Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Голем сообраќаен метеж го одбележа неделното попладне низ Хрватска, а најкритична е состојбата на автопатот А1 и на граничниот премин Карасовиќи кон Црна Гора. Поради безбедносни причини, привремено е запрен сообраќајот низ тунелот „Свети Рок“ во правец кон Дубровник. Според Хрватскиот авто-клуб (ХАК), пред тунелот се формирала колона долга околу два километри, додека дополнителни застои создаваат и две сообраќајни несреќи на делницата меѓу ...
Пожар избувнал вчера попладне во кујната за подготовка на готвени јадења, која се наоѓа во склоп на маркет на подрачјето на Центар, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 16:25 часот, а пожарот настанал околу 16:00 часот. Во инцидентот нема повредени лица, а огнот бил брзо локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Скопје. На местото бил ...
Седумдесет и тригодишен жител на Охрид е приведен откако, според пријавата, вперил пиштол кон 51-годишен скопјанец по расправија околу паркирано возило. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 1 август, околу 13:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.Р. (73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава. Според информациите, инцидентот се случил околу 12:00 часот во ходник на станбена зграда во ...
Претпладнево на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа пожар во трговскиот центар „Лептокарија“ во општина Карпош. Според последните информации, пожарот е локализиран и изгаснат. Горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хаус“. Во интервенцијата учествувала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Засега нема информации за повредени лица, а причините за избувнувањето на ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, бил крајно незадоволен од пристапот на своите фудбалери во второто полувреме од пријателскиот натпревар против Фиорентина, кој заврши без победник, 2:2. Португалскиот стратег остро ги критикувал своите играчи поради опуштеноста која, според него, му дозволила на противникот да се врати во натпреварот. Реал Мадрид на паузата замина со предност од 2:1, а во првиот дел имаше и неколку можности да ја зголеми ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 2 Август – Илинден, порача дека иднината на Македонија треба да се гради врз идеалите на Илинденското востание и АСНОМ, со вложување во младите, мудра надворешна политика и национално помирување. На свеченоста под нејзино покровителство, одржана пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје, Сиљановска-Давкова истакна дека Илинден е ден за сеќавање на ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и дека надлежните здравствени институции продолжуваат со континуирано следење на состојбата. Според податоците од Министерството, во текот на 1 август се регистрирани 57 први прегледи, што е намалување во однос на претходниот ден кога биле евидентирани 60 прегледи. Нема нови случаи на хоспитализација. Заклучно со 1 август, во Гостивар се регистрирани ...
По повод 82 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија (АСНОМ), делегација на Левица предводена од претседателот на партијата и пратеник Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Сашко Јанчев и членката на Централниот комитет Евгенија Станкоска, положи свежо цвеќе пред спомен-плочата во манастирот „Св. Прохор Пчински“. Од Левица потсетија дека токму на ова место, на 2 август 1944 година, било ...
Мајка и дете беа успешно спасени утринава откако паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“ во Струмица. Инцидентот бил пријавен во раните утрински часови, а од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека акцијата започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил веднаш упатен на терен. По пристигнувањето на местото на настанот, со употреба на специјализирана спасувачка ...
Нивото на водата на реката Дунав во бугарскиот дел останува ниско и продолжува да опаѓа на места, објавува БГНЕС, повикувајќи се на податоци од хидрометеоролошките станици. Најниското ниво на водата е забележано во близина на Русе – минус 91 сантиметри, а во последните 24 часа нивото се намалило за уште 2 сантиметри. Во Орјахово нивото на водата е минус 78 сантиметри, а во Силистра – минус 76 сантиметри. Во Ново Село е забележано ниво од ...
Премиерот Христијан Мицкоски се обрати во Меморијалниот центар во Пелинце по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден и Денот на Републиката. Во своето обраќање, тој истакна дека денешниот датум го симболизира историскиот континуитет и борбата за слобода. „Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат ...
„Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина“ рече во Крушево претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој порача дека „денес, повеќе од еден век подоцна, ...
Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја и Денот на Републиката. Празникот го симболизира континуитетот на борбата за државност преку двата историски настана – Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година, како и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. По повод државниот празник, низ земјава се организираат свечености во Крушево, Пелинце и Скопје. Централната ...
Во живописното подножје на планината Јабланица, помеѓу селата Октиси и Вевчани, се наоѓа ресторанот „Стара Водејнца“ – вистински гастрономски бисер кој со години ги освојува срцата на домашните и странските посетители. Опкружен со недопрена природа, кристално чисти извори и мирна атмосфера, овој ресторан нуди совршен спој на традицијата, автентичната македонска кујна и природната убавина. Уште со првиот чекор, гостите ги пречекува амбиент што ...
Со свечено доделување на признанија и награди за најуспешните фолклорни групи, културно-уметнички друштва, ансамбли и поединци, синоќа беше затворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола. На свеченото затворање се обрати градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека годинашното издание било едно од најдолгите во историјата на фестивалот и уште еднаш ја потврдило ...
Тројца жители на Скопје биле приведени откако се обиделе да подигнат кредит од 900.000 денари во банка со фалсификувана лична карта и лажна документација. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода лицата на 29 јули, во моментот кога банкарските службеници ја обработувале поднесената документација. Станува збор за тројца ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 27.07.2026 до 31.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 37.150.735 денари, од кои 28.993.135 денари беа реализирани преку класично тргување, додека 8.157.600 денари беа реализирани преку блок-трансакција. Ликвидноста во неделата ја водеа Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје и Реплек Скопје. Топ ...
Тотенхем го освои Сиднеј купот откако во премиерлигашкиот дуел одигран во Австралија славеше против Челзи со 2:1. Екипата од Лондон, предводена од новиот менаџер Де Зерби, стигна до првиот трофеј во подготвителниот период. Иако станува збор за пријателски турнир, победата е важна за создавање позитивна атмосфера во тимот пред стартот на сезоната. Челзи прв дојде до предност во 21. минута преку Естевао, но Тотенхем успеа да израмни со голот ...
Кошаркарската јуниорска репрезентација на Македонија до 18 години ја оствари втората победа на Европското првенство во Дивизијата „Б“, кое се одржува во Хрватска. Избраниците на селекторот Мишо Тодоровиќ во натпреварот за пласман од 13 до 16 место го совладаа Исланд со 86-74 и стигнаа до вториот триумф на шампионатот. Македонските кошаркари лошо го започнаа натпреварот и првата четвртина ја загубија со убедливи 9-25. Сепак, во вториот период ...
Жител на село во околината на Македонски Брод е приведен под сомнение дека во повеќе наврати извршил силување врз 20-годишна девојка од истото место, која имала здравствени проблеми. Според информациите, станува збор за лицето М.В. (50), кое било лишено од слобода од страна на полициски службеници. Надлежниот суд му определил мерка притвор во траење од 30 дена, додека истрагата за случајот продолжува. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
Обвинетиот Борче Марковски се вратил во Македонија и во моментов се наоѓа во Битола со своето семејство, потврди неговиот адвокат Марјан Николоски. Според правниот застапник, Марковски ги завршил обврските поради кои претходно престојувал во Србија, по што било побарано привремено враќање на неговиот пасош. Адвокатот посочи дека одлуката за враќање на патната исправа била донесена со согласност на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото ...
Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека граѓаните „за првпат по многу години ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна“. Од СДСМ прашуваат што значи тоа „за првпат“ и тврдат дека со оваа изјава премиерот признал дека во изминатите две години, додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, водата во Гостивар не била исправна. „Значи две години знаеле. Две години молчеле. Две години ги ...
Случувањата со водата за пиење во Гостивар се резултат на, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, децениска негрижа на локалната власт предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари. На денешната прес-конференција портпаролот на партијата Валентин Манасиевски изјави дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нема право да држи лекции за состојбите во здравството, бидејќи, според него, во периодот кога бил министер за здравство постоеле извештаи за ...
Македонската ракометна репрезентација до 18 години го претрпе и третиот пораз на Европското првенство што се одржува во Белград. Во директниот дуел за третото место во групата А, младите македонски ракометари загубија од селекцијата на Шведска со резултат 29:33. Швеѓаните подобро го започнаа натпреварот и уште на стартот направија серија од три погодоци за предност од 3:0. Македонија не успеа веднаш да одговори, а противникот во ...
Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, денеска ќе биде пуштена на домашно лекување откако вчера беше примена во болница поради полесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во тунелот Кастелец на крајбрежниот автопат, по што словенечката претседателка била пренесена во болницата во Изола, каде ѝ била укажана медицинска помош. Според информациите од Полициската управа Копер, во сообраќајката учествувале две ...
Триесет и осумгодишна државјанка на Шведска се здобила со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, вчера во 17:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница „Св. Еразмо“ била донесена А.Г.Б. (38) од Шведска, која се повредила при слетување со параглајдер управуван од лице од охридска параглајдинг-компанија. Од МВР соопштија дека се ...
Триесет и седумгодишен жител на Струмица е осомничен дека со остар предмет ја нападнал својата поранешна сопруга во угостителски објект во градот, при што ѝ нанел тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 31 јули околу 12:40 часот во кафуле во Струмица. Осомничениот З.П. (37) со остар предмет ја повредил 34-годишната жена во пределот на лицето, по што избегал од местото. По кратко ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за заштита на здравјето при патување, апелирајќи граѓаните навреме да се информираат за здравствените ризици во земјите што планираат да ги посетат. Од ИЈЗ советуваат најмалку еден месец пред патувањето да се провери дали за дестинацијата се препорачува вакцинација или превентивна терапија, како што се вакцина против жолта треска или заштита од маларија. Истовремено, се препорачува сите ...
До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, информира Министерството за здравство. Од ресорното министерство посочуваат дека на Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето, а резултатите од лабораториските анализи сè уште се очекуваат. Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените ...
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемените ризици од пожари на отворен простор и шумски пожари. Одлуката, донесена на последната владина седница, ќе биде во сила 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Како што информираат од Владата, целта е навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално ангажирање на сите расположливи ...