Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели, но контолата покажала дека се работи за нејодирана сол, соопшти Царината. Против осомничените е поведена соодветна ...

Општина Центар целосно го реконструираше детското игралиште зад Универзалната сала во Центар со што најмалите центарци добија современо, безбедно и уредено место за игра, рекреација и дружење, соопштија од таму. На игралиштето се поставени две нови кули, четири тобогани, мост, две коњчиња, абакус-табла и клацкалка како и нова заштитна подлога и ограда, а обновена е и урбаната опрема. Поправени се двете клупи, поставени корпи за отпадоци, ...

Министерството за внатрешни работи упатува апел до родителите, старателите, наставниците и пошироката јавност за зголемена внимателност во однос на појавата позната како „764“ – насилна онлајн заедница чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, со цел нивно манипулирање, заплашување и принудување на опасни и насилни дејствија. За сериозноста на оваа појава предупредуваат и меѓународните безбедносни институции, меѓу кои и ...

СДСМ обвини дека доцнењето со префрлањето на пензиските придонеси во вториот столб го доведува во прашање правото на граѓаните на сигурна пензиска заштита. Од партијата соопштија дека заклучно со 31 октомври, вкупно 51 милион евра од придонесите на граѓаните не биле префрлени во вториот пензиски столб, иако, како што наведуваат, станува збор за средства што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии. „Тоа се пари ...

Сопственик на угостителски објект од гостиварското село Форино ќе одговара кривично откако, според МВР, спречил полициски службеници да влезат во локалот и да извршат службена контрола. Како што информира Министерството за внатрешни работи, 50-годишниот Х.М. од село Форино е пријавен за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Според полициските информации, случајот се однесува на настан од 30 јули 2026 година, ...

Кривична пријава за загрозување на сигурноста доби 49-годишен жител на Гостивар, кој е осомничен дека упатувал закани кон новинар во локална дигитална телевизија додека тој ги извршувал своите работни обврски. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против А.Љ. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на ...

Жителите на одредени делови од Општина Центар денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводна приклучна цевка и изведување нов водоводен приклучок, информираат од надлежните служби. Поради дефект на приклучна цевка ф-3 на улицата „Славејко Арсов“ број 81, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од дел од оваа улица. Прекинот ќе започне во 09:30 часот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на санациските ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат презентирани мерките и активностите за надминување на проблемот со неконтролираното движење на кравите на територијата на Општина Крива Паланка. Прес-конференцијата ќе се одржи во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со почеток во 11:15 часот. Покрај министерот Серафимовски, на ...

Историското излегување на компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ на берзата предизвика вистински земјотрес во технолошкиот свет. Само со иницијалната јавна понуда (IPO), вредноста на компанијата достигна околу 1,5 билиони долари, а нејзините основачи, инвеститори и стратешки партнери добија богатство што се мери во стотици милијарди долари. Компанијата ја одреди цената на акциите на 83 долари, над првично планираниот распон од 70 до ...

Војната со Иран досега ги чинела Соединетите Американски Држави најмалку 48,3 милијарди долари, покажуваат најновите податоци презентирани во американскиот Сенат. Сепак, законодавците предупредуваат дека вистинската цена на конфликтот би можела да биде значително повисока, бидејќи во официјалната сума не се вклучени штетите што иранските напади ги предизвикале врз американските воени бази на Блискиот Исток. Податоците пред Комисијата за ...

Граѓански протест со блокада на улицата пред Владата ќе се одржи денеска, 20 ноември, со почеток во 13 часот, како реакција на серијата фемициди што ја потресоа Македонија. Организаторите велат дека протестот е повик за итна институционална одговорност, откако за помалку од три месеци во земјава беа убиени осум жени. Зад протестот стојат неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ и Платформата за родова еднаквост, кои ги повикуваат граѓаните ...

По дождливиот почеток на денот, времето денеска постепено ќе се стабилизира и ќе преовладува сончево време, но со силен западен ветер, кој во делови од земјава ќе достигнува брзина поголема од 80 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека од почетокот на следната седмица следува значителна промена, со пад на температурите и можни утрински минуси. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринските часови ќе бидат ...

Алкалоид го доби големото „фармацевтско дерби“ против Еурофарм Пелистер, славејќи победа од 30-28 во суперлигашкиот натпревар. Со овој триумф, скопскиот тим ја прекина серијата од две години без победа над битолчани и направи значаен чекор во борбата за висок пласман. Победата му донесе на Алкалоид и скок на табелата, па тимот предводен од Кирил Лазаров сега се наоѓа на третата позиција, оставајќи го Еурофарм Пелистер зад себе. Гостите од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не брза да донесе одлука дали САД ќе преземат воена акција против Иран, посочувајќи дека за ова прашање ќе се одлучува по почетокот на следната година. „Не брзам да донесам каква било одлука во врска со Иран. Ќе видиме што ќе се случи по почетокот на годината“, изјави Трамп во телефонски разговор за порталот „Аксиос“ (Axios), додека се враќаше во САД со претседателскиот авион „Ер форс уан“ по ...

Силниот ветер кој вечерва ја зафати Македонија веќе предизвика материјални штети и проблеми во одвивањето на сообраќајот на повеќе патни правци. На патниот правец Гостивар – Стража – Кичево, кај клучката Гостивар, поради силните налети на ветерот паднати се семафор и канделабра, додека на повеќе делници од истиот правец има паднати дрвја на коловозот. Екипи на јавното претпријатие „Македонија пат“ се на терен и работат на отстранување на ...

Граѓаните и компаниите во повеќе земји во светот би можеле да се соочат со поскапи кредити и повисоки трошоци за задолжување поради новите инфлациски притисоци, предупреди генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Според неа, нарушувањата во снабдувањето со енергенси, но и зголемената побарувачка за технологија поврзана со вештачката интелигенција, создаваат дополнителен притисок врз глобалните цени. ...

СДСМ реагира на обвинението против девет полициски службеници од Велес за случајот со убиството на Росица Коцева, посочувајќи дека одговорноста не смее да се сведе само на службениците кои директно постапувале по пријавите за семејно насилство. Од партијата велат дека истрагата треба да ја опфати целата хиерархија на одговорност, вклучително и раководните структури во полицијата, но и надлежните во Министерството за внатрешни работи. ...

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Крива Паланка ќе побара свикување вонредна седница на која ќе предложи усвојување конкретен акциски план за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток. Координаторот на советничката група, Александар Рангелов, денеска на прес-конференција посочи дека проблемот со слободното движење на добитокот трае со години, при што граѓаните се соочуваат со материјални ...

Трагичен настан денеска го потресе Солун, откако 21-годишен маж почина по пад од Белата кула, едно од најпознатите историски обележја и симболи на грчкиот град. Според информациите на грчките медиуми, инцидентот се случил околу 11:35 часот, кога младиот маж паднал од кулата која се наоѓа на централното градско крајбрежје. На местото веднаш пристигнале полициски екипи и медицински тимови, кои започнале со укажување помош. Повредениот бил ...

Проблемот со неконтролираното движење на добитокот низ територијата на Општина Крива Паланка повторно беше во фокусот на институциите, откако денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа координативен состанок посветен на изнаоѓање трајно решение. На средбата учествуваа претставници од повеќе надлежни институции, меѓу кои министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, директорот на ...

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер, која ќе ја извршува дипломатската функција со седиште во Будимпешта. На свечената церемонија, Сиљановска-Давкова ја истакна Естонија како позитивен пример за успешна демократска транзиција, модернизација на институциите и развој на дигиталните технологии, ...

Славската погача е еден од најважните симболи на славската трпеза. Освен што има традиционално и духовно значење, таа претставува и вистински украс на празничната маса. Затоа не е изненадување што многу домаќинки сакаат нивната погача да биде висока, мека, убаво испечена и со украси што ќе останат совршено обликувани и по печењето. Иако на прв поглед изгледа дека подготовката е сложена, со проверен рецепт и малку трпение секој може да направи ...

Премиерот Христијан Мицкоски откако два дена исчезна од етерот, денес се јави од Берлин, каде што учествува на конференција на земјите што ја помагаат Украина. -Заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Берлин учествувавме на состанокот на Коалицијата на волните, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир. На состанокот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц ...

Триесет и двегодишен скопјанец е приведен откако 23-годишна жена пријавила дека подолг период ја вознемирувал со телефонски повици, пораки и следење пред нејзиниот дом, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите, полициски службеници од СВР Скопје на 18 ноември околу 20:00 часот, на подрачјето на Карпош, го лишиле од слобода Г.С. (32) од Скопје. Како што соопштува МВР, приведувањето следувало по пријава од ...

Вознемирувачки случај на врсничко насилство е пријавен во Кавадарци, откако мајка пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, при што една од нив ја држела, а другата ја горела со цигара. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, случајот бил пријавен на 18 ноември во 22:30 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци. Во пријавата е наведено дека нападот се случил два дена ...

Историската трилатерална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг во кинескиот град Шенжен заврши по околу час и половина разговори зад затворени врати, што е подолго од првично најавеното времетраење. Според информациите објавени од кинеските државни медиуми, средбата траела околу 90 минути, а главни теми на разговорите биле војната во Украина, нуклеарното ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава. На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, била потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка. Посебен акцент на разговорот биле економската и трговска соработка, инфраструктурните проекти и нивната ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска уверува дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје нема да се соочи со ново исклучување на електричната енергија, иако потврди дека постојат долгови кон снабдувачот со електрична енергија. Нејзината изјава следува откако дел од факултетите при УКИМ и зградата на Ректоратот вчера неколку часа останаа без електрична енергија поради неплатени сметки. По прекинот, снабдувањето беше ...

Нов случај на врсничко насилство е пријавен во Скопје, откако мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од група малолетници во тоалет на основно училиште во населбата Радишани. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 23:10 часот во СВР Скопје, 33-годишната С.М.П. од Скопје пријавила дека истиот ден, околу 17:00 часот, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат во училишниот објект. Како ...

Триесетгодишен скопјанец пријавил дека бил мета на закани, откако на својот автомобил пронашол порака со заканувачка содржина, а претходно добил и слична порака преку социјална мрежа. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 15 ноември во 21:15 часот, кога К.Н. (30) од Скопје информирал дека во подземна гаража на станбена зграда во општина Аеродром, на своето патничко возило пронашол ливче со ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
8.23
60%
1021
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.0
68%
1023
weather icon

Загреб

4ᴼ / 0ᴼ
3.09
79%
1024
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
9.77
59%
1019
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
8.25
70%
1018
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
96%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
3.13
58%
1014
weather icon

Тирана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
8.23
39%
1020
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.71
92%
1013
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
8.23
68%
1022
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
95%
1012
Currency

61.691

Currency

56.202

Currency

73.671

Currency

37.347

Currency

39.239

Currency

66.875

Currency

8.428

Currency

0.68592

Currency

0.35329

Currency

0.52416

Currency

1.1114

Currency

0.60622

Рутениум

59478.88

Злато

116266.74

Платина

42213.93

Сребро

1355.97

Бакар

11.01

Родиум

287749.18

Калај

41.34

Паладиум

28164.05

Иридиум

326330.08

Цинк

3.67

Кобалт

33.53

Алуминиум

2.84