Шеесет и деветгодишен жител на Велес е приведен откако во алкохолизирана состојба го нарушувал јавниот ред и мир на улица во градот. Според МВР, тој не ги почитувал ниту наредбите на полициските службеници кои интервенирале на местото на настанот. При алкотестирањето му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта. Мажот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
На 14.07.2026 во 22:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Љ.Ѓ.(48) од Струмица. Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со кокаин, хероин и марихуана, 400 семки канабис, шприц исполнет со течност, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети. „Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по ...

