
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Москва – Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека ќе го зајакне военото присуство на Русија на Арктикот, предупредувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е „сериозен“ во намерата да го преземе Гренланд. Путин рече дека притисокот на Трамп за контрола над Гренланд не е изненадувачки со оглед на долгогодишниот интерес на САД за територијата богата со минерали. Говорејќи на политичкиот форум во пристаништето Мурманск Артик, ...
Сојузот на синдикати на Македонија денеска треба да се изјасни за следните чекори што ќе ги преземе во однос на минималната плата откако во вторникот Владата ја усвои информацијата дека минималната плата ќе се зголеми за 1.800 денари во нето износ согласно законски утврдените критериуми. Се очекува седница да одржи Претседателството на синдикатот на која ќе се разговара за натамошните чекори. Според ССМ, одлуката на Владата не е законска затоа ...
Комерцијална банка ја изразува својата солидарност и сочувствува со семејствата на починатите и со повредените – тие дадоа конкретен придонес за подобрување во јавното здравство со набавка и донација на ново возило за Брза помош за Општата болница во Кочани. „Потресени од трагедијата во Кочани искрено сочувствуваме со семејствата на починатите и посакуваме брзо опоравување на повредените. Оваа донација е само еден од начините со кои сакаме да ...
Министерството за внатрешни работи информира дека утрово од 5:00 до 7:00 часот на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, на околу четири километри од вториот кружен тек, во насока кон Скопје, ќе се извлекува претходно излетано од патот товарно возило. МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што во наведениот период сообраќајот ќе се одвива наизменично само за патнички моторни возила. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, ...
Новиот канадски премиер Марк Карни денеска изјави дека деновите на блиска соработка со САД се „завршени“, бидејќи земјата повеќе не е „доверлив партнер“. „Старите односи што ги имавме со САД, засновани на длабока интеграција на нашите економии и блиска соработка во областите на безбедноста и одбраната, завршија“, рече Карни на прес-конференција. Канадскиот премиер додаде дека за „ден или два“ ќе има разговор со американскиот претседател Доналд ...
Европските лидери ја потврдија својата поддршка за Украина на самитот во Париз и се согласија дека сега „не е моментот“ за укинување на санкциите против Русија, но со поделеноста на француско-британските планови за „сила за уверување“ што ќе помогне да се гарантира евентуален прекин на огнот. Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот рече дека на состанокот на повеќе од дваесет шефови на држави и влади едногласно било договорено дека ...
Економијата на САД во четвртото тримесечје на 2024 година пораснала со побрзо темпо од прогнозите, додека клучниот показател за инфлацијата е ревидиран, според податоците на Бирото за економска анализа при Министерстото за трговија објавени денеска. Според извештајот, бруто домашниот производ (БДП) на САД се зголемил за 2,4 отсто на годишнo ниво, во периодот октомври-декември. Претпочитаниот инфлаторен показател на Федералните резерви – индексот ...
Да престанеме со импровизации, да градиме стандарди, да не бидеме специфични, да не бидеме оригинални, во демократија оригиналност не е потребна, предвреме да се подготвиме, не секогаш постфестум да реагираме, да учиме уште од градинка како да се однесуваме кон заканите, кон катастрофите. Така ќе бидеме подготвени, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова во изјава на Канал 5 за време на донаторската вечер за семејствата на настраданите ...
Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни приоритети и тоа ќе го направиме. Посакувам да се обединуваме за убави работи, а оваа трагедија нека биде за сите нас поука дека она што денеска го правиме ќе има свое значење во иднина. Би сакал тоа што ние денеска го правиме како Влада има позитивно и убаво значење за иднината на нашите граѓани и нашата Македонија, порача попладнево ...
Очигледно е дека во коалицијата „Вреди“ не се како што треба и дека раслојувањето го има, но не се претставува јавно. На свој начин тоа го потврди денеска и министерот за здравство, Арбен Таравари, кој рече дека тие како едно крило на Алијансата за Албанците инсистираат да имаат посебни листи за советници. Но дека е оптимист дека ќе најдат заеднички јазик со другите партнери во коалицијата. „Ние сме во постојана комуникација, комуницираме и се ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД укинале 300 визи за околу 300 луѓе, кои ги опиша како „чудни“, како дел од акцијата против анти-израелските активисти во американските универзитетски кампуси. Рубио, кој е во посета на Гвајана, рече дека досега се откажани 300 визи, додавајќи дека секојдневно работат на тоа и дека е пронајден „уште еден чудак“. „Се надевам дека во одреден момент ќе стигнеме до крајот бидејќи ќе ...
Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни приоритети и тоа ќе го направиме. Посакувам да се обединуваме за убави работи, а оваа трагедија нека биде за сите нас поука дека она што денеска го правиме ќе има свое значење во иднина. Би сакал тоа што ние денеска го правиме како Влада има позитивно и убаво значење за иднината на нашите граѓани и нашата Македонија, порача попладнево ...
Тоа е страшна трагедија која целата нација ја стави во состојба на шок и ние треба од тоа да извлечеме поука што треба и како треба да делуваме понатаму за да спречиме такви трагедии, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче во гостување на Донаторската вечер со телефонски јавувања за помош на настраданите во несреќата во Кочани што ја организираше ТВ Канал 5. Порача дека е исклучително важно да се биде до луѓето кои претрпеле големи загуби и да им ...
Претседателот Доналд Трамп во четвртокот објави дека ја повлекува номинацијата на пратеничката Елиза Стефаник за амбасадор на САД во Обединетите нации, што е неверојатен пресврт за неговиот избор на кабинетот, откако нејзината потврда беше блокирана поради загриженоста за тесните маргини на републиканците во Домот. Трамп потврди дека ја повлекува номинацијата на њујоршката републиканка во објавата на Truth social, велејќи дека „од суштинско ...
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека договорот за меѓусебни безбедносни гаранции меѓу Полска и Франција е во завршна фаза. Туск присуствуваше на Самитот на таканаречената „коалиција на подготвените“, група од 27 претежно европски држави кои се согласија да ја продолжат поддршката за Украина во нејзината одбрана од Русија. По Самитот во Париз, Туск изјави дека се сретнал со францускиот претседател Емануел Макрон за да разговараат за ...
Училишните одговорности и брзината на секојдневниот живот често создаваат напнатост кај децата, а нивните умови можат природно да се смират со престој покрај водата. Езерото, реките, морето и фонтаните делуваат како природен антистрес, бидејќи останувањето во „сини зони“, односно области со вода го намалуваат нивото на кортизол, хормоните на стрес додека ја подобруваат концентрацијата и емоционалната стабилност. Децата кои поминуваат време ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известува дека вечерва и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер. Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава. Во западните делови на земјата се очекува значително ...
Одлуката на американската Агенција за глобални медиуми (УСАГМ) за суспензија на финансирањето на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РС) а по указ на претседателот Доналд Трамп за затворање на агенцијата е поништена, се наведува во писмо од Кери Лејк, виша советничка на директорот на УСАГМ. Одлуката на агенцијата од 15 март е повлечена и грант-договорот со РСЕ е обновен. Лејк прецизираше дека агенцијата го задржува правото и во иднина да го ...
Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните мрежи. Сите вести ќе се оценуваат дали се позитивни, негативни или неутрални, а ќе се прибираат и податоци за авторите. Во техничката спецификација на тендерот, објавена на страната на Бирото за јавни набавки без предвидениот буџет, стои дека ...
Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ соопшти дека од 30 март до 3 април во киното Киноверзум, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе се одржат проекции на филмови по повод десеттото јубилејно издание, а самата програма ќе биде од хуманитарен карактер. Целокупниот приход од влезниците на овој настан ќе биде наменет за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. – По најголемата трагедија во поновата македонска ...
За време на разговорите во Ријад, Русија одбила да разговара за запирање на нападите врз цивилни цели. Ова го објави Ихор Жовква, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот, во интервју за Укринформ на 27 март. Жовква потврди дека Украина инсистирала на запирање на нападите врз цивилната инфраструктура, особено училиштата, болниците, станбените згради и градинките. За време на средбата меѓу руската и американската делегација во Ријад, руските ...
Светската програма за храна на Обединети нации денеска предупреди дека во Појасот Газа има храна за само уште две недели, а каде што стотици илјади луѓе се изложени на ризик од тежок глад и неисхранетост. Агенцијата со седиште во Рим соопшти дека има околу 5.700 тони резерви храна во Појасот Газа, што е доволно за две недели Израел повторно ја блокираше хуманитарната помош и ги продолжи воените операции врз палестинската енклава пред повеќе од ...
Најмалку пет лица се повредени во напад со нож што се случи во близина на плоштадот Дам во Амстердам, соопшти полицијата. Според првичните информации, една личност е уапсена, но мотивите за нападот сè уште не се познати. Локалните медиуми јавуваат дека полицијата го блокирала подрачјето околу улицата Синт Николаштрат и самиот плоштад Дам. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како хеликоптер слетува на плоштадот, додека повредените ...
Докторите по пластична хирургија апелираат да се внимава со мелемите за изгореници што се нудат по социјалните мрежи. – Вчера некој ми потспомна дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Не знаеме од какво потекло се и дали се стерилни или не. Да апелирам, затоа и со Министерството за здравство се овие доктори кои ќе одат во Кочани за да бидат правени преврски во стерилни услови и со стерилни инструменти, изјави денеска ...
АТС Груп – македонска компанија од одбранбената индустрија попладнево потпиша меморандум за соработка со МКЕ – најголема државна компанија од индустријата на Турција. Меморандумот го потпишаа Илхами Келеш, генерален директор на МКЕ, и Шефшет Демировски – сопственик и извршен директор на АТС Груп. Како што истакнаа потписниците на меморандумот, со оваа соработка ќе се поттикнат активностите на двете компании и ќе се зголеми нивното присуство на ...
Односите меѓу претседателот Владимир Путин и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се заострија во последните неколку месеци откако Кремљ дозна за наводните тајни состаноци меѓу Кадиров и официјални претставници на Блискиот Исток, објави во четвртокот истражниот медиум IStories, цитирајќи ги поранешните и сегашните безбедносни службеници. Според извештајот, Кадиров побарал гаранции од функционери од Блискиот Исток за да ги заштити неговото семејство и ...
По инцидентот што се случи на 14 март, инспектор за животна средина на рудникот „Тораница“ направил увид на денот на хаваријата и констатирал дека има само заматување, односно механичко онечистување. Но, поради бурните реакции и загриженоста на населението, од страна на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, била ангажирана приватна и независна лабораторија за земање мостри од Крива Река која констатирала излевање на опасна течност во ...
Градежните работи за санација на мостот на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите на Велес го изведува Друштвото за градежништво и проектирање „СИНТЕК ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ село Бразда Чучер Сандево кое е воведено во работите на 21 март, а рокот на изведба е три месеци, информираат денеска за МИА од ЈПДП. Вредноста на проектот е 24,614,554.00 денари без ДДВ. Тие појаснуваат дека при градежните работи се третира долниот дел од мостот. Се ...
Двајца од четворицата повредни при пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои минатата недела беа префрлени во болници во Белгија, по успешното лекување и опоравување денеска отпатуваа за Скопје, јави дописникот на МИА од Брисел. Минатата среда четири лица повредени во трагичниот пожар во Кочани, со специјален авион на Вооружените сили на Романија, во координација со ЕУ, беа префрлени на лекување во Белгија и сместени во болници во Брисел, Антверпен ...