Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Претседателот на Фенербахче, Садетин Саран, е осуден на две и пол години затвор од суд во Турција поради поттикнување нелегално обложување, само неколку дена пред одржувањето на изборното собрание на клубот. Според пресудата донесена од суд во Истанбул, Саран и неговиот брат биле прогласени за виновни за поттикнување лица да учествуваат во нелегално обложување преку реклами и други средства за промоција. Турските медиуми пренесуваат дека ...
Манчестер Сити најави можност за судска постапка против Реал Мадрид, откако кандидатот за нов претседател на шпанскиот клуб, Енрике Рикелме, изјави дека доколку биде избран ќе ги доведе во Мадрид фудбалерите Ерлинг Халанд и Родри од редовите на англискиот шампион. Рикелме, кој е противкандидат на актуелниот претседател Флорентино Перез на клупските избори, во телевизиско гостување се појави со дрес на Реал Мадрид со презимето на Халанд, ...
Руската тенисерка Марина Андреева обезбеди место во финалето на овогодинешниот Ролан Гарос, откако убедливо ја совлада Украинката Марта Костјук во полуфиналната пресметка. Андреева славеше со 2:0 во сетови (6:1, 6:3) и без поголеми проблеми стигна до најважниот меч на турнирот. Иако љубителите на тенисот очекуваа неизвесен дуел и голема борба за финале, руската тенисерка целосно доминираше на теренот. Полуфиналниот натпревар траеше само еден ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, порача дека дигитализацијата и иновациите претставуваат клучни двигатели за развој на сигурен, одржлив и конкурентен енергетски систем во Македонија. Говорејќи на настан организиран во соработка со Машинскиот факултет во Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Божиновска истакна дека современите технологии, вклучувајќи ја вештачката ...
Општина Бутел во соработка со Град Скопје започна со реализација на значаен инфраструктурен проект кој опфаќа изградба на пешачка патека и чистење и уредување на коритото на реката Серава во населбата Бутел 1. Станува збор за долгогодишно барање на граѓаните, кое по повеќе од две децении конечно влегува во фаза на реализација. Од локалната самоуправа информираат дека активностите се одвиваат со забрзана динамика и дека проектот има за цел ...
Пејачката Тамара Тодевска повторно е во центарот на македонската музичка сцена со новиот сингл „Драма квин“, кој воедно претставува и прва песна од нејзиниот нов студиски албум „Кукла жива“. Она што го издвојува овој проект е фактот дека станува збор за прв визуелен албум создаден во Македонија. Песната е авторско дело на Коста Петров и Тамара Тодевска, додека аранжманот го потпишува Емин Џијан во соработка со ансамбл од над 50 музичари и ...
Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 12:40 часот лишиле од слобода 40-годишна жена од гостиварско село. Полицијата постапила по претходна пријава од нејзиниот 52-годишен сопруг, кој навел дека околу 07:30 часот, по кратка расправија во семејниот дом, жената физички го нападнала, при што била оштетена и дел од покуќнината, како и неговиот мобилен телефон. Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде ...
Општина Кисела Вода континуирано инвестира во создавање современи услови во училиштата преку редовни инфраструктурни подобрувања и модернизација на образовните објекти. Од општината велат дека во изминатите неколку месеци се реализирани повеќе градежни зафати, реконструкции и набавка на опрема, со цел унапредување на квалитетот на наставата за секој ученик. Во Основното училиште „Партенија Зографски“ е извршена темелна реконструкција на ...
Над 650 пациенти моментално чекаат за вградување вештачки колк, додека во три главни јавни здравствени установи во земјава се бележи значителен пораст на бројот на извршени интервенции. Пристапот до операции за замена на колк и колено се подобрува, истакна денеска на брифинг со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој посочи дека во последниот период е забележан континуиран раст на ортопедските ...
Големото НБА финале за сезоната 2025/26 започна со вистинска драма и изненадување, откако Њујорк Никс славеа на гостувањето кај Сан Антонио Спарс со 105-95 и поведоа со 1-0 во финалната серија. Иако домашниот тим во поголем дел од натпреварот ја контролираше играта и во еден момент имаше предност од 14 поени, кошаркарите на Никс покажаа карактер и во второто полувреме направија голем резултатски пресврт. По осумдневната пауза пред стартот на ...
Единаесет лица се приведени по масовна физичка пресметка што се случила доцна синоќа во скопската населба Шуто Оризари, при што две лица се здобиле со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни 2026 година во 23:04 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир, во кое учествувале повеќе лица. При интервенцијата на полициските службеници било констатирано дека дошло до ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А. (26), Е.Џ. (25) и М.Г. (21), сите од село Црник, општина Пехчево, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според информациите, на 06.05.2026 година на местото викано „Турски гробишта“, пријавените со земјоделска машина – трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумското подрачно стопанство „Равна река“, кои ги ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.Љ. (29) од Дебар, поради сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Според информациите, на 29.05.2026 година, пријавениот управувал патничко возило со голема брзина, при што предизвикал сообраќајна незгода. По пристигнување на полициски службеници на местото ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска додели решенија за субвенции за набавка на велосипеди. Тој истакна дека овие субвенции не претставуваат само финансиска поддршка за купување велосипед, туку и инвестиција во поздрав начин на живот, почиста животна средина и подобра иднина за општината. Според него, секој нов велосипед на улиците значи помалку загадување, намален сообраќаен метеж и поголема грижа за здравјето на ...
Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, соопшти дека досегашниот вицепремиер задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, ќе биде именуван за специјален претставник на Владата во Брисел. Според Меџити, Фетаи поднел оставка од функцијата вицепремиер за да може да го преземе новиот ангажман, кој ќе биде насочен кон претставување на владините позиции во европските институции. Во изминатиот период Фетаи речиси два месеци не присуствуваше на владините ...
истражувачки проекти на Македонија и Австрија во области со значаен развоен потенцијал, меѓу кои се паметното земјоделство и храната, информациско-комуникациските технологии, електро и машинската индустрија, одржливите материјали и паметните згради, енергијата на иднината и туризмот. Договорите со добитниците беа потпишани денеска, а финансиската поддршка што ја обезбедува МОН изнесува 10.000 евра, односно по 600.000 денари за секој проект. ...
Мал авион се урна денеска во областа Медулин во Истра, а според првичните информации има и жртви. Полицијата во Истра соопшти дека пријавата за несреќата ја добила во 11:25 часот. Авионот се срушил во Кампанож, ненаселена област на административната граница меѓу Пула и Медулин. На местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на итната медицинска помош, пожарникари и полициски службеници, кои преземаат мерки за утврдување на причините за ...
Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин – нагласи директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов по повод јубилејот – 15 години од постоењето на АХВ, во пресрет на 7 Јуни, Светскиот ден на безбедноста на храната. Како што истакна Миланов, минатата година АХВ ја заокружи со спроведени над 47.200 надзори, а за утврдените прекршоци изрече 6.770 инспекциски мерки. Во 2024 и 2025 година при ...
Кривична пријава е поднесена против шест лица за организирање и реализирање на незаконско посвојување на новородено дете, во случај што го води Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Осомничени се Ф.А. (63) и Ѓ.К. (57) од Скопје, И.Ш. (35) и Џ.Ш. (35) од Скопје, како и С.Ј. (35) од Куманово и И.А. (38) од ...
СДСМ преку соопштение упати остри обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека ги доведува граѓаните во заблуда за европската иднина на Македонија. Од опозициската партија наведуваат дека изјавите на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како и извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, потврдуваат дека уставните измени остануваат клучен услов за отворање на пристапните преговори со Европската ...
Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА) соопшти дека официјално го советувала српскиот претседател Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора поради, како што наведува, висок безбедносен ризик. Во соопштението се наведува дека проценката е донесена врз основа на оперативни информации за непријателски активности на странски разузнавачки служби и криминални структури кои, според БИА, дејствуваат на територијата на Црна Гора. ...
Панамериканската здравствена организација предупреди на сериозен пораст на бројот на случаи на мали сипаници во Северна и Јужна Америка, само неколку дена пред почетокот на Светското првенство во фудбал 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Според најновите податоци, од почетокот на годината во регионот се регистрирани повеќе од 20.000 случаи на заболени од мали сипаници, додека бројот на починати достигна 25 лица. ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека не ги брани македонските позиции и дека неговите ставови се во линија со официјална Софија. Од владејачката партија наведуваат дека Филипче поддржува политики кои, според нив, бараат нови отстапки од Македонија без јасни гаранции за напредок во евроинтегративниот процес. „СДС и Венко Филипче не нудат визија, план или решенија. Нивната ...
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на повеќе места во земјата ќе има развој на нестабилна облачност, а локално временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе прераснат во невреме. Се очекува пообилен пороен дожд, со количини кои на одредени места можат да надминат 20 литри на квадратен метар, ...
Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска дел од корисниците во општините Бутел и Карпош ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија. Според најавата, во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Костурска“ и „Тале Христов Слога“, како и објектите Клиника ВФВ и Санте Плус 3 во општина Бутел. Прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во ...
Благодарение на брзата реакција на полициските службеници од СВР Тетово, спречен е обид за разбојништво во угостителски објект во градот, а осомничениот е приведен кратко по инцидентот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни околу 16 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово бил лишен од слобода 22-годишниот Х.Д. од Тетово. При извршениот преглед кај него бил пронајден и одземен гасен пиштол. Полициските проверки ...
Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за определување мерка притвор во траење од 30 дена за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, како и за уште тројца осомничени во предметот што го води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Судија на претходна постапка постапувал по предлог на Обвинителството, кое побарало определување на најстрогата мерка за обезбедување присуство на ...
Базенот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје наесен комплетно ќе се реновира. Поради тоа ќе треба да биде затворен подолг период. Ова го најави директорот Даниел Апостоловски кој објасни дека во моментов се прави проектот за реконструкција, по што ќе треба да се распише тендер за изведувач. Тоа значи дека летово базенот ќе работи, а градежните работи би почнале најрано во септември. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски сподели дека паркот во населба Ченто, во близина на спортската сала „Македонија“, добил комплетно нов и модерен лик. Тој појасни дека е поставена нова урбана опрема која овозможува подобри услови за одмор, дружење и рекреација на граѓаните и дека е извршено епоставување на нови канделабри, со кои значително е подобрено осветлувањето на овој простор, како и со нови рефлектори. Стефковски ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 03.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.724,37 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 0,11%, односно за 10,62 поени. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите ...