Матурантите денеска го започнуваат полагањето на државната матура, со што официјално стартува завршниот испитен процес за учениците од средните училишта во земјава. Учениците кои завршиле гимназиско образование денеска ќе полагаат еден од избраните екстерни предмети – странски јазик, математика или историја. Вториот екстерен испит, по мајчин јазик и литература, е закажан за 11 јуни. За матурантите од средните стручни училишта денешниот избор ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 05.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.696,87 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 27,67 поени, односно за 0,28%. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни ...

Фудбалска федерација на Македонија денес реагираше на соопштението на Шкендија, по најавите дека клубскиот спонзор може да се повлече доколку не се ревидира казната по инцидентите во финалето на Купот на Македонија. Од ФФМ порачаа дека нема да подлегнат на притисоци и дека правилата важат еднакво за сите. „Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат ФФМ во намерата да стави крај на дивеењето на трибините. Почитувањето на ...

На 03.06.2026 година околу 10:00 часот во семејна куќа во Скопје, 69-годишна жена при чистење пронашла предмет што наликувал на рачна бомба, по што случајот бил пријавен во полиција. Според информациите од СВР Скопје, жената В.Н. вчера околу 13:30 часот пријавила дека додека средувала шкаф со алат, забележала експлозивна направа, за која подоцна било утврдено дека се работи за рачна бомба со натпис „СРБ“ и „БР“, модел М75 школска. Полицијата ...

Тринаесетгодишно момче од Кичево се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Рудничка“. Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен во ОВР Кичево околу 11:15 часот. Според информациите, малолетникот управувал електричен тротинет и удрил во паркиран патнички автомобил „Опел Астра“, сопственост на 47-годишен жител на Кичево. Во несреќата момчето се здобило со ...

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека општината продолжува со инвестиции во нови паркови, зеленило и уредени јавни простори во сите населби на Чаир. Според него, дел од оваа трансформација е и паркот „Ринија“ во населбата Топана, кој доби нов изглед и содржини за граѓаните. „За секоја населба во Чаир создаваме нови паркови, повеќе зеленило и простори со убав изглед. И паркот ‘Ринија’ во Топана ...

Најпознатата светска криптовалута, Bitcoin, денеска забележа значителен пад на вредноста и во еден момент се спушти под границата од 60.000 американски долари. По почетниот пад, цената делумно се стабилизираше и се движеше околу 62.000 долари, што претставува значително намалување во споредба со нејзиниот историски максимум. Ваквиот развој предизвика нова загриженост кај инвеститорите и ја зголеми нестабилноста на криптопазарот. Според ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изнесе сериозни обвинувања за наводни незаконитости и корупција во Царинската управа во периодот кога со институцијата раководел Стефан Богоев. Според Петрушевски, партијата добила информации од свиркачи кои, како што тврди, укажуваат дека поранешниот директор на Царината директно комуницирал со претставник на фирма што добила тендер, при што била договарана сума ...

Како главен град и најголем урбан центар во државата, Скопје секојдневно се соочува со предизвици поврзани со сообраќајниот метеж, зголемениот број возила, потребата од поефикасен јавен превоз и подобра пешачка и велосипедска инфраструктура. Поради тоа, Планот за одржлива урбана мобилност претставува важен чекор кон долгорочно и системско планирање на развојот на градот. Ова го истакна Орце Ѓорѓиевски на работилницата посветена на обука и ...

Општина Општина Бутел започна со поставување систем за видеонадзор на јавните површини на својата територија. Од општината информираат дека оваа мерка се воведува поради зачестеното оштетување на детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови во изминатиот период. Оттаму посочуваат дека локалната самоуправа досега повеќепати ги санирала штетите и ги обновувала јавните површини, но уништувањето на урбаната опрема и понатаму ...

Лондонскиот Тотенхем Хотспур официјално го потврди ангажманот на шкотскиот репрезентативец Енди Робертсон, кој пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со Ливерпул. Со тоа завршува деветгодишната ера на левиот бек на „Енфилд“, каде што се етаблираше како еден од најдобрите играчи на својата позиција и освои бројни трофеи. Робертсон е првото засилување за Тотенхем ова лето под водство на новиот менаџер Роберто Де Зерби. Триесет ...

Очигледно продолжува преписката меѓу инволвираните страни по одлуката за казната на ФК Шкендија, која вклучува суспензија од настап во Купот на Македонија за следната сезона и изречена рекордна парична глоба од Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија. По реакциите од клубот и од ФФМ, сега со соопштение се огласија и навивачите на Шкендија. Популарните „Балисти“ упатија јавен повик до главниот спонзор на клубот, ...

Иранските фудбалски репрезентативци сè уште чекаат издавање на американски визи за настап на претстојното Светско првенство 2026, при што нивните пасоши се предадени во Амбасадата на САД во Анкара, Турција. Претседателот на Фудбалска федерација на Иран соопшти дека процесот се одвива во координација со ФИФА, а документите се доставени во американската амбасада во Анкара каде што моментално се наоѓа иранскиот тим. Иран треба да настапи на ...

Денеска во македонската спортска јавност се појавија информации дека еден од најдобрите кошаркари Ненад Димитријевиќ би можел да се пресели во грчкиот Арис, а дел од медиумите пренесуваат дека тој е на чекор до потпис со клубот. Според објави кои се повикуваат на грчки извори на социјалната мрежа X (Твитер), новиот тренер на Арис, Василис Спанулис, наводно го гледа Димитријевиќ како едно од клучните засилувања во проектот за враќање на клубот ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека разговорите меѓу Русија и САД за изнаоѓање решение за војната во Украина се наоѓаат во ќорсокак и дека во моментов нема напредок во процесот. Во интервју за весникот „Известија“, Лавров оцени дека западните земји со години спроведуваат политика насочена кон ограничување на влијанието на Русија, со цел нејзино ослабување и изолирање на меѓународната сцена. Според него, Западот ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека Обединети нации ја избрале Северна Македонија за членка на ЕКОСОК за мандатниот период 2027–2029 година, оценувајќи го тоа како значаен успех за македонската дипломатија и прво вакво членство на државата во едно од главните тела на системот на ОН. Сепак, од опозицискиот СДСМ реагираат дека станува збор за рутинска процедура, а не за историски дипломатски пробив. Од ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, имаше средби со францускиот претседател Еманула Макрон и со германскиот канцелар Фридрих Мерц. – Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави ...

Скопската Зоолошка градина доби нови постојани жители – подмладок кај белите волци. Од ЗОО Скопје информираат дека кај белите волци пристигнале две мали волчиња, кои веќе го привлекуваат вниманието на целиот тим. Станува збор за сè уште нежни младенчиња кои најмногу време го поминуваат покрај својата мајка, која внимателно се грижи за нив. „Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа, токму како што тоа природно го прават во ...

Министерот за здравство Азир Алиу учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светска здравствена организација – Регион за Европа, кој се одржува во Рига. Дводневниот состанок е посветен на едно од клучните прашања за здравствените системи во Европа – како малите земји, со ограничени ресурси, миграција на здравствениот кадар, стареење на населението и зголемени потреби на пациентите, можат да развијат ...

Фудбалската репрезентација на Франција доживеа неочекуван пораз на пријателскиот натпревар во Нант, откако Брегот на Слоновата Коска славеше со 2:1 по пресврт во второто полувреме. Иако Французите имаа предност по првите 45 минути благодарение на голот на Рајан Черки, гостите успеаја целосно да го свртат резултатот и да стигнат до победа. Избраниците на Дидие Дешан беа подобар противник во првото полувреме на стадионот „Ла Божоар-Луј Фонтено“ ...

По успешните гостувања во Црна Гора и Босна и Херцеговина, Македонскиот народен театар денеска ќе настапи во Дубровник со претставата „12“. Изведбата ќе се одржи во Казалиште „Марин Држиќ“, една од значајните театарски институции во Република Хрватска. Од Македонскиот народен театар информираат дека Казалиште „Марин Држиќ“ континуирано соработува со бројни театарски куќи и ансамбли, носејќи пред својата публика разновидни продукции и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 4 јуни му испрати отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин, предлагајќи директна средба со цел да се постигне прекин на огнот и да се отвори пат кон завршување на војната. Ова е првпат од почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година Зеленски директно да му се обрати на Путин преку писмо. Во писмото, кое украинскиот претседателски кабинет го споделил и со сојузниците, меѓу кои и ...

Во Тиват денеска ќе се одржи Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на Унијата. Со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот. Домаќин на настанот е Јаков Милатовиќ. На собирот ќе учествуваат и Урсула фон дер Лајен, Каја Калас и Роберта Мецола. Според ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Во планинските предели се очекува појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 32 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан, кој се одржува во Тиват. Според информациите од Владата, самитот се одржува во хотелот „Regent Porto Montenegro“, каде лидерите ќе разговараат за актуелните прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и за соработката со Европската Унија. По завршувањето на самитот, во 15:30 часот е закажана заедничка прес-конференција во Naval ...

Фудбалскиот клуб Шкендија излезе со реакција по одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за едногодишна суспензија во Купот на Македонија и изречена вкупна парична казна од 105.000 евра, поради немилите настани во финалето против Силекс. Во соопштението од клубот се наведува дека спонзорот на Шкендија бара итно преиспитување и корекција на, како што ја оценуваат, скандалозната одлука на ФФМ. „Шкендија е еден од ретките клубови ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски присуствуваше на вечера организирана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, за учесниците на самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тиват. Мицкоски на социјалните мрежи објави дека вечерата се одвивала во пријатна и пријателска атмосфера, заедно со останатите учесници на самитот. „Вечера во организација на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во пријатна и пријателска атмосфера ...

Ливерпул официјално го потврди назначувањето на Андони Ираола за нов менаџер на клубот. Баскискиот стратег пристигнува на „Енфилд“ како наследник на Арне Слот, кој доби отказ по разочарувачката сезона во која „црвените“ не успеаја да ја одбранат титулата и завршија на петтото место во Премиер лигата. Од клубот не ја открија должината на договорот, но според информациите, Ираола најверојатно потпишал соработка до летото 2028 година. Четириесет ...

Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК), откако на гласањето во седиштето на светската организација во Њујорк доби поддршка од 174 држави членки. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оцени дека станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи ова е првпат од независноста државата да стане членка на едно од главните тела во системот на ...

Полската тенисерка Маја Хвалинска приреди вистинска сензација на овогодинешниот Ролан Гарос, обезбедувајќи пласман во големото финале уште при своето прво учество на престижниот турнир во Париз. Дваесет и четиригодишната тенисерка во полуфиналето беше подобра од Дијана Шнајдер, славејќи со 2:0 во сетови (7:6, 6:4) по два часа и десет минути игра на централниот терен „Филип Шатрие“. Првиот сет донесе голема неизвесност и жестока борба, при што ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.42
45%
1016
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
3.13
60%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.11
54%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.8
57%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.37
57%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.37
84%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
2.24
54%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.51
73%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.77
42%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
1.34
60%
1015
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
60%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
2.29
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Паладиум

40381.34

Цинк

0.00

Платина

52855.83

Рутениум

53852.50

Родиум

265243.66

Иридиум

252383.36

Злато

129943.67

Бакар

13.08

Кобалт

56.29

Калај

54.92

Алуминиум

3.19

Сребро

1853.71