Арсенал подготвува спектакуларен трансфер и е решен да направи сѐ за да го доведе напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, во своите редови. Според информациите на британскиот „Телеграф“, лондонскиот клуб е подготвен да му понуди на бразилскиот репрезентативец уште подобри финансиски услови од оние што ги има во Реал, каде што моментално заработува околу 400.000 фунти неделно. „Топчиите“ се решени да ги зголемат шансите за реализација на ...

Македонската културна и театарска сцена остана без еден од своите најпрепознатливи актери, Гоце Тодоровски. Со децении тој ја освојуваше публиката со својот автентичен хумор, препознатлива актерска игра и бројни улоги на телевизија, радио и театар. Најголема популарност стекна со настапите во серијалот „Македонски народни приказни“, кој остави длабока трага кај повеќе генерации гледачи. Тодоровски беше долгогодишен член на Драмскиот театар во ...

Украински беспилотни летала во текот на ноќта извршија напади врз руските региони Белгород и Ростов, при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните руски власти. Според Оперативниот штаб на Белгородската област, во нападот врз градот Белгород повредени се 12 лица. Во нападот се запалила станбена зграда, изгореле 15 паркирани автомобили, делумно е уништена една куќа, а оштетени се и повеќе станбени објекти. ...

Македонија денеска ја очекува сончево, суво и топло време, со максимални дневни температури од 32 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а услови за врнежи не се очекуваат. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала облачност и температура до 34 степени. Според прогнозите, жештините ќе продолжат и во наредните денови, при што во главниот град температурата ќе се ...

По една недела ограничено користење на водата и интензивни активности за санација на водоводниот систем, Гостивар денеска се очекува повторно да добие технички исправна вода за употреба. Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека последните анализи по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа покажуваат подобрување на состојбата, а надлежните институции треба официјално да ја потврдат исправноста на водата за техничко користење. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон за денеска свика кризен состанок на владата поради големите шумски пожари што се приближуваат до Бордо, додека нов топлотен бран дополнително ја влошува состојбата. Градоначалникот на Бордо, Томас Казенав, изјави дека огнената стихија се наоѓа на околу 15 километри од градот, но засега не се разгледува евакуација на урбаното подрачје со околу 850.000 жители. Од околните населени места веќе се евакуирани ...

Тадеј Погачар повторно ја освои Франција. Словенечкиот велосипедски ас ја заврши 113. издание на Тур де Франс со својата петта шампионска титула и се израмни со легендите на овој спорт на вечната листа на победници. Дваесет и седумгодишниот Погачар уште еднаш ја потврди својата доминација на најпрестижната велосипедска трка во светот, каде што до петтата победа стигна со вкупно пет освоени етапи оваа година. Со новиот триумф, словенечкиот ...

Пронајдена поголема количина кокаин при полициски претрес во село Брест, скопско. Едно лице е лишено од слобода, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во координација со припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, извршиле претрес во дом и други простории што ги користел С.Б. (23) од село Брест. При претресот била пронајдена ...

Трагедијата на највисокиот врв во Европа доби уште потежок епилог. На планината Елбрус на Кавказ денеска беа пронајдени телата на уште тројца планинари од Босна и Херцеговина, кои биле дел од седумчлена експедиција што побарала помош при спуштањето од планината, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација. Според руските власти, телата се лоцирани, но поради исклучително лошите временски услови нивната евакуација сè уште не е извршена. ...

Албанскиот премиер Еди Рама повторно се огласи по протестите и барањата за негова оставка, порачувајќи дека нема намера да се повлече од функцијата. Тој истакна дека неговиот мандат е добиен од граѓаните на избори и дека не може да биде прекинат поради барањата на демонстрантите. „Тие постојано повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, туку само моја оставка. Тоа е големо недоразбирање“, напиша Рама на платформата Икс. ...

Луксембург и во 2025 година е најбогатата земја во светот според бруто домашниот производ (БДП) по жител, покажуваат најновите податоци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со 140.941 долар по жител, оваа мала европска држава има речиси десетпати повисок БДП по жител од светскиот просек, кој изнесува 14.213 долари. На второто место се наоѓа Ирска со 108.919 долари по жител, додека третата позиција ја држи Швајцарија со 104.896 долари. Во ...

Македонскиот вицешампион Шкендија со сигурна победа ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Тетовскиот состав на теренот на ФФМ во Скопје без поголеми проблеми го совлада новајлијата Скопје со убедливи 3:0 и ги освои првите три бода. Шкендија уште од самиот почеток ја презеде иницијативата и јасно покажа дека е поквалитетен противник. Притисокот беше крунисан во 17. минута, кога Ндзенгуе ја затресе мрежата за водство од ...

СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест лица од селото Просениково, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои насилство, противправно лишување од слобода и напад врз службено лице. Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавени се Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите жители на село Просениково. Според истрагата, на 24 јули околу 21:20 часот, пријавените насилно влегле во домот ...

Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, осомничениот Р.Д. (24), управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил ...

Полициски службеници од СВР Скопје привеле шест лица во различни делови на градот, откако кај нив биле пронајдени и одземени материи за кои постои сомнение дека се наркотични. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 25 и 26 јули 2026 година во Скопје биле лишени од слобода Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) од скопското село Морани. При извршените проверки кај нив биле ...

Започна реконструкцијата на споменикот „Илинден“ во Крушево, познат како Македониум, со цел да се заштити еден од најзначајните меморијални објекти во државата од понатамошно оштетување. Како дел од тековните градежни активности, на надворешната страна на галериите со витраж се поставуваат заштитни решетки, кои треба да спречат навлегување вода во објектот додека траат работите. Македониумот, дело на архитектите Јордан Грабулоски и Искра ...

Пожарот што избувна во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК соопштија дека веднаш по добиената пријава била воспоставена координација меѓу надлежните институции, а екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје навремено интервенирале и успеале да ја стабилизираат состојбата на терен. Според информациите, директорот на ЦУК лично бил присутен на местото на пожарот, каде ја ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските сили во изминатата недела извршиле интензивни воздушни напади врз Украина, при што биле лансирани 95 ракети, од кои повеќе од половина биле балистички. Според Зеленски, во истиот период Русија употребила и околу 1.700 беспилотни летала, како и повеќе од 1.630 наведувани авионски бомби насочени кон различни цели низ Украина. Тој информираше дека само во текот на последната ноќ ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска ја обвини СДС дека се обидува да стекне политички поени преку актуелната состојба со водоснабдувањето во Гостивар, наместо, како што рече, да побара одговорност од локалната власт, предводена од нивните коалициски партнери. На прес-конференција, Петрушевски изјави дека СДС пласира невистини во јавноста и потсети на нивните претходни тврдења дека водата во Валандово не била безбедна за ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија побара оставка од министерот за здравство Сашо Клековски, откако, според партијата, неговата изјава дека „црвените светла“ во Гостивар се запалиле предоцна претставува признание дека институциите не реагирале навреме. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, оцени дека ваквата изјава ја потврдува одговорноста на институциите за состојбата во Гостивар, каде што, ...

Шеснаесетгодишно момче од селото Кондово починало откако во бессознание било донесено на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според првичните информации, на момчето му се слошило додека било на гости кај роднини во селото Сингелиќ, по што паднало во бессознание. Лекарите се обиделе да го спасат, но по кратко време била констатирана смрт. Лекар констатирал дека нема видливи траги на ...

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оддаде почит на жртвите и порача дека трагедијата од 26 јули 1963 година никогаш не смее да биде заборавена. Тој потсети дека во 5 часот и 17 минути, за само неколку секунди, биле изгубени повеќе од илјада човечки животи, а илјадници семејства останале без своите домови. Ѓорѓиевски истакна дека зад секоја бројка стои ...

Жителите на Гостивар се очекува уште во текот на утрешниот ден повторно да добијат технички исправна вода за користење, изјави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека проблемот се санира во рекордно краток рок од една недела. Тој посочи дека, иако управувањето со водоводниот систем е во надлежност на локалната самоуправа, Владата веднаш се вклучила во надминување на состојбата преку обезбедување донации со флаширана вода за граѓаните и ...

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се реализирани околу 75 проценти и се очекува проектот да биде целосно завршен до крајот на годината, по што значително ќе се намали сообраќајниот метеж и ќе се подобри безбедноста на овој дел од Скопје. Ова денеска го изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при увидот на терен, заедно со премиерот Христијан Мицкоски. Ѓорѓиевски истакна дека пред седум месеци проектот бил речиси целосно запрен, со ...

Иранското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина за напад врз ирански трговски брод во Каспиското Море, при што, според Техеран, загинал еден член на екипажот, а друг бил повреден. Иранските власти го осудија нападот како чин на агресија и порачаа дека ќе ги заштитат своите национални интереси и безбедност. Според иранските државни медиуми, украински дипломат бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи. Во ...

Повеќе од 710.000 луѓе се евакуирани во јужната кинеска покраина Гуангдонг поради ударот на моќниот тајфун Хонгси, познат и под меѓународното име Ноул, соопштија кинеските власти. Најголем број евакуирани има во градовите Хуиџоу, каде се раселени околу 205.000 жители, и Шанвеј со 192.000 евакуирани. Претходно, покраинскиот штаб за контрола на поплави и суша информираше дека од ризичните подрачја биле евакуирани уште околу 340.000 лица. ...

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, смета дека постои можност за мировен договор меѓу Украина и Русија доколку двете страни се согласат да го замрзнат конфликтот и да ги продолжат мировните преговори. Говорејќи заедно со рускиот претседател Владимир Путин на форумот „Русија – Казахстан“, кој се одржа во сибирскиот град Омск, Токаев ја пофали дипломатската умешност на Путин и порача дека е време да се бара ново решение за војната. ...

Шеесет и едногодишен жител на Кичево се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од мопед на улица во градот, а полициската истрага утврдила дека возел без возачка дозвола. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата се случила на 24 јули 2026 година околу 09:10 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево. Според пријавата, В.В. (61), управувајќи мопед со кичевски регистарски таблички, изгубил контрола над возилото и ...

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува ветер од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 28 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од ...

На денешен ден во 1963 година, точно во 5 часот и 17 минути, Скопје го погоди најразорниот земјотрес во неговата понова историја, катастрофа што за само дваесет секунди засекогаш го промени ликот на градот. Земјотресот со магнитуда од 6,1 степени според Рихтеровата скала и интензитет од девет степени според Меркалиевата скала однесе 1.070 човечки животи, повреди околу 3.000 луѓе и остави повеќе од 200.000 жители без покрив над главата. ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.69
17%
1011
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
3.13
37%
1013
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.84
31%
1011
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.0
31%
1014
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.49
25%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.37
60%
1013
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.02
47%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.75
44%
1012
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
0.8
38%
1011
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
36%
1015
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 36ᴼ
3.8
24%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.35
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Калај

54.92

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.19

Сребро

1853.71

Родиум

265243.66

Бакар

13.08

Злато

129943.67

Платина

52855.83

Паладиум

40381.34