Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави доцна во средата дека прашањето дали Гренланд ќе остане под суверенитет на Данска не било дискутирано на неговата средба со Доналд Трамп, откако американскиот претседател ги повлече заканите за царини против европските земји и ја исклучи употребата на воена сила за преземање на контролата врз Гренланд. Руте ги даде овие коментари во интервју за емисијата „Special Report with Bret Baier“ на ...
Има уште многу работа меѓу страните што се вклучени во спорот околу контролата на Гренланд, вели генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Руте во изјава за Фокс њуз вели дека тој и претседателот на САД, Доналд Трамп, во разговорите на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос се согласиле дека арктичкиот регион мора да се заштити заеднички. Шефот на НАТО додаде дека САД ќе ги продолжат своите разговори со Гренланд и со ...

