Собранието денеска ќе ја започне 104-та седница, на чиј дневен ред се наоѓаат повеќе значајни точки, меѓу кои и интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група на СДСМ, која обвинува за сериозни пропусти во работењето на ресорот, сомнежи за системска корупција, како и за проблеми поврзани со спроведувањето на програмата ИПАРД 3. Од ...

Украинските сили во текот на ноќта извршија напади врз цели длабоко на руска територија, при што е погодена нафтена рафинерија во Самара и производствен комплекс во Чебоксари. Според руски и украински извори, по нападот со дронови избувнал пожар во рафинеријата „Кујбишевски“, која се наоѓа на околу 800 километри од украинската граница. Во Чебоксари, главниот град на Чувашија, бил погоден истражувачко-производствен комплекс кој, според ...

Мажот обвинет за нападот на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј, во кој беа убиени 15 лица, се соочува со уште 19 нови обвиненија. Досега против 24-годишниот Навид Акрам беа поднесени 59 обвиненија, меѓу кои за 15 убиства, 40 обиди за убиство и терористички акт. Австралиските власти соопштија дека истрагата напредува и дека се анализираат повеќе од 230.000 снимки од безбедносни камери, како и содржини од електронски уреди поврзани со ...

Тензиите на Блискиот Исток дополнително ескалираа откако САД и Иран во текот на ноќта извршија нови меѓусебни напади во регионот на Персискиот Залив, доведувајќи го во прашање кревкиот прекин на огнот и напорите за политичко решение на конфликтот. Според соопштението на американската Централна команда, американските сили извеле напади врз ирански системи за противвоздушна одбрана, командни центри и радарски позиции во близина на Ормускиот ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека на поединечни места ќе има услови и за изолирано невреме со појава на град. Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 25 и 34 степени Целзиусови. Во ...

Основците и средношколците во Македонија денеска го завршуваат наставниот процес за учебната 2025/2026 година и од утре официјално започнува нивниот летен распуст, кој ќе трае до 31 август. За повеќе од 14.500 матуранти наставата заврши уште на 15 мај, а во тек се и завршните испитни активности поврзани со државната матура. Утре (11 јуни) учениците што се пријавиле ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик (македонски, ...

Залихите на нафта во најразвиените земји во светот паднаа на најниско ниво од 2003 година, соопшти Американската управа за енергетски информации (EIA). Според најновите прогнози, глобалните резерви продолжуваат забрзано да се намалуваат поради ограничениот сообраќај низ Ормускиот Теснец. Поради кризата, земјите интензивно ги користат своите комерцијални и стратешки резерви, па залихите во 38-те држави членки на ОЕЦД достигнаа најниско ниво во ...

Делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија. Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ („Аминта Трети“) во Општина Центар, поточно во реонот околу угостителските објекти и деловните простории во тој ...

Квалитетниот сон се смета за еден од најважните фактори за здравјето и виталноста на човековиот организам. Иако често се занемарува поради брзиот и зафатен начин на живот, редовниот и доволен одмор во текот на ноќта е неопходен за нормално функционирање на телото. За време на спиењето, организмот се обновува и се подготвува за нови дневни активности. Во овој процес се зајакнуваат природните одбранбени механизми, поради што квалитетниот сон ...

Реал Мадрид испратил официјална понуда до Атлетико Мадрид во висина од 150 милиони евра за аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварес, но обидот бил веднаш одбиен од градскиот ривал. Од Атлетико ги информирале „кралскиот клуб“ дека фудбалерот има откупна клаузула од 500 милиони евра, со што јасно ставиле до знаење дека нема намера да преговараат за пониска сума. Со тоа, клубот испратил порака дека евентуалниот трансфер може да се реализира ...

Женската фудбалска репрезентација на Македонија го заврши квалификацискиот циклус за Светското првенство со пораз, откако во Битола загуби од Азербејџан со 1:3 во директната борба за второто место во групата 3 од Лигата Ц. Македонските репрезентативки не успеаја да го искористат домашниот терен, па на крајот мораа да му честитаат на противникот кој со оваа победа го обезбеди второто место на табелата и продолжување во квалификацискиот пат. ...

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, се наоѓа во завршна фаза од преговорите со Катарската кошаркарска асоцијација и е многу блиску да стане репрезентативец на оваа земја. Според информациите на грчкиот „Спорт24“, Нан би можел да потпише петгодишен договор вреден околу 30 милиони долари, со што би станал натурализиран играч на репрезентацијата на Катар. Од „СДНА“ наведуваат дека на кошаркарот му била понудена и пониска сума од околу 10 ...

Гласовните пораки, текстуалните комуникации и развојот на вештачката интелигенција сè повеќе го менуваат начинот на кој луѓето градат емоционални и интимни врски. Додека физичката близина, допирот и бакнежите некогаш се сметаа за основа на секоја блискост, денес голем број луѓе развиваат длабоки емоционални, а понекогаш и интимни врски без воопшто да се сретнат лице в лице. Дигиталната комуникација стана простор во кој се создава нов вид ...

Општина Гази Баба објави јавен повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди, со кој граѓаните можат да добијат поврат на средства во висина до 50 отсто од вредноста на купениот уред, но не повеќе од 20.000 денари. Право на учество имаат жителите на општината кои во текот на 2026 година ќе купат инвертер клима за потребите на своето домаќинство. Од општината појаснуваат дека право на субвенција немаат домаќинствата кои се ...

Патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски таблички се запали попладнево додека се движело по булеварот „Јане Сандански“ во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека настанот бил пријавен во СВР Скопје во 17:56 часот. Според пријавата, возилото е во сопственост на С.М. (61) од Скопје и се запалило за време на возењето. На местото на настанот интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ...

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информираше дека јавното претпријатие „Водовод и канализација“ активно работи на терен и дека во градот веќе се ставени во функција повеќе од 210 чешми за пиење вода. Тој нагласи дека слична состојба има и со градските фонтани, од кои голем дел веќе повторно работат. Според него, во функција се и фонтаната „Александар Македонски“, која не работела осум години, како и „Лотосов цвет“ пред Градскиот парк. ...

Бугарија повеќе нема да испраќа оружје во Украина, изјави министерот за одбрана Димитар Стојанов, нагласувајќи дека решението за конфликтот не може да се бара на бојното поле. Тој посочи дека станува збор за војна на исцрпување во која, и покрај постојаното зголемување на количините оружје, единствениот резултат е загуба на човечки животи. „Веќе јасно кажавме дека војната во Украина нема да се реши на бојното поле. Сведоци сме на војна на ...

Апелацискиот суд во Скопје ја потврди едногодишната затворска казна за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, во предметот поврзан со бесправно градење на општинската административна зграда. Во изречената казна се пресметува и времето кое тој го поминал во куќен притвор во 2019 година, околу пет месеци, поради што му останува да издржи уште приближно седум месеци затвор. Во исто време, судот ја уважи жалбата на Јакимовски за ...

Од 15 јуни на сила стапуваат нови правила за користење на лентите на наплатните станици низ државата, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта. Според новиот режим, лентите означени за МТАГ ќе бидат наменети исклучиво за возила кои користат електронски таг за наплата. Плаќањето со МКард повеќе нема да биде дозволено на овие ленти. Од претпријатието појаснуваат дека корисниците на МКард и понатаму ќе можат без проблем да ги плаќаат ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека идниот Клинички центар во Скопје треба да прерасне во современ здравствен комплекс кој ќе нуди услуги не само за граѓаните на Македонија, туку и за пациенти од соседните земји. Како најсериозна локација за реализација на проектот се разгледува просторот во близина на базенот „Борис Трајковски“ во Општина Карпош. Според Мицкоски, во тек се разговори со сопственикот на земјиштето со цел државата да ја ...

Владата планира самостојно да ги реализира долгонајавуваните хидроенергетски проекти „Чебрен“ и „Галиште“, со вкупна инвестиција од околу 1,5 милијарди евра. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека во тек е изработка на физибилити студија, по неуспешните обиди во изминатите три децении, кога пропаднаа дури 14 тендерски постапки за изградба на двата енергетски капацитети. Според најавите, проектите треба значително да го ...

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот С.Б. и ја прифати понудената гаранција, со што му е укината мерката притвор што претходно му беше определена. Од Судот информираат дека Советот постапувал по жалба против решението на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежен јавен обвинител, на осомничениот му бил определен притвор во траење од 30 дена. Прифатената ...

Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток, со големи зборови, со нова енергија и ребрендирана политичка понуда под слоганот „Твоја држава, твоја шанса“. Но, реалната перцепција што го отсликува конгресот е поинаква – празни флоскули, политичко дежа ву и уште еден популистички обид старите политики да се претстават како нова иднина, велат од ЗНАМ. Според партијата, таканаречените „6 столба“ претставени во рамки на новата платформа, ...

Дел од жителите на општина Центар денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Скрижевски“. Од надлежните служби апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности до повторното воспоставување на електричната енергија. Поврзани вести: ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не започнува нов воен конфликт со Иран, посочувајќи дека таков потег би можел да ја доведе во прашање американската поддршка за Израел. Во интервју за американски медиум, Трамп открил дека лично му упатил порака на Нетанјаху да биде внимателен во носењето одлуки кои би можеле дополнително да ја дестабилизираат ситуацијата на Блискиот ...

Американски воен хеликоптер „Апачи“ се урнал во близина на Ормутскиот теснец, а двајцата членови на екипажот биле спасени. Причината за падот сè уште не е позната и истрагата е во тек, објави „Њујорк тајмс“. Според изворите, не е јасно дали хеликоптерот бил погоден од ирански оган, претрпел механички дефект или имал друг проблем. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп јавно не објави информации за инцидентот, а Централната ...

Најмалку 14 лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во серија израелски воздушни напади врз јужен Либан. Според либанското Министерство за здравство, меѓу жртвите има жена и дете, а нападнати биле повеќе од 15 локации. И покрај неодамнешниот прекин на нападите меѓу Израел и Иран, Техеран предупреди дека повторно ќе реагира доколку Израел продолжи со воените операции во Либан. Од почетокот на новата војна меѓу Израел и Хезболах во март ...

Четири лица загинаа, а околу 15 се повредени во руските воздушни напади врз Харковската област во источна Украина. Нападите се случуваат по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Лондон, каде со лидерите на Велика Британија, Франција и Германија разговараше за понатамошната поддршка за Украина. Според податоците на Обединетите нации, од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година загинале најмалку 15.850 цивили, а ...

Франција и Германија се откажаа од заедничкиот проект за развој на европски борбен авион од новата генерација, вреден околу 100 милијарди евра. Според извори од Берлин, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц заклучиле дека компаниите вклучени во проектот не можат да постигнат договор за неговата иднина. Проектот беше започнат во 2017 година со цел до 2040 година да ги замени француските авиони „Рафал“ и ...

Од полноќ на сила стапија новите цени на горивата, при што бензините поевтинуваат, а дизелот бележи зголемување на цената. Според последната одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 е намалена за два денари и сега изнесува 86 денари за литар. За ист износ поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98, кој од денеска се продава по цена од 88 денари за литар. Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 1,50 денари по литар, па новата цена изнесува 87 денари. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.19
43%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
2.68
55%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.15
51%
1015
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.14
54%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.97
52%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.69
81%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
55%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.58
75%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.7
47%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
58%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
57%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
2.52
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Родиум

265243.66

Иридиум

252383.36

Злато

129943.67

Платина

52855.83

Алуминиум

3.19

Калај

54.92

Паладиум

40381.34

Сребро

1853.71

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Бакар

13.08

Цинк

0.00