Само пред една недела, Јесика Росвал, централно-десничарска европска комесарка, наслика идилична слика за Шенген зоната, фалејќи ги „беспрекорните патувања“ овозможени од „децениите европска соработка“. Таа фантазија за Брисел сега е разбиена. Италијанската влада на Џорџа Мелони се закани дека ќе ја суспендира Шенген соработката со Шпанија, искористувајќи ја миграциската криза на Мадрид во енклавата Сеута за да го нападне Педро Санчез. ...
Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани изјави дека се залага Шпанија да биде суспендирана од Шенген-зоната, откако стотици мигранти илегално пристигнале од Мароко во шпанската северноафриканска енклава Сеута. „Го поддржувам затворањето на Шенген-зоната за Шпанија“, напиша Тајани на социјалната мрежа „Икс“, осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана имиграција“. Се огласи и италијанската премиерка ...

