Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Кавадарчанец бил лишен од слобода, а неговото возило му било одземено, затоа што немал положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. – Синоќа во 19 часот, на улица „Методија Џунов Џикот“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода С.Ф., на возраст од 43 години. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, при што било ...
Министерот за здравство, Азир Алиу вели дека во овој момент не може да открие детали во врска со истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија, за кои се сомнева дека потекнуваат од Македонија. Како што посочи на денешната прес-конференција, работните групи на Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи интензивно работат на случајот и, како што рече, не би преудицирал кога би имало извештај за овој случај. -Ништо ...
Министерот за здравство, Азир Алиу побарал да се анализираат податоците, кои се поврзани со случајот со испраќање на дел од мозоците на македонски пациенти на американскиот Универзитет „Колумбија“ за научно истражување. Тој истакна дека како ресорно Министерство не се надлежни за истрагата, бидејќи станува збор за истражувачки проект, кој почнал во 1996 година. -За секој проект да биде почнат знаете дека има меморандум потпишан од двете ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска положи цвеќе во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде беше централното чествување по повод 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Порача уште еднаш да се потсетиме на неговиот лик и дело, да го чествуваме, да се сеќаваме и тоа, како што рече, нека ни биде пример како понатаму треба да ја градиме нашата заедничка татковина Македонија. – Денес го одбележуваме денот на ...
Од 11.30 часот започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП, на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети – соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека културата останува еден од врвните приоритети на Владата и нагласи дека за годинава буџетот е зголемен за половина милијарда денари. -Оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата – рече во одговор на новинарско прашање за тоа дали се планира поддршка за ...
Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднело вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното јавно обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа, во 196 случаи е утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари, соопшти денеска Царинската управа. Како што се наведува во соопштението, бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за повеќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува новиот државен јавен обвинител, кој треба да биде избран наскоро, да биде заштитник на правото и правдата, како и сите предмети кои биле држени во фиоки да ги истражи и ако нема докази да ги затвори, а доколку има да оформи предмети и да ги достави до судот. -Првото нешто што треба да го направи е сите документи и случаи што се држеа во фиока да ги извади и да ги истражи. Таму каде што нема дело и докази, ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска уште еднаш повтори дека Владата ќе го поддржи секој предлог што ќе биде заеднички прифатен и од синдикатите и од работодавачите во однос на минималната плата. Треба да има зголемување и на минималната и на другите плати, но тоа мора да биде постепено, со сигурност и во стабилна економска рамка. – В четврток имаме состанок со синдикатите од УПОЗ, идните денови ќе има и седница на ...
Формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, зашто директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година во земјава имало околу 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади биле неформално ангажирани. Тоа е сериозен предизвик кој бара ...
Јавното обвинителство на Македонија информира дека оформило предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија – Александар Видиновски. -Коментарите биле објавени под видео прилог на новинарот кој се однесува на непрописно паркирани возила пред објектот на Амбасадата на ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ) изразува сериозна загриженост за нападите, омаловажувањата и смртните закани упатени кон новинарот на телевизијата „Канал 5“, Александар Видиновски, по неговата објава на социјалните мрежи во врска со непрописно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Од АВМУ посочуваат дека ваквите постапки претставуваат директен напад врз безбедноста на ...
Во галеријата „Империјал 1“ при Културно-информативниот центар во Скопје, на 5 февруари, со почеток во 18часот и 30 минути, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Јадрански минијатури“ на Тончи Станичиќ. Станичиќ (Сплит, 1954) е хрватски фотограф и поранешен дипломат. Дипломирал на Правниот факултет во Сплит во 1977 година, каде што работел како асистент и предавач по кривично право од 1978 до 1992 година. Магистрирал на Правниот факултет ...
ИНСТИТУТОТ „ФЕЈМС“ СО ДВЕ КОНЦЕРТНИ ВЕЧЕРИ ВО СКОПЈЕ Во февруари институтот „Фејмс“ ја претставува својата февруарска концертна серија во Камерната сала на Македонската филхармонија, со две концертни вечери што ги отсликуваат разновидноста и професионалниот фокус на неговите оркестарски едукативни програми. На сцената ќе настапат 30 внимателно селектирани млади европски музичари, како кулминација на интензивна повеќедневна работа со ...
Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (4) Додека официјалните документи и историските книги и учебници ни кажуваат кога се случила некоја битка или кој султан владеел, старите патописи ни ги доловуваат мирисот на чаршијата, вкусот на лебот, стравот од ноќта и сјајот во очите на обичниот човек. За современиот читател, овие стари записи се како прозорец кон еден исчезнат свет, каде што Македонија не била само ...
Организацијата Хјуман Рајтс Воч (Human Rights Watch) ја наслика една од своите најмрачни слики во последните години за состојбата со човековите права во светот во својот Светски извештај 2026, објавен денеска, јави ДПА. – Глобалниот систем за човекови права е во опасност. Под постојан притисок од американскиот претседател Доналд Трамп и упорно поткопуван од Кина и Русија, меѓународниот поредок заснован на правила се урива, заканувајќи се дека ...
Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Силјановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи. Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ таа посочи дека наместо да се потпираме на институционален ...
Соединетите Американски Држави соопштија дека ѝ ги вратиле на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта, што беше дел од договорот постигнат меѓу Вашингтон и Каракас минатиот месец, изјави вчера американски функционер под услов да остане анонимен. Последните 200 милиони долари се префрлени на Венецуела, со што е завршен трансферот на средства. Функционерот рече дека Венецуела официјално го примила целиот ...
Јавното обвинителство на Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД. – Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, ...
Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а меѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест, предупредуваат граѓанските организации ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и Иницијатива за правата на жените од Шуто ...
Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Во националната меморија на македонскиот народ кукушанецот Гоце Делчев останува запаметен како еден од најголемите македонски национални херои, кој го трасираше патот кон македонската државност и самобитност. Уште додека бил жив, народот го овековечил ...
По повод 4 Февруари – Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство (МЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) потсетуваат дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на бели дробови. Токму според податоците на ИЈЗ водечка причина за смрт во државава во 2023 и 2024 година се малигните неоплазми на бронхиите и белите дробови. - Употребата на тутун е водечка причина за рак кој може да се ...
Знаменитостите на Македонија Во 19 век, Скопје не било само град на пазари и административни канцеларии туку и живо средиште каде што се водела една тивка, но пресудна културна битка. Црквата, со своето покровителство, станала повеќе од духовен храм – таа се претворила во практичен организатор на училишната мрежа, обезбедувајќи средства, легитимитет и авторитет за наставата. Учителите, од првите имиња како Кратовалијата и Крушовалијата, па сè ...
Стартува Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот Со директни приходи од над 45 милиони денари во државниот буџет и конкретни примери на општествена употреба на конфискуван имот, 2025 година веќе дава мерливи резултати во борбата против финансискиот криминал. Ова го покажува првиот годишен извештај за 2025 година во областа на управувањето со запленет и конфискуван имот, кој беше презентиран на првата конститутивна ...
Стручен настан за доктори на медицина со наслов „Аутизам од дијагноза до достоинство“ се одржа во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид. Овој акредитиран медицински настан беше посветен на аутизмот и наменет исклучиво за доктори на медицина. Настанот ги продлабочи знаењата за патот на лицата со аутизам, од дијагноза до достоинствен живот, со системска поддршка. Говорници и панелисти беа: Филип Дума – детски невролог, Амела Мемиш Апостоловска ...
Европа разгледува можности за оттргнување од зависноста од САД Европските влади и корпорации итаат да ја намалат својата изложеност на американска технологија, воена опрема и енергетски ресурси, додека трансатлантските односи се влошуваат, пишува реномираниот медиум „Политико“. Со децении, Европската Унија се потпираше на гаранциите на НАТО за безбедноста во европскиот блок и на американската технологија за да го напојува својот бизнис, но ...
Од наш агол По подготвителниот период што заврши на први февруари, деновиве официјално започна да функционира новиот систем за безбедност на патиштата во Скопје и во другите градови низ Македонија популарно наречен „Сејф сити“. Очекувано, јавноста најмногу зборува за камерите, санкциите и за можните казни. Но она што тивко, речиси незабележливо, заслужува многу поголемо внимание и пофалба е еден фер и човечки потег на Министерството за ...
Договорот СТАРТ беше потпишан во 2011 година и стапи во сила со цел да ги ограничи стратешките нуклеарни арсенали на двете најголеми нуклеарни сили во светот. Тој предвидува максимален број од 1.550 распоредени нуклеарни боеви глави за секоја страна, како и строги ограничувања за интерконтиненталните балистички ракети, подморничките лансери и тешките бомбардери. Покрај квантитативните лимити, договорот воспостави и систем на инспекции и ...
ИРАН: Ново тестирање на „црвените линии“ во Ормускиот Теснец Со дводневната поморска вежба со боева муниција во Ормускиот Теснец, започната на крајот на јануари, Иран повторно активира еден од своите најмоќни инструменти за стратешки притисок. Најавата на Исламската револуционерна гарда, проследена со официјални навигациски предупредувања до трговските бродови, дојде во момент кога регионот веќе е оптоварен со зголемено воено присуство и ...
Галерија КО-РА Во галеријата КО-РА – салон Зелен покрив на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ е отворена групната изложба на творби на учениците на познатата уметница и педагог Афердита Кики, кои изучуваат ликовна уметност во ателјето за ликовна уметност „Кикис арт клас“. Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручна соработничка за визуелни уметности, дизајн и архитектура во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје, која ...