Директорот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, изјави дека е постигнат договор со Џенаро Гатузо да стане селектор на „Азурите“. – Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука, му изјави Буфон на новинарот Матео Морето. Последната работа на 47-годишниот фудбалски стручњак беше во Хајдук, кој го напушти на почетокот на јуни. Пред тоа, Гатузо ги тренираше Марсеј, Валенсија, Наполи, ...

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над 100 се повредени. Нападите следеа откако израелската војска потврди дека извршила удари врз иранската нуклеарна инфраструктура, додека иранското Министерство за нафта соопшти дека е погодено складиште за нафта Шахран во Техеран. Израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом (МДА) потврди дека во нападите загинале ...

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и топло. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за изолирана ...

На вториот ден од војната меѓу Израел и Исламската Република Иран, режимот на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран беше сериозно потресен. Во израелските напади беа убиени околу дваесет клучни личности во иранската војска. Таканаречената „Куќа на водачот“, резиденцијата на ајатолахот во центарот на Техеран, опремена со високо софистицирано нуклеарно засолниште, во неколку наврати беше цел на израелски напади, но Хамнеи моментално не е таму. Се ...

Во 18,05 почна денешниот марш во Кочани на родителите на загинатите момчиња и девојки во дискотеката „Пулс“. Откако Обвинителството вчера соопшти за колку лица има поднесено обвинение тие јавен апел до јавниот обвинител да ги викне и да им објасни кои лица се обвинети, а за кои е запрена постапката. Сметаат дека за тоа треба да дознаат директно од обвинителите, а не од медиумите. „Ние не сме правници, соопштението ни е дадено по членови и ...

Истакната демократска државна конгресменка во Минесота и нејзиниот сопруг се убиени во политички мотивирано пукање, а друг демократски државен сенатор и неговата сопруга беа застрелани во раните утрински часови во саботата. Државната претставничка на демократите Мелиса Хортман почина, како и нејзиниот сопруг, Марк, потврди гувернерот на државата, Тим Волц, на прес-конференција во саботата. Тој рече дека пукањето „се чини дека е политички ...

Украина активно се подготвува за сериско производство на сопствени оперативно-тактички балистички ракети „Сапсан“, изјави претседателот Володимир Зеленски. Според него, успешно тестирање на системот е спроведено порано. „Ракетите ‘Сапсан’ не се од денес, позитивните тестови беа многу порано. Денес се развива можноста за масовно производство на балистичка ракета. Кога, како, во какви количини – не можам да кажам“, објасни тој за време на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им ја префрли на граѓаните одлуката за тоа дали има политичка одговорност тој и неговата влада за трагедијата во Кочани. Тоа ќе зависело од исходот на локалните избори. „Доколку граѓаните сметаат дека јас треба да заминам и да сносам политичка одговорност, уште истиот ден тоа ќе го направам“, рече Мицкоски. Тој тоа го изјави на новинарско прашање на манифестацијата за земјоделски производи во Општина ...

Денеска, во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и тим од општинската администрација се сретнаа со жители на плочникот кај Зелен пазар. На маалската средба се дискутираше за сите досега реализирани проекти со кои Општина Центар значително го подобри секојдневието на центарци. Покрај тоа, беа споделени и нови идеи и приоритети за развојот на Центар во наредната година. Граѓаните му ...

На 14 јуни 1940 година, парижаните се разбудија од звукот на глас со германски акцент кој преку звучници објавува дека е воведен полициски час од 20 часот таа вечер додека германските трупи влегуваа и го окупираа Париз. Британскиот премиер Винстон Черчил со денови се обидуваше да ја убеди француската влада да продолжи, да не агитира за мир, дека Америка ќе влезе во војната и ќе ѝ помогне. Францускиот премиер Пол Рејно му испрати телеграма на ...

Околу 250 излагачи од над 30 општини, земјоделски задруги и здруженија, промовираат домашни производи со цел зајакнување на врската меѓу руралните и урбаните заедници како дел од манифестацијата „Храна од општините“ под мотото „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, што се одржува денеска во Скопје во организација на здружението „Наша традиција, наша иднина“, а со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го предупреди врховниот лидер на Иран Али Хамнеи дека ако продолжат ракетните напади врз Израел, „Техеран ќе гори“. „Иранскиот диктатор ги држи граѓаните на Иран како заложници и создава реалност во која тие – особено жителите на Техеран – ќе платат висока цена за криминалниот напад врз израелските цивили“, рече Кац за време на состанокот со началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал ...

Најавата дека Владата планира да го отстапи одморалиштето на Пониква како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во трагичниот пожар во Кочани отвора сериозни прашања околу професионалноста, одговорноста и капацитетите на институциите. Наместо да биде акт на грижа, оваа одлука изгледа како импровизација на сметка на здравјето на веќе трауматизирани и повредени граѓани, реагира денеска СДСМ. Од партијата велат дека ...

Марта Соторива, наставничка во Венеција, неуморно водеше кампања за разни каузи во нејзиниот ценет град во лагуната, од кампања против гигантските крстосувачки бродови до борба против високите кирии. Сега таа е зафатена со подготовка на транспаренти, делење флаери и викање преку мегафони на плоштадите додека им се придружува на десетици активисти во поттикнувањето на отпорот кон „неброениот гигантски настан“, кој, според неа, ризикува да го ...

Судската пресуда во која претседателот на сега веќе бившиот културен клуб „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски е осуден на една година условен затвор, за ВМРО-Народна партија претставува враќање на вербалниот деликт со кој масовно се казнуваа граѓаните во комунистичка Југославија. Според партијата, тоа претставува недемократски чин со кој се застрашуваат граѓаните на Македонија да размислуваат и зборуваат по нивното слободно уверување и ...

Повеќе од 30.000 громови ја погодиле изминатата ноќ Велика Британија, која е зафатена од силно невреме и дожд, пренесува ДПА. Метеоролошката служба соопшти дека поголемиот дел од громовите се случиле на море, но обилните дождови и невремето го погодиле и копното, предизвикувајќи поплави и штети во Кент. На социјалните медиуми има бројни пријави за прекини во снабдувањето со електрична енергија поради невремето. Полицијата во Кент го затвори ...

Бројот на жртви во падот на авионот на „Ер Индија“ во индискиот град Ахмедабад во четврток се искачи на 270, а семејствата се сè позагрижени поради доцнењето во враќањето на телата на нивните најблиски. Боингот 787-8 Дримлајнер со 242 патници, кој полета од Ахмедабад во четврток кон аеродромот Гетвик во Лондон, почна да губи висина неколку секунди по полетувањето и се распадна кога удри во студентски дом на медицински колеџ во близина на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи. Го следеле и кога наближил кон неговата семејна куќа го удриле со тупаница по ...

Двајца високо рангирани генерали на иранските вооружени сили, заменици-началници на Генералштабот, се убиени во израелските напади врз Техеран, објави иранската државна телевизија. Не се сопштени детали за убиството на генералите, но новинската агенција Тасним објави видео на кое се гледа пожар на меѓународниот аеродром Мехрабад во Техеран, каде што има хангари за воени авиони, а кои биле цели на израелските напади. Иранските медиуми објавија и ...

Дoдека конфликтот меѓу Иран и Израел ескалира, иранските власти вчера го објавија претстојното лансирање на ракетите Хаибар, со драматично предупредување: „Светот ќе биде шокиран од она што го гледа“. Пораката доаѓа по најтешките директни напади меѓу двете земји досега, а и иранските власти и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најавија продолжување на воените операции. Што е ракетата Хаибар? Ракетата Хаибар, именувана по историската Битка ...

Виетнам официјално е примен како „земја партнер“ во БРИКС, како дел од напорите за проширување на растечката група економии во развој, соопшти владата на Бразил. – Како привремен претседавач со БРИКС, бразилската Влада го објавува формалниот прием на Виетнам како партнерска земја. Бразил ја поздравува одлуката на виетнамската Влада, се наведува во соопштението. Бразил оваа година го предводи БРИКС и ќе претседава со самитот што треба да се одржи ...

Акционерското друштво за извршување енергетска дејност, пренос на природен гас, НОМАГАС АД Скопје, во сопственост на државата, денес објави дека успешно ја зголемило својата капитална вредност преку преобразба на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на исплатени долгови кон странски доверители во постојан влог. Според НОМАГАС, ова е важен чекор реализиран по нивна иницијатива и со поддршка и предлог од Министерството за ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска остро ја обвини Јулијана Спировска, претседателка на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“, дека ја саботира работата на претпријатието и со години опструира одлуки од витално значење за функционирањето на службите за одржување на јавната чистота. Во објава на Фејсбук, Арсовска вели дека Спировска е осудено лице за кривично дело убиство и дека, како што тврди, три години не поддржала ниту ...

Имало четири бранови напади во текот на ноќта, секој состоел од десетици ракети, според ИДФ, кои одбија да дадат конкретен број. Неколку ракети го погодија централен Израел, а силни експлозии се слушнаа во областа на Тел Авив и чад се креваше над неколку места на ударот. Голем фрагмент од пресретната ракета погоди град во северен Израел, предизвикувајќи штета, соопшти полицијата. Портпаролот на ИДФ, бригаден генерал Ефи Дефрин, рече дека ...

Шенген зоната е бисер во круната на европската интеграција, но на нејзината 40-годишнина, неколку земји-членки ја доведуваат во прашање, што предизвикува загриженост, пишува Европската новинска агенција (ENR). На почетокот на летото пред 40 години, претставници на владите на Белгија, Германија, Франција, Луксембург и Холандија се собраа на брод во едно мало село во Луксембург. На таа симболична локација – на реката Мозел, на тројната граница на ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика Израел и Иран итно да ги деескалираат тензиите, пренесе ДПА. – Израелско бомбардирање на ирански нуклеарни објекти. Ирански ракетни напади врз Тел Авив. Доста со оваа ескалација. Време е ова да престане. Мирот и дипломатијата мора да преовладаат, напиша Гутереш на социјалната мрежа „Икс“. Сепак, и покрај меѓународните апели за запирање на непријателставата, Израел и Иран засега продолжуваат ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 ...

Семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ продолжуваат со организирањето на „Маршот за ангелите“ и в сабота, 14 јуни, ќе се одржи деветтиот по ред. За разлика од досегашните, овој протестен марш ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите. Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата, поради што ги повикуваат и нивните блиски, роднини и ...

Со доделување на наградите на најдобрите театарски остварувања на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, синоќа во Прилеп заврши 59 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најдобра театарска претстава во целина, според фестивалското жири, е претставата „12“ на МНТ од Скопје. Оваа претстава ја понесе и специјалната награда за колективна актерска игра. -Театарот е местото каде невидливото станува видливо, според Питер Брук. ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
33%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
5.66
37%
1012
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
2.06
36%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
37%
1013
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.24
50%
1009
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
2.06
44%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
8.23
25%
1005
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
6.69
48%
1009
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
29%
1010
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.57
32%
1008
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
5.66
41%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
11.32
35%
1007
Currency

61.525

Currency

52.6863

Currency

71.0121

Currency

34.4961

Currency

38.4544

Currency

66.0277

Currency

7.35059

Currency

0.67458

Currency

0.35658

Currency

0.52498

Currency

1.31142

Currency

0.61276

Алуминиум

2.59

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14883.50

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1231.20

Злато

108166.09

Бакар

11.10

Паладиум

38355.84

Платина

45412.20

Родиум

183259.26

Цинк

2.71