Најмалку пет Палестинци се убиени, а 18 повредени во новите израелски напади врз Појасот Газа во изминатите 48 часа, соопшти Министерството за здравство на енклавата. „Израел уби најмалку 1.265 лица и рани 4.198 во Газа откако стапи на сила „прекинот на огнот“ постигнат со посредство на САД минатиот октомври“, се вели во соопштението на министерството, објавено на Телеграм. Од октомври 2023 година, војната во Газа уби најмалку 73.399 лица, а ...

Бројот на загинати во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година достигна 73.399 лица, додека бројот на повредени се искачи на 174.310, според најновите податоци објавени од Министерството за здравство во Газа. Според податоците објавени денеска, во последните 48 часа болниците во Газа примиле пет тела, од кои две лица биле новозагинати, додека три тела биле извлечени од урнатините. Во истиот период биле регистрирани и 18 ...