Во СВР Скопје вчера 37-годишна жена пријавила дека била нападната од својот вонбрачен партнер А.Н., при што, според нејзината изјава, инцидентот се случил во близина на нејзиното работно место додека се наоѓала во возило заедно со него. Како што стои во пријавата, мажот ѝ истурил хемиско средство во пределот на лицето и очите, по што жената побарала итна медицинска помош. Повредената била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во ...

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во главниот град е пријавен инцидент меѓу членови на два различни боречки клуба, при што едно лице и повеќе други учесници се здобиле со повреди по физички напад. Според информациите од МВР, на 30 мај 2026 година околу 21:30 часот во СВР Скопје, 19-годишниот Т.Р. од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар биле нападнати тој, неговиот татко и брат, како и уште седум лица кои исто ...

Здравствените власти во Бразил внимателно следат два случаи на можна зараза со ебола во Сао Паоло и Рио де Жанеиро, што предизвика зголемено внимание поради стравувањата од ширење на вирусот надвор од Африка. Доколку сомнежите се потврдат, тоа би биле првите регистрирани случаи надвор од африканскиот континент од почетокот на актуелната епидемија во Демократска Република Конго. Резултатите од лабораториските тестирања се очекуваат во текот на ...

Македонската фудбалска репрезентација повторно ќе игра пред преполни трибини, откако стадионот на Фенербахче во Истанбул е целосно распродаден за претстојниот пријателски натпревар против Турција. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе настапат пред околу 50.000 гледачи на еден од најпознатите стадиони во Турција, во натпревар што се очекува да понуди одлична атмосфера и вистински фудбалски спектакл. Турските навивачи уште еднаш ја ...

Од МВР ги информираат граѓаните дека ,,Одобрение за патување во странство за малолетни деца”, ќе се издава секој ден од 8 до 18 часот, а службите ќе работат и во сабота. -Министертвото за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) ...

Шест возачи во саботата биле лишени од слобода во различни градови низ државата поради безобѕирно управување со возила. Меѓу нив е и возач од Дебар кај кого биле измерени 2,75 промили алкохол и кој нападнал полициски службеници. Дел од случаите завршиле и со сообраќајни незгоди. Најсериозниот случај бил регистриран во Дебар. Возач на патничко моторно возило бил лишен од слобода откако било утврдено дека управувал под дејство на алкохол. При ...

Со свечена церемонија на платото Монмартр во Старата битолска чаршија денеска заврши 45-тото издание на светската детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, една од најзначајните културни манифестации за деца и млади уметници во светот. На завршниот настан беа доделени сертификати за учество, како и најпрестижните признанија на колонијата. Наградата за најдобар ученик-учесник ја доби Лена Павковиќ од ликовното ателје „Артино“ од ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, преку видео разгледница ги претстави современите велосипедски патеки и урбаните содржини во градот, истакнувајќи дека Битола сѐ повеќе го оправдува епитетот „велоград“. Во објавата, Коњановски посочи дека велосипедските патеки на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ секојдневно ги користат граѓани од сите генерации, што, според него, е потврда дека вложувањата во модерна и функционална ...

Агенцијата за храна и ветеринарство открила сериозни манипулации и измами на потрошувачите при спроведување на вонредни инспекциски контроли во поголемите синџири маркети во земјава. АХВ тестирала 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, со цел да се утврди дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите. Засега се комплетирани лабораториските резултати за ...

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со „ОКТА“, бил обезбеден дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, соопштија од Владата. Од таму истакнуваат и дека „со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, ...

Над 400 лица се уапсени во судирите меѓу фудбалските навивачи и полицијата низ цела Франција, по победата на Пари Сен Жермен (ПСЖ) во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал. Илјадници полицајци беа распоредени со цел да ги спречат немирите што предизвикаа прекини во јавниот превоз во Париз, вклучително автобуски и железнички линии. Во текот на немирите беа активирани огномети и ракети, а неколку полицајци беа повредени. Полицијата ...

Сан Антонио се пласираше во големото финале на НБА лигата, откако во седмиот натпревар од финалето на Западната конференција славеше против Оклахома со 111:103 на гостински терен. Со оваа победа, Спарс ја освоија титулата шампион на Западот и за првпат по 2014 година ќе се борат за шампионскиот прстен. Херои на триумфот беа Виктор Вембањама и Џулијан Шампани. Француската ѕвезда го предводеше тимот со 22 поени, додека Шампани постигна 20, од ...

СДСМ обвини дека денеска истекува рокот што, според нив, самиот премиер Христијан Мицкоски го поставил за реализација на десетте точки од Реформската агенда, оценувајќи дека станува збор за уште едно неисполнето ветување на актуелната власт. Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ на изборите настапила со ветувања за враќање на уставното име, укинување на Преспанскиот договор, подобрување на условите во евроинтегративниот процес, привлекување ...

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја продолжува политиката на национални отстапки без обезбедени гаранции и се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени се прифатливи и покрај тоа што, според нив, нема јасни механизми за заштита на државните интереси. Од владејачката партија наведуваат дека реториката што денес ја користи Филипче е слична на онаа што, според нив, своевремено ја користел поранешниот премиер ...

Трамп изјави дека добил уверувања оти Иран нема да произведува ниту да набавува нуклеарно оружје, нагласувајќи дека токму тоа било клучното барање на САД во текот на разговорите меѓу двете земји. Во меѓувреме, американските медиуми објавуваат дека во последните денови се забележува извесно приближување на ставовите, но дека Вашингтон испратил и нова, построга верзија на својот предлог до Техеран. Според информациите, администрацијата на Трамп ...

Денеска низ Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, но во попладневните часови на повеќе места се очекува нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 24 до 33 степени Целзиусови. ...

Православните верници денеска го слават еден од најважните христијански празници – денот на Света Троица, кој се нарекува и Духовден или Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите. Овој празник се слави на 50-тиот ден по Велигден и десеттиот ден по Спасовден. Тој празник бил наречен Света Троица, бидејќи, според Евангелијата, покрај Светиот Отец и Синот, на овој ден физички се појавило и третото лице на Светата Троица – Светиот Дух. Според ...

Слаб Wi-Fi сигнал и „мртви зони“ во домот се чест проблем со кој се соочуваат многу корисници. Доколку лаптопот, телефонот или таблетот губат интернет конекција во одредени простории, причината најчесто е во распоредот на просторот, дебелината на ѕидовите или преголемиот број безжични мрежи во околината. Првиот чекор за решавање на проблемот е да се утврди каде сигналот е најслаб. Тоа може да се направи со едноставно тестирање на брзината на ...

ПСЖ ја одбрани титулата во Лигата на шампионите по драматично финале во Будимпешта, во кое по 120 минути игра и пенал-серија го совлада Арсенал со 5:4, откако регуларниот дел и продолженијата завршија 1:1. Финалето донесе голема драма и пресврти, а титулата на 71. издание од елитното европско натпреварување повторно заминува во Париз. За Арсенал ова е второ загубено европско финале во историјата, по поразот од Барселона пред две децении. ...

Земјотрес со јачина од 2.2 степени според Рихтер денеска ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според податоците, потресот се случил во 19:20 часот, а засега нема информации за материјална штета или повредени лица. Неколку дена претходно во истиот регион беше регистриран посилен земјотрес со јачина од 3.8 степени, со епицентар во близина на Требиње, во Херцеговина. Тој потрес беше ...

Кожуф обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига, додека Еуромилк и Камењане изборија пласман во второлигашката конкуренција по денешните бараж-натпревари. Најубедлив беше составот на Кожуф, кој без поголеми проблеми го совлада велешки Борец со 4-0. Тимот од Гевгелија ја оправда улогата на фаворит и обезбеди уште една сезона меѓу второлигашите, додека шампионот на Третата лига – Југ остана без посакуваниот пласман. Најголемото ...

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година беше поразена со минимални 1-0 на гостувањето кај Бугарија во пријателски натпревар одигран во Бистрица. Селекторот Горан Станиќ го искористи овој репрезентативен прозорец за контролен натпревар и за да им даде шанса на повеќе помлади фудбалери, со оглед на тоа што до крајот на квалификацискиот циклус Македонија има уште два натпревари кои ќе се играат во октомври. Единствениот погодок на ...

Се враќате дома, но мислите сè уште ви се на работното место. Во глава повторно ги анализирате разговорите од денот, чувствувате напнатост или едноставно немате сила за ништо друго. Во такви моменти многумина веднаш посегнуваат по телефонот, го вклучуваат телевизорот или продолжуваат со нови обврски. Сепак, психолозите предупредуваат дека на телото често му е потребно нешто сосема поинакво – краток период за смирување и премин од работниот ...

На денот на Задушница, семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно излегоа на марш, испраќајќи силна порака дека споменот на 63-те жртви не смее да биде заборавен. Во 19:05 часот од спортското игралиште во селото Ратавица започна 44-тиот „Марш на ангелите“, организиран од Здружението „16-ти Март“, кое го носи датумот на трагичниот настан што засекогаш ги промени животите на многу семејства. ...

Мечка утрово нападнала стадо овци во атарот на битолското село Крклино, при што усмртила една овца. Инцидентот бил пријавен околу 9:30 часот, информираше градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Според првичните информации, нападот се случил во близина на манастирот и каналот на хидросистемот Стрежево. Сопственикот на стадото веднаш го пријавил случајот во СВР Битола, по што полициска екипа излегла на терен и извршила увид. За ...

Владата најавува драстично зголемување на казните за непочитување на Законот за нефер трговски практики, при што санкциите за трговците и добавувачите би можеле да достигнат и до 200.000 евра. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, информира дека во текот на летото се планирани измени на Законот, а најголемите промени ќе се однесуваат на казнената политика. Според него, сегашните казни кои достигнуваат до 20.000 евра не се ...

– Добрососедските односи се двонасочна улица, не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер, рече премиерот Христијан Мицкоски во врска со изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова, дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договореното од 2022 година. – Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам ...

„Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи е резултат на широк консултативен процес со сите засегнати страни и не е подготвен ниту набрзина, ниту со наметнување решенија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека основната цел на законското решение е намалување на бројот на лица кои користат тутунски производи и подобрување на јавното здравје. Говорејќи на состанок со еснафските здруженија и со ...

Социјалните мрежи претставуваат закана за здравјето на младите споредлива со пушењето, се наведува во нов драматичен извештај на Академијата на медицински кралски колеџи, пренесува The Independent. Во извештајот се предупредува дека лекарите сè почесто се соочуваат со деца изложени на штетни и вознемирувачки содржини, зависност и онлајн радикализација. Истражување меѓу 454 лекари покажало дека речиси половина секоја недела лекуваат барем едно ...

Дронот што за време на напад врз соседна Украина падна врз станбена зграда во Романија бил од руско потекло, соопшти портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел. Од Алијансата најавија дека ќе се разгледаат дополнителни мерки за зајакнување на одбраната на Романија и подобра заштита од закани од беспилотни летала. Во меѓувреме, американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, го осуди инцидентот, оценувајќи го како „неодговорен упад“, и порача дека ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.98
46%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
2.68
58%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.53
60%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.54
55%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
0.8
60%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
0.55
81%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
2.24
57%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.37
65%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
33%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 17ᴼ
0.89
68%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
61%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.88
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Алуминиум

3.19

Иридиум

252383.36

Платина

52855.83

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Злато

129943.67

Цинк

0.00

Паладиум

40381.34

Сребро

1853.71

Калај

54.92

Бакар

13.08

Кобалт

56.29