Министерството за одбрана се огласи со став по денешната прес-конференција на Независниот синдикат на одбраната кои соопштија три барања, зголемување на бодот за пресметка на основната плата за 20 отсто, ревизија на бодовниот систем на квартално ниво и решавање на статусот на професионалните војници до остварување право на пензија. Од Министерството за одбрана се децидни дека заедно со Генералштабот во континуитет работат на подобрување на ...

Соединетите држави повторно го продолжија рокот за завршување на преговорите за продажба на странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, продолжувајќи ја општата дозвола за компаниите да го подготват теренот за склучување договори до крајот на февруари. САД прво ја продолжија дозволата на почетокот од декември, поставувајќи го 17-ти јануари како рок за склучување договори за купопродажба со „Лукоил“. Рокот за склучување трансакции ...

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во четвртокот изјави дека унгарската влада ја поддржува намерата на унгарската комоанија MOL да купи акции во Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е под санкции на САД поради нејзиното мнозинско руско сопствеништво. Сијарто, по разговорот со српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, потврди во Белград дека MOL е заинтересиран за мнозински удел во ...

Во голема акција на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција попладнво се уапсени повеќе лица осомничени за даночни измами од поголеми размери. Дел од осомничените се вработени во УЈП, а неофицијално, уапсени се над 10 лица. Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје најави дека утре, петок, поради уличен дефект на Ф200 мм. на улица Димитрија Чуповски 27 (зад гимназијата Јосип Броз Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улиците Димитрија Чуповски и Свети Кирил и Методиј. Водата ќе биде сопрена во 8.30 часот, а повторно ќе биде пуштена по завршувањетo на работните активности. ЈП Водовод и канализација – Скопје најави дека утре, петок, поради ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ч. (40) од Куманово, товарејќи го за „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело”. Пред повеќе од една година – на 14 јануари минатата година, полицајци извршиле преглед на патничко возило во кое биле пријавениот со уште едно лице, при што во возилото биле пронајдени и одземени 28 универзални клучеви за отворање брави и разни алатки за отварање на брави и ...

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучија заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер на денешната средба во Министерството за транспорт. Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка, истакна вицепремиерот ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против Е.А.(41) од Струмица, товарејќи го за кривичните дела „загрозување на сигурноста“ и „полово вознемирување“. Пријавениот подолг временски период преку социјални мрежи и апликации упатувал закани и непристојни понуди кон две женски лица. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против Е.А.(41) од Струмица, ...

Поради тепачка четиримина скопјани и еден италијански државјанин биле уапсени синоќа на подрачјето на Бит Пазар, соопшти СВР Скопје. Уапсени се М.А. (30), С.Ш. (30), Р.К. (21), 16-годишник, сите од Скопје и М.Ј.(20) од Италија затоа што, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, нагласува СВР Скопје. Поради ...

Воен персонал од неколку европски земји пристигна во Гренланд за да учествува во заеднички вежби, додека американскиот претседател Доналд Трамп го повторува своето барање арктичкиот остров да биде ставен под контрола на САД. Контингент од 15 француски војници слета во главниот град Нук, а им се придружуваат персонал од Германија, Шведска, Норвешка, Холандија и Обединетото Кралство како дел од извидувачка мисија, јави Би-Би-Си. „Фундаментално ...

Жрепката за Лигата на нации за сезоната 2026/2027 ќе се одржи во Брисел на 12-ти февруари, објави Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) во четвртокот. Лигашката фаза од натпреварувањето ќе започне на 24-ти септември оваа година, а националните тимови треба да одиграат четири натпревари за време на продолжената меѓународна пауза до 6-ти октомври. Преостанатите два натпревара ќе се играат од 12-ти до 17-ти ноември. Четвртфиналните ...

Пентагон го прераспоредува носачот на авиони УСС Абрахам Линколн од Јужно Кинеско Море на Блиски Исток. Поморската формација на носачот на авиони вклучува и други бродови и најмалку една офанзивна подморница. Прераспоредувањето ќе трае околу една недела, објави „Њуз нејшн“ (NewsNation). Маневарот се случува поради протестите во Иран и дебатата дали САД ќе им помогне на демонстрантите, како што најави американскиот претседател Доналд Трамп. Во ...

Тепачка избила вчера попладне во авион што полетал од Германија, а за дестинација го имал скопскиот аеродром. Како што соопшти СВР Скопје, вчера попладне кај нив од страна на вработените на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с. ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска потпиша Меморандум за соработка со Технолошко-металуршки факултет од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со што се воспоставува институционална рамка за продлабочена и системска соработка во области од заеднички интерес. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и деканот на Технолошко-металуршки факултет ...

Министерството за здравство соопшти дека иницира Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче. Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У. М., на возраст од два месеца, кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење. СВР Велес претходно соопшти дека синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21.35 ...

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време, со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво, вели подолгорочната прогноза на УХМР. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо ...

Жителка на скопско село вчера во СВР Скопје пријавила измама вредна 95.400 денари. Како што пренесува полицијата, жената (54) рекла дека во неколку наврати лани му ги дала парите, оти тој ѝ рекол дека може да ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник. Како што е пријавено, после некое време тој престанал да одговара на нејзините телефонски повици, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за ...

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска изјави дека Турција се спротивставува на „каква било воена интервенција во Иран“ и го повика Техеран да „ги реши своите внатрешни проблеми“. „Не сакаме да видиме никаква интервенција тука, но кога ќе ја погледнете политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, досега не сме виделе силна склоност кон употреба на копнени сили“, рече Фидан. Фидан зборуваше на прес-конференција во ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека поради поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 мм на улица Зендел Џемаил 52, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Зендел Џемаили, Перо Наков, Димче Милошевски и Боривоје Милошевски. Водата е сопрена во 13:20 часот, а ќе биде повторно пуштена по завршувањето на работните активности. Исто така, поради уличен дефект на Студеничанска 19, без вода се корисниците од ...

Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 заболени од грип, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на претходната недела. Има средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Има зголемен број заболени, но тоа е очекувано за овој период од годината. Очекуваме бројките и во наредниот период да растат и да се движат во овој ранг. Пикот на грипот се очекува на крајот на месецов до средината на февруари. Оваа сезона растот на бројот на ...

Во земјава утре ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од -6 Целзиусови степени во Берово и -5 степени во Демир Капија, до 1 степен во Гевгелија. Дневните температури ќе бидат во распон од 6 степени во Маврово и Тетово, па преку 10 степени во Велес и Струмица, до 13 степени во Гевгелија. Во Скопје, времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена ...

Руската дипломатија изрази „сериозна загриженост“ денеска поради најавата на НАТО за дополнителни трупи во Гренланд, по состанокот на данските, гренландските и американските лидери во Белата куќа. „Наместо конструктивна работа во рамките на постојните институции, особено Арктичкиот совет, НАТО го избра патот на забрзана милитаризација на Северот и го зајакнува своето воено присуство под измислениот изговор на растечката закана од Москва и ...

Лисици на рацете добил вчеравечер С.Ч.(28) од селото Романовце, поради напад врз полицаец и обид за бегство – со автомобилот удрил во полицаецот а потоа избегал, но по еден час бил уапсен. Апсењето се случило во селото Романовце половина час пред полноќ вчера. Инцидентот, пак, се случил отприлика еден част претходно во с. Отља, општина Липково. Имено, сега уапсениот не застанал на даден знак за запирање и со автомобилот „ауди а3“ со скопски ...

Маж од валандовското село Јосифово вчера малку по 13 часот бил уапсен поради возење во пијана состојба. Како што соопшти МВР, во селото Јосифово бил уапсен Г.К. (46), жител на селото. На тоа му претходела сообраќајна контрола. Имено, полицајците во Јосифово во рутинска работа го сопреле сега уапсениот и „дувањето“ покажало дека има 2,28 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија ...

Во Општата болница во Кавадарци синоќа околу 21:35 часот починало бебе на возраст од два месеца, информира Секторот за внатрешни работи Велес. Случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци вчера околу 21:35 часот. Бебето било хоспитализирано на 12 јануари годинава, но по два дена починало. Лекарскиот тим извршил реанимација, но бебето починало. Според информации од болницата во Кавадарци бебето било примено на 12 јануари поради обилно повраќање по ...

На Клиниката за инфективни болести во Скопје починаала 75 годишна жена, кај која лабораториски бил потврден грип од типот А, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана. Ова е прв смртен случај поврзан со грип од почетокот на годинава. Пациентката имала коморбидитети и не била вакцинирана против сезонски грип. Директорот Цана соопшти дека во моментов со симптоми на грип на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти, од кои дел се на кислородна ...

Најмладиот ракометар на македонската репрезентација Дамјан Митев најави максимална борбеност на утрешниот натпревар со Данска, иако противникот е апсолутен фаворит. – Данска е Данска, не треба многу да се зборува за нив. Одлично е чувството кога треба да играш против оние кои до вчера ти биле идоли. Кога се игра за репрезентацијата и кога се претставува државата, посебно на Европско првенство, тоа е чест и задоволство. Одиме на максимум и со ...

Министерот за транспорт на Тајланд нареди итна истрага откако кран за изградба на автопат денеска се урна во близина на Бангкок, при што загинаа две лица, што беше втора фатална несреќа со кран во земјата во рок од 48 часа. Најновиот инцидент се случи на автопатот Рама II во изградба во покраината Самут Сакон, предградие југозападно од Бангкок. Снимките од контролната камера, потврдени од АФП, го снимија моментот кога огромниот кран се урна, ...

Рим се придружи на низата европски престолнини во четвртокот за намалување на ограничувањата на брзината, принудувајќи ги Италијанците, познати по нивното несовесно возење, да забават во обид да ги намалат несреќите и загадувањето. Новото ограничување на брзината од 30 км/ч низ историскиот центар на Вечниот град стапи на сила во четвртокот, речиси преполовувајќи го претходното ограничување од 50 км/ч на улиците преполни со жители, туристи и ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб страници и веб апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа. Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307. Налогот е доставен до Агенцијата ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1010
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
83%
1001
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
83%
998
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
75%
1008
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.62
89%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
3.09
96%
998
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
2.68
66%
1011
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1008
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1008
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
95%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
3.6
88%
999
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18506

Currency

0.56191