
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



1. Фајловите од Гвантанамо (2011) Викиликс објави доверливи проценки за злоупотреба на 800 затвореници во американскиот логор во Гвантанамо, откривајќи детали за нивното мачење и причините за нивното притворање. 2. Логови од ирачката војна (2010) Викиликс објави доверливи документи за американската војна во Ирак, откривајќи детали за 66.000 смртни случаи на цивили, прецизни досиеја за тортура, силување, злоупотреба и ужасни воени злосторства. ...
Туринговиот тест е дело на Алан Туринг, и според него ВИ треба да се смета за вистински интелигентна ако луѓе не можат да погодат дали зборуваат со човек или со машина. Според авторот на истражувањето успехот на Чатгпт „многу повеќе зборува за Туринговиот тест отколку за интелигенцијата кај модерната ВИ.“ Во спроведувањето на тестот, истражувачите побарале од 500 учесници да зборуваат со четворица различни агенти: три ВИ и еден човек. ВИ биле ...
Данокот ќе изнесува 16 евра по тон јаглерод диоксид произведен од стока, крави, свињи, овци итн. Договорот што го постигнуваат земјоделските здруженија, еколозите и данската влада треба да почне да важи од 2030. Науката тврди дека на испуштањето гасови од стока (прдежи + ждригање) отпаѓаат 11% од глобалните штетни гасови, а две-третини од нив доаѓаат од крави. Со договорот не се задоволни некои поголеми земјоделски здруженија, кои го критикуваат ...
Трудовите објавени во списанието Nature, сугерираат дека за време на спиењето, бавни електрични бранови ја туркаат течноста околу клетките од длабокото во мозокот кон неговата површина. Таму, софистициран интерфејс овозможува отпадните производи во таа течност да се апсорбираат во лимфниот систем и крвотокот, што ги носи до црниот дроб и бубрезите за да се отстранат од телото. Еден од отпадните производи што се дислоцираат е амилоидот, ...
Неодамна учествував во дебата на која еден од учесниците, уредникот на The Economist, Кенет Кукиер, го критикуваше мојот став за технологијата како непотребно песимистички. Тој самоуверено тврди дека треба да бидеме пооптимисти за технолошкиот напредок бидејќи таквиот напредок наводно ќе ни помогне да ја решиме кризата со климатските промени. Кукиер признава дека не е само оптимист, туку и непоправлив оптимист кога станува збор за технолошкиот ...
Моментално на постои никакво законско барање дека за федералните формулари за гласање потребен е доказ за американско државјанство, иако при гласање на федералните избори е нелегално да се тврди дека си државјанин ако не си. „Меѓутоа милиони мигранти со хуманитарен статус, бегалци или азиланти се квалификувани за бенефиции кои ги добиваат во канцелариите во кои се регистрираат гласачите. Националниот закон за регистрација на гласачи од 1993 им ...
Истражувачите во лабораторијата на биохемискиот инженер Анкур Гупта сконтале како ситните наелектризирани честички, наречени јони, се движат во сложена мрежа од ситни пори, откритие што би можело да го отвори патот за развој на поефикасни уреди за складирање енергија. „Со оглед на клучната улога на енергијата во иднината на планетата, бев инспириран да го применам моето знаење од хемискиот инженеринг за унапредување на уредите за складирање ...
Тој ги обвини најголемите движења на двете страни дека се залагаат за политики кои предизвикуваат тензии меѓу заедниците во земјата. Според него крајната десница проблемите со безбедноста во Франција ги сведува на религијата и потеклото на луѓето и затоа „ги турка луѓето кон граѓанска војна.“ Тие од другата страна пак „поттикнуваат облик на поделба за изборни цели,“ и исто така ги сведуваат луѓето на нивната религиозна и етничка група. Тука ...
Во исто време стапот/морковот за Москва ќе биде дека нивното одбивање да преговараат ќе резултира со зголемена американска помош за Украина. Според планот за време на преговорите, ќе има примирје базирано на постојните борбени линии. Ројтерс ја пренесува и изјавата на двајцата советници според кои Трамп позитивно реагирал на стратегијата „не велам дека тој се согласи со секој збор од неа, но задоволни сме од фидбекот што го добивме.“ Планот ...
Просечната температура во Париз на почетокот од август е 26 степени Целзиусови. Намерата на организаторот е собите на бидат на температура од 23 до 26 степени, а за разладување ќе има вентилатори и нешто налик подно ладење. Ваквиот план градоначалничката на Париз, Ан Хидалго, го објасни со „сакам игрите во Париз да бидат пример за еколошка гледна точка.“ Наспроти ова е првиот човек на американскиот олимписки комитет, Сара Хиршленд, која порачува ...
Џули Аиткен Шермер, професорка по психологија на Западниот универзитет во Онтарио, Канада, спровела студија за луѓето кои ги модифицираат своите автомобили за да ги направат погласни. Користела стандарден попис на психолошки особини а очекувала да најде нарцизам. Меѓутоа, наместо тоа, утврдила дека постојат „врски меѓу наклонетоста кон гласни ауспуси и психопатски и садистички тенденции“. „Профилот на личноста што го најдов кај нашите гласни ...
Иако енергетските пијалаци содржат состојки како витамини и минерали кои се критични за раст на косата, консумирање на истите во претерана количина има контраефект, главно затоа што истите тие пијалаци имаат и блесави количини на кофеин, шеќер и адитиви. „Иако овие енергетски пијалаци се во ред во умерени дози, при претерување тие претставуваат поголем ризик за губење коса или врз севкупното здравје,“ објаснува хирургот за трансплантација на ...
Основачот на Викиликс се согласил да прифати вина за шпионажа по само една точка за обвинението, односно заговор за стекнување и пуштање во оптек на доверливи документи од американската национална одбрана. По ослободувањето од затвор тој е директно префрлен на аеродром и заминува од земјата. Во среда Асанж треба да се појави на суд во Саипан, американска територија на Пацификот, каде ќе биде осуден на 62 месеци, кои веќе ги одлежа. Неговиот ...
Кон крајот на ланскиот август, климатски научник Патрик Браун, заедно со седум коавтори, објавија студија во списанието Nature за поврзаноста помеѓу шумските пожари во Калифорнија и глобалното затоплување. Нивниот труд ги задоволувал високите критериуми на престижното списание: нурнале длабоко во мерењата на животната средина; се користело машинско учење и се евалуирале сложени климатски споредби; се заклучило дека климатските промени ги прават ...
20-годишна девојка од Хамбург е испратена зад решетки откако упатила „говор на омраза“ кон мигрант кој бил вмешан во групно силување на девојче. Таа е само една од 140-те лица кои се под истрага за објавување „штетни и навредливи коментари“ кон силувачите. Ужасниот напад се случил во 2020 година и вклучувал повеќе групи мигранти кои ноќно време во Штадпарк во Хамбург последователно нападнале 14-годишно девојче. Паркот во тоа време бил популарно ...
Повеќе од 3-4 од загинатите немаат официјална дозвола да бидат во Мека и минуваат големи далечини на директно сонце без соодветно засолниште. Саудиски медиуми пренесуваат дека дел од починатите се и постари лица или хронично болни. Според АФП, од починатите 658 се Египќани, од кои 630 се без дозвола. По ова египетската влада најави дека ќе ги укине туристичките дозволи на агенциите кои го организирале нелегалното патување до Мека. Годинава околу ...
Во интервју за Билд, првиот човек на СЦУ Баварија и парламентарната група на СЦУ, Александер Добринт, инсистира дека е неопходно украинските беглаци во земјата да се интегрираат во работната сила на Германија, за да се олесни товарот што тие го претставуваат за системот на социјална заштита на земјата. По негови зборови социјалната помош што Украинците сега ја примаат, не ги стимулира да почнат да бараат или прифатат работа, и наместо тоа ...
Во еден месец откако беше поставено и поврзано со брегот на Газа, пристаништето беше во употреба само 10 дена. Остатокот од времето главно го поправаа, беше откачено за да се спречи дополнително оштетување или не се користеше заради безбедност. Пристаништето требаше да биде привремена мерка додека САД, кој целосно го финансира и вооружува Израел, не успее да го убеди Израел да ги отвори копнените гранични премини за хуманитарна помош кон Газа. ...
Ова нема да му донесе директни гласови на Трамп на ноемвриските избори бидејќи оние на кои се однесува понудата немаат право на глас, но ваквиот потег наиде на одобрување на оние работодавци кои кубурат со високообразован и амбициозен кадар. Можните негативни реакции од ксенофобниот дел од гласачката база на Трамп се пресретнаа со ветувања дека сите одлуки за давање зелена карта на овој сегмент ќе бидат подложени на темелно вето, за да се ...
Претходната словачка влада минатата година донираше десетина ловци МиГ-29 од руско производство како и систем за воздушна одбрана КУБ. „Донирањето на системот за противвоздушна одбрана го изложи словачкиот воздушен простор и ги загрози граѓаните“, смета Огор Мелихер, државен секретар во Министерството за одбрана и член на владејачката партија. „Убеден сум дека Над ја предаде Словачка“. Еден од аргументите на Мелихер е дека потегот бил повлечен ...
До ноември 2028 година Барселона ќе укине лиценци за точно 10.101 стан што моментално имаат дозвола за краткорочни изнајмувања. „Се соочуваме со она што веруваме дека е најголемиот проблем на Барселона“, рече градоначалникот Хауме Колбони најавувајќи дека доколку не искрснат непланирани пречки, од 2029 година туристички станови какви што има денес ќе исчезнат од градот Барселона. Бумот на краткорочните рентања станови и апартмани во Барселона, ...
Законот кој во Грција се води под бројот 5053/2023 требаше да стапи на сила на први март, но поради калкулациите што тој би значел за изборите за Европскиот парламент, владата на Киријакос Мицотакис го одложи неговото стапување во сила за почетокот на јули. Тоа е закон кој тешко може да им се допадне на вработените: „Законот 5053/2023 дефинитивно става крај на принципот на петдневната работна недела“, вели Арис Казакос, пензиониран професор по ...
Барањето наводно било направено на состанок зад затворени врати организиран од кинеското Министерство за трговија а бараните контра-мерки би биле насочени кон автомобили од ЕУ со големи бензински мотори. Минатата недела ЕУ им се закани на кинеските производители на електрични возила со царини до 38 отсто, што би можело да стапи на сила веќе на 4-ти јули. Поради молкот на Пекинг и на европските компании кои присуствувале на состанокот нема многу ...
Германските центристичко-десничарски партии го заоструваат својот став кон украинските бегалци, што потенцијално отвора дополнителен раскол во владата на канцеларот Олаф Шолц. Висок функционер на најмалата партија во левиот центар на коалицијата на канцеларот, неолибералната Слободна демократска партија (ФДП), инсистира украинските воени бегалци повеќе да не ги добиваат специјалните бенефиции за невработеност, туку да ја делат судбината на ...
Министерството за домашна безбедност ќе им овозможи на овие имигранти да аплицираат за работни дозволи и заштита од депортација доколку живеат во САД најмалку 10 години. „За оние сопруги или сопрузи и нивните деца кои живееле во Америка една деценија или повеќе, но се без документи, оваа акција ќе им овозможи да поднесат документи за правен статус во Соединетите држави, дозволувајќи им да работат додека остануваат со своите семејства во САД“, ...
На локалците дополнително им се крена коса на главата откако локалниот совет пушто видео во кое се објаснува како се користи првата градска раскрсница со семафори оптимизирани за велосипеди со заштитни сигнали (Cycling Optimised Protected Signals - Cyclops). Компанијата „Грејтер Кембриџ“, која управува со градските патишта, вели дека комплетот од 31 семафор околу крстосницата е дел од поширока намера да се заштитат велосипедистите од пешаци и ...
Најголемата беда во нашето детство беше кога ќe се правеше некоја подобра храна што ние не смеевме да ја јадеме. Сигурно сте го доживеале ова ако сте пораснале во едно од нашите просечни работнички, чиновнички или просветни семејства каде ништо никогаш немаше премногу. На вечера ќе доаѓаа роднини или колеги на нашите родители и целата кујна замирисуваше на зачини, од каранфилче во густ сос со говедско месо, до цимет во штрудла од јаболка. ...
Конкуренцијата е Фејсбук, Инстаграм, Икс и Тикток, и од овие четири испитаниците сметаат дека Тикток бил најмалку веројатно да влијае на вестите што тие ги гледаат, без разлика дали преку алгоритамот или модерирање на содржина. Од 10.000 испитаници, 61% изјавиле дека Тикток влијае на вестите што им се појавуваат на апликацијата, за Икс биле 66%‚, Инстаграм 72, а Фејсбук 74%. Испитаниците кои изјавиле дека ги следат вестите биле помалку загрижени ...
Документот е изработен од Одделот надлежен за Газа и во него се наведени намерите на Хамас, а веќе на 19 септември 2023 тој им бил дистрибуиран на израелските разузнавачки функционери. Во него детално се опишани серија на подготовки што ги вршат елитните единици на Хамас. Вежбите опфаќале упаѓање во бази на израелската армија и цивилни локации, киднапирање војници и цивили, и чување на заложниците по нивното пренесување во Газа. Ерусалим пост ...
Се работи за најголема сума одвоена за реклами во досегашниот дел од кампањата и е значителна промена од досегашната пракса во која Бајден се држеше на страна од коментирање за правните проблеми на Трамп. Кампањата е под наслов „Карактерот е важен“ и за нејзе има спот од 30 секунди во кој се порачува „овие избори се меѓу осуден криминалец кој се грижи само за самиот себе, и претседател кој се бори за твоето семејство.“ Моментално Трамп има мала ...