќа во НБА лигата. Кари имаше шут за три поени 8/8 со што го потврди епитетот најдобар тројкаш на сите времиња. Историско достигнување оствари и Леброн Џејмс во натпреварот на Лејкерс со Портланд. Во победата на лејкерси 114:106 Џејмс имаше учинок од 38 поени, 8 асистенции и 7 тројки, со што се израмни со Џордан по бројот на натпревари со повеќе од 30 поени во ...