Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Американската војска извршила нови напади врз цели во Иран, насочени кон локации за кои Вашингтон тврди дека претставуваат закана за американските сили и за комерцијалниот поморски сообраќај во Хормушкиот теснец. Според американски претставник, во акцијата биле соборени и повеќе ирански дронови кои наводно претставувале опасност за бродовите и воените бази во регионот. Набргу потоа следувал одговор од Техеран, при што иранските вооружени сили ...
Европските обвинители вчера во Атина поднесоа кривични пријави против 22 лица од јужниот остров Крит за наводна вмешаност во скандал поврзан со субвенции за земјоделски производи од Европската Унија, објави „Катимерини“. Осомничените беа донесени претходно во пристаништето Пиреја и однесени во грчката филијала на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител на сослушување. Тие беа формално обвинети за наводни кривични дела, вклучувајќи ...
Македонија и понатаму се соочува со сериозен демографски пад, а најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека негативен природен прираст во првото тримесечје од годинава е регистриран во дури 66 општини. Според ДЗС, во првите три месеци од 2026 година се родени 3.380 деца, што е за 4,1 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Во истиот период починале 5.342 лица, што е намалување од еден процент во однос на ...
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, нема да биде дел од претстојните натпревари против Босна и Турција поради повреда на коленото. Барди пристигнал во репрезентативниот камп повреден и воопшто не тренирал со тимот. По извршените лекарски прегледи, медицинскиот тим утврдил дека тој не е во состојба да настапи на двата пријателски дуела. Во текот на денешниот ден или најдоцна утре се очекува да биде познато дали ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека воведува Кодекс за облекување за сите вработени и граѓани кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи. Како што соопштија од МВР, целта е да се зачува професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит во службените простории. „Како институција која постојано им служи на граѓаните, сметаме дека соодветното облекување придонесува за подобра работна ...
Соединетите Американски Држави експресно ги демантираа информациите објавени во дел од медиумите за наводен договор или привремен аранжман со Иран, оценувајќи ги како неточни и целосно измислени. Од Вашингтон нагласуваат дека нема никаква промена во нивната политика кон Техеран. Портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа категорично ги отфрли шпекулациите за тајни преговори кои би резултирале со договор. „Овој извештај е ...
Државата подготвува мерка за месечна финансиска поддршка од околу 3.000 денари за одредени ранливи категории граѓани, меѓу кои, според дел од македонските медиуми, се споменуваат самохрани родители и други социјално загрозени групи. Мерката е дел од напорите за ублажување на трошоците за живот и за помош на најпогодените домаќинства. Според објавените информации, исплатите би се реализирале на месечно ниво во ограничен временски период. Како ...
Лука Модриќ е сè поблиску до крајот на својата богата фудбалска кариера, откако шпанските и италијанските медиуми објавија дека хрватскиот капитен сериозно размислува за пензионирање по Светското првенство. Според весникот „АС“, повикувајќи се на италијански извори и новинарот Николо Скира, големо влијание врз одлуката на Модриќ имал неуспехот на Милан да избори пласман во Лигата на шампионите. Настапот во елитното европско натпреварување бил ...
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на ставовите на СДСМ околу евроинтеграциите, оценувајќи дека уставните измени не се последниот услов за членство на Македонија во Европската Унија. Од партијата порачаа дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, треба јавно да ги осуди изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев поврзани со македонскиот идентитет, јазик и историја. „Румен Радев тврди дека македонскиот јазик и идентитет постојат од 1945 година, а Филипче не ...
Управата за јавни приходи ги потсети граѓаните дека рокот за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 1 јуни 2026 година. Иако законскиот рок е 31 мај, бидејќи датумот паѓа во недела, крајниот рок се продолжува до понеделник, 1 јуни. Граѓаните кои оствариле приходи во текот на 2025 година треба преку системот „е-Даночни услуги“ да направат увид во својата даночна пријава и да ја потврдат или коригираат ...
Според официјалните евиденции, во земјата во моментов живеат околу 2.500 дијагностицирани пациенти со мултипла склероза, додека трендот на нови случаи бележи пораст. Само во 2025 година се регистрирани 115 новодијагностицирани пациенти, информира в.д. директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, д-р Јован Божиновски, на прес-конференција по повод Светскиот ден на мултипла склероза. Тој истакна дека Клиниката работи на набавка на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес упати јавен повик до премиерот Христијан Мицкоски и владејачката коалиција за распишување референдум на кој граѓаните би се изјасниле за евроинтеграцискиот процес на земјата. Повод за реакцијата, како што изјави Филипче на прес-конференција, се вчерашните пораки на премиерот дека државата е подготвена да ја плати цената за членство во Европската Унија и дека нема да има нови отстапки на тој пат. ...
Отворената и необезбедена градежна јама во центарот на Скопје повторно го отвори прашањето – колку навистина се безбедни градилиштата во главниот град? И тоа не било каде, туку во најфреквентниот дел од Скопје, каде секојдневно поминуваат илјадници граѓани. Дополнително загрижува што јамата се наоѓа веднаш до соседен објект – станбена зграда чии темели се поткопуваат, што може да доведе до сериозни оштетувања, па дури и до уривање. Овој ...
Умерен земјотрес утрово во 9:51 часот е регистриран на подрачјето на Петриња, соопшти Сеизмолошката служба. Епицентарот бил на околу 8 километри од градот, а јачината на земјотресот изнесувала 3,7 степени според Рихтеровата скала. Интензитетот во епицентарот е проценет на V степени според Европската макросеизмичка скала. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил регистриран на длабочина од околу 9 ...
Два историски објекти во центарот на Скопје, поранешните хотели „Бристол“ и „Јадран“, одат на продажба откако Собранието на акционери на „Македонијатурист“ на 22 мај ја одобрило продажбата на дел од недвижниот имот на компанијата. Покрај двата објекти, на продажба се и станови на улицата „Максим Горки“, како и деловниот простор „Пивница“. Според одлуката, претседателот на Управниот одбор е овластен да ги потпише купопродажните договори, а ...
Микел Артета, стратегот на Арсенал, е прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Артета ја доби наградата во силна конкуренција, во која беа и Пеп Гвардиола, Андони Ираола, Кит Ендрус, Режис Ле Бри и Мајкл Карик. Под негово водство, Арсенал ја освои шампионската титула во Англија, завршувајќи ја сезоната со 85 бодови од 38 натпревари. Лондонскиот клуб го остави Манчестер Сити зад себе со седум бодови разлика, ...
Израелските власти соопштија дека е ликвидиран новиот воен командант на Хамас во Појасот Газа, само неколку дена по убиството на неговиот претходник. Информацијата доаѓа во момент на засилен воен притисок врз Газа и проширување на израелските операции и во Либан, објави Ројтерс. Во заедничко соопштение, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац наведоа дека израелската војска, по нивна наредба, извршила ...
Актуелниот шампион во НБА, Оклахома Сити Тандер, се наоѓа на чекор до ново финале, откако славеше против Сан Антонио Спарс со 127-114 и поведе со 3-2 во финалната серија на Западната конференција. Најзаслужен за победата беше Шаи Гилгус-Александар со 32 поени, додека Алекс Карузо донесе голема енергија од клупата со 22 поени. Одличен настап имаше и Џаред Меккејн со 20 поени во својот прв старт во плејофот. Со двоен ефект кај Тандер ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави драстично намалување на платите на политичарите и функционерите во земјата, порачајќи дека политичката елита мора да покаже поголема скромност во време на економски предизвици. Во интервју за RTL, Маѓар изјави дека неговата месечна плата ќе изнесува 3,8 милиони форинти, што е помалку од половина од последната позната плата на поранешниот премиер Виктор Орбан. Според најавените мерки, ќе бидат намалени ...
Северна Кореја изврши ново тестирање на ракетно вооружување под надзор на лидерот Ким Џонг Ун, при што биле испробани повеќенаменски лесен систем за лансирање проектили и повеќе тактички крстосувачки ракети, објавија државните медиуми. Според севернокорејската новинска агенција KCNA, тестирањата биле спроведени вчера како дел од планот за модернизација на артилериските и ракетните сили на земјата во рамки на петгодишната стратегија за развој ...
Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност низ поголемиот дел од земјата. Според најновата прогноза, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во одделни региони. Температурите ќе бидат типично летни и ќе достигнат високи вредности. Најтопло се очекува да биде во југоисточниот и централниот дел од ...
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир еф. Фетаи, како и до сите верници од исламска вероисповед. Во честитката, Сиљановска-Давкова им посака празникот да го поминат во мир, радост и семејна благосостојба, нагласувајќи дека големите верски празници имаат силна духовна и општествена вредност, особено во ...
Македонската православна црква – Охридска архиепископија направи кадровски промени во составот на Светиот архијерејски синод, откако на последната седница беше утврден новиот работен тим што ќе раководи со оперативните активности на Синодот. Според одлуката, митрополитот Наум е избран за нов член на работниот состав на Синодот, на местото на владиката Петар, чиј мандат завршил. За заменик-член е именуван митрополитот Пимен. Со овие измени, ...
САД распоредиле борбени авиони Ф-22 и десетици авиони за дополнување гориво на повеќе локации во Израел, во потег што израелските медиуми го оценуваат како невиден досега. Според израелската телевизија КАН, американските сили ќе останат на Блискиот Исток најмалку до крајот на годината, и покрај прекинот на огнот со Иран кој стапи на сила минатиот месец. Сателитските снимки покажуваат дека Ф-22 се стационирани во базата Овда на југот на ...
Речиси цела западна Европа е погодена од екстремен топлотен бран, со рекордно високи температури за овој период од годината. Во Велика Британија температурите надминаа 35 степени, а рекорди се урнати и во Франција, Ирска, Германија, Италија и Шпанија. Научниците предупредуваат дека главна причина за ваквите екстреми се климатските промени предизвикани од човекот, односно согорувањето јаглен, нафта и гас. Според експертите, Европа се загрева ...
Андреј Јакимовски и неговиот тим Тренто не успеаја да направат изненадување во плејоф серијата од италијанското кошаркарско првенство, откако беа елиминирани од Виртус Болоња со вкупни 3-2 во серијата. Во решавачкиот натпревар, таканаречената „мајсторка“, Виртус славеше со 106:95, иако Тренто имаше водство по три одиграни четвртини. Сепак, домаќините одиграа одлична последна четвртина и со пресврт стигнаа до победа и пласман понатаму. ...
Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Георгиев, и официјално стана нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2. Младиот играч потпиша тригодишен договор со битолскиот клуб, со цел да го продолжи својот развој и постепено да се наметне за настапи во сениорската екипа. Георгиев настапува на позицијата десно крило и важи за изразит стрелец, кој на речиси секој натпревар покажува високо ниво на ефикасност и постојана голгетерска форма. ...
Ролан Гарос уште во првите денови ја донесе целата убавина и суровост на тенисот. Додека светскиот рекет број еден, Јаник Синер, рутински и убедливо ја започна својата мисија во Париз, публиката во француската престолнина беше сведок и на две големи изненадувања – елиминацијата на Данил Медведев и појавата на нова француска тениска надеж, 17-годишен талент. Враќањето на Синер на теренот „Филип Шатрие“ ги разбуди сеќавањата на минатогодишното ...
Одлични вести пристигнуваат за навивачите на Пари Сен Жермен, откако Усман Дембеле и Ашраф Хакими го одработија целиот тренинг со тимот и се вратија во полн тренажен процес. Францускиот шампион интензивно се подготвува за големото финале на Лигата на шампионите против Арсенал, кое ќе се одигра за четири дена во Будимпешта. Усман Дембеле, кој во претходниот период имаше проблем со повреда на десниот лист по натпреварот против градскиот ривал ...
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас официјално се врати на политичката сцена во вторник, најавувајќи формирање на нова партија под името Грчки Левичарски Сојуз (ЕЛАС). Тој порача дека новата политичка сила претставува „компас за нова Грција“ и „нов патриотизам неразделно поврзан со социјалната правда“, пренесува грчкиот весник „Екатимерини“. Овој долгоочекуван потег доаѓа пред општите избори закажани за следната година, а Ципрас го ...