Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, испрати остро предупредување до Словенија поради начинот на кој земјата ги прикажува трошоците за одбрана. Во писмо упатено до техничкиот премиер Роберт Голоб, Руте посочил дека Љубљана прикажува повисоки бројки од реалните и на тој начин создава погрешна слика за исполнување на обврските кон Алијансата. Според податоците што Словенија ги доставила до НАТО, земјата во 2025 година треба да достигне 2,01 ...
Европската унија одобри нова транша финансиска помош за Украина во износ од 2,8 милијарди евра, како дел од седмата редовна исплата во рамки на Инструментот за Украина, соопшти Советот на ЕУ во Брисел. Оваа исплата е дел од поширокиот План за Украина, кој опфаќа финансиска поддршка за закрепнување од војната, реконструкција на инфраструктурата и модернизација на државата, како и спроведување реформи во насока на европска интеграција. ...
Сè повеќе луѓе се откажуваат од агресивни хемикалии и бараат природни начини за справување со инсектите во домот, особено во летниот период кога мувите стануваат чест проблем. Наместо скапи препарати, експертите советуваат користење состојки кои речиси секое домаќинство веќе ги има дома. Експертот за безбедност во домот, Нил МекКензи, откри едноставен трик кој може да помогне во одбивањето на мувите – комбинација од лимон и каранфилче. Според ...
Ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК и официјално го добија шампионскиот пехар и златните медали по завршувањето на последниот натпревар од сезоната, со што беше заокружена уште една успешна сезона за клубот. Тимот беше награден за одличните настапи во текот на целото првенство и заслуженото освојување на првото место во домашниот шампионат. Атмосферата беше свечена, а ракометарките ја прославија титулата заедно со стручниот штаб и навивачите. ...
Надежите за постигнување нов мировен договор на Блискиот Исток сериозно се разнишаа откако дојде до нова ескалација меѓу САД и Иран. Последните воени инциденти дополнително ги зголемија тензиите во регионот и ги оттурнаа во втор план повеќемесечните дипломатски напори за смирување на ситуацијата. Според информации на европски медиуми, разговорите кои се воделе преку меѓународни посредници биле блиску до договор за намалување на тензиите и ...
Русија и Авганистан, кој е под власт на талибанците, потпишаа договор за воена соработка, што претставува нов чекор во продлабочувањето на односите меѓу Москва и Кабул. Договорот доаѓа само една година откако Русија ги отстрани талибанците од списокот на забранети терористички организации. Иако деталите од договорот не се целосно објавени, авганистанскиот министер за одбрана Мохамед Јакуб изјави дека станува збор за проширување на ...
Во Македонија за две години се регистрирани 9.401 повеќе болнички случаи, покажуваат најновите податоци од анализата на Фондот за здравствено осигурување за болничко лекување во периодот од 2023 до 2025 година. Според извештајот, бројот на пациенти кои биле лекувани во болници пораснал од 184.829 во 2023 година на 194.230 случаи во 2025 година, што претставува зголемување од 5,1 проценти. Паралелно со растот на бројот на хоспитализации, ...
Корисниците ширум светот денеска се соочија со сериозни тешкотии при користење на дел од најпопуларните интернет платформи и телекомуникациски услуги. Според податоците објавени на страницата Downdetector, евидентиран е нагол и ненадеен пораст на пријави за дефекти кај повеќе големи технолошки компании, што укажува на поширок технички проблем. Од графиконите може да се забележи дека прекините не се изолирани, туку се јавуваат речиси ...
Првиот тенисер на светот, Италијанецот Јаник Синер, сензационално е елиминиран од Ролан Гарос, Гренд Слем турнирот што моментално се одржува во Париз. Синер неочекувано загуби од аргентинскиот тенисер Хуан Мануел Серундоло со 3:6, 2:6, 7:5, 6:1, 6:1, во меч кој го шокираше тенискиот свет, имајќи предвид дека Италијанецот важеше за еден од главните фаворити за титулата. Фаворитот имаше убедлива предност и водство од 5:1 во третиот сет, но ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се клучни процентите, туку квалитетот, нагласувајќи дека очекува поддршка од сите пратеници. Тој додаде дека државата се гради преку меѓусебна поддршка и соработка, а во однос на правосудниот испит посочи дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, оценувајќи дека одредени политички субјекти се обидуваат да ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ОВР Неготино поднело кривична пријава против правно лице од Скопје, против австриски државјанин со иницијали В.М. како одговорно лице во компанијата и против Р.М. (52) од Гевгелија, раководител на подружница во Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Според информациите од МВР, на 13 мај 2026 година полициски службеници од Надворешната канцеларија за ...
Репрезентацијата на Босна денеска одржа официјална прес-конференција пред утрешниот дуел со Македонија, кој ќе се одигра во Сараево на стадионот „Кошево“, со почеток во 20:30 часот. Селекторот Сергеј Барбарез упати пофални зборови за македонската репрезентација, оценувајќи ја како сериозен и квалитетен противник кој ќе настапи со јасна цел да одигра добар натпревар. „Мора да се пристапи сериозно. Не треба да се гледа ранкингот на ниту една ...
Нејмар нема да настапи на подготвителните пријателски натпревари на репрезентацијата на Бразил, а постои можност да го пропушти и првиот натпревар на Мундијалот. Докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар, соопшти дека Нејмар има повреда на листот на ногата и дека му е потребна пауза од две до три недели. Дијагнозата се разликува од онаа што ја доставил неговиот клуб Сантос до Фудбалската федерација на Бразил. Со ваквиот период на ...
Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконструираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, додека најдоцна до септември се очекува да започне реконструкција и на останатите студентски домови во државата. Ова денеска го најави министерката Весна Јаневска, која изврши увид во градежните работи во домот „Стив Наумов“ во Автокоманда. Таа порача дека студентите ќе добијат значително подобрени услови и модерни ...
Тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, изјави дека неговиот тим целосно заслужил да ја освои Конференциската лига и да стигне до првиот европски трофеј во историјата на клубот. Англискиот состав во финалето одиграно во Лајпциг ја совлада шпанската екипа Рајо Ваљекано со минимални 1:0 и така испиша историски успех на европската сцена. Гласнер по натпреварот истакна дека очекувал тежок дуел, но бил особено задоволен од играта на својот тим ...
Триесет и шестгодишен жител на Тетово пријавил во полицијата дека бил учесник во сообраќаен инцидент кој, според неговото сведочење, прераснал во потера низ градските улици, по што неговото возило завршило превртено на кров. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 27 мај 2026 година околу 13:30 часот во СВР Тетово, И.Ф. (36) пријавил дека околу 05:30 часот на улицата „29 Ноември“ во Тетово дошло до судир меѓу неговото возило ...
Бројот на смртни случаи во отворени води во Обединетото Кралство за време на актуелниот топлотен бран се искачи на десет, откако тинејџер почина додека пливал во Кент, соопшти локалната полиција. Според информациите, смртта на тинејџерот не се третира како сомнителна, а за случајот ќе биде изготвен извештај од мртовечник. Случајот е дел од серија трагедии во кои во последните денови животот го загубиле деца и млади лица во реки, езера и други ...
По повод Светскиот ден без тутун, Министерството за здравство, заедно со Институтот за јавно здравје и Светската здравствена организација, се приклучи на глобалната кампања посветена на борбата против зависноста од никотин и тутун. Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека во соработка со здравствените институции и локалните власти веќе се спроведуваат активности за зајакнување на услугите за откажување од пушење на локално ниво. Тој ...
Левица најави дека ќе поднесе втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за сериозни пропусти во работењето на Министерството, селективна правда, непрофесионално постапување и судир на интереси. Претседателот на партијата, Димитар Апасиев, на прес-конференција изјави дека состојбата во МВР дополнително се влошила и дека институцијата, според него, наместо да биде сервис на граѓаните, функционира ...
Со воведни зборови на обвинителството и одбраната денеска во Кривичниот суд официјално започна судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов, поврзан со случајот во кој беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид во семејна куќа во Неготино. Судењето го отвори судијката Билјана Коцевска од Одделот за организиран криминал, по што странките ги изнесоа своите ставови и аргументи пред судот. Обвинителката Искра Хаџи Василева посочи дека ...
Со изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди, која ќе се одржи на 31 мај со почеток во 20 часот и ќе биде посветена на неодамна трагично починатиот првенец на Националната опера и балет, баритонот Ристе Велков се затвора 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. „Токму улогата на Набуко беше едно од неговите најзначајни и највпечатливи сценски остварувања на матичната сцена. Неговото име и уметничко наследство ќе останат трајно ...
Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи со изведување на материјални докази од Обвинителство кои се однесуваат на објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката Пулс. Во судница беа презентирани 19 записници од вршење увид од комунални инспектори во Кафе бар Класик, каде во сите како управител стои Митко Стојанов и се вршени во ...
Осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија. Пожарот бил пријавен по полноќ. Причината засега останува непозната. Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека случајот бил пријавен во 01:48 часот. Пожарот избувнал во куќа во сопственост на С.К. (45), каде живеела и нејзината мајка М.В. (85). Пожарот избувнал на долниот кат од куќата, а загинатата жена не успеала навреме да ...
Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски истакна дека младите имаат капацитет, идеи и енергија да бидат активен фактор во развојот на општината, по реализираната активност „Градоначалник на еден ден“, на иницијатива на Локалниот младински совет. Во рамки на активноста, градоначалничката функција симболично ѝ беше доверена на Михаела Ѓоргиева, ученичка во прва година во СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Пробиштип. Заедно со неа биле одржани ...
Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп информира дека во Прилеп е ставено во функција собирно место за селекција на електричен и електронски отпад, текстил и стаклена амбалажа, со цел унапредување на системот за управување со отпад и заштита на животната средина. Новото уредено собирно место им овозможува на граѓаните правилно да го одлагаат отпадот кој претходно најчесто завршувал во комуналните контејнери или во природа. ...
Во организација на Јавното претпријатие Индустриска зона „Жабени“, денеска во Битола се одржа работен состанок на тема „Инвестирај во твојата иднина“, на кој присуствуваа владини претставници и стопанственици, со цел размена на идеи и иницијативи за економски напредок на регионот. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека и Владата и локалната самоуправа активно создаваат услови за нови инвестиции и ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево. Тој се сомничи за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. Имено, на 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла, соопшти полицијата. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ...
Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа. Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Херцеговина ...
Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за уставни промени за внесување на Бугарите, соцел да продолжи европската интеграција на Македоника. „Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од ...
Во рамки на теренската посета „Блиску до народот – доследни на зборот“, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода се одржа средба со граѓаните, на која тие ги споделија своите идеи, предлози и проблеми, информираат од прес-службата на Град Скопје. На средбата присуствуваа претставници на институциите, директори на јавни претпријатија, како и градоначалничката на Општина ...