Унгарскиот парламент со двотретинско мнозинство усвои уставен амандман со кој се овозможува предвремено завршување на мандатот на претседателот Тамаш Шујок. Со ова се отвора патот за избор на нов шеф на државата во рок од 30 дена по стапувањето во сила на измените. Премиерот Петер Маѓар изјави дека со одлуката се спроведува волјата на граѓаните и започнува процес на длабоки уставни реформи. Тој најави дека од септември ќе започне широка јавна ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја започна парламентарната седница со свечени, но и провокативни зборови насочени кон поранешната влада на Фидес. „Денешниот ден е значаен за историјата на Унгарија и за промената на системот“, изјави Маѓар. „Денеска унгарскиот парламент одлучува за 17-тата измена на Уставот. Одлучува дали ќе ставиме крај на епохата во која неуспешната партија Фидес го претвори Уставот во сопствено средство за владеење. Станува ...

Унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот со кој се прекинува мандатот на претседателот на државата, Тамаш Шујок. Новата власт предводена од премиерот Петер Маѓар го смета претседателот за еден од главните заштитници на системот на поранешниот премиер Виктор Орбан. За промената гласаа 139 пратеници на владејачката партија Тиса, која на изборите на 12 април освои двотретинско мнозинство. Пратениците на Орбановиот Фидес ја ...

Лидерот на опозициската Фидес и поранешен унгарски премиер Виктор Орбан изјави денес, откако парламентот го усвои 17-тиот амандман на Уставот, дека доколку унгарскиот претседател Тамаш Шуљок биде „насилно отстранет од функцијата“, Унгарија ќе има право да се спротивстави. Орбан оцени дека Фидес нема да ги признае, како што изјави, „агресивните методи на автократија“ како легитимни и легални и додаде дека претседател кој, според него, би бил ...

Виктор Орбан презел превентивни мерки во случај да падне од власт, или барем бил убеден во тоа. Многу клучни високи функции во унгарската држава и администрација неговата влада години однапред ги пополнувала со лојални поддржувачи, а за да бидат тргнати од функциите било предвидено двотретинско мнозинство во парламентот. На тој начин Орбан сакал некои од институциите да останат негова трајна оставштина. Неговата математика притоа е јасна - ...