Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода девет лица поради безобѕирно управување моторни возила. Од нив, еден возач бил под дејство на алкохол, додека двајца управувале возило и покрај изречена активна забрана. Според информациите од полицијата, во Скопје биле приведени две лица кои управувале возила без возачка дозвола. По едно лице без возачка дозвола биле затекнати и во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Братислава порача дека Македонија останува цврсто посветена на членството во Европската Унија, но очекува да биде третирана еднакво како и другите земји-кандидати и да биде оценувана според Копенхашките критериуми, а не преку билатерални спорови и идентитетски прашања. На заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини, таа истакна дека Македонија и Словачка ги поврзуваат ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатирал повеќе слабости во работењето на Институтот за Јавно здравје за 2024 година, меѓу кои нецелосна евиденција за приемот и потрошувачката на медицински материјали, како и неевидентирање на приемот и потрошувачката на вакцини во деловните книги и изрази неповолно мислење за финансиските извештаи. Ревизорите утврдиле дека пописот на побарувањата не е извршен во целост, а за побарувањата во вредност од ...
Во втората половина на јуни премиерот Христијан Мицкоски ќе разговара со владините партнери за натамошните чекори во однос на работата на Владата, по вчерашната оставка на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и најавената реконструкцијата на Владата. Во врска со тоа какви други промени ќе има, Мицкоски рече дека тоа е динамичен процес и дека во моментот се посветени на внатрепартиските реорганизации и преструктуирања. Вчера ...
По големите гужви и колони на грчкиот граничен премин Евзони во текот на минатиот викенд грчките власти најавија нова организација на работа за да се намалат долгите чекања за влез во земјата. За да се намали притисокот врз Евзони, властите ги препорачуваат и граничните премини Дојран и Меџитлија. Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (YUTA), Александар Сеничиќ, кој изјави дека од грчка страна добиле уверување ...
Култната македонска група „Меморија“ ќе го отвори годинашното издание на „Ohrid Wine Festival Vol. 5“. Бендот ќе настапи на 25 јуни на сцената поставена на охридскиот кеј, како дел од музичката програма што ќе се одвива во текот на трите фестивалски вечери. Со своите добро познати песни и препознатлив звук, „Меморија“ ќе донесе вечер исполнета со емоции, силна енергија и рефрени што публиката ги пее заедно со бендот. Настапот ќе биде дел од ...
Тројца македонски државјани заработија кривични пријави во Хрватска под сомнение дека оштетиле туѓ имот откако лепеле налепници со кирилични букви на сообраќајни знаци и јавна опрема. Според полициските информации, случајот бил откриен по пријави добиени минатата недела во областа Цавтат, при што истражителите утврдиле дека со кирилични лепенки биле облепени сообраќаен знак, информативна табла и корпа за отпадоци, поради што, според властите, ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со македонските куглари и нивниот селектор, кои на Светското првенство во Австрија остварија историски успех освојувајќи четири сребрени медали во две тандем дисциплини. Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски ја освоија титулата светски вицешампиони во дисциплината Тандем микс, постигнувајќи еден од најголемите успеси во историјата на македонското куглање. Со сребрени медали ...
Македонија во следните неколку недели ќе добие пет нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид, со што дополнително ќе се прошири мрежата на воздушни врски со повеќе европски дестинации, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој истакна дека земјата се наоѓа меѓу ретките во Европа која воведува нови авиолинии во период кога глобалната авиоиндустрија се соочува со сериозни предизвици и нестабилности. Една од ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од претстојната средба со високиот европски претставник и за можноста за поместување на ставовите на Владата во однос на уставните измени, кои се услов за продолжување на преговорите со Европската Унија, Мицкоски истакна дека нема да ...
Чуварот на мрежата на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, ќе остане во редовите на Валенсија, откако клубот ја искористил постоечката клаузула и еднострано го продолжил неговиот договор до јуни 2028 година. Во договорот на македонскиот голман постоела опција според која клубот, со одреден финансиски надомест, може самостојно да ја активира клаузулата за продолжување на соработката. Одлуката на раководството на Валенсија ...
Во Фејсбук групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“ е споделена објава во која се наведува дека суво дрво се скршило и сериозно оштетило возило, кое според сопственикот повеќе не е во употреблива состојба. Во објавата, скопјанката Марија посочува дека дрво на улицата Волгоградска 4 било обележано со црвена боја и буква „С“ за сечење речиси една година, но и покрај тоа не било отстрането. Таа додава дека друго суво дрво во ...
Соединетите Американски Држави започнале разговори за можноста нивното нуклеарно присуство во Европа да се прошири и на дополнителни земји членки на НАТО, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите. Според информациите, американски претставници сигнализирале дека Вашингтон е отворен за можноста да се прошири постојната програма надвор од шесте земји кои моментално се дел од системот за нуклеарно споделување во ...
Силен земјотрес рано изутрина го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, при што потресот бил почувствуван и во поширок регион, вклучително и до градот Неапол, јавуваат италијанските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил лоциран во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. Според податоците на Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија, јачината на потресот ...
И покрај тоа што на македонскиот пазар на труд се евидентирани над 10.000 слободни работни места, најголемиот дел од побарувачката е концентриран во секторите со пониски и средни примања. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека работодавачите најмногу бараат кадар во услужните дејности, продажбата и угостителството. Во првото тримесечје од 2026 година биле регистрирани 10.247 слободни работни места, што претставува ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево престојува во официјална посета на земјава, каде што ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски. Од владината прес-служба информираат дека посетата ќе започне со тет-а-тет средба помеѓу Мицкоски и Кошта, по што ќе следи проширен состанок на двете делегации. По завршувањето на разговорите, предвидена е заедничка прес-конференција во Владата. Кошта е во регионална турнеја низ ...
Денеска низ Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повеќе сончеви периоди, додека во попладневните часови на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавите на синоптичарите, ветерот ќе биде од западен правец и на моменти ќе достигнува брзина до 60 километри на час, особено во подрачјата каде ќе има поизразена облачност и врнежи. Утринските температури ќе бидат посвежи, ...
Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка продолжува со одличните настапи на грен слем турнирот Ролан Гарос, откако денеска обезбеди пласман во четвртфиналето. Таа во осминафиналето ја совлада јапонската тенисерка Наоми Осака со 2:0 во сетови (7:5, 6:3), по натпревар кој траеше еден час и 29 минути и понуди квалитетен тенис од двете страни. Сабаленка беше поуспешна во клучните моменти од мечот и успеа да направи четири брејка на сервисот ...
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од 4:0 на контролниот натпревар против Турција, кој се одигра на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. Домашната селекција беше подобар противник во текот на целиот натпревар, постигнувајќи по два погодоци во двете полувремиња и сосема заслужено стигна до сигурна победа. Турција го контролираше темпото на играта и ја искористи секоја грешка на македонската одбрана. За ...
Во јужна Италија се случи трагичен инцидент кој ги потресе локалните власти и јавноста, откако во запаленo возило беа пронајдени четири безживотни тела. Пеплосаните тела на четворица мажи беа откриени во комбе кое изгорело на бензинска пумпа во близина на градот Амендолара, во регионот Калабрија. Пожарот бил пријавен во понеделник околу 13 часот, по што на местото на настанот веднаш интервенирале противпожарни и полициски служби. Според ...
Во услови на зголемени тензии во регионот на Персискиот Залив, Иранската револуционерна гарда соопшти дека извршила напад врз, како што наведува, воздухопловна база од која претходно бил изведен американски напад на територијата на Иран. Воздухопловните сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) соопштија дека ја нападнале и целосно ја уништиле базата од која американските сили, според нивните тврдења, започнале операција ...
Пиперката е една од најздравите намирници што природата ги нуди и со своите нутритивни својства може да придонесе за зајакнување на имунитетот, подобра хидратација на организмот и полесно справување со сезонските настинки. Наместо посегнување по лекови при првите симптоми, сè почесто се препорачува внесување на сезонски овошја и зеленчук како природна поддршка за телото. Во таа насока, пиперката се издвојува како особено корисна намирница. ...
Туристички брод со име „Големиот шеф“ потона во близина на Рајскиот Остров кај турското летувалиште Мармарис, откако за време на дневно крстарење почнал да прима вода и за кратко време завршил под површината. На бродот во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 148 лица, меѓу кои 120 возрасни патници, 20 деца и осум членови на екипажот. Според соопштението на гувернерот на областа Мугла, веднаш по добиената пријава за потонување биле ...
Француската фудбалска репрезентација се соочува со сериозна неизвесност пред почетокот на Светското првенство, откако под знак прашалник е ставен настапот на дефанзивецот Вилијам Салиба. Според француските медиуми, 25-годишниот стопер се здобил со повреда за време на финалето од Лигата на шампионите, при што дополнителните медицински прегледи укажале на посериозен проблем кој би можел да го оддалечи од терените на неколку недели. Се наведува ...
Системот „Безбеден град“ во периодот од 1 до 31 мај 2026 година регистрирал вкупно 28.494 сообраќајни прекршоци на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени надзорни камери. Според официјалните податоци, најголемиот дел од прекршоците, односно 27.360, се однесуваат на управување на возило со брзина поголема од дозволената. Дополнително, регистрирани се 833 случаи на управување со возило со истечена важност на сообраќајната ...
Владејачката партија Влен вечерва упати благодарност до Арбен Фетаи за неговото досегашно извршување на функцијата вицепремиер за добро владеење во Владата, нагласувајќи дека ја почитуваат неговата одлука да се повлече од позицијата. Реакцијата на партијата доаѓа откако претходно во текот на денот Фетаи официјално соопшти дека поднел оставка од функцијата, која ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски. Од Влен во својата реакција ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека Владата останува на ставот дека во процесот на европските интеграции мора да има јасни гаранции дека од Бугарија повеќе нема да има нови барања поврзани со историјата, идентитетот и културата на македонскиот народ. Тој посочи дека дополнително се инсистира и на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кои се однесуваат на правата на македонското ...
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Турција, откако домашната селекција славеше со високи 4:0 во пријателски натпревар во кој целосно ја контролираше играта од првата до последната минута. Турците уште на стартот покажаа дека немаат намера да му дозволат на противникот да се наметне на теренот. Веќе во 2. минута Оркун Кокчу ја затресе македонската мрежа и донесе рано водство од 1:0, додека само ...
Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд попладнево погоди делови од западна Србија, а меѓу најпогодените градови е Крагуевац, каде што улиците за кратко време се претворија во реки. На социјалните мрежи се појавија снимки од населбата Пивара, на кои се гледаат автомобили како се движат низ големи количини вода, оставајќи впечаток дека пловат наместо да возат по улица. Видеото за кусо време привлече големо внимание на интернет, а ...
Полициски службеник од Граничниот премин Ќафасан е кривично пријавен под сомнение дека побарал поткуп за да овозможи нелегален премин на лице и возило преку државната граница. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава против Д.С. до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради ...