Македонија денеска ќе биде под влијание на променливо облачно и релативно топло време, проследено со сончеви периоди, повремени локални врнежи од дожд и засилен до силен ветер од јужен правец. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ветерот на одделни места ќе достигнува брзина поголема од 80 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 9 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 18 и 25 степени, ...

Италија направи голем чекор кон завршниот турнир во Лигата на нации, откако на домашен терен во Милано ја совлада Франција со 3:1 во натпреварот од петтото коло во А-дивизијата. Французите подобро го отворија натпреварот и рано стигнаа до предност. По големата грешка на Џанлуиџи Донарума, кој му ја подари топката на противникот, Михаел Олисе ја искористи шансата и ја затресе мрежата за 1:0. Сепак, домаќините брзо се вратија во игра. По добра ...

НАТО нема да го одржи планираниот самит во Албанија во 2027 година, соопшти албанскиот премиер Еди Рама, додавајќи дека Алијансата сè уште нема донесено конечна одлука за терминот на следниот самит. Рама веста ја објави во Даблин, каде што учествува на Самитот на Европската политичка заедница. „Проблемот е што сè уште нема заеднички став за тоа кога ќе се одржи самитот, но сигурно нема да биде во 2027 година“, изјави Рама. Тој додаде дека ...

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година продолжува без победа, откако загуби од Србија со 2:0 во пријателски натпревар одигран на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад. За македонските надежи ова беше деветти натпревар во низа без триумф. Во овој период репрезентацијата има забележано седум порази и две нерешени средби. Македонија добро го започна натпреварот и уште во втората минута имаше голема шанса за водство. Величковски ...

Градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, денеска е уапсена по налог на Основното јавно обвинителство во овој град. Според првичните информации, на Војиновиќ ѝ е определено полициско задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде спроведена на распит пред надлежен обвинител. Во акцијата се уапсени и уште две лица – директорот на Јавното комунално претпријатие „Зеленило и гробишта“, Мирослав Илиќ, како и началничката ...

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Златко Перински, оствари работна средба со новоизбраниот претседател на Лекарската комора, Никола Јанкуловски, на која биле разгледани можностите за унапредување на соработката и тековните преговори за склучување договори со приватните здравствени установи за 2027 година. Од ФЗО информираат дека од јануари 2027 година, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), ќе ...

Полициските службеници Мартин Арсовски и Дарко Милошевски, обвинети во предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, биле испратени на подрачјето на ОВР Кочани без да бидат информирани за конкретните задачи што ќе ги извршуваат, сведочеше денеска Драган Василески, виш инспектор за економски криминалитет во ОВР Пробиштип. Пред судот, Василески изјави дека на 14 март 2026 година добил наредба од тогашниот началник на ОВР Пробиштип да ...

Основниот суд Битола денеска му изрече двегодишна затворска казна на поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, за незаконитости поврзани со тендерот за ископ на јаловина со фирмата „Рудкоп“ Битола, во периодот 2022-2023 година. Предметот се однесува на јавната набавка вредна над 11 милиони евра, во која РЕК „Битола“ ја избрала понудата на „Рудкоп“, додека била елиминирана компанијата „Гранит“ Скопје. Судот, со кој претседаваше ...

СДСМ обвини дека владејачкото мнозинство денеска во Собранието не дозволило да се одржат опозициските пратенички прашања, оценувајќи дека станува збор за обид да се избегне политичка одговорност. Од партијата тврдат дека со барање паузи и, како што наведуваат, со прекршување на собранискиот Деловник, било оневозможено поставувањето на пратеничките прашања. Според СДСМ, претседателот на Собранието Африм Гаши времетраењето на паузите го ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата ноемвриска листа на должници, на која се наоѓаат вкупно 5.200 граѓани и компании со неплатени даночни и царински обврски. Според податоците на УЈП, на листата има 2.006 правни лица и 3.194 физички лица со доспеани обврски до 31 јули 2026 година, кои не биле подмирени заклучно со 31 октомври. Вкупниот нето-долг на должниците достигнува 14.024.931.031 денари, што е за 83,15 милиони денари ...

Двајца браќа од беровското село Двориште заработија кривични пријави, откако полицијата кај нив пронашла оружје, муниција и полициска опрема. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Струмица поднела кривична пријава против Н.Џ.(26) од село Двориште поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Кривична пријава е поднесена и против ...

По пауза од 17 години, тим инспектори на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) од вчера престојува во земјава, каде што во наредните две недели ќе ја проверува усогласеноста на македонското цивилно воздухопловство со најновите меѓународни стандарди и регулативи. Како што стои во соопштението на Агенцијата за цивилно воздухопловство, инспекцијата се спроведува на покана на Агенцијата и треба да овозможи независна оценка ...

Новоизбраната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, порача дека нејзини главни приоритети ќе бидат ефикасен кривичен прогон, целисходна работа на Обвинителството и максимално искористување на расположливите ресурси во борбата против организираниот криминал и корупцијата. По денешното давање свечена изјава пред Советот на јавните обвинители за стапување на ...

Македонската софтверска и AI компанија PROCESS IN [1] го претстави Coder.mk – домашен AI агент кој им овозможува на корисниците со помош на вештачка интелигенција да создаваат веб-страници, апликации и софтверски решенија. Во време кога светската технолошка индустрија забрзано се развива со производи како Cursor, OpenAI Codex и Claude Code, на македонскиот пазар се појавува Coder.mk – домашен производ во истата брзорастечка категорија на AI ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на ...

Повеќе делови од Скопје денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија. Според најавата, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на следните локации: – Од 08:00 до 15:30 часот, поради замена на пет столбови, без струја ќе останат потрошувачите на патот кон фармите во Јурумлери и на улицата „27“ во општина Илинден. – Од 08:30 до 16:00 часот, ...

Унгарски суд му одреди едномесечен притвор на Арон Орбан, брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, поради сомневање дека бил дел од организирана криминална група која се занимавала со криумчарење мигранти, објави агенцијата МТИ. Арон Орбан и уште три лица беа уапсени во понеделникот во заедничка акција на Националното биро за истраги (NNI), Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH) и Европол. Според истрагата, ...

Американските претставници Џаред Кушнер и Стив Виткоф денеска треба да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а подоцна истиот ден и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Даблин, по завршувањето на украинско-руските преговори во Абу Даби. По пристигнувањето во ирската престолнина, Зеленски изјави дека постои можност да се отвори пат кон прекин на огнот пред 2027 година. „Важно е што Американците заминаа на ...

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во одделни котлини во утринските часови ќе има појава на магла, а ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 6 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 14 до 21 степен. Во Скопје се очекува претежно облачно време со утринска магла во делови од ...

Во СВР Охрид вчера било пријавено исчезнување на лице од Охрид, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, З.С. околу 06:00 часот на 10 ноември се оддалечил од семејниот дом, по што му се губи секаква трага. Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на исчезнатото лице. Надлежните апелираат сите кои имаат какви било информации што би можеле да помогнат во потрагата да ги споделат со ...

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите за Европското првенство 2029 година, откако на гостувањето во Романија загуби со 73-52. Македонскиот национален тим настапи со подмладен состав, што се почувствува особено во почетната фаза од натпреварот. Романската селекција веднаш направи разлика и по првата четвртина имаше убедлива предност од 21-4. Сепак, македонските кошаркарки не се ...

Најновите анализи покажуваат дека многу мажи имаат погрешна претстава за просечната големина на пенисот и често веруваат дека таа е значително поголема од реалните медицински измерени вредности. Според мерења извршени од лекари, просечната должина на пенис во ерекција изнесува околу 13,8 сантиметри, додека во опуштена состојба е околу 9,2 сантиметри. Просечниот обем во ерекција е околу 11,9 сантиметри, а во опуштена состојба околу 9,1 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави веќе извојувале победа во конфликтот со Иран, кој трае повеќе од осум месеци, но нагласи дека воените операции сè уште не се завршени. Говорејќи на одбележувањето на Денот на ветераните на Националните гробишта Арлингтон во Вирџинија, Трамп порача дека Вашингтон ќе одлучи кога ќе биде ставен крај на конфликтот. „Се боревме силно и победивме. Само е прашање кога ...

Поранешниот претседател на Србија и носител на листата „Единствена Србија“, Александар Вучиќ, изјави дека лично би ги игнорирал претседателските избори, оценувајќи дека во моменталните околности не сака да создава впечаток дека состојбите во земјата се нормални. На прес-конференција, Вучиќ нагласи дека станува збор за негов личен став и дека конечната одлука за настапот на изборите ќе ја донесат органите на Српската напредна партија. Тој ...

Исламскиот младински форум – Скопје (ИМФ) соопшти дека категорично ги отфрла, како што наведува, сите неосновани обвинувања и поврзувања на организацијата со одлуката на Кривичниот суд на Египет, по неодамнешните медиумски објави во кои нејзиното име беше споменато во тој контекст. Во реакцијата, ИМФ наведува дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор токму за нивната организација и ...

Рускиот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Александар Дарчиев, ненадејно почина на 67-годишна возраст, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението, објавено на Телеграм каналот на министерството, се наведува дека Дарчиев починал на 11 ноември, а руската дипломатија изрази длабоко сочувство до неговото семејство и блиските. Според руската агенција Интерфакс, Дарчиев беше дипломат со долгогодишна кариера и ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во работите за обнова на жичарата на Водно, најавувајќи дека таа повторно ќе биде ставена во функција веќе следниот месец, по завршувањето на реконструкцијата и сите безбедносни проверки. Ѓорѓиевски истакна дека при увидот биле утврдени сериозни недостатоци, кои, според него, се резултат на долгогодишно неспроведување на неопходните големи сервиси и редовно одржување. „Жичарата е едно од ...

Четири малолетнички добија воспитно-поправна мерка за случајот со врсничкото насилство врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Судот изрекол заводска воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом. Две од малолетничките ќе бидат упатени на период од една година, додека за другите две е определена мерка во траење од осум месеци. „Со оглед дека се работи за малолетници и постапката е тајна, можеме да ...

Предвремени парламентарни избори нема да има, бидејќи државата во наредните две години треба да обезбеди околу пет милијарди евра за враќање и рефинансирање на долговите, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, формирањето техничка влада во такви околности би било неодговорен потег што сериозно би ја загрозил финансиската стабилност на државата. На брифинг со новинарите, Мицкоски посочи дека само во 2027 година ќе треба да се ...

Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет Муртези, е претседател на Исламскиот младински форум (Islamic Youth Forum), организација од Македонија која се најде на листата од 35 организации што египетските власти ги прогласија за терористички, објави „Топ чанел Албанија“. Муртези ја извршува функцијата претседател на Советот на Општина Чаир во мандатот 2025–2029 година, а на последните локални избори беше дел и од советничката листа на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
8.23
60%
1021
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.0
68%
1023
weather icon

Загреб

4ᴼ / 0ᴼ
3.09
79%
1024
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
9.77
59%
1019
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
8.25
70%
1018
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
96%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
3.13
58%
1014
weather icon

Тирана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
8.23
39%
1020
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.71
92%
1013
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
8.23
68%
1022
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
95%
1012
Currency

61.691

Currency

56.202

Currency

73.671

Currency

37.347

Currency

39.239

Currency

66.875

Currency

8.428

Currency

0.68592

Currency

0.35329

Currency

0.52416

Currency

1.1114

Currency

0.60622

Калај

41.34

Платина

42213.93

Паладиум

28164.05

Бакар

11.01

Рутениум

59478.88

Цинк

3.67

Алуминиум

2.84

Родиум

287749.18

Сребро

1355.97

Иридиум

326330.08

Злато

116266.74

Кобалт

33.53