Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Стара Водејнца, сместена помеѓу Октиси и Вевчани, е ресторан кој ја носи атмосферата на старите воденици, домашната трпеза и природата од подножјето на Јабланица. Опкружена со зеленило, вода и мирен амбиент, оваа локација нуди поинакво гастрономско искуство за сите кои сакаат барем накратко да се оддалечат од градската динамика. Првиот впечаток не доаѓа само од менито, туку и од просторот. Жуборот на водата, камените детали, дрвените елементи ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека денеска интензивно се работи на 10 различни локации низ градот, со цел подобрување на инфраструктурата, условите за образование и спорт, како и уредување на јавниот простор. Градежни и комунални активности се реализираат на улиците „Леринска“, „210“, „Панде Кајзеро“ и „Ѓорги Димитров“, како и во СТУ 9 и СТУ 3. Паралелно се изведуваат работи и во повеќе образовни и спортски ...
По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Меѓународниот ден на згрижувачките семејства, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до сите деца и згрижувачки семејства, истакнувајќи ја нивната значајна улога во обезбедувањето сигурна и топла семејна средина за децата на кои им е потребна грижа и поддршка. Проданоски нагласи дека секое дете заслужува да расте во дом исполнет со љубов, разбирање и сигурност, а ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет ги прими учениците од училишниот бенд и хорот на ООУ „Гоце Делчев“, кои постигнаа значајни успеси на домашни и меѓународни музички натпревари. Учениците Мила, Меланија, Лана, Димитра, Николија и Искра, заедно со нивната менторка Марија Арсиќ, испишаа уште едно значајно поглавје во музичката историја на училиштето, освојувајќи прво место на интернационалниот музички ...
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи поднесе оставка од функцијата и ја достави до премиерот Христијан Мицкоски, информирајќи дека од должноста се повлекува по подолг период во кој не се појавуваше на работа. Фетаи својата одлука ја објави и преку статус на социјалната мрежа Фејсбук, каде истакна дека заминува со „крената глава и чиста совест“, нагласувајќи дека станува збор за добро промислен и достоинствен чекор. „Ова е добро ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 01.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.737,78 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 0,29%, односно за 28,25 поени. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни ...
Ученици и наставници од 15 основни скопски училишта, денеска, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претставија своите проекти на тема „Зелената енергија е иднината – а нашата иднина се децата“ на настанот кој се организираше по повод 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето. Користејќи обновливи извори на енергија, учениците и наставниците ги прикажаа своите уникатни идеи, меѓу кои впечатливи макети, ...
Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски доби условна казна затвор поради семејно насилство врз својата сопруга, откако во судска постапка ја признал вината за делото што му се става на товар. Станува збор за Раде Ристовски, кој според информациите од Основниот кривичен суд Скопје е осуден на една година и шест месеци затвор. Сепак, станува збор за условна осуда, што значи дека казната нема да биде извршена доколку во следните ...
Иранскиот преговарачки тим донел одлука да ја прекине размената на пораки со САД преку посредници, во услови на зголемени тензии поради израелските воени активности во Либан, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним. Според информациите, Техеран одлучил да ги суспендира сите индиректни контакти и преговори со Вашингтон, оценувајќи дека тековниот процес на примирје е нарушен поради израелската офанзива на либанска територија. ...
На регионалниот пат Велес – Градско вчераутро се случила сообраќајна несреќа во која едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 31 мај 2026 година во 08:25 часот, кога патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Д.П. од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата тешко бил повреден возачот, а повредите му биле ...
Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати остри критики кон Владата и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за неисполнување на обврските од Реформската агенда и за, како што рече, намерно забавување на европскиот пат на државата. Според Филипче, 1 јуни е датумот до кој Владата требало да ги исполни преостанатите обврски од реформскиот пакет, но резултатите, како што оцени, покажуваат „катастрофална реализација“. Тој ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција ги презентираше ставовите на партијата во врска со евроинтегративниот процес и можните уставни измени, нагласувајќи дека Македонија нема да прифаќа нови отстапки без јасни гаранции од Европската Унија. Од владејачката партија порачаа дека секој следен чекор на европскиот пат мора да биде проследен со цврсти, конкретни и писмени гаранции во форма на официјални ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за корекција на цените на горивата, со која во просек се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати за 3,84 проценти во однос на претходната одлука донесена на 26 мај 2026 година. Најголемо намалување има кај дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 6,50 денари по литар. Од друга страна, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ...
Ракометниот клуб Охрид ќе организира свечена прослава по повод историскиот успех и освојувањето на ЕХФ Купот. Прославата е закажана за вечерва од 19 часот на градскиот плоштад во Охрид, каде се очекува присуство на голем број навивачи и граѓани. Во 20 часот е најавено и дефиле на играчите и стручниот штаб на ГРК Охрид низ центарот на градот. Охриѓани вчера вечер ја совладаа екипата на Татабања во реванш натпреварот од финалето на Европскиот ...
На плажата „Олимписка надеж“ во Несебар, Бугарија, се случи трагичен инцидент во кој жена го загуби животот откако се удави во морето, соопштија надлежните власти. Според првичните информации, пријавата за можно давење е примена во недела околу 20:30 часот. Веднаш по дојавата, службите за итни интервенции излегле на терен и телото на жената набрзо било извлечено од водата. Идентитетот на починатата засега не е познат, а полицијата работи на ...
Судењето во предметот поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој се обвинети девет полициски службеници, е одложено, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Како што се наведува во соопштението, главната расправа во предметот КОК бр. 7/26 била закажана за денеска, 1 јуни 2026 година, но е отповикана по барање на одбраната на обвинетиот Г.И. Одбраната образложила дека неговиот бранител во истиот термин е ангажиран во друг ...
Американскиот производител на чипови Енвидија во понеделникот претстави нов процесор кој овозможува функциите на вештачката интелигенција директно да работат на лаптопи и десктоп компјутери, пренесува Ројтерс. Испораката на новиот чип е планирана за есенва, а експертите оценуваат дека тој би можел значително да го промени начинот на кој корисниците ја користат вештачката интелигенција, со тоа што голем дел од обработката ќе се извршува ...
На штотуку објавената листа „Глобал 2000“ на Центарот за рангирање на светски универзитети нема ниту еден македонски универзитет. Листата се базира на анализа на повеќе од 80 милиони податоци и претставува едно од најсеопфатните светски рангирања на високообразовни институции. Според податоците, најдобро рангиран универзитет од земјите на поранешна Југославија е Универзитетот во Белград, кој се наоѓа на 393. место. По него следуваат ...
Премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, кој денеска и утре се одржува во Скопје, информираат од Владата. Настанот, кој се одвива под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, е организиран во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Министерството за животна ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува повеќедневна официјална турнеја низ Западен Балкан, со цел зајакнување на политичкиот дијалог со земјите од регионот и потврдување на европската перспектива, соопшти Европскиот совет. Посетата ќе трае од 1 до 5 јуни и опфаќа серија средби со државни и владини лидери, како и учество на Самитот ЕУ–Западен Балкан, кој ќе се одржи на 5 јуни во Тиват, Црна Гора. Главните теми ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ја информира јавноста дека е во тек последната недела од акцијата за отплата на заостанати долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Од претпријатието посочуваат дека рокот за користење на оваа можност истекува на 5 јуни 2026 година, а граѓаните кои имаат неплатени обврски за потрошена вода, како редовни или тужени долгови, можат да ја искористат можноста за отплата на рати без камата. Акцијата ...
Првиот што јавно го потврди ваквиот чекор беше Рафаел Леао, чија ера во дресот на Милан очигледно се приближува кон крајот. По седум години во клубот, португалскиот офанзивец порача дека сака промена на средината и нови предизвици, што отвора период на голема неизвесност на „Сан Сиро“. По комплицирана сезона во која дел од навивачите му свртеа грб и имаше и свирежи од трибините, Леао донел одлука да се раздели со клубот. Според информациите, ...
Дваесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопственик на угостителски објект во кој претходно бил вработен, а причината за инцидентот, според неговата пријава, била расправија околу исплата на заработени дневници. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 мај 2026 година во 15:15 часот во СВР Скопје, А.К. (20) од Скопје пријавил дека нападот се случил четири дена претходно, односно на 26 ...
Поради изведување на нов водоводен приклучок, дел од жителите на Општина Скопје, односно во општината Ѓорче Петров, денеска ќе останат без водоснабдување. Од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ информираат дека на 1 јуни 2026 година ќе се изведува водоводен приклучок со пречник од 200 милиметри на улицата „Воин Драшковиќ“ број 1б. Поради зафатот, без вода ќе останат корисниците од улиците „Воин Драшковиќ“ и „Браќа Галеви“ во општина Ѓорче ...
Бразилската фудбалска репрезентација забележа убедлива победа од 6-2 над Панама во првиот од двата пријателски натпревари во рамки на подготовките за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Пред преполните трибини на легендарната „Маракана“, домаќините уште од самиот старт ја најавија својата доминација. Винисиус Жуниор го отвори резултатот во втората минута со силен и прецизен удар, но Панама успеа брзо да се врати во игра и во 14. ...
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска престојува во официјална посета на Словачка, каде што ќе оствари повеќе средби со највисоките словачки државни претставници. Според најавената агенда, утре во Братислава таа ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. Предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, по што ќе следува пленарен состанок меѓу ...
Тензиите меѓу Соединети Американски Држави и Иран повторно се зголемуваат откако двете страни меѓусебно се обвинија за нови напади, и покрај формално важечкото примирје. Во исто време, Кувајт соопшти дека неговите системи за противвоздушна одбрана пресретнале ракети и беспилотни летала над својата територија, што дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста во регионот. Според соопштението на американската армија, биле извршени напади ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени. Во текот на денот температурата ќе достигне од 26 до 34 степени, што значи дека и ...
Финска денеска спроведува национален тест на сирените за итно предупредување како дел од проверката на подготвеноста на системот за цивилна заштита. Властите најавија дека во иднина сирените ќе се користат и за предупредување од непријателски или неидентификувани дронови. Покрај звучните сигнали, граѓаните ќе добиваат известувања и преку мобилната апликација „112 Суоми“. Одлуката доаѓа по серија инциденти во северна Европа, вклучително и ...
Ракометарите и навивачите на Охрид имаат причина за историско славје, откако клубот го освои својот прв трофеј, и тоа на европската сцена. ГРК Охрид по вторпат беше подобар од унгарската Татабања во финалето на ЕХФ Европскиот куп, потврдувајќи ја победата и на домашен терен. По триумфот од 29-28 на првиот натпревар во Унгарија, охриѓани вечерва пред преполната сала „Биљанини Извори“ славеа со 31-25 и го подигнаа пехарот. Првото полувреме мина ...