Русија рано утрово изврши масовен напад со балистички ракети врз Киев, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Во нападот биле погодени магацински објекти, а паднати остатоци од соборени дронови предизвикале пожари во неколку делови од украинската престолнина, кои подоцна биле локализирани. Истовремено, руски дронови го нападнале и Харков. Во Одеса исто така била активирана воздушна тревога, по што биле слушнати експлозии. Засега нема ...
Во синоќешниот руски напад со балистички проектили врз Киев загинаа најмалку две лица, а шест се ранети, потврдија украинските власти. Нападот се случи во време кога Украина е соочена со ненадејна смена на министерот за одбрана, пишува „Киев Индепендент“. Силни експлозии одекнаа во Киев сношти нешто пред 1 часот по полноќ. Началникот на градската воена управа, Тимур Ткаченко, потврди дека Русија го напаѓа градот со балистички проектили. ...

