Состојбата на двајца од седумте пациенти хоспитализирани со западнонилска треска е критична, информираше директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана. Двајцата пациенти, на возраст од 76 и 66 години, се поставени на механичка поддршка поради влошување на здравствената состојба. Цана денеска изјави дека сите седум потврдени случаи се кај лица од Скопје, а само еден од пациентите имал историја на патување во Грција. Кај уште тројца пациенти ...

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југозападниот дел на Македонија. Според првичните информации, епицентарот на потресот бил во близина на Струга и селото Подмоље, на координати 41,170° северна географска ширина и 20,711° источна географска должина, на длабочина од 15 километри. Земјотресот бил регистриран во 11:28 часот, а поради неговата мала јачина бил слабо почувствуван само од дел од ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека одлуката за евентуално продолжување на конфликтот со Иран ќе зависи од американскиот претседател Доналд Трамп, изразувајќи сомнеж дека е можно брзо постигнување дипломатско решение со Техеран. Во интервју за американската телевизија АБЦ, Нетанјаху посочи дека САД остануваат „клучен партнер“ на Израел и дека Трамп е тој што ја определува американската стратегија. Израелскиот премиер негираше ...

Околу 9.800 луѓе во Германија оваа година починале како последица на екстремните горештини, проценува Институтот „Роберт Кох“. Според податоците на институтот, најголем број смртни случаи предизвикани од високите температури се регистрирани кај лицата на возраст од 75 години и повеќе. Од „Роберт Кох“ информираат дека во периодите со екстремно топло време е забележан пораст на стапката на смртност, а бројот на жртви би можел дополнително да ...

Се асфалтираат и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познатото во јавноста како турско училиште. Увид во градежните работи направи градоначалникот Тони Коњановски со одговорните за проектот кој предвидува два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка. Под асфалтна површина ќе бидат 837 м2, а спортските игралишта ќе имаат тартан подлога. Исто така проектот предвидува и зелени површини, ...

По повод Илинден, книжевната програма „Зад датумот“ ќе ги поврзе историското паметење, јазикот, културното наследство и книжевноста, а ќе отвори и две јавни иницијативи за читателите и библиотеките Го знаеме датумот. Но зад 2 Август стои многу поширока приказна – луѓето што ја живееле историјата, зборовите со кои ја именувале Македонија, идеите со кои ја замислувале нејзината слобода и книгите во кои го запишале своето време. Под мотото ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.288,61 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 68,63 поени, односно за 0,73%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Градоначалникот на Општина Центар ги демантираше шпекулациите и како што вели, „хистеријата“ што се шират за наводното зголемување на обемот за градење во ДУП „Барутана“. -Вистината е поинаква: со новиот нацрт-план вкупната дозволена изградба се намалува за 33%, од 43.429 м² на 29.459 м². Дополнително, максималната изграденост е ограничена на 40% и зелените површини се зголемуваат на 40%. Овие строги параметри се гаранција за безбедност, ...

Во пресрет на големиот христијански празник Илинден – 2 Август и патрониот празник на Општината, Општина Илинден реализираше значајна хуманитарна акција, насочена кон обезбедување прехранбени и хигиенски производи за социјално ранливите семејства и граѓани. Акцијата, организирана во духот на солидарноста и заедничката грижа, под мотото „Подај рака – хумана општина Илинден“, беше успешно спроведена во соработка со Црвениот крст. Во рамките на ...

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември – чекор што е во согласност со насоките и препораките на Министерството за образование и наука. Според новата организација на наставата учениците од VI, VII, VIII и IX одделение ќе посетуваат настава во прва ...

Утрово, во раните утрински часови, се спроведе десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и додаде дека активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје. За наредната недела најавена е и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на ...

Екстремно високите температури и топлотниот бран предизвикаа серија шумски пожари низ Турција, при што најтешка е состојбата во туристичките региони Анталија и Мугла. Поради брзото ширење на огнот, властите спроведоа евакуација на жители и туристи, а затворени се и повеќе сообраќајници. Пожарите моментално се активни во девет турски покраини, а сувото време и силниот ветер дополнително го отежнуваат нивното ставање под контрола. Огнените ...

До 13 часот денеска на територијата на Македонија се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде е зафатена нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде гори сува трева. Под контрола е ставен пожарот во општина ...

Според најновите податоци објавени од Евростат, Македонија минатата година имала најнизок животен стандард во споредба со останатите европски земји опфатени во анализата. Индексот на реалната индивидуална потрошувачка по жител во Македонија изнесува 49,7, додека просекот на Европската Унија е поставен на 100. Ова покажува дека реалната потрошувачка по жител во земјава е приближно на половина од просекот на ЕУ, со што Македонија се наоѓа на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски одговорност за проблемите со квалитетот на водата за пиење во повеќе делови од државата. Филипче оцени дека станува збор за сериозен проблем кој директно го засега здравјето на граѓаните, обвинувајќи дека Владата нема доволно транспарентност и одговори за состојбата. „Водата е загадена во половина држава – во Гостивар, ...

Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, реагираше со блокада на собраниската говорница поради поодамна поставено пратеничко прашање поврзано со Законот за правична застапеност. Премиерот Христијан Мицкоски во текот на седницата и покрај инсистирањето, не ја удостои пратеничката Даути ниту со устен одговор на нејзиното прашање иако таа посочи дека истекол и законскиот рок од ...

Македонија ја очекува нов бран екстремно топло време. Под влијание на топла воздушна маса од југ, во текот на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Според прогнозите, дневната температура во сите делови од земјата ќе биде над 32 степени, а во одделни региони живата во термометарот ќе надмине и 40 степени Целзиусови. Тропските горештини нема да ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде се запозна со работата на полициските службеници, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите од нивното постапување. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во периодот од 2022 до 2026 година на подрачјето на Скопје се евидентирани вкупно 1.275 пријави за семејно насилство. Од нив, 326 случаи биле ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница одговори на пратеничко прашање поставено од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, при што направи споредба меѓу економските показатели од времето на претходната власт и актуелните резултати на Владата. Мицкоски оцени дека економските параметри бележат подобрување, посочувајќи дека инфлацијата е значително намалена, додека платите, пензиите и бруто домашниот производ растат со побрзо темпо ...

Во Македонија се потврдени уште три нови случаи на западнонилска треска, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски, нагласувајќи дека здравствените институции будно ја следат состојбата и продолжуваат со спроведување на превентивни мерки. Двајца од новорегистрираните пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, додека третиот се лекува на Клиниката за неврологија. Кај пациентот на Неврологија инфекцијата засега е ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Главен фокус на средбата беше динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.357,24 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 22,48 поени, односно за 0,24%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од ...

Во овој момент водата во Гостивар останува да се користи како техничка без да има насоки дека може да се користи за пиење и готвење, дециден е премиерот Христијан Мицкоски. Како причина наведува појава на нова резидуална бактерија во водоводните инсталации поради која водата е забранета за пиење. Во врска со обвинувањата до Владата дека ништо не е направено да се спречи труењето на водата во Гостивар, премиерот одговори дека во 2021, кога ...

Епидемиолошката состојба во гостиварскиот регион покажува знаци на стабилизирање, соопшти денеска министерот за здравство Сашо Клековски. На прес-конференција посветена на актуелните здравствени предизвици, тој истакна дека бројот на новорегистрирани заболени се вратил на нивото од пред 25 јуни, што, според него, укажува на постепено смирување на кризата поврзана со водоснабдувањето. Клековски нагласи дека подобрувањето на состојбата е ...

Армијата ќе продолжи да им помага на граѓаните на Гостивар сè додека постои потреба од тоа, порача денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски при посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде изврши увид во реновиран објект како дел од инфраструктурните проекти што се реализираат во армиските касарни низ државата. Мисајловски истакна дека Армијата и натаму ќе обезбедува техничка вода за жителите на Гостивар и дека на располагање ...

На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска. Кај сите хоспитализирани има вирусно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Симптомите се висока температура, силна главоболка, дезориентираност, нарушена свест – информираше директорот на Клиниката, Фадил Цана. 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и ...

СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во сите населени места во Македонија, а резултатите веднаш и целосно да бидат објавени пред јавноста, a за труењето на граѓаните мора да има кривична одговорност, посебно откако власта призна дека постои и ризик од хепатит А и Е и од други заразни заболувања по епидимијата предизвикана од загадената вода во Гостивар. -Не само политички, туку и кривично треба да одговараат Клековски, Андоновска, ...

Минатата година во Македонија биле регистрирани 2.185 разводи, што е за осум проценти повеќе во споредба со претходната година. Во истиот период биле склучени 10.507 бракови, односно 5,1 процент помалку отколку во 2024 година. Според статистиката, на секои 100 склучени бракови имало речиси 21 развод. Експертите оценуваат дека причините за разводите се различни и се движат од економски проблеми до нарушени меѓучовечки односи. Податоците ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ применува двојни стандарди во однос на случајот со загадената вода во Гостивар. Од владејачката партија тврдат дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, не бара одговорност од функционерите на својата партија во локалната власт. Според ВМРО-ДПМНЕ,поради кризата Владата и државните институции интервенирале со обезбедување флаширана и техничка вода за граѓаните. Во соопштението се наведува дека СДСМ нема ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.69
17%
1011
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
3.13
37%
1013
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.84
31%
1011
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.0
31%
1014
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.49
25%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.37
60%
1013
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.02
47%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.75
44%
1012
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
0.8
38%
1011
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
36%
1015
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 36ᴼ
3.8
24%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.35
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Паладиум

40381.34

Кобалт

56.29

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Платина

52855.83

Сребро

1853.71

Бакар

13.08

Калај

54.92

Цинк

0.00

Злато

129943.67

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.19